D
Администратор
Во оваа тема набројте конкретно зошто сте присутни на овој форум... која е целта на користењето на форумов... што добивате или што имате добиено од форумот до сега?
Од кога почнав да го користам форумов, научив многу работи, многу ми има помогнато за некои области, а знам дека и во иднина ќе ми помогне. Се од ИТ на едно место, а тоа не се учи од стручна литература, се учи од размена на искуства. Тука сум и да помогнам ако можам во некој случај.
Од дента кога се регистрирав нон стоп го читам форумов. Ќе седнам на компјутер да работам нешто и ќе речам ај 5 минути да проверам непрочитани мислења и најчесто останувам по неколку часа. Ќе налетам на некој линк, па таму интересни работи и летнало времето. Досега се немам уклучено само еден викенд, не бев дома, и кога се вратив најдов преку 450 непрочитани мислења.
шефе дај бе анкетата на македонски тука треба најмногу да се брани македоснкиот![]()