Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Зошто АМД а не Интел

wolverine

Practice makes perfect
27 јуни 2012
1.256
1.476
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
2TB Samsung 980 Pro | 2x Samsung 980 PRO 500GB | 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
FL ESPORTS F12 - Kailh Box White Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
Не ги разбирам AMD во последно време. Интел нуди подобра платформа со 13та ген, не разбирам зошто упорно на форумов се фаворизира AMD и се оди на 7600X. Па тој процесор ти нуди 6 јадра 12 нишки. За 3000 мкд плус со интел 13600K добиваш процесор со 14 јадра и 20 нишки. Еве да речеме и да одиш и со 7700X или 7800X пак добиваш помалце за многу поскапо. Само за споредба 13600K e 60% подобар од 7800X според бенчмарците (подобар и во гејминг и за продуктивност). Моментално АМД функционира на стара слава и АМ5 не е ништо посебно, да не зборам за поскапите матични наспрема интел во ист ранг.
 
Изменето од модератор:

BlueBaron

Gaining Experience
19 јануари 2016
286
251
Скопје
Не ги разбирам AMD fanboys овие денови. Интел нуди подобра платформа со 13та ген, јас не знам зошто упорно се оди на 7600X и тн. Па тој процесор ти нуди 6 јадра 12 нишки. За 3000 мкд плус со интел 13600K добиваш процесор со 14 јадра и 20 нишки. Еве да речеме и да одиш и со 7700X или 7800X пак добиваш помалце за многу поскапо. Само за споредба 13600K e 60% подобар од 7800X според бенчмарците (подобар и во гејминг и за продуктивност).

Скапа е струјата за Интел.

Згора на тоа, таа генерација на Интел сега за сега е dead-end и нема да има простор за понатамошни надограби, во споредба со АМ5 и планирана подршка за неколку генерации на процесори.
 

wolverine

Practice makes perfect
27 јуни 2012
1.256
1.476
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
2TB Samsung 980 Pro | 2x Samsung 980 PRO 500GB | 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
FL ESPORTS F12 - Kailh Box White Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
Скапа е струјата за Интел.

Згора на тоа, таа генерација на Интел сега за сега е dead-end и нема да има простор за понатамошни надограби, во споредба со АМ5 и планирана подршка за неколку генерации на процесори.

Ај биди реален и кажи ако купиш сега 7800X дали за 2-3 години планираш да надоградиш на 9800X3D. Што ќе добиеш од таа надоградба, 20% за плус 100% во ценовна разлика? Толку е моментално ако сакам да надоградам од 3700X na 5800X3D, а тоа што се добива е многу малце во реален свет. Плус АМД си кажаа дека АМ5 ќе биде до 2025 сигурно, за потоа не е гарантирано, т.е. мали се шансите да биде како за АМ4. Така да и со Интел и со АМД ако го чуваш ПЦ 5-6 години и двете ќе сменат сокети. Нема смисла муабетот со надоградување процесори на исти сокет.
 
Последна промена:

eX3v1l

Practice makes perfect
2 мај 2011
1.324
1.173
eX3v1l's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X
Motherboard
ASRock Fatal1ty X470 Gaming K4
Storage
Samsung 970 EVO 500GB
PSU
Cooler Master MWE 750w
RAM
32GB 3200MHz G.Skill Trident Z
Video card
RTX 3070 EAGLE
Case
Cooler Master K380
Mouse
G502
Keyboard
RIPJAWS KM570 MX-Brown
Monitor
Dell S2721DGF
OS
Windows 10
Само за споредба 13600K e 60% подобар од 7800X според бенчмарците (подобар и во гејминг и за продуктивност). Моментално АМД функционира на стара слава.

Кај вадиш вакви податоци, 60% ? Може минимално да е подобар во гејминг. Тоа што има 14 јадра не се битни за гејминг, реално има 6 перформансе јадра и 8 маркетинг јадра што ништо не користат за гејминг. Ова е и прва генерација на АМД, и би требало да има уште 2 на иста платформа и лесно за надоградба.

 

BlueBaron

Gaining Experience
19 јануари 2016
286
251
Скопје
Ај биди реален и кажи ако купиш сега 7800X дали за 2-3 години планираш да надоградиш на 9800X3D. Што ќе добиеш од таа надоградба, 20% за плус 100% во ценовна разлика? Толку е моментално ако сакам да надоградам од 3700X na 5800X3D, а тоа е неосетна разлика во реален свет. Плус АМД си кажаа дека АМ5 ќе биде до 2025 сигурно, за потоа не е гарантирано, т.е. мали се шансите да биде како за АМ4. Така да и со Интел и со АМД ако го чуваш ПЦ 5-6 години, двете ќе сменат сокети. Нема смисла муабетот.

Не, ама има смисла да земам 7600Х сега за 15-16к (или ако падне уште повеќе за неколку месеци) и за неколку години да надоградам на 9800Х, и со другиот процесор да направам второ ПЦ или да го продадам. Врти сучи поевтино on the long run испаѓа од Интел платформата. Зависи од use-case. А дека 13та има подобри перформанси не го дискутирам, ама дека троши колку буџет ГПУ струја, троши.

PS: Врти - сучи муабетот ми е, кој што сака нека си купи, нема да згреши ни со едната ни со другата платформа.
 

wolverine

Practice makes perfect
27 јуни 2012
1.256
1.476
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
2TB Samsung 980 Pro | 2x Samsung 980 PRO 500GB | 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
FL ESPORTS F12 - Kailh Box White Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
Не, ама има смисла да земам 7600Х сега за 15-16к (или ако падне уште повеќе за неколку месеци) и за неколку години да надоградам на 9800Х, и со другиот процесор да направам второ ПЦ или да го продадам. Врти сучи поевтино on the long run испаѓа од Интел платформата. Зависи од use-case. А дека 13та има подобри перформанси не го дискутирам, ама дека троши колку буџет ГПУ струја, троши.

Се сложувам дека зависи од сценариото, ама мене дефинитивно не ме купува надоградување на процесор. Ако надоградувам тоа ќе биде цела платформа (доколку е можно и нова рам генерација), а и секако немам потреба да правам два компјутери на веќе застарена платформа во тоа идно време.
Мислењето е автоматски споено:

Кај вадиш вакви податоци, 60% ? Може минимално да е подобар во гејминг. Тоа што има 14 јадра не се битни за гејминг, реално има 6 перформансе јадра и 8 маркетинг јадра што ништо не користат за гејминг. Ова е и прва генерација на АМД, и би требало да има уште 2 на иста платформа и лесно за надоградба.


Ова со маркетинг јадра ти така си викаш, да можеби нема да се користат за игри, но се покажа дека има смисла концептот, така да не се само маркетинг јадра.
 

Godlike

On your way to fame
11 октомври 2014
764
877
Скапа е струјата за Интел.
Скапа струја ако процесорот е цело време на 100%, а и за тоа има решение во биосот.
Овие што ги гледаш се синтетички тестови со максимум.
Доколку следиш real time потрочувашка кога се игра некоја игра, има слична или помала потрошувачка од 7600x.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.504
12.933
Не следам сега, но порано со секоја нова генерација на АМД процесор излегуваше и понапреден чипсет т.е. матична. Така што надоградба само на процесор беше некомплетен апгрејд. Јас никогаш не ставив нов процесор на стара матична иако поддржуваше.
 

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.263
4.247
Скопје
hackitfree.github.io
Не ги разбирам AMD во последно време. Интел нуди подобра платформа со 13та ген, не разбирам зошто упорно на форумов се фаворизира AMD и се оди на 7600X. Па тој процесор ти нуди 6 јадра 12 нишки. За 3000 мкд плус со интел 13600K добиваш процесор со 14 јадра и 20 нишки. Еве да речеме и да одиш и со 7700X или 7800X пак добиваш помалце за многу поскапо. Само за споредба 13600K e 60% подобар од 7800X според бенчмарците (подобар и во гејминг и за продуктивност). Моментално АМД функционира на стара слава и АМ5 не е ништо посебно, да не зборам за поскапите матични наспрема интел во ист ранг.

Intel 13600K # of Performance-cores = 6
Ефишнт корс зашто ми се ? И тоа платформата толку им е комплицирана - брзи се Се - ама колку греат - колку трошат - тоа на брзина што ќе заштедиш - ќе изгубиш на водено ладење..
Мислењето е автоматски споено:

Не следам сега, но порано со секоја нова генерација на АМД процесор излегуваше и понапреден чипсет т.е. матична. Така што надоградба само на процесор беше некомплетен апгрејд. Јас никогаш не ставив нов процесор на стара матична иако поддржуваше.
Функционира одлично - јас на стара Б350 матична ставив 5000 серија процесор - ни 1 поен скорот не се разликува од понови матични (а богами и меморијата на 3600Мхц иде без проблем)
Ни тоа што нема ПЦИ-4 стандард не смета ...
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.504
12.933
Функционира одлично - јас на стара Б350 матична ставив 5000 серија процесор - ни 1 поен скорот не се разликува од понови матични (а богами и меморијата на 3600Мхц иде без проблем)
Ни тоа што нема ПЦИ-4 стандард не смета ...

Ако ти е добро тебе супер. Јас не би бил задоволен..
 

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.263
4.247
Скопје
hackitfree.github.io
Не, ама има смисла да земам 7600Х сега за 15-16к (или ако падне уште повеќе за неколку месеци) и за неколку години да надоградам на 9800Х, и со другиот процесор да направам второ ПЦ или да го продадам. Врти сучи поевтино on the long run испаѓа од Интел платформата. Зависи од use-case. А дека 13та има подобри перформанси не го дискутирам, ама дека троши колку буџет ГПУ струја, троши.

PS: Врти - сучи муабетот ми е, кој што сака нека си купи, нема да згреши ни со едната ни со другата платформа.
Мене ме чуди што идат луѓево на 7000 серија.. Што подобрувања ќе видиш од златна серија 5000 ? Сем ако играш на 240Хц 1080п па ти треба секој можен фрејм . Прво матичните се огин , ДДР5 ај и така и така .
Сега можеш за 6000ден од Али да порачаш 5600 процесорче , за 4-5000ден матична и за 2400ден ДДР4 еден средно брз кит ете ти ПЦ за 13К.
За 15% побрз ПЦ треба да дадеш - штознам јас колку - до 50К !
Мислењето е автоматски споено:

Ако ти е добро тебе супер. Јас не би бил задоволен..
Добро јас од поглед на заштеда гледам и перформанси - за мерак - може и да си преплатиш - не осудувам ..
Мислењето е автоматски споено:

Скапа е струјата за Интел.

Згора на тоа, таа генерација на Интел сега за сега е dead-end и нема да има простор за понатамошни надограби, во споредба со АМ5 и планирана подршка за неколку генерации на процесори.
Нека ги „дерат„ Интел бе - што да им правиш кога не разбираат :LOL:
 
Последна промена:

TheGamerTeacher

On your way to fame
9 декември 2016
437
502
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
Пред недела-две напрајв нова конфигурација на ам5 платформа со 7600 (без Х). Логиката ми беше следна:
-Го земам најефитниот можен процесор кој би го сменил по 1-2 генерации со Х3Д верзија (рецимо 9800х3д)
-Минатиот компјутер ми беше антика (4790к) и знам дека сум осетил потреба да апгрејднам ама самиот момент дека треба СЕ МОЖНО да менувам, ме премислувал или не сум можел толку големи средства да издвојам наеднаш. Уште тогаш решив дека никогаш повеќе нема да земам top of the line процесор на dead end платформа, чисто заради далеку помалиот труд/пари за аогрејд, особено што да речиме до 2025 ќе има нови продукти, значи и во 2027 јас да сакам да направам некаков апгрејд, за 5-600 евра ќе земам процесор и тоа е тоа. Алтернативата е 1200-1500 евра за цела платформа.
-По мое, АМ5 платформа има логика САМО ако не си на АМ4, оти реално ако го имаш 5800х3д, па и нема нешто многу голема разлика за гејминг, освен некои понови технологии (ПЦИ 5 шо не се ни искористени ко шо треба, и ДДР5 шо кај мене прај проблем ако го клокнам над 5200мхз)
-Во овие 10-15 дена користење немав никакви проблеми со голем дијапазон на софтвер, игри.
 

Skorp

Gaining Experience
25 август 2016
452
455
Skopje
После долги години ќе се пребацувам на АМД само затоа што платформата на Интел е крај, а сега ми е време за менување на процесор. Од 10900к на 7950х3д, прескапо излегува али пусти мерак. Се мислев на 13900к и покрај тоа што е крај на платофмата, али подобар е за гејминг 3д верзијава на АМД.
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.461
14.740
Во услови кога едиствена причина зошто би купил интел (и тоа само low end) во моментов е само и ислкучиво ДДР4 поддршка, стварно не можам да ја сфатам сериозно темава. Зошто купувате нова платформа кога има мртва?
 

Skorp

Gaining Experience
25 август 2016
452
455
Skopje
Во услови кога едиствена причина зошто би купил интел (и тоа само low end) во моментов е само и ислкучиво ДДР4 поддршка, стварно не можам да ја сфатам сериозно темава. Зошто купувате нова платформа кога има мртва?
13900к у комбинација со рам и матична испаѓа поевтино него најдоброто од АМД. Ако некој менува на 4-5 год, би рекол се исплати.
 

Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
934
1.256
двете платформи моментално се dead end, не вреди да се замара човек. Можеби за година две ќе има подобри процесори.
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.461
14.740
13900к у комбинација со рам и матична испаѓа поевтино него најдоброто од АМД. Ако некој менува на 4-5 год, би рекол се исплати.
13900K што троши 253w стуја а оди и до 320w?

Неееее, да ми го даваат гага ќе го продадам и ќе земам АМД :D
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.213
5.224
Битола
Тоа со струјата дека многу трошел е само за луѓе што не знаат (гротото) и оние што не сакаат да се замараат. Многу брзо и лесно се оптимизира Интелот да троши ЗНАЧИТЕЛНО ПОМАЛКУ (читај ДУПЛО ПОМАЛКУ) со многу минимална загуба на перформанси.

View: https://www.youtube.com/watch?v=H4Bm0Wr6OEQ
Мислењето е автоматски споено:

LwQ3Bv8Cip.jpg
Скриншотите се од Der Bauer, нема поавторитет на YouTube.
 
Последна промена:

wolverine

Practice makes perfect
27 јуни 2012
1.256
1.476
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
2TB Samsung 980 Pro | 2x Samsung 980 PRO 500GB | 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
FL ESPORTS F12 - Kailh Box White Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
двете платформи моментално се dead end, не вреди да се замара човек. Можеби за година две ќе има подобри процесори.

Можеби. Можеби за 5-10 години ќе има 200% побрзи процесори со TDP од 90w. Моментално е тоа што е, Интел ја добива војната и апгрејд само на процесор за N години на исти сокет (па и чипсет) нема смисла.
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.213
5.224
Битола
Да брату, бидејќи на 2.5 и 4K имаш GPU bottleneck и процесорот не може да извади максимум перформанси, небитен е, не работи до 100%. Намалуваат резолуција за да го турни до максимум и тестира како што треба процесорот.
 
Последна промена:

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
528
694
За оффис конфигурации немаш потреба од 700 евра процесор...
 

Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
934
1.256
Можеби. Можеби за 5-10 години ќе има 200% побрзи процесори со TDP од 90w. Моментално е тоа што е, Интел ја добива војната и апгрејд само на процесор за N години на исти сокет (па и чипсет) нема смисла.

не гледам како ја добива, не би купил Интел ни под разно од овие што се сега, или пак АМД од новите. Најразумна опција за гејмер моментално е 5800X3D, ништо више од тоа не ти треба. Цената е багатела кога ќе споиш плоча и рам у споредба со тие на Интел или АМ5.
 

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.263
4.247
Скопје
hackitfree.github.io
не гледам како ја добива, не би купил Интел ни под разно од овие што се сега, или пак АМД од новите. Најразумна опција за гејмер моментално е 5800X3D, ништо више од тоа не ти треба. Цената е багатела кога ќе споиш плоча и рам у споредба со тие на Интел или АМ5.
А и PBO2 и CurveOptimizer се толку инвентивни корисни и едноставни features да „нема даље„.
Intel од друга страна е многу покомплициран за андрволт и оверклокување ..
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.233
Мислења
977.112
Членови
35.547
Најнов член
minchevskis
На врв Дно