• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Зоран Ивановски: СВОЕТО НЕ ГО ДАВАМ!....ама кој воопшто ме прашува... (2)

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

gocenik

Intern
6 октомври 2008
8
1
Покушав да пишам коментар на самиот текст, ама не ми иде, па тука...
http://it.com.mk/index.php/Zoran-Iv...GO-DAVAM....ama-koj-voopshto-me-prashuva...-2

Авторот е огорчен дека дал 500 марки на времето, напишал и расказ за шетњата по дуќани на Он.нет и разговорот со прадавачки и инфо центри. Текстот според мене е добар единствено за на клупа у маало.

Ќе беше добар да авторот го отвореше сајтот www.aek.mk, да видеше таму што е:
(а) локална јамка (local loop) е физичко комуникациско коло, од упредена бакарна парица односно пар бакарни жици, меѓу просториите на претплатникот и главниот разделник или соодветно средство на јавна фиксна телефонска мрежа;

(б) разврзан пристап на локална јамка (unbundled access to the local loop) е целосно разврзан пристап на локална јамка или поделен пристап на локална јамка, при што не се менува сопственоста на локалната јамка;

(в) целосно разврзан пристап на локална јамка (full unbudled access to the local loop) е пристап на барателот на локална јамка на обврзаниот оператор заради користење на целиот радиофреквенциски спектар на упредената бакарна парица;

(г) поделен пристап на локална јамка (shared access to the local loop) е пристап на барателот на локална јамка на обврзаниот оператор со можност на користење на неговорниот опсег од радиофреквенцискиот спектар на упредената бакарна парица, при што обврзаниот оператор продолжува да ја користи локалната јамка во говорниот опсег за обезбедување на јавни говорни телефонски услуги;

(д) колокација е обезбедување на физички простор и технички средства од страна на обврзаниот оператор за поставување и поврзување на опремата на барателот за пристап на локалната јамка.
Можеше да постави конкретно прашање зашто Он.нет не нуди поделен пристап на локална јамка. Можеше да исконтактира со одговорни лица од Т-Хоме, Он.нет и АЕК. Можеше авторот и да се сети, или да просурфа, дека при криминалната продажба на телекомот бакарните парици, кои се во сопственост на државата, се изнајмени на дојче телеком до 2018.

Корисни линкови:
http://www.telekom.mk/mk/news_record.asp?newsid=56
Европската комисија пред неколку месеци јасно и кажа на Владата дека мора да ги поништи концесиите за да се создадат услови за работа на нови оператори на домашниот пазар. Но министерот за транспорт Миле Јанакиески објасни дека во случај на едностраното поништување на договорите, Макеоднија ќе треба да ги обесштети Телеком и мобилните оператори.
Концесиските договори на Телеком и на "Т-Мобиле" им истекуваат во 2018 година, а на "Космофон" во 2025.
Чекаме Агенцијата за електронски комуникации и Комисијата за заштита на конкурентноста да ги намалат големопродажните цени на фиксниот оператор. Според Агенцијата, тоа требаше да се случи во март годинава, но уште нема ништо. Телеком ни бара надомест од 580 денари по претплатничка линија, а на своите претплатници им наплаќа по 399 денари месечно со вклучени 100 денари разговор. Значи, неговата малопродажна цена за граѓаните е пониска од големопродажната која ни ја нуди нам. Со вакви големопродажни цени не можеме да понудиме пониски малопродажни цени од Телеком", вели Предраг Чемерикиќ од "Он.нет".
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=148760&idg=8&idb=2324&rubrika=Revija
Зоран, недоволен 1 од мене.

Иначе супер ви е сајтот, редовно го читам. Само напред!
 
trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Druze nikoj ne e dolzen da gi znae i da gi bara po internet i drugi mesta ovie informacii. Ocigledno ne si ja razbral sustinata na tekstot na Zoki.
Jas kako obicen gragjanin ne sum dolzen da gi znam i da gi baram ovie informacii, koga ima sluzbi sto se debelo plateni da ja vrsat taa rabota i istoto da im go objasnat na gragjanite(potencijalnite korisnici na uslugite).
Sto mi e gajle mene za razni zakoni i fakti koga jas za moi pari moram da ja dobijam sekoja informacija pri sklucuvanje ili raskin na dogovor. A jas (i Zoki isto taka) sum obicen gragjanin kako site i ne sakam da se zamaram so nepotrebni informacii(sto ne znaci deka ne gi citam ili ne gi znam). Ako ti dojdes kaj mene, i sakas da kupis kompjuter dali sum jas dolzen da ti gi kazam site informacii i performansi za odredeni konfiguracii so nivnite komponenti??? Dolzen sum , za toa sum platen toa mi e rabota. A dali si ti dolzen da gi znaes tie informacii pred da go kupis kompjuterot???? Ne si dolzen. Ti si dojden da kupis konfiguracija koja ke ti bide prifatliva sprema potrebite i moznostite(sto ne znaci deka ne znaes nisto za istite ili nemas nekakvi informacii).
Ovaa komparacija e adekvatna so gorespomenatiot problem.
I ne nedovolen 1 za vakvi glupi razmisluvanja jas ke ti stavam 0. Pa ke treba da se potrudis da naucis za da ja popravis na 1.:ua::ua::ua:
 
M

Mr.Alien

Гостин
Ајт аирлија нека е!

Конечно, се фати рипче од Телеком на јадицата. А таман помислив дека од инает не реагираат.
Секако, постои можност gocenik и да не е вработен во оваа јадна фирма, но ако е, нека каже дали е ситно рипче таму или е некој од поглавиците. Или, нека се претстави со име и презиме, па моите пријателчиња вработени таму ќе ми ги дадат сите потребни информации.
Во принцип, не ми е толку битно дали gocenik е телекомџија или не, но би сакал да е. Тогаш и неговите коментари би биле поиздржани. Во обратен случај, ако се работи за лице од надвор, коментарот може да се свати како тралала муабет или муабет од некој кој прочитал нешто, принабубал, па соли памет.
Јас ќе претпоставам дека е "телекомџија", па во таа насока и ќе реплицирам.
Види вака. Не знам зошто толку те погоди мојот муабет, т.е. напис, па ми делиш единици. Па и да е написот добар само за на клупа во маало, дури и тоа и такво седење на клупа во маало е покорисна и поделотворна работа, секако и попријатна отклоку дремење на шалтерите со нељубезните и принадуени шалтерџии на Телеком или од "пинг-понг" партијата која со мене и останати обични смртници како мене би ја играле вработените во телеком препраќајќи ме од канцеларија во канцеларија, од Ојле до Дојле, а овој до Џиги, а Џиги до Миги. А одговорот на прашањето не би го добил(е).
Што мислиш, gocenik, колкумина во оваа држава се запознаени со упредени бакарни парици, јамки и слични дрангулии кои ама баш ништо не значат во животот на обичниот човек?
Познавањето на овие технички работи е можно само на луѓе со соодветно образование, кои се школувале за тоа. Колку ти се разбираш, да речеме од медицина? Дали некој би требал да те прави неписмен и да ти дели единици ако не знаеш како се изработуваат протези за заби?
Уште еден пример - отвараш тука тема за да ми реплицираш, наместо тоа да го сториш директно на блогот. Зошто? Затоа што НЕ ЗНАЕШ како да го сториш тоа. Зошто тогаш не прогугла, просурфа на интернет па да видиш како се прави тоа кај vBulletin апликацијата? Зошто не го направи тоа што миу го сугерираш мене - да просурфам пред да пишувам? Зошто ти не просурфа пред да пишуваш неконструктивни критики?
Мислам, постот ти е тотално аут, и ЕДИНСТВЕНО ТИ заслужи единица. Или нула, како што кажа Trakilaki.
Еве јас да те запрашам, па ако имаш доблест - одговори: Дали сметаш дека ТЕЛЕКОМ е тој што требаше јавно да се произнесе во поглед на отстапувањето на линиите (или што и да е) на ОНТЕЛ? Да ја објасни целата оваа работа?
Да постапеше ТЕЛЕКОМ така, а тоа би бил единствениот вистински потег, немаше мојот напис да постои. Се ќе ми беше јасно и ќе си го барав чарето. Единствено...можеби би дал коментар на сето тоа на мојот блог, но тој не би бил ваков каков е. Би било чисто мое видување на сето тоа.
Вака, со кукавичкото (да не речам - педерско) ќутење, ТЕЛЕКОМ ми ја поттикна радозналоста па решив малку да прокопам по работите, колку што е тоа можно.
Не верувам дека било кој во Телеком би седнал да објаснува во врска со ова на обичен граѓанин кој би дошол да праша. Би го ашкале од врата до врата како билијардско топче.
Или...да не би објасниле нешто шалтерџиите можеби? Кога ќе ги запрашаш за информација или каде да те упатат за информација, се однесуваат како да си ги запрашал дали имаат хемороиди.
Ти gocenik, ако си човек кој ги следи дневниот печат и неделните списанија, ќе видеше и други коментари на оваа тема и во нив. А тоа говори дека во сето ова јас не сум единствен, не сум единствениот кого го заголицало сето ова. Не сум месија ниту крстоносец. Ова е уште еден показател за бесмисленоста на твојот пост, и по втор пат заслужена нула од твоја страна.
Третата нула за тебе е во тоталното неразбирање на мојот напис. Пишуван е од аспект на обичен човек, обичен граѓанин, огорчен затоа што некој, да ми простите сите на изразот, го ШУПЧИ за негови тешко заработени пари. Или се обидува за такво нешто....нејсе. Пишуван е на начин како размислува обичниот човек, кој не е запознаен со техничките детали. А ако те интересира, за сите овие тракатанци во вид на јамки и бакарни парици или што и да се имам каде да се распрашам. И да добијам технички податоци.
А кој вели дека можеби тоа не сум го сторил? Тоа засега нека остане непознаница, бидејќи не е битно во овој момент.
Мојот напис има добра основа, тоа и ти го знаеш, макар што се обидуваш од само на тебе познати причини да го разводниш, да му дадеш поинаква конотација, да го свртиш во погрешна насока. Верувај дека тоа нема да ти успее. Дека темава ќе ја терам и понатаму, само ако дојдам до одредени податоци. А добро ќе се потрудам во таа насока.
Затоа, биди поздравен. Ти посакувам пријатен престој на форумот и се надевам на квалитетни и конструктивни постови од твоја страна.

П.С. Во моментов линкот кон АЕК не е функционален, ниту преку Мозила ниту преку ИЕ.
 
reng

Intern
13 август 2007
683
19
Не знам со која цел е отворена темава, друга работа морав да го прочитам цел текст за да разберам за што е темава поради не соодветното објаснување на првиот пост за што е темава ве молам најдете и место како не логични теми. Мене ме изнервира не тоа за кого е напишана туку што не можев да разберам за што е темава.

Мислев дека е некој мој познаник под исто име и презиме, па отворив да прочитам. Да ви кажам и уште не ми е јасно што сакаат да докажат. Има нешто што не знаеме за телеком и договорите што ги имаме или што е работава веројатно ни треба некој правник да ни одговори.:ua:
 
ac1d

Intern
24 септември 2008
410
14
ako moze malku pojasnuvanje na temava komentiras za losite uslugi na OnNet/OnTel losoto usluzuvanje i za losite uslovi za sklucuvanje dogovor ? e sega ne mi e jasno dali ti si go sklucil dogovorot pa sega imas problem otkoga gi dozna uslovite ili pak si go doznal ova i go pisuvas kako preventiva za drugite ? vo sekoj slucaj ako si go sklucil dogovorot togas se nadevam deka se ke iskoci kako sto treba a dokolku go kazuvas kako preventiva za drugite fala eve od moe ime iako ne bi se prebacil na OnNet oni da mi plakaat ali ipak da si go kazam moeto :) i vo pravo si nieden "obicen gragjanin" ne e dolzen da gi znae site tie raboti :)

p.s. hah dobro spustanje na telekomgijata (ako e telekomgija ) :D ...cekam odgovor od Mr. Telekom :D :D
 
M

Mr.Alien

Гостин
@ac1d

Јас имам договор со ТЕЛЕКОЊ, кој на времето го платив 500 германски марки. Не ми паѓа на памет да се префрлам на ОНТЕЛ и во ветер да ги фрлам тие пари. Не ми паѓа на памет да улетувам во договори кои не се детално објаснети и чија иднина засега е непознаница.
Искрено, што кој ѓавол ќе ми е ОНТЕЛ кога речиси сите кои ги познавам нема да се префрлаат на ОНТЕЛ?
Само потенцирав дека има многу непознаници во врска со склучувањето на договор со ОНТЕЛ, дека сметам дека има одредена манипулација со линиите...впрочем, прочитај на мојот блог. Написот е во два дела, а насловот е СВОЕТО НЕ ГО ДАВАМ!....ама кој воопшто ме прашува за тоа...
 
S

pwnz0r1lla
8 март 2007
1,550
52
www.it.com.mk
Во поглед на тоа плакањето на времето за поставување на инфраструктурата нели имаше еден период кога Телеком ги враќаше дадените пари? Незнам мислам дека беше на корисниците кои од некоја до некоја година...

Ова е повеќе како прашање бидејќи навистина не сам сигурен за ова, а некако ми се врти некаде у глава.
 
M

Mr.Alien

Гостин
И за тоа напишав....имаше договори (дали само со правни или и со физички лица) во кои се спомнуваше "здружување на средства", не сум сигурен.
Во мојот договор нема никаква таква опција. Овој договор го склучив откако се вселив во станот кој тогаш го купив, 1998 год.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

gocenik

Intern
6 октомври 2008
8
1
@ac1d
Јас имам договор со ТЕЛЕКОЊ, кој на времето го платив 500 германски марки. Не ми паѓа на памет да се префрлам на ОНТЕЛ и во ветер да ги фрлам тие пари. Не ми паѓа на памет да улетувам во договори кои не се детално објаснети и чија иднина засега е непознаница.
Искрено, што кој ѓавол ќе ми е ОНТЕЛ кога речиси сите кои ги познавам нема да се префрлаат на ОНТЕЛ?
Само потенцирав дека има многу непознаници во врска со склучувањето на договор со ОНТЕЛ, дека сметам дека има одредена манипулација со линиите...впрочем, прочитај на мојот блог. Написот е во два дела, а насловот е СВОЕТО НЕ ГО ДАВАМ!....ама кој воопшто ме прашува за тоа...
Друже, да те разочарам, не работам кај сатаната, но заработувам од телекомуникации.

Кецот ти е од што не знаеш да користиш гугл. Си се згнал по продавници, си вртел телефони муабетејќи со „дебело платениот“ кадар од инфо центар, а не си ни пишал мејл кој би можел да ти го одговори техничар. Јас кога би пишувал, да речеме, за бјапас на коронарна артерија, би се консултирал со нивните височества google и wiki и не би го засновал аргументот на муабетот со медицинскиот брат кој не бил нај сигурен како точно се одврзува јамката.

Башка што е клошарски да плачеш за 250 €. Што очекуваш од нив, дека ќе ти ги вратат со дивидента и годишна камата? Остај друго, плаќаш 20 € месчно за фикесн, а не сакаш да платиш 27 за 10 mbps неограничен интернет со гратис телефонска претплата и 5 саати бесплатен разговор??? Шознам, ко боље ќе размислам ти у ствари не ни сакаш да си идеш од кај лукавиот, баш напротив, ти си нивен двоен агент.

Не е срамота да не знаеш што е Local Loop Unbunding, срамота е да пишуваш на тема која не си се потрудил да ја истражиш на сајт како IT.com.mk и притоа да се криеш под чергата на тоа дека ти си „обичен“ блогер-корисник и дека е потребен факултет за да знаеш како парицата што завршува кај тебе дома се пребацуе од еден у друг уред.

btw, никој од моите другари нема фиксен од телеком. не ми е скроз јасно со кого се дружиш ти? :D
 
M

Mr.Alien

Гостин
Двоен агент...:LOL::LOL::LOL:.
Брале, не верувам дека некој може да тресне поголема глупост од оваа. Секоја ти чест. Дај малку олади со филмовите за Џемс Бонд, можеби тогаш пореално ќе ги гледаш работите. :ua:
Фиксниот го користам и покрај тоа што имам два мобилни броја. Не живеам само од државната работа, туку тераме со сопругата и приватен бизнис (каков-таков, носи по некој денар) па фиксен ни е неопходен, покрај мобилните. Згора на тоа, сите луѓе со кои контактираме во врска со работата имаат фиксни на ТЕЛЕКОЊ. И СИТЕ, АМА БАШ СИТЕ други мои роднини/пријатели/познаници/колеги од професијата СЕУШТЕ имаат фиксни од теле... Значи, сеуште немам добра причина да се префрлам на ОНТЕЛ. Тоа за да знаеш зошто сеуште го користам фиксниот број од САТАНАТА.
И пак ќе потенцирам дека сосема погрешно си го разбрал текстот. Добро, можда ти знаеш да гуглаш....можда знам и јас, без обѕир на твоето мислење....но ајде да те прашам, колкумина луѓе на возраст од 50-60 години знаат да користат Google; и дали воопшто користат интернет? А и нив ги интересира темата за која пишувам. И нив ги интересира како ќе завршат парите кои ги дале. Тоа што тебе не те интересира не те окривувам. Твоја ствар како се однесуваш кон парите. Уште ако тате и мама ја платиле линијата на времето, а не ти, со свои сопствени заработени средства, тогаш се е јасно. И доказ дека не знаеш да ги цениш парите, трудот вложен да се заработат...и се друго што следи уз ова.
Мене не ми се фрлаат 250 Е во ветар, да бидам искрен. Се разбира, ќе преживеам и без нив, па и без поголема сума. Но, 250 од мене, 500 од тебе (како пример), 500 од Јанко, 250 од Станко....колку пари ТЕЛЕКОЊ има собрано на овој начин? И како се потрошени? Дали има право да манипулира со нив?
Многу отворени прашања на кои никој не се потрудил да даде одговор.
Понатаму, не чувствувам потреба да гуглам за да добијам податоци за парици и кур*еви карики. Тоа, како што го наведов, можам да го добијам на поинаков начин. И не чувствувам потреба да разглобувам нешто што АМА ВООПШТО не е битно за порталов и за другиве членови/посетители. Мислиш ги заболе уво нив за тоа? Еве, нека се изјаснат.
Згора на тоа, со твојот прв пост многу-многу не објасни. Парици па парици. ОК. Што со нив? Која е нивната улога? За што служат? Дај детално техничко објаснување? Не само нешто си прочитал па брмчиш безвезе.
И најважно - јас не седнав да пишувам на тема врзана за техничките постројки на телеком, нивните централи и слично, туку пишував (и ќе пишувам и во иднина, ако има потреба) во врска со малверзациите со линиите. Велам малверзации, бидејќи отсуството на БИЛО КАКВО ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ од нив ме тера да се сомневам во тоа. Досега, никој од кај сатаната не излегол во јавност да објасни како тоа се префрлаат линиите, техничките можности за такво нешто и, НАЈБИТНОТО, што се случува со линиите и ПАРИТЕ кои народот ги дал за нив.
А ти ако водиш дискусии собирајќи материјали по Google...тогаш тоа покажува колку си сериозен за да се дискутира со тебе. И дали воопшто вреди да се дискутира. Барем на оваа тема. Дискутирај за нешто од што имаш познавање, стекнато преку читање / проучување / искуство. Fuck Google. Google и Wikipedia се ОК, но само ако ти треба нешто врзано за некоја област од која имаш познавања. Јас така и за тоа ги користам овие сервиси.
Добри се и за учење, тоа бездруго. ама да седнеш да дискутираш на форум/портал само на основа на тоа што си го прочитал таму....гола вода брате, гола вода.
Понатаму - фиксен + 10 Мbps брзина неограничен интернет. Ќе верувам кога ќе видам. Од искуство не неколкумина кои ги познавам, кои самите преминале на ОНТЕЛ или некој нивни познат, 10 Mbps засега се Sweet Dream. Највероватно, опремата која во моментов ја поседуваат нема капацитет за такво нешто. Во иднина - можеби.
Засега, како поткрепа на ова мое мислење, ќе наведам факт дека сеуште нема техничка можност за воведување на "ЕКСТРЕМИСТИЧКИТЕ" пакети на ОНТЕЛ во голем број општини / населби. Конкретно - јас живеам во Маџари, и некаде до Нова Година ќе немало техничка можност да се воведе ова. Јасно ти е зошто сеуште сум на ТЕЛЕКОЊ? Покрај причината погоре наведена?
Второ. Биди сигурен дека ОБАВЕЗНО ќе ја проверам цела оваа УКА БУКА за новите пакети. Ќе дадам 1240 денари (плус ДДВ) за уште една линија, па таа ќе ја заменам за ОНТЕЛ. Сегашната ако треба ќе ја ставам и во мирување. Баш да видам дали им е на место тоа чукање в гради....
И за крај, пак да те запрашам - дали читаш дневен печат и неделни / месечни списанија? Очигледно не. Во спротивно, во нив ќе најдеше и други написи на оваа тема.
Постоењето на такви написи произлезени од нечие размислување ми е доволен доказ дека муабетот не ми е во празно.
 
StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
Еве да се најдам во муабет...

Неделен весник (weekly newspaper) е публикација која не се издава дневно туку еднаш неделно, иако чести се и тие со два броја неделно (twice-a-week papers).
Таквите весници имаат помал тираж од дневните, и најчесто се наоѓаат во не толку популарните заедници. Многу често тие покриваат мала територија, како помали градови или општини.
... еб*ве муабетот парици марици....
 
trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Друже, да те разочарам, не работам кај сатаната, но заработувам од телекомуникации.

Кецот ти е од што не знаеш да користиш гугл. Си се згнал по продавници, си вртел телефони муабетејќи со „дебело платениот“ кадар од инфо центар, а не си ни пишал мејл кој би можел да ти го одговори техничар. Јас кога би пишувал, да речеме, за бјапас на коронарна артерија, би се консултирал со нивните височества google и wiki и не би го засновал аргументот на муабетот со медицинскиот брат кој не бил нај сигурен како точно се одврзува јамката.

Башка што е клошарски да плачеш за 250 €. Што очекуваш од нив, дека ќе ти ги вратат со дивидента и годишна камата? Остај друго, плаќаш 20 € месчно за фикесн, а не сакаш да платиш 27 за 10 mbps неограничен интернет со гратис телефонска претплата и 5 саати бесплатен разговор??? Шознам, ко боље ќе размислам ти у ствари не ни сакаш да си идеш од кај лукавиот, баш напротив, ти си нивен двоен агент.

Не е срамота да не знаеш што е Local Loop Unbunding, срамота е да пишуваш на тема која не си се потрудил да ја истражиш на сајт како IT.com.mk и притоа да се криеш под чергата на тоа дека ти си „обичен“ блогер-корисник и дека е потребен факултет за да знаеш како парицата што завршува кај тебе дома се пребацуе од еден у друг уред.

btw, никој од моите другари нема фиксен од телеком. не ми е скроз јасно со кого се дружиш ти? :D
Abe ti razbiras makedonski?????
Zosto da baram na google ili na wikipedia koga ima plateni lugje sto se DOLZNI da mi gi objasnat ovie raboti.
Ti ako sakas da ti stavat bajpas, ke procitas na google kako se pravi toa i sam ke si stavis ili ke ides u nekoja podobra medicinska ustanova???
Za kakov neogranicen internet, besplatni razgovori i telefonska pretplatapravime muabet????
Za internet sto vo rok od 1 saat 15 pati ke padne???
Za razgovori na telefon,za koi boga molis pobrzo da gi napravis pred da se iskluci linijata?????
Ne be batka, ti si u zabluda .... za vakvi uslugi da koristam treba oni da mi plakjaat za da ja koristam istata usluga.
Vaka bolje ke platam malku poskapo na telekom, ama dobivam kvalitet.
A cim ne rabotis vo telekom znaci rabotis vo onnet .... i si pravis besplatna reklama. Samo vakva reklama mozes na nekoj sto ne znae da mu pravis a ne na nekoj sto dovolno dobro znae kakvi se uslugite na onnet.
I na krajot na kraevite ne e cudo sto e vakva uslugata koga rabotat tamu vakvi "eksperti" ko tebe.:isplashen:
 
trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Двоен агент...:LOL::LOL::LOL:.
Брале, не верувам дека некој може да тресне поголема глупост од оваа. Секоја ти чест. Дај малку олади со филмовите за Џемс Бонд, можеби тогаш пореално ќе ги гледаш работите. :ua:
Фиксниот го користам и покрај тоа што имам два мобилни броја. Не живеам само од државната работа, туку тераме со сопругата и приватен бизнис (каков-таков, носи по некој денар) па фиксен ни е неопходен, покрај мобилните. Згора на тоа, сите луѓе со кои контактираме во врска со работата имаат фиксни на ТЕЛЕКОЊ. И СИТЕ, АМА БАШ СИТЕ други мои роднини/пријатели/познаници/колеги од професијата СЕУШТЕ имаат фиксни од теле... Значи, сеуште немам добра причина да се префрлам на ОНТЕЛ. Тоа за да знаеш зошто сеуште го користам фиксниот број од САТАНАТА.
И пак ќе потенцирам дека сосема погрешно си го разбрал текстот. Добро, можда ти знаеш да гуглаш....можда знам и јас, без обѕир на твоето мислење....но ајде да те прашам, колкумина луѓе на возраст од 50-60 години знаат да користат Google; и дали воопшто користат интернет? А и нив ги интересира темата за која пишувам. И нив ги интересира како ќе завршат парите кои ги дале. Тоа што тебе не те интересира не те окривувам. Твоја ствар како се однесуваш кон парите. Уште ако тате и мама ја платиле линијата на времето, а не ти, со свои сопствени заработени средства, тогаш се е јасно. И доказ дека не знаеш да ги цениш парите, трудот вложен да се заработат...и се друго што следи уз ова.
Мене не ми се фрлаат 250 Е во ветар, да бидам искрен. Се разбира, ќе преживеам и без нив, па и без поголема сума. Но, 250 од мене, 500 од тебе (како пример), 500 од Јанко, 250 од Станко....колку пари ТЕЛЕКОЊ има собрано на овој начин? И како се потрошени? Дали има право да манипулира со нив?
Многу отворени прашања на кои никој не се потрудил да даде одговор.
Понатаму, не чувствувам потреба да гуглам за да добијам податоци за парици и кур*еви карики. Тоа, како што го наведов, можам да го добијам на поинаков начин. И не чувствувам потреба да разглобувам нешто што АМА ВООПШТО не е битно за порталов и за другиве членови/посетители. Мислиш ги заболе уво нив за тоа? Еве, нека се изјаснат.
Згора на тоа, со твојот прв пост многу-многу не објасни. Парици па парици. ОК. Што со нив? Која е нивната улога? За што служат? Дај детално техничко објаснување? Не само нешто си прочитал па брмчиш безвезе.
И најважно - јас не седнав да пишувам на тема врзана за техничките постројки на телеком, нивните централи и слично, туку пишував (и ќе пишувам и во иднина, ако има потреба) во врска со малверзациите со линиите. Велам малверзации, бидејќи отсуството на БИЛО КАКВО ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ од нив ме тера да се сомневам во тоа. Досега, никој од кај сатаната не излегол во јавност да објасни како тоа се префрлаат линиите, техничките можности за такво нешто и, НАЈБИТНОТО, што се случува со линиите и ПАРИТЕ кои народот ги дал за нив.
А ти ако водиш дискусии собирајќи материјали по Google...тогаш тоа покажува колку си сериозен за да се дискутира со тебе. И дали воопшто вреди да се дискутира. Барем на оваа тема. Дискутирај за нешто од што имаш познавање, стекнато преку читање / проучување / искуство. Fuck Google. Google и Wikipedia се ОК, но само ако ти треба нешто врзано за некоја област од која имаш познавања. Јас така и за тоа ги користам овие сервиси.
Добри се и за учење, тоа бездруго. ама да седнеш да дискутираш на форум/портал само на основа на тоа што си го прочитал таму....гола вода брате, гола вода.
Понатаму - фиксен + 10 Мbps брзина неограничен интернет. Ќе верувам кога ќе видам. Од искуство не неколкумина кои ги познавам, кои самите преминале на ОНТЕЛ или некој нивни познат, 10 Mbps засега се Sweet Dream. Највероватно, опремата која во моментов ја поседуваат нема капацитет за такво нешто. Во иднина - можеби.
Засега, како поткрепа на ова мое мислење, ќе наведам факт дека сеуште нема техничка можност за воведување на "ЕКСТРЕМИСТИЧКИТЕ" пакети на ОНТЕЛ во голем број општини / населби. Конкретно - јас живеам во Маџари, и некаде до Нова Година ќе немало техничка можност да се воведе ова. Јасно ти е зошто сеуште сум на ТЕЛЕКОЊ? Покрај причината погоре наведена?
Второ. Биди сигурен дека ОБАВЕЗНО ќе ја проверам цела оваа УКА БУКА за новите пакети. Ќе дадам 1240 денари (плус ДДВ) за уште една линија, па таа ќе ја заменам за ОНТЕЛ. Сегашната ако треба ќе ја ставам и во мирување. Баш да видам дали им е на место тоа чукање в гради....
И за крај, пак да те запрашам - дали читаш дневен печат и неделни / месечни списанија? Очигледно не. Во спротивно, во нив ќе најдеше и други написи на оваа тема.
Постоењето на такви написи произлезени од нечие размислување ми е доволен доказ дека муабетот не ми е во празно.
Za 1 edinstven tesko specalen denar ke ubijam.....
A ne sakam ni da pomislam sto ke napravam za 250 evra.:lut2:
 
ac1d

Intern
24 септември 2008
410
14
Epa aj poso e klosarski daj mu gi ti parite na coekot da ne place moze ? poso i taka so se 250 evra pff pi*kin dim... jas sto seuste ne rabotam ( radi godinite seuste sum kopijl uslovno kazano :D ) osven na ona rabota po dogovor so se vika pa srce bi me iskinalo za 250 evra ne pa coek sto si raboti i sto znae sto se 250evra a da ne praime muabet so ne e isto 500marki i 250evra mozebi da spored vrednost e isto no milion pati potesko bese na vremeto da se zaraboti 500marki nego 250evra sega taka da nemas nikakvo pravo da mu kazuvas na coekot da ne place za 500te marki negovi TESKO ZARABOTENI!!!
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

gocenik

Intern
6 октомври 2008
8
1
Јас стварно не разбирам што не сум разбрал. Викаш треба да ти се вратат парите што си ги инвестирал у телекомот. Епа не може. Млатење празна слама. Гугл ми шепна дека касниш у велико:
Трансформацијата на капиталот од општествена во акционерска сопственост е направена во Телекомот во 2001 г., што значи дека се поминати сите релативни и апсолутни рокови за покренување каква и да било судска постапка за утврдување на право на сопственост врз основа на вложен капитал.
http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=4660&Itemid=139
Прочитај го цел текст, ќе видиш дека Телеком има собрано повеќе прари него што вреди.

Викаш многу „отвоени“ прашања на кои не си се потрудил да најдеш одоговор? Нејќеш да гуглаш за да најдеш податок за парицата за која си платил 250 €? Или сакаш да им плаќаш по 20 € до даљњег како би можел да си направиш поврат на средствата? Или пак не сум разбрал нешто?

Парица - две бакарни жички од телефонската централа до твојот дом. У ствари што ќе објаснувам, чек да видам гугл што ќе каже:
Изградња приступне мреже путем бакарних парица се користи у фиксној телефонији. Од телефонске централе "креће" претплатнички кабл са великом бројем (више стотина) парица или четворки. Кабл се удаљавајући се од централе грана као неко дрво. Кабл се засеца и одређен број парица се уводи у сваку зграду на путу. При томе, се увек уводи приближан или већи број парица него што има станова у згради.
http://sr.wikipedia.org/wiki/Мрежа_путем_бакарних_парица
In telephony, the local loop (also referred to as a subscriber line) is the physical link or circuit that connects from the demarcation point of the customer premises to the edge of the carrier or telecommunications service provider's network. At the edge of the carrier network in a traditional PSTN (Public Switched Telephone Network) scenario, the local loop terminates in a circuit switch housed in an ILEC (Incumbent Local Exchange Carrier) CO (Central Office). Traditionally, the local loop was wireline in nature from customer to central office, specifically in the form of an electrical circuit (i.e., loop) provisioned as a single twisted pair in support of voice communications. However, modern implementations may include a digital loop carrier system segment or fiber optic transmission system known as fiber-in-the-loop.

И за крај едно „БИЛО КАКВО ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ“:
Референтна понуда за разврзан пристап на локална јамка

23.07.2008 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
На ден 18.07.2008 година, со Решение број 08-20229/1, Агенцијата за електронски комуникации ја одобри предложената измена на Референтната Понуда За Разврзан Пристап На Локална Јамка (МАТЕРУО) на Македонски Телеком АД – Скопје.
Измените, предложени по сопствена иницијатива на Македонски Телеком, се однесуваат на ажурирање на податоците во Прилог 3, кој се објавува како верзија 1.8:
http://www.telekom.mk/domestic_mk/?z=655
Корисни линкови:
http://www.telekom.mk/domestic_mk/?z=656
http://www.vecer.com.mk/\?ItemID=F1C64063E5A4F4458203C87C4045F0B6
http://telecom.mk/business/?z=1113

Поентата моја е дека за сите поставени прашања во текстот имаше одговор за кој не требаше ни да се помрдеш од столчето.

Мал совет за во иднина:
Investigative report
From Wikipedia, the free encyclopedia
An investigative report is a document that is meant to provide information on a certain topic that is not easily obtained. It is meant to present the reader with a wealth of easily understood information and usually contains an interview or two on the subject. In order to write a successful investigative report, one must conduct a substantial amount of research and provide the reader with a wealth of information so that he or she can make an informed choice.
 
MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
дуде многу си го правиш филмот

глеј такви информации не треба да се наводно кријат и да не можат да се најдат од обичен народ
google може да најде се но размисли малку
дали ке може некој просечен човек кај нас кој не знае ни како се уклучува компјутерот да може да побара информации

друго
зошто јас мислам дека се 1000 марки на времето
барем знам дека моите толку платија, во целата мала немаше ни бандери ни ништо и по толку платија, е сеа бандерите се на телеком али ај

и како можеш да кажеш на некого зошто си ги бара парите
кога ке спечалиш ти пари фрлај ги како сакаш но тоа не ти дава никакво право да викаш на други

размисли добро
500 марки или ај да речеме сегашни 250 евра се над 2 просечни плати во македонија
или да бидам попрецизен две ипол просечни плати
значи некој треба да рмба 2.5 месеци за да го почни џебот на некого си таму
Think About IT
 
  • Ја почнал/а темата
  • #18

gocenik

Intern
6 октомври 2008
8
1
глеј такви информации не треба да се наводно кријат и да не можат да се најдат од обичен народ
google може да најде се но размисли малку
дали ке може некој просечен човек кај нас кој не знае ни како се уклучува компјутерот да може да побара информации
Think About IT
Има све ова у дневна штампа, као створена за обичен човек.

Наместо да се посвети енергијата за донкихоткса борба за враќање на парите (за што нема основа) може да се искористи за притисок на владата да ги продаде 49% од акциите со што ќе се помогне во либерализацијата на пазарот и ќе се избегнат уцените од телеком со висината на дивидентата...
 
James

Intern
8 јули 2008
336
13

А на кого тоа ти би предложил да се продадат овие 49%????
И ако владата не е доволно моќна да се спротистави на уцени од странски инвеститор, мислиш некој ќе биде??
 
M

Mr.Alien

Гостин
Мистер ОнНет (alias gocenik), ме интересира колку уствари ти го разбираш Македонскиот јазик.
Ако имаш некој стар човек во фамилија, кој се секира за компјутерите колку и за тоа што Унгарија нема море, седни го и кажи му (но не му покажувај) дека има сервис ГУГЛ на кој може да најде одговор за се што го интересира.

Овој цитат

Цитат:
Референтна понуда за разврзан пристап на локална јамка

23.07.2008 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
На ден 18.07.2008 година, со Решение број 08-20229/1, Агенцијата за електронски комуникации ја одобри предложената измена на Референтната Понуда За Разврзан Пристап На Локална Јамка (МАТЕРУО) на Македонски Телеком АД – Скопје.
Измените, предложени по сопствена иницијатива на Македонски Телеком, се однесуваат на ажурирање на податоците во Прилог 3, кој се објавува како верзија 1.8:
http://www.telekom.mk/domestic_mk/?z=655
ти е гола вода. Кога велам објаснение, јавно соопштение, не мислам на референтни понуди пишувани на технички јазик јасен само на субјекти од истата бранша, туѕку објаснение што тоа значи на јазик разбирлив за обичниот граѓанин.
Читајќи го ова, уште повеќе се наметнува прашањето - ШТО ИМА ТЕЛЕКОМ ОД ОДОБРУВАЊЕ ПРИСТАП НА ДРУГИ СУБЈЕКТИ КОН СВОЈАТА ИНФРАСТРУКТУРА? Материјална корист? Можда. Ако е така - дали тоа не е на некој начин рентање на линиите?
Или мафтосување граѓани - со премин на ОНТЕЛ се раскинува постоечкиот договор и, ако после година дена, граѓанинот посака да се врати кон Телеком, пак да склучи договор со него, се разбира, и да го плати тој договор. А Телеком на тој начин да се здобие со екстра средства. Покрај оние кои (евентуално) ги стекнува од (пак евентуалното) рентање линии. Сигурно дека линиите (читај - бакарни парици) не стануваат сопственост на ОНТЕЛ.
Работите полека почнуваат да се кристализираат.

П.С. Советот од Wikipedia примени го врз себе. И дискутирај за нешто за што имаш познавање, а не за кое си припрочитал и даваш цитати од Google и Wiki.
 
D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Ме мрзи да читам толкави блокови од текст. Ке може на кратко со една реченица некој да објасни зошто се расправате?:)
Доколку ве мрзи да читате очигледно темава не е за вас. Доколку ве интересира, ќе седнете ќе си прочитате.

Ве молам избегнувајте вакви постови во иднина.
 
reng

Intern
13 август 2007
683
19
Може е и време владата да ги продаде акциите додека вредат може на пазарот. Па потоа да склучи договор со некој од другите компаниите или да му даде подобри услови со цел да се создаде вистинска конкуренција на пазарот, а граѓаните да добијат пониски цени на фиксниот телефон. Со ова би ги намалиле значително трошоците на претпријатијата, ама никој не се секира за тоа.:rolleyes:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #25

gocenik

Intern
6 октомври 2008
8
1
Кога велам објаснение, јавно соопштение, не мислам на референтни понуди пишувани на технички јазик јасен само на субјекти од истата бранша, туѕку објаснение што тоа значи на јазик разбирлив за обичниот граѓанин.
Другар Зоран, ти си уредник на Ентер, PCInfo, си пишал дека имаш познавања за следните ИТ области:
Хардвер, софтвер, мрежи, вируси, мултимедија, аудио и видео.

И сеа што си ти, обичен граѓанин или автор достоен да биде мост помеѓу луѓето кои разбираат технички јазик и тапите луѓе со фамилија, кои се секираат за компјутерите колку за тоа што Унгарија нема море?

И пак си запнал со прашањата, кои веќе ти ги одговорив, или ти дадов линкови да си провериш сам. Ајде ќе ги одговорам јас:

>ШТО ИМА ТЕЛЕКОМ ОД ОДОБРУВАЊЕ ПРИСТАП НА ДРУГИ СУБЈЕКТИ КОН СВОЈАТА ИНФРАСТРУКТУРА?

Има само зијан. Ама мора да го направи тоа пошто АЕК има донесено регулативи кои се копија од европските со кои се забрануваат монополи.

>Материјална корист? Можда. Ако е така - дали тоа не е на некој начин рентање на линиите?

Линиите се изнајмени на телеком од страна на државата до 2018. Значи да, рентање.

>Или мафтосување граѓани - со премин на ОНТЕЛ се раскинува постоечкиот договор и, ако после година дена, граѓанинот посака да се врати кон Телеком, пак да склучи договор со него, се разбира, и да го плати тој договор. А Телеком на тој начин да се здобие со екстра средства.

Логикава е страшна. Како телеком ќе се здобие со екстра пари ако му го раскинеш договорот (20 € х 12 месеци = 240 €)?. По твојата логика не би требало да се раскине договорот со телеком зашто после ќе ти наплатат 20 € за да се приклучиш пак?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,570
Мислења
823,613
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно