• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Zlochko step inside + други кавгаџии се добродојдени

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Ајде :)

Кога се зачлени на форумов кажа дека си кавгаџија, а ние ти го посочивме овој дел како место каде што можеш да си ги задоволиш твоите страсти.
Така да, тебе и сите други твои истомисленици, ги повикувам во овој дел или оваа тема, сеедно, да си кажат што мислат и да се воздржат од оптеретување на некои теми на форумов со непотребни препукувања и кавги.

Во темите дајте го своето мислење, доколку не се согласувате со некого слободно кажете го тоа, дајте аргументи и слично, но без претпоставки и анализи на личностите кои се инволвирани во истите дискусии.
Сепак имате место за такви работи, а тоа е Боречкиот клуб.

Ве молам да ме послушате со цел да не дојде до презаситување на форумов со непријатни постови, кои нормален и културен член несака да ги чита кога отвора тема каде што очекува совети и разумни одговори на стручни и нестручни лица.
Во спротивно, ќе морам да реагирам со цел заштита на сегашните и идни членови/посетители.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Bump за Злочко, незнам дали не ја видел темава или не го интересира што сум напишал..

Ќе дознаеме набрзо :)
 

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
Не сум ја видел! :)
Еја... шо убоо посебна тема само за мене!!

Пеер, а може ли мене категорија посебна да ми отворите, на исто ниво со ова „боречки клуб“ :LOL:
Нека се вика... „Бербатење со Злочко!“ :p

Во секој случај, фала ти што ти текнало на мене - го ценам тоа. :))
 

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
891
70
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Само нека биде на друга тема, немој на истата пак да продолжувате и овде.:)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Не сум ја видел! :)
Еја... шо убоо посебна тема само за мене!!

Пеер, а може ли мене категорија посебна да ми отворите, на исто ниво со ова „боречки клуб“ :LOL:
Нека се вика... „Бербатење со Злочко!“ :p

Во секој случај, фала ти што ти текнало на мене - го ценам тоа. :))

Мило ми е што ти се допадна, само немој да мислиш и дека специјално за тебе нема да важат правилата што важат и за другите. Ја отворив темава како предупредување и да укажам на тоа дека има место кај што можеш да си ги исполниш страстите без да ги гњавиш другите членови кои не ги интересира тоа.
Конкретен таков пост: http://it.com.mk/forum/showpost.php?p=69791&postcount=11
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Wow! Фрчат навреди и закани на сите страни.

Нема смисла :glavaodzd: :glavaodzd:

Злочко пази метак :mafija:
 
M

Mr.Alien

Гостин
Невалидно Мислење специфирано. Доколку следевте валиден линк, известете ги администраторите
Средено......
И...сметам дека и оваа тема е беспотребна. Човекот покажа дека е безнадежен случај и едноствано не е вреден да му се посветува вакво внимание и простор. Секако, и време кое може попаметно да се искористи!
 

colz

Баниран/a
21 август 2008
1
0
Мило ми е што ти се допадна, само немој да мислиш и дека специјално за тебе нема да важат правилата што важат и за другите. Ја отворив темава како предупредување и да укажам на тоа дека има место кај што можеш да си ги исполниш страстите без да ги гњавиш другите членови кои не ги интересира тоа.
Конкретен таков пост: http://it.com.mk/forum/showpost.php?p=69791&postcount=11
Велиш важат и за другите а??
Супер! Ај сеа биди толкав јунак и докажи дека си навистина правичен како што тврдиш. Како што ме банираше и мене.. банирај го и авторот на следниот пост:
http://it.com.mk/forum/showpost.php?p=69765&postcount=7
Викаш...паа, можеби завршил професионални студии, и сега креира портал каков што заслужуваат корисници. Можеби понекоја загрижена лошотија ќе му даде тук-и-таму по некој добар совет, којзнае?
Овој тип алудира на мене, исто колку што јас во мојот претходен пост (за кој што ме банираше) алудирав на него. Ајде сега да те видам колку си навистина правичен... и ти, а и останатите.

A ако ова ти е малку.. имам јас и други цитати од него, кои отворено се однесуваат на мене:

Еден деструктивец кој уште на своето претставување се најави како каџгаџија не заслужува да му се отстапи толку простор за истерување сопствени фрустрации предизвикани од неможноста да прифати мислење спротивно на неговото.
Очигледно, долгиот јазик ти е најсилното оружје, а тоа и такво оружје го користат сите оние кои се несигурни во себе како личности.
Велиш нема да споделуваш знаење тука на форумов. Па, од сите твои досегашни постови и немаше особена корист.
Велиш ќе тресеш зелени - па, нема да ти биде прв пат.
И така натака и така натака.. а ова е само до мене. Ако протарашкам како се се обраќал на останатите членови - листаве ќе биде далеку поголема, а со тоа и вашиот срам.

Еве со оваа порака официјално го пријавувам овој член како:
некултурен, член кој дава навделиви лични квалификации, лепи епитети и меѓу другото се заканува на останатите корисници со совети од типот „прибери се... оти..!“.
Да видам што ќе направите сега околу неговото членство.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Ако ти, друже zlochko, се препознаваш во некој пост во кој не си спомнат, ти дефинитивно имаш проблем со самиот себе. Џабе креираш нови и нови јузери......
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Ако Злочко дозволил еден или два-тројца членови или модератори/администратори (што и да се) да го испровоцираат и да почне да го загадува форумов поради тоа, тогаш е тоа негов личен проблем и не е ништо подобар и покултурен од тие што ги критикува.

Ти дадов 24 часа да се смириш а не да креираш нови корисници, темава ја отворив на време, ама за жал не сакаше да ми го послушаш советот.

20 часа, ладна глава, размисли па ќе видиме. А креирање нови корисници може да резултира само со постојан бан
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
темава ја отворив на време, ама за жал не сакаше да ми го послушаш советот.
Се согласувам со тоа и можеби требаше да ја искорсити Злочко. Можеби сето ова можеше да се менаџира подобро......што знам.....модераторите секогаш треба да се повoздржани.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Веќе искреира два други јузери од кои постираше - zlochko_temp и colz. Обата се банирани перманентно. Па сега ти види дали треба да остане на уште 20 часа.....
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Злочко бате кулирај еден ден па настави во боречки клуб па кажи се што имаш да кажиш.
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Бидејќи темава беше отворена за Злочко, а тој привремено не е во можност да учествува во дискусијава, темава до неговото враќање привремено се затвора. Исто така би сакал да верувам дека нема други кавгаџии на форумот на кои темава ќе им недостига. Апелирам до сите членови да се воздржат од понатамошни расправии и препукувања. Мислам дека на сите ни беше доволно сево ова и дека сите извлековме поука. Да се вратиме на нормалните ИТ дискусии, дискусии за кои постои ИТ форумот и порталот. :bye1:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,582
Мислења
823,943
Членови
28,080
Најнов член
ciksa
На врв Дно