1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Живот без антивирус

Дискусија во форумот 'Компјутерска безбедност' започната од FLEGMA, 27 Септември 2014.

  1. emet_

    emet_
    Гостин

    @The_Man мозилата секогаш се користи со екстензии. ако не ја користиш со заштита, тогаш нормално дека ќе фатиш некое „суштество“.
    стави NoScript + Bluhell + Self Destructing Cookies и ќе видиш разлика.
    треба само да знаеш како да ракуваш со NoScript, односно да не отвориш некоја скрипта која не ти треба, а такви ги има еден мал милион кои нормално едвај чекаат да налетаат на незаштитен прелистувач.
     
  2. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,040
    19 Јули 2013
    Поентата на скриншотовите што ги постирам е дека антивирусите не се доволна заштита од вируси. Вирусот стигнал, антивирусот не го препознава како таков и доволен е само клик за да се активира. Клучното е дали ќе се кликне или не. А тоа зависи исклучиво од корисникот. И во овој случај антивирусот автоматски станува сувишен.

    Едно прашање до тие што користат антивирус. Колку пати месечно ве заштитил од вируси?
     
  3. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    846
    1,108
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    Во маркетот најдобриот криптер може максимум да држи вирус FUD (Fully Un Detectable) 10-15 часа и после тоа антивирусите (секогаш Avira се први) ѓи препознава дека се вируси и те заштитува. Сите вебстрани како VirusTotal се поврзани со сите Антивируси и одма даваат за да се проверат, фактички кога ќе искочи нов вирус 80% се детектира во првите пола саат, освен тие професионалните кои држат максимум 1 ден и тоа само ако не се шират многу.

    И да се заразиш од овие вируси, антивирус програмот ја следа целата трага од програмот пто прави, на првото поврзување и праќање податоци пак блокира. Што е многу добро.

    Знаеш дека антивирусот не те заштитува само од тројанци кои ѓи симнуваш од торенти, така? Има ствари кои се толку многу тешки за препознавање дека се вируси.

    Ти би рекол, ех не ми треба знам што отварам, многу лесно некој може еден Java Driveby да ти спреми и да ти прати линк од imgur пример, што ја видиш сликата си инфициран и на следниот рестарт имаш криптолокер или RAT (Remote Admin Tool).

    AVтo кога прима дозвола за некој надворешен програм да се конектира пример Java или некои скрипти за автоматско симнување и активиранје на програма ѓи пушта во Sandbox и пак си заштитен.

    Што сакам да кажам е да немаш AV и да викаш дека не ти треба е многу глупа изрека.

    AV секогаш ќе ти треба.
     
  4. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,402
    4,947
    21 Јануари 2009
    Животот без антивирус е одличен. За просечни/потпросечни корисници само мала едукација и неколку линкови да читнат што не треба да прават на нет. MVPS hosts file, NoScript и Adblocker.
    Пред некој ден форматирав просечен лаптоп и ај да ставам антивирус.
    По ставањето на аваст имав проблем односно, ОС се подигаше, се појавуваше позадината без икони и се чекаше 1 минута да се појават иконите. Некаков delay на explorer.exe изглеа.
    Па ај ставив авира, по рестартирање cpu usage цело време рипаше 15% од авирата првите 10 минути.
    Истото и после неколку рестарти.

    TL;DR ав се срања, едуцирајте и ставајте други заштити.

    Ѓ-то го користиш феноменално.
    Него ова. Нешто имаш прочитано/недочитано и си се попалил.
    Ај жити се дај ми еден таков линк :)
     
    Последна промена: 4 Мај 2015
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    846
    1,108
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    Да сега само што отворив на Сител и видов па морав да пишам.
    Никогаш не сум ги користел поради тоа што никогаш не ми ни требале, но сум бил заинтерсиран пред 3-4 години како работат и знам точно како работат и Java Drive-by, Remote Admin Tool, bitcoin miner, iStealer пред 4-5 год.
    Да ти спремам линк неможам бидјеки тоа кошта пари и време.

    А инаку гледам горе си наведол да не се користат Антивируси поради успорување на перформанси. Тогаш која заштита ја предлагаш?
     
  6. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,360
    14 Јули 2009
    Какво успорување на перформанси на 4+ јадрен и 8 гб рам + ssd ?
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,581
    6,410
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Avid, полека бе другар ама се нафрли ко да ќе ни удриш котеќ овде :) ако ти си имал едно лошо искуство со успорување на перформанси на еден лаптоп којшто не си го средил како што треба или едноставно не го бивало, не мора да значи дека тоа е оправдување никој да не користи антивирус.

    Абе па само еден човек ли седи на тој компјутер или тие компјутери паѓаат во сечии раце? Како на стариве или на децава или на некој незаинтересиран да му објасниме дека не треба да клика ваму-таму? Како да извршуваш сигурни онлајн плаќања, да заштитиш пасворд од главен e-mail на фирма, битни документи коишто за некого може живот значат?

    Не си изгубил важни работи досега и мислам дека затоа ти е такво мислењето. Прашај ги оние што беа нападнати од криптото.
     
    На NecrotoX и Dark HaCkeR им се допаѓа ова.
  8. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,662
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    @Daniel86 баш слично нешто сакав да напишам ама ме претрка :p.
    Па што се расправате не ми е јасно, како може да етикетирате некој како неедуциран ако користи антивирус, па и обратно, тие што не користеле биле инаетчии и не знам што.. Секој според потребите. Јас сум бил и од едната и од другата страна, сега користам антивирус баш поради тоа што Daniel86 го напиша, си купувам Bitdefender Internet Security за 2 евра на секои 6 месеци и мирна глава. Тоа не значи дека сум глуп или дека не знам што правам на интернет, едноставно за мене бенефитите од имање на ав моментално се многу поголеми отколку недостатоците, што реално се многу малку зашто Bitdefender-от е далеку од "срање".
     
    На Mister_X и Daniel86 им се допаѓа ова.
  9. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,360
    14 Јули 2009
    Има тука помлади генерации па не го фатија сигурно развојот на XP 2002/3 година кога испадна, по само неколку месеци користење излезе еден црв бластер се викаше мислам, маме му ебаваше на XP-то само што ке се конектираш на интернет на ден по 2-3 се форматираше компјутерот, тек го управија со SP1 затоа и така брзо испаднаа SP1 и SP2 повеќето беше за закрпа од црвот него ли перформанси и слично
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,662
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Бластерот мислам само shut down правеше, знам во основно компјутерите со него беа заразени, на секои 5 минути искачаше една порака со тајмер и кога ќе стигнеше до 0 се гасеше PC-то.
     
  11. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,360
    14 Јули 2009
    Така нешто беше мислам дека и некоја порака имаше како I love you или нешто слично одамна беше али многу компјутери испозарази xp душа немаше од него :D
     
  12. Mister_X

    Mister_X
    Intern

    1
    1
    30 Јуни 2013
    Машко

    Јас 2 години користам Bitdefender Internet Security, и имам мирна глава бидејќи не сум имал ни најмал проблем.
    Што е сигурно сигурно.
    поздрав
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,402
    4,947
    21 Јануари 2009
    Друже, ако ти можеш да го направиш тоа што го кажа во постот, и ако работи како што кажа, верувај ќе најдеш и пари и време.
    Не се разбирам доволно во тоа ама едноставно делува нереално и тука завршува дискусијата додека не дадеш пример/линк од некаде. И во линкот да нема теории само.
    Веќе кажав. Прочитај го постот уште еднаш, не е долг.

    Не сум го средил како што треба
    [​IMG]
    Те молам научи ме како да инсталирам ОС, што да сетирам и што да инсталирам потоа :)
    Уф, не знам зошто така ти делувало дека ќе ви удрам ќотек, воопшто не е пишан постот на таков начин. Али ОК секој со својата перцепција.
    Тука грешиш дека е едно лошо искуство. Пред неколку години лично бев сведок на тотално уништен оперативен систем поради автоматски апдејти на AVG. Згуглај ќе најдеш.
    Со авирата сто пати сум имал проблеми со апдејти. Па прави рачно, па менувај адреси во HOSTS...
    Прават проблеми за игрите.
    Во последно време имаат масовен bloatware.
    Авастот се збореше како лајт ама и на работа сум имал многу проблеми со него.
    Microsoft Security Essentials еднаш цело време креваше usage на процес за компјутер кој не е поврзан на интернет и компјутерот видно успорен.
    За разлика од други, доволно долго размислувам пред да пишам „сериозен пост“ и никогаш не го базирам мислењето поради едно искуство.
    Година-две уназад често размислувам околу тоа на што ги базираме размислувањата.

    Друг муабет е за у фирма. Ама пак мислам дека може да се посвети доволно внимание и да се едуцираат корисниците.
    Не ми е мислењето такво затоа што не сум изгубил податоци.
    Во меѓувреме ми текна на една одлична заштита што ретко се користи, лимитиран јузер.
    Ова е еден голем мит. Мислете малце со главите.
    Не знаевме доволно тогаш, или барем јас. А иначе се сеќавам на тоа.
     
    Последна промена: 4 Мај 2015
    На boro1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. emet_

    emet_
    Гостин

    [​IMG]
     
    На alumen :), prichina, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  15. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    846
    1,108
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    1. Е илегално
    2. Се разбира дека нема да идам да купувам алатки во вредност на илјадници евра и да го средувам тоа само за да ти покажам.

    Но ако те интересира повеке за овој начин на пробивање и ширење вируси итн регистрирај се на Hackforums и разгледај ги следниве секции

    http://www.hackforums.net/forumdisplay.php?fid=307
    http://www.hackforums.net/forumdisplay.php?fid=10

    Башка пред некој ден имаше еден направил .doc и .docx од Office кои после пуштање на документот автоматски си инфициран. Иако скоро сите Антивируси на почеток нема да детектираат, програмот го пуштаат во Sandbox, алатка која барем колку може ќе заштити.

    Алатките NoScript и Adblock помагаат но не заштитуваат многу. Во секој случај ти треба Антивирус, неможеш да кажеш дека не ти треба. До сега сум користел Bitdefender и Kaspersky тотално никакво губење во перформанси не сум осетил. Ако пак до толку компјутерот или лаптопот има слаби перформанси за да работи нормално со Антивирус, а компјутерот служи за читање вебстрани или email подобро е да му ставиш Linux.
     
  16. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,402
    4,947
    21 Јануари 2009
    Ах ти почитувачот на закони.
    Друг муабет е тоа и плус сигурно е направено со макро и плус макроата (лол) се автоматски блокирани во новите верзии.
    Сеа кажи ми дека не можеш да најдеш примерок и од ова?
     
  17. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    846
    1,108
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    ?

    Малце тешко дека има такви примери на Youtube но еве едно демо како функционира Java Drveby. Прикажано со njRAT


    Еве 2 алатки за создавање на Office инфициран фајлови (првите што ми искочија, има многу):
    http://hackforums.net/showthread.php?tid=4653441
    http://hackforums.net/showthread.php?tid=4713515

    Како и да е заштита треба, имаше случај 2 години каде fb акаунтот на Ray William Johnson (Youtube комдеичар) беше провален и тој што го провалил стави нов пост со линк од слика на кој имаше Java Driveby. Јас го отворив, но после 10 минути Kaspersky автоматски ми блокираше интернет, force-restart да исчисти се што ми се инфицирал компјутерот.

    Adblock и Noscript нема да ти помогнат, алатки за чистење како Hitman Pro и Malwarebytes исто така помагаат но не даваат активна заштита. Како и да е антивирус ти треба, факт.
     
  18. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,040
    19 Јули 2013
    Ако ги видиш последните скриншотови што ги постирам, токму од VirusTotal, ќе видиш дека и после 2 дена откако ми стигнаа гадинките кои што сигурно мене не ми ги пратиле прв, ги препознале само 5, 8 и 15 од вкупно 56 антивируси.
    Од сите три гадинки, Авирата само еден препозна.
    Баш ваквото размислување е далеку поопасно од немање антивирус. „Си имам антивирус, безбеден сум, можам да кликам што сакам и каде сакам. Ако има нешто, антивирусот ќе го спречи.“

    И тоа е она што цело време сакам да го укажам, дека имањето антивирус не значи и заштита од гадинки. А штом не дава заштита, зошто воопшто и да го имаш?
     
    Последна промена: 5 Мај 2015
    На The_Man и omegaRED им се допаѓа ова.
  19. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Avid спомна уништување на оперативен систем...јас еднаш имав искусено баш со AVG , каков анти вирус е тоа, со некој безврска напредни опции, као вирусот да го команда и намерно кога ќе му дадеш комадна да исчисти, брише од Windows-от битни фајлови и после тоа стартување во windows повторно, Амин. Леи... Ви текнува на тој момент еи? :)
     
  20. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,360
    14 Јули 2009
    ntldr is missing :D
     
    RagingDemon, The_Man и на prichina им се допаѓа ова.
  21. alekcackko

    alekcackko
    Gaining Experience

    438
    68
    10 Август 2012
    Машко
    Играње Half life 1 и 2,CS 1.6 и програмирање
    Незнам зошто толку дискусија за тоа дали треба антивирус.
    OS: WINDOWS XP/vista7/8.x/10

    Има вируси?: Најкористени OS се, значи многу има.

    Има антивирусни програми? Да и тоа повеќе

    Дали треба професионална антовирусна заштита? Да :)
    --------------------------------------

    OS: GNU/LINUX Distros
    Има вируси? Па не е толку користен и вируси како кај Windows нема иако некаков злонамерен софтвер за Linix нормално постои.

    Има антивирусна програма? Comodo некоја си НО:
    Дали треба професионална антовирусна заштита? Не :D
     
  22. krema

    krema
    Professor

    8,837
    8,584
    24 Јуни 2009
    Машко
    Мене ме интересира, дали некој овде од форумов кој користи Linux, има закачено било каков вирус или да потврди дека некогаш имал проблем се некој бекдор, тројанец, црвец или слично?

    Јас сум исклучиво на Linux повеќе од 10 или 12 години и можам да кажам дена во ниту еден момент не сум имал некое позадинско сомнително работење, или пак проблем со заклучување на фолдери и фајлови, или било каков друг проблем за да морам да рестартирам PC или пак да пуштам скенирање за превентива.
    Додуша и не познавам антивирусни програми за Linux, а и да има такви програми, јас не би ги користел :)
     
  23. AndrejFerdzo

    AndrejFerdzo
    Gaining Experience

    830
    279
    18 ноември 2013
    Машко
    Првин тој шо го прај вирусот за линукс прин треба да најди начин како да го забиколи логин за рут па после да му ја писли. Иначе тешко ги има вируси за линукс.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  24. alekcackko

    alekcackko
    Gaining Experience

    438
    68
    10 Август 2012
    Машко
    Играње Half life 1 и 2,CS 1.6 и програмирање
    Изгледа од тебе ќе биде направен првиот вирус за Linux :p
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,360
    14 Јули 2009
    Има вируси за линукс али не прават штета како кај виндовс, да те тролаат да не ти работи ова да не ти работи она, вирусите за линукс се исклучиво програмирани тројанци за крадење податоци, има разлика мегу вирус, тројанец,црв и малвер и секој од овие малциозни софтвери си има посебна намена едните се да направат штета на самиот ос колку да гибиш време со форматирање и слично а другите се користат стрикно за крадење важни податоци кредитни картички, лозинки битни документи и така натакај,има црви кој се размножуваат, иначе има антивирус и за линукс има касперски има битдефендер и други
     
    На The_Man и krema им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...