1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Живот без антивирус

Дискусија во форумот 'Компјутерска безбедност' започната од FLEGMA, 27 Септември 2014.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,372
    12,487
    2 Август 2012
    Машко
    Сигурно сте сретнале некој корисник како тврди „Јас не користам антивирус“ и веднаш ви паднале на ум два можни закључоци - „Овој е ненормален“ или „Овој е баш храбар“
    Но да не се сведе се на овие две сувопарни премиси да видиме дали и како е можен мирен интернет живот без антивирус.

    Најпрво збор-два за антивирусите. Антивурусот е компромисно решение за заштита а како што знаеме компромис е решение кое не му одговара на никој.
    Од една страна, помалку или повеќе успешно, штити а од друга страна секогаш и без искључок влијае на перформансите на компјутерот.
    Упливот на перформансите, без навлегување подлабоко, е предизвикан од проактивната компонента на самиот антивирус кој набљудува буквално се - од читање/пишување , надзор при активирање на извршни датотеки, надзор и превенција од инјектирање на злонамерни процеси во легитимните.


    СВИРЕЊЕ НА ТЕНКА ЖИЦА
    (Основните работи на прво место)​

    Секој добар гик во еден период од својот тажен гиковски живот доаѓа до просветлување односно до закључок дека компјутерот не вреди ни пет пари туку податоците.
    Податоците секогаш се најбитни и затоа бекапот треба да биде на прво место.
    Не е битно на што е. Дали е на CD/DVD, USB стикови..не е важно. Подобро е да се има било каков бекап одошто никаков.

    Јас мојот бекап (попрецизно би било копии) ги правам на дневна и месечна основа. Дневно (во idle) бекапот односно синхронизацијата ја правам на внатрешните дискови а месечно на 2x1TB HDD (идентични копии) кои не се на исто место со компјутерот.


    Што да користам за заштита и дали е тоа доволно?

    1.Прво и здраворазумско решение кое ми доаѓа на памет е - VirusTotal односно VirusTotal Uploader (https://www.virustotal.com/en/documentation/desktop-applications/virustotal-uploader)
    Една од згодните работи кои ги нуди оваа алатка е скенирање на одреден фајл без да мора да се симне на вашиот компјутер.

    2.Модификација на HOSTS фајлот со помош на упатствата од MVPS односно со употреба на готови хостови при што ќе се блокираат огромен број на реклами, банери, cookies и блокада на малициозни веб страни со drive by вируси.
    http://winhelp2002.mvps.org/hosts.htm

    3.Користење на Malwarebytes.
    Ова е одличен антивурус без проактивна компонента кој пронаоѓа и елиминира огромен број на вируси
    https://www.malwarebytes.org/

    4.Заштита на прелистувачот.
    На прво место доаѓа користењето на безбеден browser како Firefox или Chrome и неговите деривати (Chromium, Opera..) и, во широк лак, одбегнување на Internet Explorer.
    Овдека го препорачувам одличниот Traffic Light од Bitdefender кој е напреден malware филтер, заштита од phishing и скенер на линкови.
    http://www.bitdefender.com/solutions/trafficlight.html



    Firewall
    Желбата за контрола и заштита на интернет сообраќајот наметнува потреба од користење на друг алат наместо Windows Firewall.
    Главната мана на вградениот firewall е неможноста за контрола и известување за програмите кои сакаат пристап кон надвор.
    Моја препорака е Privatefirewall кој освен firewall има и
    - Монитор/Менаџер на програми
    - Монитор на регистри
    - Монитор превенција и рано откривање на инициран, без ваша дозвола и знаење, промет према надвор.
    http://www.privacyware.com/personal_firewall.html


    Бесплатни бисери на компјутерската заштита.

    Покрај Malwarebytes, Hitman Pro&Hitman Alert и Cryptoprevent се алатите кои ќе ве заштитат од најмалициозниот и најопасен вирус на денешнината - Cryptolocker.
    Cryptolocker е ransomware вирус кој иницијално врши енкрипција на вашите податоци а потоа „бара“ плаќање на откуп во висина од 300 долари или 2 bitcoin за декрипција.
    Ниеден познат заштитен алат не е во состојба да изврши декрипција на вашите податоци кои се најдуваат на мрежните дискови и (кое изненадување!) на другите партиции.
    Клучот за декрипција односно јавниот клуч се најдува кај авторите на вирусот и се самоуништува во рок од 72h. После ова не е можна декрипција и ако немате бекап заборавете на податоците.
    Постои заблуда дека одреден антивурус може да го исчисти Cryptolocker но тоа е делумна вистина.
    Антивирусите умеат да ја отстранат главната компонента но не умеат (се повторувам) да ги декриптираат вашите податоци.
    Доаѓа како *.zip архива (како attachment во e-mail) во која се најдува извршна програма со маскирана екстензија па така имаме dokument.pdf.exe, picture.jpg.exe
    или со посета на малициозна web страна.
    Hitman Alert и Cryptoprevent (http://www.foolishit.com/vb6-projects/cryptoprevent/) успешно штитат од оваа напаст како и од многу други на основ на „поведение“ (Behavior) на одреден процес.

    ЕМЕТ
    Последен ама не и најмалку битен е Microsoft EMET (http://support2.microsoft.com/kb/2458544) или со полно име
    Enhanced Mitigation Experience Toolkit

    ЕМЕТ, со прости зборови, е заштита со која се врши превенција на сеуште неоткриени или постоечки сигурносни пропусти во програмите (кои се инсталирани на вашиот компјутер) кои авторот на малициозната програма треба да ги пробие за воопшто да предизвика штета.
    Ова не е гаранција дека ваквите пропусти (vulnerabities) не се можни но целта е да се отежни, што е можно повеќе, нивното злоупотребување.





    Се надевав дека уживавте. Целта на постот не е да се заштеди некој денар на антивирус туку да укаже дека, сепак, е можна секојдневна и безбедна работа без уплив на перформансите.
     
    На Lokvan, Teget, ivan88 и уште 38 други им се допаѓа ова.
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,272
    24,716
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Јaкo. Фaлa ти флегмa.
    Инaче не се сеќaвaм кoгa пooследен пaт сум фaтил вирус.
     
    olikomerc, SaleSk и на FLEGMA им се допаѓа ова.
  3. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,360
    14 Јули 2009
    Тоооо
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,821
    3,894
    5 Јули 2013
    Доста корисни информации.
    Фала чоек! :D
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,841
    24,976
    4 Септември 2008
    Важна, одлично.
     
    Последна промена: 4 Мај 2015
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,005
    18 ноември 2009
    Добро четиво. Јас живеам без антивирус од времето кога испадна 7ца . Што да кажам, ми недостасува оној глас кој ми велеше дека базата е апдејтувана.:D
     
    На RagingDemon и FLEGMA им се допаѓа ова.
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,165
    13 Јуни 2009
    Одлично и многу поучно.

    Сме правеле муабет дека антивирус на компјутери на кои врие од црнобрадести програми нема никаква логика. А во МК сите крпат така.

    Јас имам антивирус само на XP на кој работам со лиценциран софтвер и од кој вршам интернет плаќања, проверки на сметки итн. Бидејќи не го користам за други активности генерално карантинот на антивирусот е празен откако е инсталиран и не сум имал никаков алерт.

    На ОСот за забава не скенирам. И секогаш почитувам правило да не отворам атачменти од непознат е-маил и ако барам црнобради активатори и сл. да се од изворот а не од рекла казала некој си автоматски генериран егзе фајл.

    И за крај си имам стара HDD win 7 инсталација која си ја користам за тестирање на програми од непроверени извори.

    Но никогаш не сум помислил дека може да се зезнам со некој вирус со енкрипција кој може да ми ги зезне и податоците на XP партицијата зашто истата се гледа од Win 7. Е ова ме замисли за да измислам ново чаре.
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,406
    4,953
    21 Јануари 2009
    Adblock. Noscript. Adwcleaner. JRT.

    само овие ти фалат
     
    На FLEGMA и bogoevski им се допаѓа ова.
  9. ileste

    ileste
    Gaining Experience

    1,250
    306
    26 Јануари 2012
    prekrasen e zivot bez antivirusi, eve 3 god sum na net ednas samo zakaciv virus
     
    На FLEGMA и igor_igor им се допаѓа ова.
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,841
    24,976
    4 Септември 2008
    Се зависи од тоа што правиш на пс-то, ако порачуваш од страна, пејпали, кредитни, или чуваш битни работи на пс то и тек како треба, ако не може да се помине и без, но јас сум строго против тоа.
     
    На olikomerc и FLEGMA им се допаѓа ова.
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,372
    12,487
    2 Август 2012
    Машко
    Ако се работи за компјутер на кој се вршат плаќања или се се вадат пари од него тука нема место за импровизации. Покрај користењето на минимум мозок потребно е користење на paid антивирус со некоја од алаткине за заштита на browser или со заштита од самиот себе - hosts.
    Тука единствено фали Sandboxie со едно големо >>но<<
    Sandboxie е идеална алатка која врши изолација на голем број програми. Проблемот со Sandboxie е што многу лесно, со невнимание на корисникот, вирусот може да избега од изолација.
    Друг проблем е, а ова не е тема за тоа, што има голем број на вируси кои знаат да детектираат сендбоксана околина и да не ги пројават своите малициозни особини па корисникот да мисли дека програмата која нормално се однесува во sandbox не е опасна.
    Јас Sandboxie го користам кога сурфам на варез страни, особено на руски и за изолација на туќи стикови. Моите стикови носат ознака од W до Z а се останато кое добива буква од Windows Explorer бива изолирано.
    Навистина згодна алатка за инстант експериментирање со shareware програми. Единствено не е можно да се тестираат програи кои ставаат свој драјвер (Speedfan, антивируси, програми за мониторинг на температури) заради правата на запишување и, нормално, не е можно изолирање на системски драјвери.

    За се останато тука се виртуелните машини со ставање на акцент на конфигурација на мрежата помеѓу домаќинот и гостинот. Виртуелна или не, таа станува дел од вашата мрежа и за неа важат истите правила при зараза.

    Во овој туторијал (кој не е тоа) не е опфатено здраворазумското подесување на правата во домашна мрежа. При лошо подесени права во домаша (и општо) мрежа ниедно решение не се покажало како спасоносно.
    Sharing на цели дискови со read/write пермисии, mountan-и дискови со лудо лабави пермисии, сите корисници во локалната мрежа се администратори со изгаснат UAC...се е ова NO NO кога се работи за безбедност.

    btw
    Туторијалот, иако се чини така, не е пишуван за избегнување на инсталација на антивируси туку е пишуван со ставање акцент на перформансите но може да биде добра појдовна точка во „составување“ на сет од алатки за заштита а при тоа да не се искешираат еден куп пари за лиценци.
     
    На StalkeR и gokica им се допаѓа ова.
  12. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,689
    1,133
    16 Јуни 2010
    Машко
    Мене најбитно ми е да не ми го џабне некој пасвордот со кејлогер. Затоа и си користам KeyScrambler Free(сега и Chrome подржува, нема потреба од кракови). На недела дена пуштам по еден Malwarebytes Scan и толку.
    Нормално не отварам на фб -приватно видео ХХХ; [име на позната глумица] у спална видео и такви срања. Торенти вадам свашта, али за чудо не сум налетал до сега на вирус. Податоците и онака ги чувам на преносен диск, и сликите од апаратот/телефонот не ни стојат во пц туку веднаш ги пребацувам на преносниот и толку. Затоа и од 1 терабајт диск, само 200 гига се завземени, SSD ми е полупразно неам ни што да чувам. Дискот со податоци еднаш така брзински го скенирав, ништо нема како пасивна инфекција што се вели. Понекогаш се чудам кога ке налетам на пц со тулбари и разни срања, зар толку луѓето штракаат свашта.
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,372
    12,487
    2 Август 2012
    Машко
    Не ги перципираат сите исто компјутерите. За некој се небитни, друг знае дека прави глупости ама „има еден дечко од пазар3, оправа вируси за 300 денари“ , некој од невнимание и слично.

    Ситуација левел инфаркт. Среќа што работев „под DOS“
    Бришам партиции кај еден пријател од вкупно три диска со diskpart. И јас, сигурен во себе и вообразен, откако ги избришав партициите со diskpart cleanall на првиот диск креирав нова, ја турив како активна и заборавив да ја форматирам ама.. не се сетив дека новата партиција нема слово бапнав едно format c: /q и кога ми текна што направив ми се слоши (буквално)
    Словните ознаки се преместиле за една буква подолу :)

    Нејсе
    Сите податоци успешно ги вратив со ERD Commander затоа што се работеше под DOS па немаше OS да ги комплицира работите. Ете, илјадници пати сум го користел тој палежен DOS ..од fdisk наваму ама се прават грешки.
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,078
    2,988
    2 Септември 2012
    Машко
    Јас сум 4 години и ниеднаш, не сум имал никаков проблем ,а што се не сум отварал.
    И веќе не ставам такво срање во компјутер па што сака нека биде.
    И на пријатели им препорачувам такво нешто што подалеку.
    Веќе сме дискутирале на оваа тема ,нејќам да се повторувам ,ама навистина животов е поубав без антивирус,барем за мене...;)
     
    На FLEGMA и ileste им се допаѓа ова.
  15. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,478
    8 Април 2011
    Машко
    Aбе шо ке ти е живот без антивирус :crazy:
     
    На RagingDemon и FLEGMA им се допаѓа ова.
  16. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    913
    854
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Антивирусот го погребав заедно со XP. Штознам, освен на XP не сум осетил потреба од антивирус.

    Знаам да употребам сепак некоја превентива како Malwarebytes и KeyScrambel. Не сум закачил до сега нешто посериозно.

    Од друга страна пак кога се потсеќам на моите први „гиковски“ денови успевав на неколку пати да закачам вирус кој комплетно ми го онеспособуваше оперативниот систем иако тогаш имав инсталирано антивирус.

    Поука од ова дека најголем дел од заштитата всушност сме самите себеси, знаењето и начинот на кој го користиме компјутерот.
     
  17. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,128
    1,114
    2 Август 2009
    Веќе 4 години не сум ставил анти-вирус. Уствари не, пред година дена ставив Нортон чисто колку да направам еден скен, да видам дали сум закачил нешто, и освен некои кукис што не сум ги избришал, не најде ништо.
     
  18. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,478
    8 Април 2011
    Машко
    Јас пред некое време бев опседнат со заштита од таков тип па имав инсталирано
    Комодо IS, malwarebyts pro, Superantispywer, PrevX safe online(Ослична програма ,сега незнам каква е) па нортон DNS Па што ли не.
    Па на крај баталив све освен Internet security и тоа не пребирам, дали битдефендер, дали касперски или кој и да е така добар го користам и не се замарам воопшто.
     
  19. windows8

    windows8
    On your way to fame

    728
    946
    12 Февруари 2012
    Машко
    Одамна веќе не користам антивируси, понекогаш ме удира филм да инсталирам некоја нова верзија од радозналост. Последен пат пред неколку месеци нсталирав еден, па започна самиот да ми брише кракови и фајлови од игрите, се искосив и го извришав.
     
  20. Gajche-X

    Gajche-X
    Unbeatable

    3,081
    5,379
    22 Август 2014
    На win хр/7/8 си користам и антивирус и dedicated firewall и adblock/noscript а не работам ништо посебно на pc, ниту чувам вредни податоци, ниту инсталирам пирати/кракови/кигенератори и сл.
    Се што ми е релативно битно ми е качено на облак или бекап на екстерен драјв/dvd.
    "better be safe than sorry"

    За нарачки од нет си користам mac/ipad, избегавам PC веќе долго време.

    Вирус сум закачил 1998.год на win 98,
    Нетот преку MOL-Macedonia OnLine
    (симињав мапи за старкрафт од сомнителни сајтови за да играме двајца преку dial-up во мрежа хаха :) детство тинејџерско :)

    и се укочи и маус и тастатура и почнаа сами да се движат, напраив рестарт,
    и гледам папка 0 на десктоп,
    ја отварам, во неа папка 00,
    а во неа папка 000, па 0000, па 00000
    и.т.н
    и pc-to се укочи после 15 папки,
    папките се размножија го "изедоа" 128мб Рам,
    мораше low level format за секој случај)

    после тоа освен ситен и спречен спајвер и по некое сумљиво колаче,
    вирус ми се нема случено.
     
    Последна промена: 28 Септември 2014
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  21. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,771
    1,258
    17 Август 2014
    Машко
    Можеш да напраиш едит и на крај да пишеш ако веќе треба антивирус да користиме да препорачаш кој :)
     
  22. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,372
    12,487
    2 Август 2012
    Машко
    Norton, Kaspersky и Bitdefender
    Сите имаат добри tiral периоди и од време на време ги даваат како giveaway или како OEM од 180 дена
     
    Costigan_Jr, olikomerc, DarkEnchanter и на уште 1 им се допаѓа ова.
  23. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    3,871
    3,420
    5 Декември 2009
    Машко
    Одлично Флегма, добро објаснето.

    Јас со инсталација на Фаерфокс, првен инсталирам АдБлок секундарно. Инаку, користам и Ghostery и HitmanPro Alert.

    АВ не користам последниве 3 години, но на статичниот кај брат ми имам ставено, оти брат ми и мајка ми не внимаваат што отвораат, па друго е кога има некоја активна заштита.
    Од заштити на лаптопов и статичниот имам само Малвербајтс, и адоните од погоре. Секако, никогаш не отворам фајлови што не ми се сигурни.
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Gajche-X

    Gajche-X
    Unbeatable

    3,081
    5,379
    22 Август 2014
    Било кој од овие што се на топ 10 листа што се плаќаат ;)
    Има цени за секој џеб и за сечиј вкус.
    Ја користам касперски, платената верзија :)

    Мада и било кој free во комбинација со adblock/noscript ќе врши работа за обичен корисник кој не 'рчка кракови/кинегератори и.т.н
     
    На DarkEnchanter и Dark HaCkeR им се допаѓа ова.
  25. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,360
    14 Јули 2009
    Исто и ја користам касперски интернет секурити платена верзија :) касперски го фурам 1998 година
     

Сподели

Вчитување...