• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Железничарски хардвер

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Alex.Bukarski

Intern
11 август 2008
1
1
По повод натписот Како је лепо бити глуп

Драги хардверџии,

Најпрвин извинување што ви го узурпирам форум просторов кој верувам дека е наменет за стручни дискусии за хардвер темите.
Но, иако се регистрирав да дадам коментар, не ми успеа баш, или може треба да почекам некое време после активирање на акауантот, како и да е, немам толку време, се што имам да кажам ќе кажам тука.

Пред околу без малку 2 години сакав да си купам компјутер.
Со компјутер сум од своите 12 години, но сепак не се умислувам дека сум некое компјутерско гение дека ептен се разбирам.
Туку лаик кој тек-тук знае да чепка по нешто, барем да преинсталира Win.
Кога тргнав да си купам компјутер, раководен од некои претходни лоши искуства решив да побарам некој кој е упатен, кој ги знае фирмите, нивните погодности, предности сосе цени комплетно се'.

Некој ми го препорача вашиот блог-колумнист Зоран Ивановски.

Се сретнавме со Зоран направивме фин разговор.
Му кажав до каде ми стига чергата, финансиски се разбира.
Отидовме на неколку места Риверсофт, АМЦ итн.итн.
Зоран ги разгледа понудите и ми рече да отидеме во НЕОКОМ.
Отидовме таму.
Кажаа дека за тие пари имаат Целерон.
Знам што е Целерон, иако нели сега демек се појачани, но од друга страна тука беа парите и...му верував на зборот на Зоран.

Важно ми беше LCD мониторот да е квалитетен зошто компјутерот ми треба за пишување.

Го купив, го однесов дома.
Видов дека е инсталиран Linux.
Пробав да го форматирам се со цел да ставам Windows.
Не сакаше. Вадеше сини екрани, се рестартираше, лудила.
Повикав еден пријател од PMF.
Проба и тој со свое цеде, вика не, не чини ова.
И тој ми вика неделата значи, ништо ова е ХАРДВЕРСКИ ПРОБЛЕМ.

Понеделникот (замислете го купив во Петок!) одам во НЕОКОМ ми излегува симпатичниот ќелавко продавач (против кого се разбира немам ништо лично!) и му објаснувам што ми се случи.
Тој мисли исто ко Зоки дека сум фкрај тапа, и замисли кое занесување пробува да ме замајува демек дека сум инсталирал пиратски Windowsot сум го зезнал компјуторот!!!!!

Хардверџии уит ол респект но 20 години цела Македонија 98 проценти, што дома, што на работа, што во администрација владина, инсталираше таков пиратски WIN па никому ништо.
Никогаш нигде не чув некој така да заебе нов компјутер.
После се распрашав наоколу па ми кажаа дека тоа е дежурна девиза за наивни муштерии на повеќето нашите одвратни хохштаплерски компјутерски дуќанчиња!

Како и да е, шокот допрва следеше.
Ми јавуваат:

- Дечко хардверски е проблемот. Но, не бери гајле ќе го замениме хардверот и ќе дојдеш да си го земеш.

Ма, какви 30 дена враќање на стока, ма тоа е SF бре за овие арогантни, транзициони безочни профитери и дилери!
Зоран во својата колумна дава некој пример како демек ти се расипува флопи по 3 години (не по еден ден?) па бараш цел компјутер нов? Што е нонсенс, одење во крајност и чиста манипулација!

Јас викам замислете друг пример - одите во салон купувате кола и по два дена моторот престанува со работа и оттаму ви велат, извинете нов мотор ќе му ставиме (пандан на хардверот) и ќе ја дофарбаме колата па ќе тера ко нова!
Да, тој пример е далеку поприкладен!

Чекајте луѓе им викам во НЕОКОМ!

ПА КАКО ОВА БЕ, не поминаа два дена откако го купив а јас веќе треба да го КРПАМ?

Платив солидна сума за НОВ КОМПЈУТЕР со нови делови, не со лепени, додавани, поправани, КРПЕНИ.
Кај го има тоа? Кој ги измислил овие трговски правила?
И сите ова туку-така го пушат никој не се буни ало?

Да биде иронијата поголема: Отидов пак!
Ми требаше итно компјутер зошто требаше да напишам нешто за конкурс и ќе ми отидеше рокот.
Едвај успеав да земам еден Пентиум 4ка што беше на рафтот, кој го користеа, си помислив најверојатно не користат тие за себе чкарт! (се излажав!)
Го зедов него.
По недела дена ми се јавуваат да си го земам Целеронот, скапан, искрпен, со нов хардвер (којзнае дали ставија нов?) јас им викам, не фала, не го земам тој.
Епа види ми велат, тој што ти го дадовме има лиценциран WIN.
Ако не ни го платиш ќе те тужиме. (замисли кое курчење бре еј!)
И имав избор или да го земам крпениот или да се спружам 10 000 за тој што го зедов (и рака на срце нешто беше појака конфиг)

ОКЕЈ! Платив уште 10 000!

Хинт: Еве ме со тој компјутер, со ЦД-РОМ цркнат што не работи (а на друг ПЦ работи) и мајсторот ми вика дека е МАТИЧНАТА.
Како и да е, работам без ЦД-РОМ.
Со оригинал Windows XP. 10 000ки. Живи смешки! Трагикомедии! 10 000 трохираат! 10 000 Win crash! Поздрав до ќелавиот продавач 10 000 пати!

A кај беше Зоран целото време?
Та, нели тој беше посредник, препорачувач и сл?
Нему му се јавив прв уште веднаш а тој ноншалатно ми одговори - Еве, братче сум во Солун, не можам да ти помогнам!

Буквално ме отера у курац.

Why? Не сакаше ни да ме чуе до крај! Зошто така?

И сега Зоран нааканиот продолжува со својатата препотенција и вообразеност каде напоменува во неколку наврати како некој забеган сноб: “да ми го троши он кредитот, роамингот...“ (?) - а не се ни јави ни потоа, барем да праша како се снајдов? - Еј, братче се вратив од Солун што бидна?

Па и да сум заебел скроз сфе јас онака, да праша да види што е како е?

*********************************************************************************************

По неколку месеци Јанко Бурек напиша некоја тема некој месец подоцна на тема Кај да се купи компјутер.
Јас напишав попиздено што се' ми се случи.
Бев во извесна мера коректен (за што сега жалам!) и не го открив идентитетот на Зоран, но еве Зоран ЦЕЛА година дена подоцна, подмолно исправува криви дрини, раскажува гачки, мемоари ала Бил Гејтс пензиониран.

Па, да знаев место советите на Зоран ќе отидев во Анхоч.
Што викате бре хардверџии?
Сигурно имате и по некој збор за Анхоч...тоа ти е, понудата во Мк.
Не за џабе ќе речат Сиромавиот плаќа двапати.
Епа платив и сега фала богу, барем на ебаниот демократски блогерај имам право да поплукам малку на олихархиското провајдерче во едни бедни и мизерни услови во земја во која ама баш никој не бере грижа за правата на потрошувачите?

П.С. Зошто мојот одговор гласи железничарски хардвер?
Епа Зоран половина од својата колумна држи некои малограѓански придики...што сум завршил а каков писател сум бил.... ми ги брои запирките (ко да е важно тоа во случајов боже мили!)
Добро Зоране мајка му стара, јас еве имам Книжевност и пишувам лоши книги.
Но, како што од тебе лично чув, ти си завршил машински отсек железница па те болело тоа да те ословуваат понекогаш ко “железничар“.
Стварно не сакав сега тоа да го употребувам, зошто е лично и ниско, но морам само да ти укажам дека во таа полемика за стручност, на таков начин, ти губиш.

П.С. Да бев уличар каков што се обидуваш да ме прикажуваш карикирајќи (повторно самопотценувајќи се глупо, оти па ако сум бил, што не си откажел да посредуваш додека си имал прилика) ќе те најдев откако ќе го довлечкаше твоето роаминг газе од Солун, (“ми го потроши роамингот, роамингот“ леле бе да знаеш како дебилно тоа звучи) ќе го исшутирав и за уши во НЕОКОМ ќе ми земеше добар, ама стварно добар компјутер и гратис дрвени звучници за малтретиражата што ја добив благодарение на твоите стручни совети и услугата во НЕОКОМ. (поздрав до ќелавиот продавач, ама стварно ништо лично, но се надевам не дупи уште на стари финта - пиратски Win)
А не овде да водам онлајн преписки со тебе лешпер еден срам да ти е, ко Џек Лондон да си.
Иако замисли и тој едно време бил железничар, но не и некој добар писател. (ко мене!):ua:
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
зоран не го знам добро
затоа тоа не ни коментирам

и јас се најдов пред неколку месеци во слична ситуација
дечко сака лаптоп да купува
вели не жалам пари колку сака нека е само да е квалитетен
и така шетаме во скопје
во дуна имаше добри конфигурации
јас гледав како за мене да купувам
значи не мора се да е најскапо туку да има добар сооднос од цена и квалитет
лаптопот имаше линукс инсталирано
ист случај требаше да се доплати за хп или виста јас му го инсталирав хпто како 2р ос
супер си работеше додека беше кај мене
истиот ден му го однесов на дечкото он ајде да части
една 2 убаво си се почастивме
тој ден го беше само кога му го однесов упалил да го види
и го изгаси
утредента дечкото го пали он несака
му се рестартира и плав екран
мислев дека е boot loaderot но не е до неко ок си е
викам дај ке го тргнам хп то и им го носиме
дечкото таму го гледаше половина час вика
друже матичната е покварена ке го однесеме на сервис да го поправат
јас убаво фино лепо
ај друже ти носи си го на сервис еве ти ја гаранцијата дај ни ги парите на нас
он се поврте го праша газдата
и пари ни врати

викам одиме на друго место ке дадеш некое евро повеке но стварно квалитетна конфигурација ке земеме


тоа што не сакал да ти го врати или да земеш си нов
можеш да ги тужиш
тоа се вика рекламација

а и можеби не си имал толку среќа
пред 8+ години
јас и еден другар одиме да купувам компјутери
зимаме приближно слични
celeron беа
мој ете и ден денес не му е сменет ни еден дел
не го исклушувам со недели(освен hard disk но тоа е моја кривица)
а на другарчето уште првите 10 дена му се беше покварил
а од тогаш скоро сите делови му ги смени.

позз
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Не би сакал да се мешам во темава поради тоа што немам некаква поврзаност со темава, освен да прашам - Што мајка бара темава во „Блогирање и блогосфера„ ?

Многу поскладно би било во „Боречки Клуб„.
 

stefan007

Intern
27 јуни 2007
395
2
Alex.Bukarski низ што се си поминал, ни на сон не би ти текнало дека такво нешто може да ти се случи, подобро прво да си го прашал другарчето од ПМФ, образованието пред се, и јас сум сретнал "експерти" за компјутери што знаат се, а кога ќе прашаш што школо имаат ќе слушнеш се и сешто само она што треба ќе го нема, некој е молер, некој е механичар чувај боже.
Затоа најдобро на некој форум да се информираш, ќе слушнеш повеќе мислења па самиот ќе си одлучиш други варијанти ако ти самиот не се разбираш нема.
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Компјутер се купува, се тестира 24часа и се враќа одма ако не работи...батали препораки, никој не може ништо да ти препорача, дури не можеш да направиш асална споредба на цени.

Дур не се увериш со твои очи дека работи...не им верувај на налепниците.
 

Revan

Gaining Experience
25 мај 2008
660
310
Во право е писателот, он е уште една жртва од скапаните фирми во Македонија што се, да не си имаш работа со такви луѓе и фирми кои си играат со муштеријата, во Македонија, особено компјутерските фирми (со некој исклучоци) ги третираат муштериите како ѓубре, па да му се невиди ти нив им го пуниш џебот, а те третираат како дужен да си им нешто.

Не дај боже да си понеискусен корисник, има живците да ти ги изедат со сервисите, еј замисли Линукс му ставиле, па во Линукс поискусни корисници нема да се снајдат, па камоли некој со помалку искуство.

Го спомна Анхоч и до сега е единствена фирма за која што немам замерки.

Иначе блогот е типичен пример за нарушена суета, повеќето од останатите блогови се ОК, немаат лични мислења и се со по „официјално мислење“ кое што повеќе пригледа на ваков тип на портал.

Добро е што ги оцрни Неоком како фирма, има еден куп вакви фирми и убаво е вака да се спомнат како предупредување.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Не дај боже да си понеискусен корисник, има живците да ти ги изедат со сервисите, еј замисли Линукс му ставиле, па во Линукс поискусни корисници нема да се снајдат, па камоли некој со помалку искуство.
Значи треба да си гениј за да користиш линукс ??!! :ua:

Добро е што ги оцрни Неоком како фирма, има еден куп вакви фирми и убаво е вака да се спомнат како предупредување.
Неоком е прекрасна фирма според мене, нон стоп имаат подршка и добар тим, имам компјутер од нив и апсолутно неможам да се пожалам, работи како подмачкан.
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
И јас до сега имам добро искуство со Неоком.
Имам еден компјутер од кај нив веќе 7-8 години, и пред година дена си земав уште еден. Сум немал некои посериозни проблеми :)

@Revan
А каков ОС очекуваш да ти стават за безпари? Плати си Виндоус и ќе си добиеш...
 

dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
Букарски колку шо ја сум го читал...сака да преувеличува многу ствари :)
Иначе од Неоком ми е купен првиот компјутер (тогашен Макпетрол Компјутери) 386...ѕвер машина у тоа време :) и уште иам некои оригинални делови...другар скоро купи Dell лаптоп и е топ...
Малце е глупо да се прозиваат само некои фирми...коа ова е Македонија, балкан...да не речам...а ќе речам...80 посто од таканаречените ИТ сторови продаваат чкарт и никакви конфигурации
 

Laki Luciano

Intern
27 мај 2008
332
3
@Alex.Bukarski

Се' убаво што си се консултирал и си побарал помош од човек што се занимава со компјутери. Ги следам постовите на Зоран на форумов и што се однесува до hardware дава секогаш подетални објаснувања. :bravo:

ПА КАКО ОВА БЕ, не поминаа два дена откако го купив а јас веќе треба да го КРПАМ? Платив солидна сума за НОВ КОМПЈУТЕР со нови делови, не со лепени, додавани, поправани, КРПЕНИ.
Што мислиш, тој компјутер од фабриката е склопен, па они ти го продале? Ма неее... па они само ги склопиле деловите на таа конфигурација и ти го продале комплет. Да не ти кажат дека делот ќе го сменат само, ќе да одиш да си го земеш куќиштето од сервис и ќе си мислиш дека е комплет нов компјутер? Мислам дека споредбата на компјутер со кола не ти е баш на место.
И да... лиценциран Windows ти е 150 евра, а ти ако си сакал таков оперативен си можел да им го кажеш тоа. Нормално ти ставиле "каков-таков" оперативен за да не бидеш само на DOS.

И не е виновен Зоран за секој проблем со твојот компјутер, само затоа што тој трчал со тебе по фирмите да најдете нешто солидно за сумата која што си ја одвоил за компјутер. Бил во друга земја и нормално свесен за роаминг цените на нашите оператори сакал да скрати и кратко и јасно ти кажал дека неможе да ти помогне (истото и јас би го направил).

Сигурно имате и по некој збор за Анхоч...тоа ти е, понудата во Мк.
Не за џабе ќе речат Сиромавиот плаќа двапати.
Мислам дека Неоком ни оддалеку не е фирма за "сиромаси". Лично имам (а и неколку другари и пријатели) купено неколку делови со кои ни јас ни наведените не сме имале никаков проблем. Според мене слободно можам да кажам дека е во ТОП 3 компјутерски фирми во Македонија.
 

Revan

Gaining Experience
25 мај 2008
660
310
Добро знаеме каква е работата во Македонија... Има убави бесплатни алтернативи со Линукс, Опен Офис и останат опен сорс софтвер, ама почетник не знае за таа алтернатива. Имам слушано и за луѓе кои земале компјутер од Нико без никаков оперативен систем, тоа е нивна кривица, ако муштеријата нема другар компјутерџија да му инсталира оперативен систем, тогаш ќе мисли расипан му е компјутерот и се разбира на сервис ќе го носи, тоа е проблемот кај луѓето ако знаат нешто мислат дека цел свет треба да знае.

Не треба да си гениј за Линукс, ама за почетник дефинитивно е сложен. Него сега лесно ви е паметни да се правите, ќе ве прашам со Линукс се учевте или со Виндоус, истото и вие ќе го зборевте ме заебаа Линукс ми ставија со компјутерот што го земав, а него па и со сила му ставиле легален Виндоус па уште го терале да го плати, не е ова западот па да има толку регулативи за легален софтвер.

Блогот му е оф-топик исто како 70 посто од темиве што се на форумов, а што е најчудно забранувате оф-топик во теми кои се дискутира за ИТ, а најпопуларен форум ви е „pr0 1337 n0n-t3ch t41k“, немате појма колку сте контрадикторни на ваш чуден начин.
 

Laki Luciano

Intern
27 мај 2008
332
3
Едвај успеав да земам еден Пентиум 4ка што беше на рафтот, кој го користеа, си помислив најверојатно не користат тие за себе чкарт!
а него па и со сила му ставиле легален Виндоус па уште го терале да го плати, не е ова западот па да има толку регулативи за легален софтвер.
:rolleyes:

Од пред неколку години и те како за оваа работа се однесуваме како на запад и поголемите (па и средните) фирми што продаваат компјутери сите го наплаќаат лиценцираниот Windows.
 

Revan

Gaining Experience
25 мај 2008
660
310
Тоа е во ред, ама за земјите со повисок стандард, овде едвај некој родител ќе потсобере некои 500 евра да го израдува со компјутер детето, па замисли па да треба за оперативен систем уште 150 евра.

Поентата ми е има некои се научиле основни и нешто повеќе работи за компјутерите и сега ќе солат памет плати си 150 евра за Виндоус, немаше денес графичари во Фотошоп да има да не беше пиратеријата, мислиш некој платил 500 евра за Фотошоп и да не набројувам друг софтвер.

Тоа е сите сте користеле пиратски софтвер, само некои солат сега памет дека секогаш „легален“ софтвер користеле и дека само „легален“ софтвер треба да се купува.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
revan батали тоа
тоа е фирма и ке ти понуди лиценциран
за тоа е ок

за зоран грешиш
не го знам добро но има квалитетни постови тука и има разбирање
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Избирање ПЦ за друг човек е најнеблагодарната услуга што може да ти ја побараат!

Моја преправена верзија која немаше да предизвика замарање на толку блогери и форумџии:

Зоран прошетал со тебе и сте заклучиле дека Пц-то од Неоком е најповолната понуда. Го зимаш. Нема WIn има Линукс. Пробаш да инсталираш Win. Неможе. Одиш во Неоком, викаш има проблем, тие те мавтосуваат дека си го зезнал со пиратски Win, што е глупост. Подоцна ти викаат дека е хардот зезнат и ќе ти сменат нов. Ги уценуваш дека ќе лаеш насекаде како им се расипуваат ПЦ-јата и за да престанеш ќе ти дадат мемориско стапче од 4 ГБ гратис. Доаѓаш после x денови и си го зимаш ПЦ-то со сменет хард, го викаш другарчето од ПМФ, ти инсталира нов пиратски Win додека ти во кујна дробиш шопска и тоа е тоа.

П.С Не ги познавам ни Зоран ни писателов.
П.П.С Анхоч нуди (не сум сигурен) 6 дена тест период.
 

secure.boy

Intern
23 јануари 2008
125
1
@Aleks
Neokom ne e bas orientirana za SOHO
imam mnogu dobro iskustvo so niv za HP integrity

@Laki Luciano
Mislam deka ne u top 3 [Neokom]
 

ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,033
456
Имав другар кој купи од Неоком компјутер пред едно 7-8 години и за околу година дена му откажа модем, звучна... Не мора да значи ова, со компјутерите треба да имаш среќа. Мојот прв Пентиум веќе има десет години и е купен од тотално непознатата фирма Infoproject и единствено нешто што ми е заебано е батеријата. Иам компјутер од НИКО и точно е тоа дека го даваат со free dos ама затоа си имаш цедиња и ќе си го инсталираш Windows-от. Еве поминаа две години и освен некои проблеми со ладењето сум презедоволен. И @Alex.Bukarski нема што да се жали многу. Тој побарал помош. Секогаш кога избирам компјутер за роднини или другари им кажувам дека е нивно за одлучување, да не речат после дека јас сум бил крив, јас сум им избрал ваков, онаков, никаков компјутер... А знам дека секогаш ако нешто не биде во ред тогаш тој што го избира компјутерот е крив.:isplashen:
 

GigaC

Intern
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
Alex.Bukarski навистина погршно си постапил со тоа што си барал некој блогер да ти помогне околу избирањето на компјутер. Ако барем одеше сам и направеше еден добар разговор со момците од Анхоч, би ти понудиле неколку конфигурации според тоа колку ти се можностите со финансиите, ќе размислеше ден-два и етто ти се Океј. Анхоч брат, во Македонија, ти е една фирма на навистина повисоко ниво од другите. Али сега ти е доцна за тоа. Не е добро да го обвинуваш Зоран заради тоа што ти го сториле Неоком, освен ако нема замешано прсти со нив. греоата е да им се прави ова на луѓето барем во оваа држава. тоа е тоа. поздрав :ua:
 
M

Mr.Alien

Гостин
Некој ми го препорача вашиот блог-колумнист Зоран Ивановски.

Се сретнавме со Зоран направивме фин разговор.
Му кажав до каде ми стига чергата, финансиски се разбира.
Отидовме на неколку места Риверсофт, АМЦ итн.итн.
Зоран ги разгледа понудите и ми рече да отидеме во НЕОКОМ.
Отидовме таму.
Кажаа дека за тие пари имаат Целерон.
Знам што е Целерон, иако нели сега демек се појачани, но од друга страна тука беа парите и...му верував на зборот на Зоран.
Да, те препорача Емил, личност која многу ја ценам, и која заслужува респект. За негов атер се нафатив да ти помогнам, овозможам и попуст од 10-тина %, што никаде не го спомна - ниту кај Јанко, ниту во постот на кој сега ти реплицирам. Такви услуги вршам ретко, и само на пробрани луѓе.


Го купив, го однесов дома.
Видов дека е инсталиран Linux.
Пробав да го форматирам се со цел да ставам Windows.
Не сакаше. Вадеше сини екрани, се рестартираше, лудила.
Повикав еден пријател од PMF.
Проба и тој со свое цеде, вика не, не чини ова.
И тој ми вика неделата значи, ништо ова е ХАРДВЕРСКИ ПРОБЛЕМ.

Понеделникот (замислете го купив во Петок!) одам во НЕОКОМ ми излегува симпатичниот ќелавко продавач (против кого се разбира немам ништо лично!) и му објаснувам што ми се случи.
Тој мисли исто ко Зоки дека сум фкрај тапа, и замисли кое занесување пробува да ме замајува демек дека сум инсталирал пиратски Windowsot сум го зезнал компјуторот!!!!!
Никогаш за некого не сум мислел дека е глуп, тапа или слично, ако неговите познавања од ИТ се скромни, ниту сум се обидувал да го мафтам. Навистина бев во Солун, и ти реков дека може да е хардверски проблем (хардот), и да им го однесеш компјутерот да го ѕирнат. Ти по телефонот не ми спомна дека има LINUX.

Хардверџии уит ол респект но 20 години цела Македонија 98 проценти, што дома, што на работа, што во администрација владина, инсталираше таков пиратски WIN па никому ништо.
Никогаш нигде не чув некој така да заебе нов компјутер.
После се распрашав наоколу па ми кажаа дека тоа е дежурна девиза за наивни муштерии на повеќето нашите одвратни хохштаплерски компјутерски дуќанчиња!
Хм, хм....што беше она со тресењето во ладна вода? Дај молим те, неможеш низ призмата на еден проблем да ги оцрнуваш сите фирми. Конечно, ако сме ние Скопјаните хохштаплери, што не отиде да купиш во VIWARTA (или WIVARTA) во Битола? Верувам дека они се попоштени и попрофесионални од Скопските фирми......
Тие т такви муабети кои ти ги кажале се ТРАЛАЛА. А тоа што ти веруваш во нив е твој проблем.:ua:

ПА КАКО ОВА БЕ, не поминаа два дена откако го купив а јас веќе треба да го КРПАМ?
Платив солидна сума за НОВ КОМПЈУТЕР со нови делови, не со лепени, додавани, поправани, КРПЕНИ.
Кај го има тоа? Кој ги измислил овие трговски правила?
И сите ова туку-така го пушат никој не се буни ало?
За твоја информација, во градов никаде не се продаваат компјутери склопени во ФАБРИКА. Сите фирми увезуваат делови и од нив ги склопуваат конфигурациите. Значи, сосема во ред и оправдано е делот да го заменат. Тука нема ништо матно ниту лошо. Сите фирми работат така, во било кој град во државава.

Едвај успеав да земам еден Пентиум 4ка што беше на рафтот, кој го користеа, си помислив најверојатно не користат тие за себе чкарт! (се излажав!)
Го зедов него.
По недела дена ми се јавуваат да си го земам Целеронот, скапан, искрпен, со нов хардвер (којзнае дали ставија нов?) јас им викам, не фала, не го земам тој.
Епа види ми велат, тој што ти го дадовме има лиценциран WIN.
Ако не ни го платиш ќе те тужиме. (замисли кое курчење бре еј!)
Не е курчење. Ти да не ја добиеше освоената награда немаше да ги тужиш? Дај, размисли малку што пишуваш!

A кај беше Зоран целото време?
Та, нели тој беше посредник, препорачувач и сл?
Нему му се јавив прв уште веднаш а тој ноншалатно ми одговори - Еве, братче сум во Солун, не можам да ти помогнам!
Погоре објаснив што ти кажав по телефон кога бев во Солун


И сега Зоран нааканиот продолжува со својатата препотенција и вообразеност каде напоменува во неколку наврати како некој забеган сноб: “да ми го троши он кредитот, роамингот...“ (?) - а не се ни јави ни потоа, барем да праша како се снајдов? - Еј, братче се вратив од Солун што бидна?
Ја ли треба да те бркам за твои проблеми? Од ова се гледа кој е УМИСЛЕН СНОБ, а тоа секако не сум јас. Тие што добро ме знаат ќе ти објкаснат дали сум препотентен. Изгледа додека требаше да ти завршам услуга не бев сноб и препотентен. Што човек си ти.....:ua:


Бев во извесна мера коректен (за што сега жалам!) и не го открив идентитетот на Зоран, но еве Зоран ЦЕЛА година дена подоцна, подмолно исправува криви дрини, раскажува гачки, мемоари ала Бил Гејтс пензиониран.
Мојот идентитет не го кријам, немам зошто. Мислам, глупости.....

Па, да знаев место советите на Зоран ќе отидев во Анхоч.
Камо да отидеше, да не те запознаев, поубаво ќе се чувствував :LOL:.

Зошто мојот одговор гласи железничарски хардвер?
Епа Зоран половина од својата колумна држи некои малограѓански придики...што сум завршил а каков писател сум бил.... ми ги брои запирките (ко да е важно тоа во случајов боже мили!)
Добро Зоране мајка му стара, јас еве имам Книжевност и пишувам лоши книги.
Но, како што од тебе лично чув, ти си завршил машински отсек железница па те болело тоа да те ословуваат понекогаш ко “железничар“.
Стварно не сакав сега тоа да го употребувам, зошто е лично и ниско, но морам само да ти укажам дека во таа полемика за стручност, на таков начин, ти губиш.
МУАХАХАХАААААА! Поголема глупост во животов немам чуено :LOL::LOL:.
Прво, немам завршено машински отсек, туку Сообраќаен, односно Сообраќај и транспорт. Не ме боли да ме викаат железничар. Тоа е општ назив за вработени во железница, без обѕир кој на какво место работи. Зошто би се срамел од мојата професија? Од неа го вадам лебот и издржувам семејство. Ти се срамиш ли што си писател?
Очигледно, во оваа полемика изгуби ТИ, а не ЈАС.

П.С. Да бев уличар каков што се обидуваш да ме прикажуваш карикирајќи (повторно самопотценувајќи се глупо, оти па ако сум бил, што не си откажел да посредуваш додека си имал прилика) ќе те најдев откако ќе го довлечкаше твоето роаминг газе од Солун, (“ми го потроши роамингот, роамингот“ леле бе да знаеш како дебилно тоа звучи) ќе го исшутирав и за уши во НЕОКОМ ќе ми земеше добар, ама стварно добар компјутер и гратис дрвени звучници за малтретиражата што ја добив благодарение на твоите стручни совети и услугата во НЕОКОМ. (поздрав до ќелавиот продавач, ама стварно ништо лично, но се надевам не дупи уште на стари финта - пиратски Win)
А не овде да водам онлајн преписки со тебе лешпер еден срам да ти е, ко Џек Лондон да си.
Иако замисли и тој едно време бил железничар, но не и некој добар писател. (ко мене!):ua:
Е па види, ЛЕШПЕРОТИНО!
Уличар самиот се прикажа, во твојот пост кај Јанко, каде што рече дека насилство (или беше анархија) му е мајката, дека некакви муфли и чипуровци со бејзбол палkи ќе дошле и слично. А тие биле твое друштво, твое маало.....
Второ, откако дојдов од Солун можеше да ме најдеш, но во НЕОКОМ можеше да ме одвлечкаш за нешто друго, а не за уши! Не се занесувај и внимавај што збориш! Не е ова Битола...
И не спомнувај бејзбол палки, бидејќи такви работи има и во Скопјево.
А јас лично имам една, рачно изработена, далеку поквалитетна од оние кои се продаваат по автопазар и што ти ја знам каде. А има и далеку побетер и поефикасни работи од палките, ако сваќаш што сакам да ти кажам!

А за Џек Лондон имаш уште млеко да пиеш!
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
И не спомнувај бејзбол палки, бидејќи такви работи има и во Скопјево.
А јас лично имам една, рачно изработена, далеку поквалитетна од оние кои се продаваат по автопазар и што ти ја знам каде.
ај малку и јас да се рекламирам
продавам безболпалки
тестирани на 10тина луѓе и добро функционираат
со нив добивате и 1 година гаранција
доколку ја употребувате по прописи
значи само на месо и коски и по некое безбол топче може да падне :)
посредубање и помош при избор на конфигурации и место од купување е најтешка работа и најнеблагодарна
кој пробал знае

може си му порачал и земал едан графична картичка, после дечкото инсталира игра ама играта не ја подржува таа графичка па да ти префрлува
само како пример наведов


и затоа и самиот избегувам да порачувам конфигурации и да одам со некого да купува комјутер
освен ако не ја знам особата добро:)
позз
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Abe ok e.. ako veke ne se razbiras ne e loso da prasas nekoj. Sega navistina ne bi pobaral pomos od nekoj sto ne go poznavam, no Zoran ni najmalku ne treba da go obvinuvas za ona sto se slucilo. Si otisol vo prodavnica koja prodava navistina dobar hardware (zatoa i malku poskap od ostanatite)... a za toa sto postapile do nekade neprofesionalno e nivna vina i na nikoj drug.

btw ne si prviot na koj mu se slucilo da mu se zaebe nekoj del samo sto ja kupil masinata (a veruvaj ne si ni posleden) ...bidejki se nadevam znaes vo koja drzava zivees i so kakvi neprofesionalci treba da sorabotuvas.
 

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
ај малку и јас да се рекламирам
продавам безболпалки
тестирани на 10тина луѓе и добро функционираат
со нив добивате и 1 година гаранција
доколку ја употребувате по прописи
значи само на месо и коски и по некое безбол топче може да падне :)
А теписонот може ли да го тресам со неа? :D

Ајде бе па вие... најдовте со Букаро да се расправате и на него нешто да му објаснувате. Не туку мочајте наспроти ветрот... бркајте си работа. :nazdravje:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,570
Мислења
823,613
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно