gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 9.728
- 13.403
Деновиве веќе е актуелна квантум дот технологијата кај телевизори и некои мобилни телефони. Ќе го има се повеќе и кај мониторите. Во основа најчесто се користи ваквиот израз но сепак кај некои производители може да има и друг назив. Мислам дека сони на пример ваквите панели ги нарекува трилуминос панели.
Доколку се сретнете со овој поим кога купувате телевизор на пример, на кратко тоа значи дека тој телевизор може да прикаже поширок спектар на бои во однос на телевизорите со досегашната технологија.
За што станува збор:
Мониторите и телевизорите денес се најчесто осветлени со лед осветлување. Тоа е ред на ламбички кои се поставуваат на рамката од панелот и потоа истите ја осветлуваат позадината на панелот која е рефлектирачка. Ваквата светлина која првично поминува низ дифузер преку позадината оди кон поларизиран филтер до течните кристали кои или ја пропуштаат или не. Пред да дојде до втор поларизиран филтер светлината поминува низ колор филтри или субпикселите (најчесто црвен, зелен и син).
Светлината е најважна во целиот процес. За жал ледот има синкаста боја. За да се доведе до бела боја која е критична за добра слика на ламбичките се нанесува жолт фосфор.
Она кое е негативно е што таквиот вид на осветлување не може да дозволи поширок спектар на бои од sRGB просторот кај монитори односно REC.709 кај телевизори што е горе доле ист спектар.
Овде влегува во игра квантум дот технологијата. Тоа се нано кристали со посебни својства кои кога ќе се осветлат почнуваат да емитуваат силна светлина во боја. Поголемите може да емитуваат многу силна црвена боја а помалите нано честички зелена. Сината боја веќе доаѓа од ледот.
Филм фолија со нанесени вакви нано кристали е фамозниот квантум дот која се поставува во панелот.
На ваков начин се добива многу почиста боја наспроти белата од лед со слој на жолт фосфор. Исто така на ваков начин бојата има поголем интензитет па оттука панелот веќе може да прикажува поширок спектар на бои.
Постои и друг начин на примена каде наместо фолија или филм се поставува туба полна со нано кристали веднаш пред лед ламбичките. Ефектот е ист.
Негативност зошто досега оваа технологија не беше распространета беше поради тоа што нано кристалите се произведуваа од токсична материја наречена кадмиум. Денес се продаваат панели со нано кристали од кадмиум иако во европската унија е ограничено колку кадмиум може да има во еден уред.
Науката откри дека нано кристалите може да се изработуваат од индиум но истиот не е толку флексибилен и добар за ваква употреба.
Ваквите нано кристали ги произведуваат специјализирани фабрики т.е. не Самсунг, ЛГ и сл.
Во наредниот период ќе има експанзија на оваа технологија. Квантум дот нема да го замени ОЛЕД заради неможноста да обезбеди 0% осветлување за црна боја т.е. панелите со квантум дот се сеуште истите ЛЦД панели.