• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Заштитата на Vista неефикасна

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Марк Даундс од компанијата „Internet Security Systems Mark“, сопственост на IBM и Александар Сотиров од „Mware “ откриле техника со која може да се заобиколат сите елементи за заштита на работната меморија што Microsoft ги вгради во Windows Vista.

Со новите методи, Даундс и Сотиров успешно ги избегнале ASLR (Address Space Layout Randomization), DEP (Data Execution Prevention) и другите заштити од вчитување malware содржини од активниот веб браузер.

Двајцата истражувачи успеале да ја вчитаат секоја содржина која што ја посакале, на било која мемориска локација, притоа користејќи се со различни скрипт јазици како што се Java, AxtiveX, па дури и со употреба на .NET. Упадот е можен поради начинот на кој Internet Explorer-от и другите браузери работат со активните скрипти во овој оперативен систем.

Други експерти за безбедност на компјутерите сметаат дека не постојат многу опции за спречување на новите техники на упад во туѓи компјутери, пред се затоа што тие не ги искористуваат пропустите во архитектурата на Vista, туку се користат токму со системите за заштита. Експерти сметаат дека оваа техника ќе има влијание не само на Microsoft туку на целокупниот начин на размислување на технолошката индустрија за нападите на компјутерите.

Microsoft се уште официјално се нема произнесено за ова откритие, иако Мајк Ривеј, директор на Security Response центарот на Microsoft изјави дека имаат сознанија за истражувањето.

За сега нема информации дали овој систем може да се искористи за другите Windows оперативни системи.

Извор: ИДИВИДИ
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Никогаш нема да постои ефикасна заштита. Колку таа и да е "ефикасна", прашање на време ќе биде кога таа ќе биде пробиена.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Никогаш нема да постои ефикасна заштита. Колку таа и да е "ефикасна", прашање на време ќе биде кога таа ќе биде пробиена.
Браво за ова:bravo:
Сосема се согласувам.

Значи најпаметно, земете си некој анти-вирус и не играјте си играчки :)
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Da, no nekogas ni antivirusot ne te spasuva.
Точно така. Поради тоа го цитирав Taurus.
Но.. Колку толку гарант анти-вирусната повеќе би ти подпомогнала и би те штитела, од колку да се ослониш на самата windows заштита..
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,507
Мислења
822,177
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно