• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Заработете на интернет

14 септември 2009
17
0
Овие "шемиве" за брзо богатење се рецидив од комунизмот каде луѓето се потикнуваа со легачење да го заработуваат парчето леб.
Не ви треба тоа.
Ако сакате да заработите земете научете програмирање,дизајн и сл.
И за тоа ако не ве бива подобро завршете таму Економски или Филозофски отколку да денгубите на Facebook.
 
feit

Intern
12 февруари 2009
684
44
Виде што се се бара за да се зачлениш на таа страна... Твои лични податоци и бројот на кредитна картичка со сите информации поврзани за неа... Не се лажете нема таква заработка на интернет...
 
/BRAINIAC\

Баниран/a
12 август 2009
447
7
Има заработка на интернернет, ама за да заработиш треба да знаеш пример да програмираш, веб дизајн... но не и со овие ptc сајтови или слични такви.
 
CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
Почнавме со има заработка на интернет теории..па ае - за да заработиш на интернет не мора да си дизајнер или програмер или ... треба да земеш идеја и да ја реализираш. толку

Штом има PTC и слични сајтови кои уште успешно работат, значи на интернет има 1001 начин за заработка.
 
MusicFreak

Gaining Experience
18 јуни 2009
927
76
страницава е живи глупости... ко прво видете го дизајнот... ако имаше некој профит од неа барем ќе платеше некој дизајнер да ми ја среди
 
japan_6

Intern
8 септември 2008
24
2
Почнавме со има заработка на интернет теории..па ае - за да заработиш на интернет не мора да си дизајнер или програмер или ... треба да земеш идеја и да ја реализираш. толку

Штом има PTC и слични сајтови кои уште успешно работат, значи на интернет има 1001 начин за заработка.
Потполно се согласувам со тебе! Не е се во дизајнирање и програмирање! Убаво кажа има 1001 начин на заработка.

BTW добра работа си завршил со твојот сајт (howtoformatacomputer), гледам имаш PR 1, и ако не е тајна можеш ли да ми кажеш колку ти вади месечно од адсенсе? И дали си размислувал да го продадеш?
 
CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
Моментално има околу 0,5 - 1,5$ дневно од 200-300 импресии. Немав време да посветам на оптимизација за adsense, пред некое време се регистрирав на Yield Build (тема) па да видиме дали ќе има подобрување. Едино 'лошо' е што со тестовите кои ги вршат, целиот сајт изгледа шит односно ништо повеќе од MFA( made for adsense ) сајт. Ќе мора да се подобри нешто има добар потенцијал - голема број пребарувања на гугл се околу форматирање...само да се најде време за повеќе SEO. Не би го продал моментално..ама сум отворен за предлози/соработка ако имаш идеи.
 
DekoRoker

Gaining Experience
12 септември 2009
625
53
Скопје
dejan.at.mk
Пробав на некои PTC сајтови.. Еве што е фрката.. На сајтови што ветуват многу не се замарај, тие не дават пари... Дават пари на овие сајтови што за 1 клик дават 1 цент. Минимална исплата им е 10 долари.. ама додека ги направиш тие 10 долари па повеќе ќе ти се исплати на мајка ти дома да и ги переш садовите 1 недела за тие 10 долари (без навреда).. И друга работа, ако веќе најдеш сајт каде што мислиш дека веруваш дека ќе те исплатат, побарај форум дали има сајтот... Ако сајтот нема форум, тоа значи дека сопствениците не сакат да има комуникација меѓу корисниците, односно, кријат нешто.. Затоа не се замарај со тоа, седни учи нешто корисно, најди си работа и заработи си сигурно и поштено..
Поздрав.. :)
 
^^GoRiLLaZ^^

Gaining Experience
7 април 2008
147
99
^ Ти пишав веќе на друг форум, истото прашање го постави и таму. Ај ќе ти го пастирам и тука.

Девојче од кликови нема аир.

Земи седни учи Дизајн, Веб, Програмирање, Фотошоп... или веќе ако сакаш полесно, YouTube, Google AdSense, Warez итн.
 
Mimi44

Intern
15 декември 2020
5

Јас еве имам веб и јутуб и заработувам од тоа но ова го прашувам за една пријателка зошто таа е регистирана на тој сајт
 
Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,322
1,405
127.0.0.1
petrov.mk
Пред 7-8 години кога сеуште бев средно, пробував да заработам стварно на овие сајтови.
Тогаш беа во подем и си викав да пробам.
Еве што се случи.
Минимално за исплата беа 5 или 10$ ако не се лажам.
И си викам, ај ќе побарам минимална исплата да видам дали е леџит.
Ми ги исплатија, и секако дека продолжив со друга тактика.
Вложив околу година дена и се што заработував купував реферали,
нели тие ти даваат дополнителна/побрза заработка.
За тие година дена, направив околу 600-700$ и за средношколец во тоа време беа многу пари.
Побарав исплата ии прц, баниран акаунт, без причина.
Отворив друг и се пожалив на форум кај нив, баниран и тој.
Година дена во дупка, едноставно баталете PTC.
 
DonFrozex

Practice makes perfect
9 јуни 2011
1,090
1,335

+1. И јас вака некако. Во 2013-та некаде почнав да ги чепкам овие, онака мислејки чисто за џепарац. На крај испаднав неколку стотина евра у плус, што и не беше малце пари за студент :D (мислам дека највеќе пари направив на тогашно Paidverts & Probux.)

Не ми е целта да мотивирам некој тек да почне, туку да потврдам дека е поминат тој воз со заработка од ПТЦ и реферали.
 
acekorg

Gaining Experience
5 октомври 2010
163
227
Пред некое време ми текна на каиро планет и кога пола Куманово имаше изнакупено компјутери мислиш дата центар на Google се спремат да бидат.... "рентаа" диск спејс... :LOL:
Секое чудо за три дена работава
 
The_Storm100

Intern
27 јули 2018
2
0
Јас еве имам веб и јутуб и заработувам од тоа но ова го прашувам за една пријателка зошто таа е регистирана на тој сајт
Здраво, видов на овој пост имате пишано дека заработувате од јутуб, би сакал да ве прашам дали знаете како да се регистрирам на google adsense? Бидејќи кога одам на get started и има да ја внесеш страницата односно URL of your site, и твојата емаил пошта и потоа adsense info. Но кога одам на safe and continue ме однесе на страницата на јутуб и пишува Good news, we can set you up faster on YouTube. Please continue there. И ме однесе кај страницата Youtube help и неможам да пронајдам ништо во врска со adsense. Ако не е проблем пишете ми да знам како да се најавам на страницата. Благодарам однапред.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,524
Мислења
845,949
Членови
29,319
Најнов член
Busaco
На врв Дно