1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Запознавање со jQuery

Дискусија во форумот 'HTML, CSS, JavaScript, XML базирани' започната од Delicon, 13 Јули 2009.

  1. Delicon

    Delicon
    Gaining Experience

    759
    184
    10 Јуни 2007
    Со популарната JavaScript библиотека jQuery можете да ги проширите дизајнерските способности на вашата страна повеќе отколку што може само со CSS. Доколку имате познавање од CSS, учењето на jQuery ќе ви биде доста полесно.

    Што е jQuery?
    Според jQuery.com, jQuery е брза и мала JavaScript библиотека со која многу лесно се креираат веб ефекти со само неколку линии код. jQuery е дизајниран да го смени начинот на пишување на JavaScript код, така што, 10 линии JavaScript код ќе се претворат во само 2 линии.

    Зошто да користам jQuery?

    • затоа што е едноставен
    • затоа што е компатибилен во повеќето прелистувачи
    • затоа што користи CSS селектори

    Прземање на библиотеката
    Првиот чекор што треба да го направите е да ја преземате библиотеката. Посетете ја jQuery.com и кликнете на “Download jQuery”.

    Поврзување на jQuery со вашиот проект
    HTML:
    <html>
    <head>
    <meta http-equiv="Content-Type" content="text/html; charset=utf-8" />
    <script type="text/javascript" src="jquery.js"></script>
    <script type="text/javascript">
    //Вашиот код е тука
    </script>
    </head>
    
    <body>
    HTML кодот е тука
    </body>
    </html>

    Активирање на кодот кога страната ќе биде вчитана
    Првото нешто што програмерите на JavaScript го прават е додавање на код сличен на овој:
    HTML:
    window.onload = function() { alert("Hello world!"); }

    jQuery има полесен начин со кој ја проверува страната и чека да биде спремна за користење:
    HTML:
    $(document).ready(function(){ alert("Здраво!"); });
    
    //Или, пократок начин:
    
    $(function(){ alert("Здраво!"); });
    
    //Истото доколку кликнете на линк:
    
    $(function(){
    	$("a").click(function(){
    		alert("Кликнавте на линк!");
    	});
    });

    Додавање на CSS класа
    Друго што најчесто веб програметире користат е додавање и отстранување на CSS класа.
    Најпрво додадете CSS стил на вашиот проект како овој:
    HTML:
    <style type="text/css">
    .test { font-weight: bold; }
    </style>

    Потоа со користење на addClass ќе направите сите линкови да станат здебелени:
    HTML:
    $(function(){
    	$("a").click(function(){
    		$("a").addClass("test");
    	});
    
    //или пак параграфи:
    	$("a").click(function(){
    		$("p").addClass("test");
    	});
    });

    За да ја отстранете класата користете removeClass:
    HTML:
    $("a").removeClass("test");

    Ефекти
    Во јQuery има доста интересни ефекти кои ќе ја направат вашата страна по жива. За да видете еден од ефектите направете го следното:
    HTML:
    $(function(){
    	$("a").click(function(){
    		$(this).fadeOut("slow");
    	});
    });

    Со ова, доколку кликнете на некој линк тој полека ќе исчезне.

    jQuery упатство за користење

    Извор: Delicon Blog
     
    4 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  2. PBaller

    PBaller
    Intern

    76
    0
    6 Март 2008
    mislam deka treba da vmetnesh na pochetokot za selekcijata na tagovite dali po ID, klasa ili za site tagovi od ist tip :) inache top ;)

    pozraf
     
  3. teo

    teo
    Intern

    54
    2
    16 Јули 2009
    еј да.. супер вовед во jQuery.. :) репутација + поздрав!
     
Слични теми
  1. NERD.
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,136
  2. bobmkd
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,228
  3. petar.bt
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    798
  4. DekoRoker
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    735
  5. imperial
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,487
Вчитување...

Сподели

Вчитување...