1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Започнување со Python

Дискусија во форумот 'Perl // Ruby // Python' започната од dimsa, 15 Јануари 2016.

  1. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    252
    277
    9 Јануари 2015
    Дајте некој продлог за почнување со Python. Почнав со Codecademy па ме интересира дали има уште некој добар ресурс кој може да се искористи. Се мислев меѓу Ruby и python и ми делува дека Python може да има погенерална употреба (дата, web apps).
     
  2. Kajsibebraat

    Kajsibebraat
    On your way to fame

    1,439
    825
    1 Април 2012
    Машко
    Прочитај ја книгата Automate the boring stuff.
     
    Zeddomazed, DrMTR и на dimsa им се допаѓа ова.
  3. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,687
    3,015
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Пребарај по форумов, имаш мал куп на приложени материјали. не отварај тема за џабе кога го има истото што го бараш од порано.
     
  4. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    252
    277
    9 Јануари 2015
    Не знам дали примети дека се бајати и празни темите ! Башка побарав сугестија, а веројатно ќе добиев забелешка и ако пишам на тред стар неколку години :) :)
     
    На artweb и Oktar им се допаѓа ова.
  5. Kajsibebraat

    Kajsibebraat
    On your way to fame

    1,439
    825
    1 Април 2012
    Машко
    Исто така можеш да го разгледаш јутуб каналот Sentdex, доста добри видеа има. Но сепак мислам дека треба да ја прочиташ Automate the Boring Stuff, или пак Learn Python the Hard Way. Курсевите на codecademy се во Python 2.7, но би ти препорачал да се префрлиш на Python 3.
     
    На dimsa и Глупав им се допаѓа ова.
  6. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,687
    3,015
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
  7. simplicitas_

    simplicitas_
    Gaining Experience

    56
    52
    20 oктомври 2015
    Машко
    На dimsa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    252
    277
    9 Јануари 2015
    Добра забелешка, гледам и на Learn Python the Hard Way интро видеото е инсталација на 2.7, зш така ? Кога веќе има 3 и старата не се равива ?
     
  9. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    252
    277
    9 Јануари 2015
    Според содржината курсот делува импресивно. Цената од 222 евра делува солено ама па коа ке размислиш тоа ти како на класичен курс да одиш, по 1000че месечно :) Фала пријателе
     
    На simplicitas_ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kajsibebraat

    Kajsibebraat
    On your way to fame

    1,439
    825
    1 Април 2012
    Машко
    Не сум некој експерт во Python, така да ако грешам некој нека ме поправи, ама мислам дека причината поради која сеуште се користи 2.7 е тоа што голем дел од веќе напишаниот код е 2.7, и тоа што има libraries кои поддржуваат само 2.7 .

    Во секој случај, разликата помеѓу 2.7 и 3 не е голема, па затоа би ти препорачал да почнеш да програмираш во Python 3 колку да ти стане навика, па после ако ти треба нешто специфично што го има само во 2.7 ќе користиш 2.7 .

    Доста добро место за поставување прашања е reddit комјунитито learnpython, исто така имаат препорачано голем број книги и курсеви на нивното wiki.
     
    На dimsa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nightingale

    Nightingale
    On your way to fame

    618
    525
    28 Јануари 2014
    Провери thenewboston, премногу добро објаснува ама и од друга страна премногу едноставно. После ќе треба сам да продолжиш да решаваш проблеми доколку сакаш солидно да го совладаш.
     
    На dimsa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    252
    277
    9 Јануари 2015
    На simplicitas_ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    3,909
    3,486
    5 Декември 2009
    Машко
    Јас почнав со следење на бостон каналот на ЈуТјуб, одлично објаснува дечкото. Инаку, случајно отворив и гледам дека го намалиле на 15 долари тоа курсот од погоре. Вреди да го купам или?
    Capture.PNG
     
    На dimsa и Harrabed им се допаѓа ова.
  14. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    196
    202
    12 Август 2014
    Машко
    До пред недела-две имаше промоција некоја кај што сите курсеви беа по 10$. Побарај некој купон по интернет, ништо чудно да го најдеш пак истиов курс на 90-95% попуст.
     
  15. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    949
    381
    17 Јуни 2008
    Го има курсот на rutracker за симнување... како и многу други.
     
  16. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    150
    280
    1 ноември 2015
    Машко
    За апсолутни почетници во програмирање видео туторијали не се лоша работа, ама поспоро се учи така. Моја препорака ти е Python for Dummies, сигурно не се наоѓа тешко, се спомна rutacker кој е одличен за книги и туторијали, обавезно да си направиш account таму ако немаш.

    For Dummies книгите се одлични за учење основи на програмирање, јасни се и убаво се илустрирани, плус најтешките елементи се поедноставени или изоставени. Мене лично многу ми се свиѓаат за запознавање со некој јазик.

    После ќе си најдеш некоја поозбилна книга за учење и напоредно учи ја со референцата за Python што е, задади си свои проблеми со тоа што го имаш научено и обиди се да ги спроведеш. Не е битно како, дали ќе позајмиш или украдеш нечиј код од интернет не е битно, битно е да научиш.

    Пребарување на интернет е многу корисна вештина за програмер, зошто да напишеш некое решение од нула кога некој веќе се потрудил го напишал и го објавил јавно на интернет. Да позајмиш нечиј код или да направиш forking е само заштеда на време.

    Најдобар пријател на секој програмер треба да му бидат сите интернет пребарувачи и stackoverflow.

    Поздрав.
     
    Последна промена: 5 Февруари 2017
    На dimsa и StalkeR им се допаѓа ова.
  17. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    252
    277
    9 Јануари 2015
    Вреди за секој денар, Jose е супер предавач и структурата на програмата е добро направена. Ми се допаѓа дикцијата и едноставниот сетап со Jupyter Notebooks за демонстрација.
     
    На bobmkd и StalkeR им се допаѓа ова.
  18. Simeon Aleksov

    Simeon Aleksov
    Intern

    23
    20
    14 Декември 2015
    Машко
  19. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    891
    1,042
    9 Јуни 2011
    Машко
    Не знам како уште никој не го спомна Miguel Grinberg...
    Типот е супер добар, т.е. неговиот туториал, кој шо уствари има целосен туторијал за Python + Flask (minimal framework for web-development), од А до Ш убаво се објаснето..

    Така да, ако веќе имате некое предзнае од програмирање, и синтаксичко знаење од Пајтон - можете да го поминете туторијалов.. пошо ова ти е нешто како intermediate level...

    Јас искрен да бидам, благодарение на него и курсов сфатив дека у животот сакам да работам Пајтон повеќе од било кој друг програмски јазик.. :)

    Ако ве интересира уште нешто на темата - слободно пишете ПП.
     
    На Kajsibebraat му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    252
    277
    9 Јануари 2015
    Мило ми е што има вљубеници во Пајтон :) Супер изгледа туторијалов на Мигел. Во тој правец супер блог е и на Витор Simple is Better Than Complex

    Штета што нема некоја по жива заедница (или јас не ја знам).
     
  21. Simeon Aleksov

    Simeon Aleksov
    Intern

    23
    20
    14 Декември 2015
    Машко
  22. Piwcho

    Piwcho
    Gaining Experience

    397
    256
    13 Јули 2015
    Машко
    Дали на апсолутен почетник во програмирање би го предложиле Python како прв програмски јазик кој ќе се изучува (изучување преку веб книги, туторијали од lynda на piratebay и сл).
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  23. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Да
     
    На Piwcho и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  24. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    891
    1,042
    9 Јуни 2011
    Машко
    Апсолутно.
     
    На Piwcho и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  25. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    695
    642
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Апсолутно.
    Темелно правилата ќе ги научиш, моја препорака е да многу време да посветиш на нив, зошто има и што да научиш. Automate the Boring Stuff with Python е добра, но и Python: The Fundamentals Of Python Programming, Python for Everybody: Exploring Data in Python 3.
     
    На dimsa и Piwcho им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...