• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Започна со работа најголемата компјутерска мрежа во светот

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Најголемата компјутерска мрежа во светот започна со работа вчера (Петок) и подготвена е за најголемиот предизвик на човештвото односно прибирање на податоци од најголемиот акцелератор на земјата - објавуваат локалните медиуми.

Три недели откако беа пуштени првите честички во Large Hadron Collider-от (LHC), Најголемата компјутерска мрежа во светот (НКМС) во комбинација со повеќе од 140 компјутерски центри од 33 земји во светот ќе анализира и управува со 15 милиони гигабајти податоци од LHC секоја година.



Соединетите Американски држави се витален партнер во развојот и оперативноста на НКМС. Петнаесет универзитети и три лаборатории кои се во склоп на U.S. Department of Energy (DOE), ќе придонесат со своите можности за проектот.
"Соединетите држави се есенцијален партнер во развојот на огромниот комјутерски систем кој ќе им овозможи на 7,000 научници од целиот свет да ги анализираат податоците добиени од LHC" вели Glen Crawford.

Во моментот кога LHC ќе биде пуштен со полна брзина, тој ќе продуцира доволно податоци за да се наоплнат шест CD-а во секунда. Оптичката мрежа ќе пренесува LHC-податоци од CERN кој е во Женева - Швајцарија до 11 големи "Tier-1" компјутерски центри во Европа, Северна Америка и Азија. Потоа од овие центри информациите ќе се дистрибуираат во преку 140 "Tier-2" центри насекаде во светот.



"Работењето во мрежа им овозможува на универзитетските истражувачки групи кои се дома или надвор, целосно да учествуваат во LHC проектот" вели Ken Bloom од Универзитетот во Небраска-Линколн - менаџер на седум Tier-2 центри во САД.

Извор: Xinhua
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
ц ц ц .. Колку би сакал да работам некогаш во некој вакви огромни чуда.. Уффф.. :rolleyes:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,578
Мислења
821,161
Членови
28,241
Најнов член
Zemi.mk
На врв Дно