• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

zapirka.com.mk и останати n00b сајтови - еве ви за вас совети!

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
Прво... алал да му е на модераторот што ја затворил темата за zapirka.com.mk во интернет/останато. Веројатно е оној што пишал дека мрази спам. Човекот фино лепо си прашува за мислење и совети околу сајтот, а тука се наоѓа некој модератор и ја затвара темата.
Друже модераторе или администраторе или кој и да си... алал да ти на умот. :ermm:

Во следната моја порака совети за нови портали.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
Совети клапа 1.

@MLADEN,

Вака сеа баче, да ми ти каже батко Ѓоко една работа. :) Гледам дека си почнал нов портал... нека ти е честито и нека ти е со среќа. Ти посакувам се најдобро и многу успех со порталот. Како се вика истиот, ама ич не е битно. Слободно крсти го и tocka-zapirka.com.mk доколку сакаш.

Името можеби е малце неинвентивно, но верувај ми дека не е тоа најголемиот проблем и дека со добра дизајн и уште подобри содржини ќе успееш да си ја најдеш целната група и да успееш со твојата страница, па кој знае за година - две и да почнеш да заработуваш на реклами.

Батали ги овде овие песимистиве што ти зборат. Ти, барем нешто пробуваш да направиш. Слободно прашај ги - кој тоа портал тие го направиле и на која тема е, па може ќе имеш и ти нешто од нив да научиш.

Е сега... горе меѓу коментарите (ова е стар текст, не знаев дека некој „умен“ ја затворил темата) сем комплетно дефетистички коментари, имаше и неколку корисни. А јас ќе надодадам неколку мои:

1. Под итно одреди си ја целната група. Портал за луѓе од 7 до 77 години има малку шанса да ти успее, од едноставна причина што конкуренцијата ќе ти биде голема. Иако со многу труд, те. висење на интернет, сигурен сум дека можеш да успееш и под тие услови.
Кога ќе ја најдеш целната група, објавувај само содржини за неа.

2. Среди го дизајнот. Истиот е во најмала рака штур. Доколку сакаш постојано да објавуваш многу содржини, би ти препорачал користење на поширок дизајн. Мислам дека одамна умре 800px. Слободно префрли се на 1024px. Со оглед на тоа дека тука информациите се тие што се битни, дизајнот ти препорачувам да биде со што повеќе CSS, а што помалку графика. На тој начин побрзо ќе се вчитува.

3. Направи нешто околу објавените фотографии... Или стави некој модул што автоматски ќе ги намалува, или самиот намали ги на потребните димензии пред да ги качиш. Вака се многу крзави.

4. Со оглед на тоа дека по улица гледам се повеќе луѓе кои сурфаат на iPhone или некој друг GPRS или WiFi оспособен уред, би ти препорачал да направиш и верзија од сајтот за handheld уреди.

5. Доколку сепак се решиш да објавуваш содржини кои се сведуваат на „прочитај-насмеј се-заборави ја“ како во моментов што ти се на порталот, тогаш ти препорачувам под итно да се зачлениш на digg.com, reddit.com и порталите од типот на fishki.net и штом нешто се појави во Топ100 листата, веднаш да го поставиш на твојот портал. Нормално ова бара време, ама на долг период ќе ти се исплати.

6. На ниту еден од нашиве портали немам видено мејлинг листа. Ти порепорачувам да направиш/најдеш модул во кој ќе можат корисниците да се зачленат за да ги добиваат содржините на порталот по email. Значи еднаш во денот, ќе им праќаш листа од најновите вести, ама само со наслови и со малку текст. Никако немој да им ги праќаш целосните вести! Ем ќе ги изнервираш со тоа, ем така нема да го добиеш заслужениот сообраќај кој во иднина треба да ти носи клиенти за рекламирање.

7. Стави и модул, препорачај ја оваа страница на твој пријател. Стави го на видливо место и првите неколку месеци обавезено досаѓај им на корисниците. Поп-ап или нешто слично. Нормално, не на секое отварање, туку повремено по случаен избор + модулот постојано да биде влидлив некаде на страницата.

8. Стави гола женска у гро план. Ма сериозен сум... Вест се купува ради рубриката „Зграпчи го денот“. И Он.Нет кога го отвори порталот околу две години имаше секој ден различна гола жена на првата страна. Така ги навлече корисниците.
Слушај... само што ми светна нешто. Знаеш дека нема портал за целна група - жени! Јас на твое место би го направил дизајнот на розево и би објавувал содржини што само на жени/девојки им се интересни! Знаеш веќа - оговарање/gossip. И колку за почеток - на првата страна, секој ден, различен разголен маж. За темите се знае.. шминка, фитнес, љубов, секс, одржување линија, машки глумци, пеачи и слични теми.
Ако го направиш ова, веднаш можеш да почнеш да бараш спонзори: Т-Мобајл, Цептер, Орифлејм и слични.

9. Гледам имаш чат. Супер.. ама ништо не правиш со ова. Стави така наречен shoutbox. Тоа е исто чат, ама го има е отворен и видлив и завзема одреден дел од страницата, ама НА СЕОЈА СТРАНИЦА. На тој начин... може да се води дискусија низ порталот без разлика која содржина посетителот ја има отворено во моментот, а и така многу подолго останува на истиот. На времeто кога го направив love.com.mk целата тајна на огромната посетеност, не се должеше само на фактот дека беше прв/единствен dating портал за тоа време... туку и на тој мал shoutbox поради кој луѓето не сакаа да си заминат од страницата.

10. Извади ги најинтересните/најпосетуваните теми од форумот на првата страница. Еве ти го it.com.mk како добар пример за тоа.

И НАЈБИТНОТО - Никогаш не губи надеж. По пат ќе сретнеш куп луѓе, кои што кој од завист, а кој од што толку му сече, ќе те прават глуп, ќе те деморализираат, ќе ти велат дека тоа е веќе испробана и изживеана работа и слично. Јас можам од моето искуство да ти кажам дека иако поголемиот дел од тоа што ќе ти го кажат можеби е точно, понекогаш е доволно само мала измена да направиш во целокупниот концелт за да привлечеш голем број на посетители и да ти останат верни. Треба само да го стиснеш вистинското копче.
Значи - никогаш немој да губиш надеж... работи, труди се... и биди сигурен дека ќе успееш.
И да... ако веќе пренесуваш содржини - МНОГУ, АМА МНОГУ внимавај на преводот. Сигурен сум дека tocka.com.mk можеш да го згазиш... не за друго, туку ради начинот на кој што ги пренесуваат вестите со буквални преводи и непознавање на хрватскоиот јазик. А тоа многу иритира.

Поздрав !
И со среќа! :bravo:
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
Слободно крсти го и tocka-zapirka.com.mk доколку сакаш.
дај сега не ми ја кради идејата
јас еве се облеков да одам до марнет да пополнам формулари за домаинот
а ти тука:):):):baknezh:

8. Стави гола женска у гро план. Ма сериозен сум... Вест се купува ради рубриката „Зграпчи го денот“. И Он.Нет кога го отвори порталот околу две години имаше секој ден различна гола жена на првата страна. Така ги навлече корисниците.
толку така.

ај добар текс
може ке ги инспирира:)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
offtopic
Реално, знаеш што ќе беше вистинска јадачка. На веќе отворениот tocka.com.mk, да се појави манга (еве MLADEN на пример) и да отвори: dve-tocki.com.mk

Нормално... ќе се најде потоа и друг паметен, па ќе отвори tri-tocki.com.mk, на што газдата од tocka.com.mk пошто ќе му прекурчи ќе отвори домен izvicnik.com.mk (демек - аман доста беше!).

А потоа ќе дојде некој кој за да покаже дека не му е јасно во што целиот конфликт околу домените, ќе регистрира домен: prasalnik.com.mk (нешо као WTF? is your problem guys??).

За да на крај се појави најпаметниот од сите и регистрира домен: site-interpukciski-znaci.com.mk, .net.mk, .mk
и тука некаде би требало да заврши дискусијата. :))
 

n3t_k1ll3r

Intern
12 август 2008
5
0
македонски n00b sajtovi

Bravo be Zlochko brate, taka treba, . . .
Deckoto si napravil web sajt
- МАКЕДОНСКИ -
i sega normalno, bara soveti, ocenki ... sto e dobro i sto loso ... bidejki se nadeva deka nasava IT zaednica ke mu pomogne za podobruvanje(kvalitet) na samata web stranica ...
a vie tuka odma se fativte, te za ova, te za ona, imeto ...bla, bla (ko ciganite grci staname) ... eh makedonce namesto da se podrzuvame i sovetuvame za da ni se razviva IT zaednicata - kvalitetno i kvanitetno ... tuku samo ke se drobi, mrchi i seirdzi tuka sto e i kako e ... sramota ... pa uste i ja zatvorile temava ... peh! :ua:
taka ne se raboti ... zarem da ostaneme samo na on.net, motika, tocka, i uste 3-4... na makedonskata web arena i treba osvezuvanje ... i toa prvin kvantitativno ... a so toa ke dojde i kvalitetot!
BTW i jas imav nekoi soveti za tvojata web strana ... ama "Zlocko" bil dosta vreden i gi spomnal - Bravo i prodolzi taka! :bravo:
 

Romanticen

Intern
6 јануари 2008
206
9
romanticni.com.mk
Прво... алал да му е на модераторот што ја затворил темата за zapirka.com.mk во интернет/останато. Веројатно е оној што пишал дека мрази спам. Човекот фино лепо си прашува за мислење и совети околу сајтот, а тука се наоѓа некој модератор и ја затвара темата.
Друже модераторе или администраторе или кој и да си... алал да ти на умот. :ermm:

Во следната моја порака совети за нови портали.
Советите од вториот пост ти е ОК, само не ми е јасно зашто така го напаѓаш модераторот:ua: можеби имал причина да ја затвори или пак таа тема не била во тој под-форум...


offtopic
Реално, знаеш што ќе беше вистинска јадачка. На веќе отворениот tocka.com.mk, да се појави манга (еве MLADEN на пример) и да отвори: dve-tocki.com.mk

Нормално... ќе се најде потоа и друг паметен, па ќе отвори tri-tocki.com.mk, на што газдата од tocka.com.mk пошто ќе му прекурчи ќе отвори домен izvicnik.com.mk (демек - аман доста беше!).

А потоа ќе дојде некој кој за да покаже дека не му е јасно во што целиот конфликт околу домените, ќе регистрира домен: prasalnik.com.mk (нешо као WTF? is your problem guys??).

За да на крај се појави најпаметниот од сите и регистрира домен: site-interpukciski-znaci.com.mk, .net.mk, .mk
и тука некаде би требало да заврши дискусијата.
После тие 9-10 ДОБРИ совети погоре ова ти беше многу глупо што го пиша.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
offtopic

@romanticen... мене ми е евидентно дека ти си тука само заради расправијата. И евидентно ми е дека твојата потреба за коментирање (барем на овие две теми) не е за да помогнеш туку за да испаднеш најпаметниот или барем да го имаш последниот збор... џанам, ти да бидеш тој што ќе го удри капачето у целата дискусија.
Во ред.. нека биде така. Јас еве и во оваа тема за последен пат ќе ти се обратам со најдобронамерен совет иако знам дека после оваа моја порака ти нема да издржиш, а да не ми се ибратиш. Советот е следниот:
Погледни ги твоите 10тина коментари дадени во овие две теми кај што јас и ти кршиме копја и најди ми барем еден твој во кој што сем критика даваш и некаков конкретен и корисен совет до дечките што отвориле нови портали.

Јас моето.. ене го горе.. имам уште за пишување, ама за сега имав толку инспирација. Друг пат повеќе...
...а ти? Ти што напиша? Кои корисни совети ги сподели?

Е тогаш кога ќе видам таква порака од тебе, ќе можеме да продолжиме со дискусијата. До тогаш - те молам не ми се обраќај со ништо сем со прашања и читни нешто од погоре и научи го, бидејќи некои работи од текстот погоре можат многу да ти помогнат и на тебе и твојот dating портал.
 

Romanticen

Intern
6 јануари 2008
206
9
romanticni.com.mk
Фала за советите и за критиките злочко и ОК, нема да ти се обраќам повеќе. Мисли си како што си мислиш твое право е тоа, а јас ќе продолжам да давам совети, критики и да споделувам исти или различни мислења со другите членови на овој форум.
Поздрав

И извинете за офф-топик
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Прво... алал да му е на модераторот што ја затворил темата за zapirka.com.mk во интернет/останато. Веројатно е оној што пишал дека мрази спам. Друже модераторе или администраторе или кој и да си... алал да ти на умот.
Колку за твоја информација, НЕ ја затвотив јас а и воопшто не е битно кој ја затворил темата. Форумов има Правила кои важат за сите членови, па тој што ја затворил ја затворил со право.
Гледам дека начинот на кој се претстави со првиот пост на форумов се испостави како точен:
Внимавај! По природа сум кавгаџија.
Добредојдов на форумов.

Време е за :lut2:
Мислам... твој проблем е ако по природа си кавгаџија, но потруди се барем малку да го контролираш твојот темперамент на форумов. За секоја мала критика настапуваш со ароганција и започнуваш кавги. Во иднина доколку имаш забелешки кон некој член постирај ги во посебна тема во Боречки клуб и таму објасни му 2-3 работи. Да не го загадуваме форумов со расправии насекаде во сите подфоруми. Мојава забелешка прифати ја најдобронамерно бидејќи е со таква цел. Мислам дека сите тука на форумот сме луѓе со висок културно-образовен профил и мислам дека можеме да водиме дискусии на едно повисоко ниво. Нели?
Поздрав! :nazdravje:
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Ајде ајде доста карање..

Браво за трудот zlochko, навистина добри совети.
Продолжи така :bravo:
 
M

Mr.Alien

Гостин
Лесно е од страна да се соли памет од типот "направи ова, направи она, стави ова, стави она". Кога веќе некој е доволно паметен да соли памет, нека биде паметен па нека седне и нека го направи тоа што го советува. Нека гласи, на пример, zagrada.com.mk :D.
А што ако некој прашал САМО и ИСКЛУЧИВО за мислење, а не бара совети? Како ќе ги свати истот тие?
Понатаму, нема потреба да се образложува причината за некоја затворена тема. Има правила, кои се јасни и едноставни.
Алал да му е на паметот на тој што ја затворил темата...а што ако тој што ја затворил темата праша дали сметаш дека си попаметен поради твојот коментар? Од каде ти право да оценуваш нечија памет и слично?
Не сум јас тој што ја затворил темата, веднаш да се оградам.
Дај, chillout малку. Темпераментот насочи го на друго место, не на кавги тука на форумот.
Оставам уште малку време, кој смета дека треба да додаде/одземе нешто тоа да го стори. Потоа, оваа квази тема, тотално непродуктивна, ќе биде затворена.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
Само ако те видам да дадеш на некого совет или насока за некој хардверски проблем.. ќе видиш убоо. Одма има да те измарширам ти тоа да го направиш а не само да делиш ум по форумов.

Кај сум потрошил време да седнам и да напишам нешто... ти се најде да ме кудиш, џанам ако сум толку паметен, што не сум го направил јас.
Епа еве.. ќе ти кажам зошто.. за таквите ко тебе да имаат за што да си праат муабет.

АМД_фан... се смеам се смеам.. еве... :D :p
 
M

Mr.Alien

Гостин
1. Марширај ти колку сакаш, само внимавај до каде и како ќе маршираш, со обичен или строев чекор, да не одмаршираш надвор од форумов. :ua:
2. "Кај јас сум седнал да напишам нешто....бла...бла...." - мислиш ли дека којзнае што си направил ако си напишал? Ајде бре, собери си ја суетата, да не се случи тоа под 1.
Дотогаш, еве ти мала пауза, да искулираш.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Немам ништо против. Смеј си се ти колку сакаш. Само да знаеш дека најслатко се смее оној што последен се смее. :))
Како што има кажано D во една тема одамна.. "Аку, битно е сите да се смееме, а на кој му е најслатко не е битно" (можеби со мали измени, но поентата е таа) :))

btw. Доволно е расправија?
 
M

Mr.Alien

Гостин
@fuUuUzZzZy
Сосема доволно. Еден деструктивец кој уште на своето претставување се најави како каџгаџија не заслужува да му се отстапи толку простор за истерување сопствени фрустрации предизвикани од неможноста да прифати мислење спротивно на неговото.
Затоа, и оваа квази тема ја затварам поради бесмисленост. :ua:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,529
Мислења
822,689
Членови
28,052
Најнов член
Ttifun
На врв Дно