• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Заменет рутер - морална дилема

nashio

On your way to fame
14 јануари 2011
590
725
Bitola
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 3.8GHz & DeepCool IceWind Pro
Motherboard
B350 Gaming Plus
Storage
256 SSD EVO
PSU
EVGA Bronze 600
RAM
Ripjaws V DDR4-3000 64GB
Video card
Radeon RX 580
Case
DeepCool
Mouse
MX Master
Keyboard
G.SKILL KM570 MX
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Dell UP2716D, Dell U2414H
OS
Windows 10
Читате шо муабет прајте?

Страшни форумски приказни:

Си бил некој човек, купил рутер. Арно ама паднал на маркетиншки трик, чунки Тенда е пакостлива фирма, арно ама го вратил рутерот и сега треба да оди во пеколот…
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,463
3,774
Скопје
Рутерот не одговарал на спецификациите. Законите (мислам облигации и потрошувачи) викаат дека мора да го заменат. Можно е да има некој рок, но очигледно продавачот изглегол фер и завршил работа.
Ако нѝ каже кој е продавачот, би требале повеќе да го цениме. Ако не, барем знам дека F3 нема никад да купам (линкот на моделот е во првата порака).
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,638
3,000

НЕТОЧНО. Уредот перфектно одговарал на декларираните спецификации. Уредот е користен подолго време, така да и ова не иде. Продавачот излегол или фер, или појма немал и тој што правел и успеал и тој да падне на финтата дека уствари уредот не е по спецификаации, а не дека уредот си е ОК, него корисникот незнаел што купува и што да очекува, или знаел ама малце се прави на будала, и бара Југото да му иде како Порше, оти пишувало дека е кола и тоа и тоа.
 
dashbog

Gaining Experience
24 јуни 2008
193
165
Рутерот не одговарал на спецификациите. Законите (мислам облигации и потрошувачи) викаат дека мора да го заменат. Можно е да има некој рок, но очигледно продавачот изглегол фер и завршил работа.
Ако нѝ каже кој е продавачот, би требале повеќе да го цениме. Ако не, барем знам дека F3 нема никад да купам (линкот на моделот е во првата порака).
Сега проверувам надворешниот диск што го имам не одговара на спецификациите.
Пишува 640МБ/с а не е ни приближно толку.
Каде да пријавам? И на кој закон да се повикам за да го заменат?
 
StalkeR

Unbeatable
5 декември 2009
4,465
4,650
Јас мислам дека е сепак продавачот Анхоч, поради тоа што се фрли хејт погоре, за спецификациите на производите што биле копи пејст.

Sent from my Samsung S20 FE
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,463
3,774
Скопје
НЕТОЧНО. Уредот перфектно одговарал на декларираните спецификации. Уредот е користен подолго време, така да и ова не иде. Продавачот излегол или фер, или појма немал и тој што правел и успеал и тој да падне на финтата дека уствари уредот не е по спецификаации, а не дека уредот си е ОК, него корисникот незнаел што купува и што да очекува, или знаел ама малце се прави на будала, и бара Југото да му иде како Порше, оти пишувало дека е кола и тоа и тоа.
Ти можеш да навиваш против кого сакаш ама четири недели го држеле уредот и установиле дека треба да му вратат пари. Имало зошто. Или членот со натприродни сили ги убедил да му вратат пари и така ги прелажал. Аха, и Дедо Мраз постои.
Мислењето е автоматски споено:

Јас мислам дека е сепак продавачот Анхоч, поради тоа што се фрли хејт погоре, за спецификациите на производите што биле копи пејст.
...
Во Закон за заштита на потрошувачот вакви работи се казнуваат со најголемата глоба т.е. 4.000 евра. Или треба ДПИ за секој прекршок па да видиме после (на Анхоч не им викам веќе 2-3 пати зашто стварно над 15 години само од нив пазарев по редовни цени, толку беа добри)?
Туку што правиме што во Тинекс, на пример, ги мерат шери патлиџанчињата СОСЕ кутијата плус им стојат со денови и вистинската тежина и тоа на налепницата се разликува и по 80 грама? И за тие е крив купувачот што не бара да му ги мерат на каса туку верува на налепницата? Тоа по кој Закон е?
Мислењето е автоматски споено:

Сега проверувам надворешниот диск што го имам не одговара на спецификациите.
Пишува 640МБ/с а не е ни приближно толку.
Каде да пријавам? И на кој закон да се повикам за да го заменат?
Закон за заштита на потрошувачите
 
Последна промена:

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,638
3,000
Ти можеш да навиваш против кого сакаш ама четири недели го држеле уредот и установиле дека треба да му вратат пари. Имало зошто. Или членот со натприродни сили ги убедил да му вратат пари и така ги прелажал. Аха, и Дедо Мраз постои.
А е може и 4 месеци да стоел. Тоа не мења факт дека уредот работел во декларирани рамки, што и самиот корисник го потврди.
А со какви сили или досаѓање или незнаење му го вратиле и кој останува непознато, исто не му вратиле пари него му одобриле надградба. Овој гарант е шитнат на некој друг со некој попуст, оутлет или слично.
Дедо Мраз не постои, ама неписмени има многу во секоја фела.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
ВАУ?!? Баш фино размислување, ќе го барам да ми даде часови за досаѓање или незнање кога ќе сакам да вратам нешто и да ми дадат нешто што не сум го платил! (башка прашај дали доплатил, пошто по закон не мора да му даваат ништо повеќе, само пари да му вратат споре сметката).
Туку кое е психолошкото објаснение ЗОШТО ПО ДИФОЛТ члено е лажго а непознатата фирма е супер? Членото се раѓа потрошувач. Нема избор. А фирмата може да одлучи дали ќе стопанисува или не. И тоа според закони и прописи.
 
А каде реков дека е лажго членот? Ова ти го смисли сам или ти шепнаа.
Ај врати се и препречитај му го првиот пост, и се ќе ти стане јасно. И колку доплатил и сѐ.
Тотално си аут од случајот.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,463
3,774
Скопје
А каде реков дека е лажго членот? Ова ти го смисли сам или ти шепнаа.
Ај врати се и препречитај му го првиот пост, и се ќе ти стане јасно. И колку доплатил и сѐ.
Тотално си аут од случајот.

Sent from Телефон using Tapatalk
Извини, се потресе дека барал преку леб погача. Инаку - според закон враќаат пари според фискалната во целост, во меѓувреме сите цени паѓаат, купува пак според новата цена.
Не сум ништо аут - ги глорифицирате фирмите и ви е жал за нив. Секогаш е потрошувачот (човек) пред било каква фирма.
 
fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,715
2,972

Да, во случај да е уредот неисправен, или во тие првите 15 дена од купувањето. Се работи за година дена користен уред а членот нигде не спомна дека е неисправен, само дека не му одговара на зголемените брзини, што и сам требало да примети според спецификациите.

@D3N1EL Земи си hap ac2, и не му ја мисли. Можда е малку overkill, ама за 57 евра е супер солуција. Мојот во моментов е во ќош на стан од некои 55 квадрати, имам пристоен wireless низ цел стан со минимум еден зид како пречка, некаде и два.

Основната конфигурација, contrary to popular belief, не е воопшто тешка.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,463
3,774
Скопје
Да, во случај да е уредот неисправен, или во тие првите 15 дена од купувањето. Се работи за година дена користен уред а членот нигде не спомна дека е неисправен, само дека не му одговара на зголемените брзини, што и сам требало да примети според спецификациите.
...
Каде во законот го пишува тоа дека има 15 дена да примети дека не одговара на спецификацијата? Замисли лагер што не одговара на спецификацијата. Или бетон. Потсети ме некад да ти раскажам за сонда за проток на воздух на нова Опел Вектра ДТИ што цркнува по 13 месеци. Два пати по ред.
Башка нели пишал дека немал потреба од големи брзини па не приметил. И уште еднаш браво за продавачот што го испочитувал. И купувачот и Законот.
 
Како што ти рече и @marv неколку поста погоре, препрочитај го првиот пост од членот. Рутерот одговара на спецификацијата, ама не му одговара на членот.

Пошто спомна коли - ќе купам денес Aygo. За две години ми треба фамилијарна кола, треба да одам во Toyota и да им речам "Еј, абе Aygo-во не е во ред. Ај вратете ми ги парите и да си земам Corolla, а?"? Истиот муабет е и со рутерот. Му одговарал кога го купил за брзините од Телекабел, сега брзините се поголеми па не му одговара. А рутерот си работи по спецификација, како што пишал членот во самиот пост.

Ме боцна малку муабетов пошо го имав истиот проблем, зедов пред година дена рутер без гигабитна порта, па ги зголемија брзините и заглавив на 100/100 место 150/150. Ама не отидов во Анхоч да им речам "Еј абе ова не е океј, ај дајте подобро", туку си купив нов рутер и си го решив така проблемот.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,463
3,774
Скопје
Не одговара. Види ја спецификацијата на линкот во првиот пост. Нема 300мбпс на вифи. Открил отпосле пошто немал таков извор.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,463
3,774
Скопје
А мора да е интернет за безжичното да функционира?
Немам поим. Зошто? Демек не го тестирал со време? Колку е тоа време? Каде пишува дека потрошувачот треба да направи технички прием на робата?

Читнете го Законот и видете лажно рекламирање и/или спецификација ова она
 
fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,715
2,972
Не одговара. Види ја спецификацијата на линкот во првиот пост. Нема 300мбпс на вифи. Открил отпосле пошто немал таков извор.
Мајко мила. Нормално дека нема кога портите му се ограничени на 100Mbps. 300Mbps е вкупниот проток на цел рутер.

EDIT: 300Mbps во идеални услови.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,463
3,774
Скопје
Изгубено време е да разговараме со тебе @kirev.
Е да, може ќе научите нешто за Заштита на потрошувачите на Фејсбук или ТикТок...
Патем, нашиве ги усогласуваа законите со европските на времето и затоа се такви прописите.
Мислењето е автоматски споено:

Мајко мила. Нормално дека нема кога портите му се ограничени на 100Mbps. 300Mbps е вкупниот проток на цел рутер.

EDIT: 300Mbps во идеални услови.

Срчни Tenda F3 на Google и најгоре е ова:

Барам некаде споменување на идеални услови, апсолутна нула и сл. ама не наоѓам? Гледам дека е идеален за дома. Или грешам? Идеална дома?
 
Последна промена:

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,715
2,972

Срчни Tenda F3 на Google и најгоре е ова:

Ај сеа на линкот што го постира ти, горе оди во Specification табот и прочитај ги брзините долу, кај Interface.

300Mbps може да е максималната брзина меѓу рутерот и уред поврзан на 2.4GHz, толку. Не може да е брзината на интернет врската затоа што портот преку кој ја добиваш интернет конекцијата е ограничен на 100Mbps. Чисти се Tenda по спецификациите, само што треба да се прочита повнимателно и да не се паѓа на маркетинг. Oh wait, пишал и членот, цитирам, "паднав на маркетинг кога го купував без да погледнам спецификација". Сите се свесни дека нема проблем со спецификацијата и дека рутерот се понашал as advertised, освен ти.

Пак ќе се вратам на мојот случај - се работеше за Tenda AC6, кој по спецификации има деклариран throughput од 1167Mbps (го рекламираат како AC1200). И пак брзините со 150/150 пакетот од Телекабел беа околу 96-98Mbps up/down, затоа што нема гигабитна порта и затоа што толку е лимитот на портата - 100Mbps. Исто ко и на F3 што го имал и вратил членот.

Јас овде се откажувам, ако и ова не го разбираш, слободно продолжи со муабетот дека има закон што ја опфаќа ситуацијата и дека фирмата го испочитувала па му ги вратиле парите.​
 
  • Ја почнал/а темата
  • #48

bogev4eboy

Intern
30 април 2011
280
40
Колкава дискусија за разви за ова :LOL:

Читате шо муабет прајте?

Страшни форумски приказни:
Си бил некој човек, купил рутер. Арно ама паднал на маркетиншки трик, чунки Тенда е пакостлива фирма, арно ама го вратил рутерот и сега треба да оди во пеколот…
Погоре кажав дека дискусијата нема поента, али експертизата на стручњаците дурго вика :ROFLMAO:

НЕТОЧНО. Уредот перфектно одговарал на декларираните спецификации. Уредот е користен подолго време, така да и ова не иде. Продавачот излегол или фер, или појма немал и тој што правел и успеал и тој да падне на финтата дека уствари уредот не е по спецификаации, а не дека уредот си е ОК, него корисникот незнаел што купува и што да очекува, или знаел ама малце се прави на будала, и бара Југото да му иде како Порше, оти пишувало дека е кола и тоа и тоа.
А е може и 4 месеци да стоел. Тоа не мења факт дека уредот работел во декларирани рамки, што и самиот корисник го потврди.
А со какви сили или досаѓање или незнаење му го вратиле и кој останува непознато, исто не му вратиле пари него му одобриле надградба. Овој гарант е шитнат на некој друг со некој попуст, оутлет или слично.
Дедо Мраз не постои, ама неписмени има многу во секоја фела.
Ете не сум видел што сум купил, плус јас од сега натака секогаш кога ќе треба да купам нешто според тебе треба да направам анализа на сите пазари (и по брендови и по цени) пред да купам нешто и да донесам одлука за купување. Пр. за тоа дали да купам кока кола или газоза, јас треба да имам познавање од сите вештачки супстанци што почнуваат на Е и тогаш да одлучам што да купам. Па не, одговорот ти е категорично НЕ! Идам купувам и ако има проблем го враќам или го поправаат. Тоа ти е исто како сега ако треба да купам кола да сум експерт за коли, или ако треба стан да купам да сум експерт за архитектура, или ако треба да купам клима да ги разбирам сите работи што ги пишува во спецификација.

Дали знаеш колку од луѓето во МК имаат рутери по дома? Дали секој од нив разбира што е што од напишаното, или уште поубаво прашање колку од нив знаат да ја најдат спецификација на производот? На кутијата пишува 300мбпс и очекуваш да имаш 300, кејс клоусд. Е сега толкувањето дали е ова или онака е проблем на маркетинг, плус и на продавачите зашто поголемиот дел поима немаат.

Јас никаде не кажав дека сум сакал пари или дека сум барал замена. Проверив видов дека има проблем, пред да го измерам директно од модем се јавив во телекаел зашто не знаев дали воопшто промената на пакетот била направена зашто месеци наназад од некоја причина имав 94/92 интернет иако плаќав 40/40 пакет ... мислев дека нешто прават/тестираат. Кога ми кажаа дека е океј брзината на нивна страна мерев и ете заклучив дека рутерот е проблем. Се јавив и кажав шо е проблемот. Е сега гледај, тоа шо тебе и на сите други што само коментираат без да анализираат е што не ви е јасен моментот дека од сервис може да ми кажат дечко проблемот е ова ова и ова, и нема љуитш тука ако се у право. Ако тие имаат оправдана причина и јас не сум во право, како јас магично да ги убедам да го земенат или да ми вратат пари?

Сега друга работа што не ја знаете е дека има закон за заштита на потрошувачи, како што ви кажа @kirev. Не знам шо има точно во законот сега зашто се менуваат постојано, ако има некој упатен може да ни каже што во ваков случај.

Инаку муабетот стварно не ти е на место, неписмени имало во секоја фела. Ај да не коментирам повеќе.

Многу логично затоа што портата е 100 Mbps. А да пробал два уреди да ги пушти преку рутерот да префрлат работи локално?
А мора да е интернет за безжичното да функционира?
Зашто би правел таква глупост?

Not cool, па уште и да се фалиш.
Каде прочита дека сум се пофалил?

Немам поим. Зошто? Демек не го тестирал со време? Колку е тоа време? Каде пишува дека потрошувачот треба да направи технички прием на робата?

Читнете го Законот и видете лажно рекламирање и/или спецификација ова она
Абе не гледаш ништо не знаат, само зборат. Кај нас не знам колку се применливи законите, али има нешто на хартија што ако тераш до крај и си во право веројатноста е да добиеш е голема.

Не сме Америка ама еве ви еден пример: Без разлика кај и да е во право, потрошувачот е секогаш во право. Па уште и онлајн ако си плаќал, абе инстант без прашања ОДМА пари ти враќаат и во некои случаи дури и производот можиш да си го задржиш. Ова знаете на дневно ниво колку се случува во Америка?

Јас овде се откажувам, ако и ова не го разбираш, слободно продолжи со муабетот дека има закон што ја опфаќа ситуацијата и дека фирмата го испочитувала па му ги вратиле парите.​
Можеби треба да ги бараме да ни дадат образложение како ја донесиле одлуката, шо мислиш? :unsure:
 
Последна промена:

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,831
9,259
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Ај сеа на линкот што го постира ти, горе оди во Specification табот и прочитај ги брзините долу, кај Interface.​
300Mbps може да е максималната брзина меѓу рутерот и уред поврзан на 2.4GHz, толку. Не може да е брзината на интернет врската затоа што портот преку кој ја добиваш интернет конекцијата е ограничен на 100Mbps. Чисти се Tenda по спецификациите, само што треба да се прочита повнимателно и да не се паѓа на маркетинг. Oh wait, пишал и членот, цитирам, "паднав на маркетинг кога го купував без да погледнам спецификација". Сите се свесни дека нема проблем со спецификацијата и дека рутерот се понашал as advertised, освен ти.​
Пак ќе се вратам на мојот случај - се работеше за Tenda AC6, кој по спецификации има деклариран throughput од 1167Mbps (го рекламираат како AC1200). И пак брзините со 150/150 пакетот од Телекабел беа околу 96-98Mbps up/down, затоа што нема гигабитна порта и затоа што толку е лимитот на портата - 100Mbps. Исто ко и на F3 што го имал и вратил членот.​
Јас овде се откажувам, ако и ова не го разбираш, слободно продолжи со муабетот дека има закон што ја опфаќа ситуацијата и дека фирмата го испочитувала па му ги вратиле парите.​
Моментално го оставив AC8 кај мене аме не е рутер само АП, добивам 866 мегабита (околу 85 мегабајти) на најјакиот клиент, нормално ако нема друго оптеретување. Прв рутер во таа мрежа е RB750GL

Нејсе, не би требало да има проблеми да ги избутка 150 ни АЦ6 освен ако не е во прашање конфликтот со тенда и телекабел.

ontopic
Маркетингот е таков каков што е, не е ни од сега, не е ни нешто ново. Кој не се разбира најдобро да праша. И во салон да праша ако незнаат да му кажат или објаснат, најубаво да не купува додека не разбере убаво.

Долго време бев поборник за лан кабел секаде, само дома имам над 600м бакар. Ама реалноста е таква каква што е, брз и стабилен WiFi е се по потребен.

Јас лично не му замерив на членот @bogev4eboy (нит па го изхејтав за нешто колку што сум свесен), освен за тоа што ја крие фирмата. Сите фирми батка се тука на тапет. Никој не е поштеден. Добри и лоши искуства има буквално со сите.

ПС Да не се „Боки Компјутери“ :D :D
 
fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,715
2,972
Ете не сум видел што сум купил, плус јас од сега натака секогаш кога ќе треба да купам нешто според тебе треба да направам анализа на сите пазари (и по брендови и по цени) пред да купам нешто и да донесам одлука за купување. Пр. за тоа дали да купам кока кола или газоза, јас треба да имам познавање од сите вештачки супстанци што почнуваат на Е и тогаш да одлучам што да купам. Па не, одговорот ти е категорично НЕ! Идам купувам и ако има проблем го враќам или го поправаат. Тоа ти е исто како сега ако треба да купам кола да сум експерт за коли, или ако треба стан да купам да сум експерт за архитектура, или ако треба да купам клима да ги разбирам сите работи што ги пишува во спецификација.
Се надевам не си сериозен со муабетов. Ако ти сам не си направиш истражување за тоа што го купуваш, како побогу очекуваш да ти ги исполни потребите и барањата? Во најмала рака ТИ треба да провериш детално дали она што го купуваш ти ги задоволува потребите. Ќе се вратам пак на примерот со колите, само малку поинаков - купи Aygo, вози го година дена, и оди после во Toyota речи им "сакам да го вратам, не оди 300km/h на автопат". И пиши како си поминал.

Јас никаде не кажав дека сум сакал пари или дека сум барал замена. Проверив видов дека има проблем, пред да го измерам директно од модем се јавив во телекаел зашто не знаев дали воопшто промената на пакетот била направена зашто месеци наназад од некоја причина имав 94/92 интернет иако плаќав 40/40 пакет ... мислев дека нешто прават/тестираат. Кога ми кажаа дека е океј брзината на нивна страна мерев и ете заклучив дека рутерот е проблем. Се јавив и кажав шо е проблемот. Е сега гледај, тоа шо тебе и на сите овие што зборат не ви е јасно е тоа шо тие може да си кажат проблемот е тоа тоа и тоа. Ако имаат оправдана причина и јас не сум во право, како да ги убедам да го земенат?
Каков проблем? Рутерот по спецификација на портите оди до 100Mbps, ти си ги добил. Кај е тука проблемот?

Каде прочита дека сум се пофалил?
А што е првиот пост со кој и почна темава?

Можеби треба да ги бараме да ни дадат образложение како ја донесиле одлуката, шо мислиш? :unsure:
Можеби. Не им сум в сервис да знам зошто ти ги вратиле парите.

Моментално го оставив AC8 кај мене аме не е рутер само АП, добивам 866 мегабита (околу 85 мегабајти) на најјакиот клиент, нормално ако нема друго оптеретување. Прв рутер во таа мрежа е RB750GL

Разликата меѓу AC6 што го користев јас и AC8 што го имаш ти е што на AC8 портите се гигабитни, а на AC6 се ограничени на 100Mbps. Кратко го имав мојот, не пробав од уред до уред да префрлам било што за да видам дали ќе постигне брзина ама настрана од тоа рутерот си работеше as advertised, без проблем.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,517
Мислења
858,423
Членови
29,929
Најнов член
Jov4e
На врв Дно