1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Замена на сокет во Скопје!

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од Can4sta, 17 Декември 2015.

  1. Can4sta

    Can4sta
    Баниран/a

    308
    333
    19 Јануари 2008
    Поздрав!

    Да не знаете некој кој е може да смени сокет на матична плоча(1150), се работи за следната матична B85M-G, инаку матичната не е моја туку на другар, но ми ја поклони :)

    Слика:
    [​IMG]

    чао.
     
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,379
    3,701
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Тешко некој и да се нафате, и да се нафате би те коштало колку половна таква.
     
    На Can4sta му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tomi

    tomi
    Guru

    9,817
    9,058
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    И тој што ке се нафати само џабе парите ке ти ги земе :), Ова е тешко за прередување и ке те кошта колку нова плоча :)
     
    На Can4sta му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,705
    7,061
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Ако нема скршени пинови, акни две ракии да смириш живци, подебела игла колку да го собере пинот внатре и пешачи пин по пин исправај ги. :)
     
    На Boldozer, Creed_Bratton, Banjifiko и уште 5 други им се допаѓа ова.
  5. tomi

    tomi
    Guru

    9,817
    9,058
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Брат на волку искривени пинови мислам дека и најстрпливиот со точна прецизност не би ја решил :), во најмал процент 2-3 ке се скршат, овде има исправање на повеќе од 30 пина :)
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,762
    3,206
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    партали е матичнава...мислам дека никој нема да ти се нафати, ама баш никој...
     
  7. Викса

    Викса
    On your way to fame

    517
    647
    12 Март 2011
    Машко
    Не знам дали е до аголот на сликата или такви се пиновите ама ми изгледа дека се повеќе од 30 пинови за исправање т.е. цела лева страна е со нешто сплесната. Јас да сум на твое место би пробал сам да ги исправам со некоја алатка (картичка) што ќе ја собере измеѓу пиновите и да ги поместиш сите заедно т.е. да ги вратиш во нормала , а тие што се ептен искривени едно по едно со лупа :)

    Good Luck Sir. :)
     
    На Can4sta му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Astro

    Astro
    Guru

    6,250
    8,649
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Keep it for scrap.
    Не се исплати.
     
  9. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,630
    1,408
    27 Јануари 2011
    Машко
    Како му успеало вака да ги искриви?
    Врати му ја на другар ти.
     
    На Can4sta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bazinga

    Bazinga
    Gaining Experience

    123
    82
    15 Септември 2012
    Само од @Daniel86 советот да го прифатиш, мене ми успеало и тоа без ракии. ;)
     
  11. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    361
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    Море ако е Кавадаречка ракиата не да ги исправе подобра од нова ке биде ;)
     
  12. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,705
    7,061
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Затоа се ракиите, ако исправи 29 пина, 30-тиот да му се скрши, ич да не му е гајле, него да стане да си напраи шопска и да сипе уште некоја, па да му живот проџе у весељу :)
    Зафркнато е што има некои што се на пола свиткани, со тие може да има проблем, а оние што се од корен свиткани, тие полесно се кинат, ама па и се исправаат со помалку потези. Тука и појак фен (не индустриски) би завршил работа, да ги омекнува нонстоп па колку толку да му иде полесно и да го намали ризикот од кинење. И ако успее, тестирање со најчкартниот и најефтин процесор, пошто голема е шансата да се преклопат некои пинови кога ќе легне процесорот, иако изгледаат на око саглам. Глеам дека некој ќе се поти :)
     
    На Grimriper, Стап, OldSchoolPvP и уште 4 други им се допаѓа ова.
  13. emet_

    emet_
    Гостин

  14. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,379
    3,701
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Абре ајде 10 извиткани пинови имам исправано на MSI P35 Platinium a 11-от ми се скина ама среќа што бил тој неактивен и све си работеше плочата.
     

Сподели

Вчитување...