Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Замена на процесор

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.512
14.854
Еве ти, прочитај троа што е RAM training.
Секогаш кога менуваш РАМ, плоча или контролер (процесор) на РАМ-от му треба тренинг. Ако од прва или втора не добиваш слика, треба да го оставиш малце да поработи или да го рестартираш неколку пати во размак од 10-15 минути.

Пак не кажа колку мемориски модули се, 2 или 4. Башка, плочата е ептен ентри левел, може да и треба повеќе време додека да подигне. Ако се 4 модули, можно е ентри левел плоча воопшто и да не подигне никогаш.
 
Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.325
823
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Благодарам на информација...
Никој не може да знае сѐ, а уште помалку во IT сфера...

Кит од 2

Ќе имам на ум да заменам матична за подобра со план во домашен буџет а и се надевам нова работна позиција.

Имено мислиш дека е добра мисла да се планира и за RAM на подобар такт?
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
9.512
14.854
Благодарам на информација...
Никој не може да знае сѐ, а уште помалку во IT сфера...

Кит од 2

Ќе имам на ум да заменам матична за подобра со план во домашен буџет а и се надевам нова работна позиција.

Имено мислиш дека е добра мисла да се планира и за RAM на подобар такт?
Да, рајзенот, особено овој со 8 јадра сака побрз РАМ, минимум 3200, поможност 3600, тоа се оптималните фрекфенции за тој контролер.

Но сепак, нема универзално правило и едноставен одговор, зависи од типот на работата и оптеретувањето. За гејминг ќе има бенефит, за нормална секојдневна употреба нема да има бенефит 3200 наспроти 2666.
 
Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.325
823
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Далеку сум од гејминг...
Сепак некогаш знаат јадра да кренат изненадно да процесираат...
А ако процесираат има читање, пишување па не знам реално колку е бенефит реален од 2666 до 3600 во реално сценарио...
Меѓутоа ко што рече примарно е најверојатно подобра класа MB
 
Последна промена:

xenon

Epic
15 јануари 2011
4.000
10.614
Skopje
xenon's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7950X, 420mm Arctic Freezer Push-Pull
Motherboard
Asux X670E-E
Storage
8TB (1 x 980 PRO 2TB + 3Х KC3000) SSD / 2 x 8tb HDD
PSU
Antec 1300W Pro Platinum
RAM
64GB (2x32) DDR5 6000Mhz G.skill TridenT Z C30
Video card
Gigabyte 7900 XT 20GB
Case
Enthoo Primo - Phanteks
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
Logitech Craft
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x, Adam A3x, TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
42" OLED Asus Rog Swift PG42UQ
OS
Windows 11 Pro
Што процесор имало пред 5800х?
Направи апдејт на најнов биос пред менување на процесор?
Таа плоча има х1 8 пински конектор и слаба напонска секција, нема да вози 5800х оптимално а и ќе врие врм-то.
Рам исто, за 5*** серија барем 3200мхз рам треба.
 
Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.325
823
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Што процесор имало пред 5800х?
Направи апдејт на најнов биос пред менување на процесор?
Таа плоча има х1 8 пински конектор и слаба напонска секција, нема да вози 5800х оптимално а и ќе врие врм-то.
Рам исто, за 5*** серија барем 3200мхз рам треба.

Претходно имаше соодветно исти процесор.
Bios-от е најнов колку што знам (ама пак ќе ѕирнам)
Работи веќе подолго време со тој модел на процесор.

VRM од што е прашање конкретно како ќе се однесува?

RAM прашање е како што рече Astro колку се сака да се има оптималност при работа...
Моментално не сум во можност да ставам два приоритети истовремено , првично ми е значајно нов Apple!!!
 
VRM е електронски склоп кој ја прилагодува струјата за потребите на процесорот, има и на графичките карти исто. Колку повеќе струја влече процесорот, толку повеќе VRM-от е под напор и толку повеќе се загрева. Ако VRM-от е слаб, односно несоодветен, на пример ако ставиш на твојата плоча сега 16 јадрен процесор, процесорот ќе работи на најниска можна фрекфенција, може да има нестабилност на целиот систем. Едноставно кажано, има VRM-и со 6 фази, а има и со 14. Колку повеќе фази и од подобар квалитет, толку посилни процесори може да работат под полни перформанси, повисоки оверклокови, подобра стабилност, подолг животен век на плочата.
 
Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.325
823
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Mеморијата има значаен удел во VRM?
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
9.512
14.854
Mеморијата има значаен удел во VRM?
Нема никаков удел во VRM на процесорот.
Уствари има минимален. Ако меморискиот контролер на процесорот треба да вози меморија на повисока фрекфенција, ќе троши и соодветно повеќе струја во единица време. Ама тоа е занемарливо.
Ако 5800X ти троши 130w максимално под оптеретување, на меморискиот контролер дали 10% ќе отпадне. Најмногу влечат јадрата.
 
Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.325
823
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Тогаш претпоставувам удел има соодветен и PCI слот? Неговиот удел би се рачунал во сооднос на проток на податоци или проток одделно на потребна енергија за процесирање...!?
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
9.512
14.854
Тогаш претпоставувам удел има соодветен и PCI слот? Неговиот удел би се рачунал во сооднос на проток на податоци или проток одделно на потребна енергија за процесирање...!?
Да, и PCI-Express контролерот се наоѓа на процесорот и само проток на податоци. Ако имаш графичка карта или друг уред на PCI-E слотот, тие си имаат сопствено напојување преку PCI-E сокетот. Процесорот не влече струја и за нив.
 
Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.325
823
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Благодарам Астро...
ќе имам доста информации за читање и осознавање...
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.432
4.383
Скопје
hackitfree.github.io
ASUS B450M-A
Ryzen 5800x
2666MHz кит
Толку требаше.. Не болеше - нели ;)
За таа комбинација на компоненти и за да добиеш пореспонзивен ПЦ и побрзо да анзипува - зипува , отвара програми ти треба меморија над 3200Мхц. Идеално 3800Мхц ама ретко кој процесор може да е стабилен на таа фрекфенција. Мојот 5600Х е на 3733Мхц. И кога ќе смалам грзина на 2400Мхц -даалеку е поспор.
Тие стикови РАМ што ги имаш - можно е да се оверклокуваат на 3200Мхз -99% има шанси . Матичната не е проблем .
Совет ако ти треба брза меморија купи 2 х 8ГБ или 2 х16Гб 3600Мхц РАМ . Или барем 3200Мхц
 
Последна промена:

Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.325
823
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Никола за да се добие некое знаење треба да се потроши и некој збор повеќе.
Не секогаш да не прашања водат до поголемо знаење.
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.432
4.383
Скопје
hackitfree.github.io
Да, рајзенот, особено овој со 8 јадра сака побрз РАМ, минимум 3200, поможност 3600, тоа се оптималните фрекфенции за тој контролер.

Но сепак, нема универзално правило и едноставен одговор, зависи од типот на работата и оптеретувањето. За гејминг ќе има бенефит, за нормална секојдневна употреба нема да има бенефит 3200 наспроти 2666.
Сепак не се слагам баш - и за секојдневна работа има значително забрзување. 10% !
Мислењето е автоматски споено:

Никола за да се добие некое знаење треба да се потроши и некој збор повеќе.
Не секогаш да не прашања водат до поголемо знаење.
Важно не се лути и да се нервираш без потреба. Тешко е со пишување некогаш . Со 100 збора да проба да се изрази човек - и пак погрешно може да биде сфатен , и нормално колку повеќе инфо ќе дадеш - полесно е да го разберат проблемот ;)
 
Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.325
823
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Важно не се лути и да се нервираш без потреба. Тешко е со пишување некогаш . Со 100 збора да проба да се изрази човек - и пак погрешно може да биде сфатен , и нормално колку повеќе инфо ќе дадеш - полесно е да го разберат проблемот ;)

Напротив! Доколку никој не пишува ќе нема што да се чита.
А денес информацијате е таа што го чини светот поразбирлив, поедноставен и поподготвен за напредок.
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
47.515
Мислења
981.528
Членови
35.771
Најнов член
HanaArs
На врв Дно