• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Законот на Мур

  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Сигурно имате чуено за законот на Гордон Мур (Gordon Moore), создавачот на Интел, кој "предвиде" дека компјутерската моќ ќе се дуплира секои 18 месеци а пропорционално со тоа цената за производство ќе опаѓа за 50%.

Дали доаѓаме во фаза каде што законот "престанува да важи" или... што мислите?
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Да, па имаше некои корекции на тој „закон“ ама сеа не ми текнува кои беа.
 

Drash

Intern
14 јули 2007
252
3
Па мислам дека ќе престане да важи тој закон оти мислам дека веќе сме на работ на физички можната моќ на процесорите, а сега веќе поќна да се развиваат процесори со повеќе јадра, по се изгледа дека веќе сите компоненти ќе се произведуваат со сопствен процесор ама физика си е физика
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Се надевам дека тој закон нема да важи наскоро. Минатата недела читав во весник дека научниците успеале да направат огромен чекор во правењето на квантен компјутер. Досега им успевало да натераат да комуницираат квантни атоми само меѓу себе, а сега успеале и многу подалеку. Се очекува ваков компјутер да изврши сложена операција само за неколку секунди, а за иста таква операција на денешните најмоќни компјутери им требало неколку години. Тоа ќе биде лудница. Ќе можат научни теории да се докажуваат за неколку денови, а науката би требало да лета. Она на што се надевам јас е дека за брзо време Enterprise во Star Trek ќе преставува застарена технологија. :)
 
M

Mr.Alien

Гостин
Па, релативно бил прецизен со предвидувањата :rolleyes: .
Секако, потребни се нови корекции. Кај процесорите магичната граница од 4 GHz не е достигната - 3.8 GHz со Prescott јадро кај Intel, 2.8 GHz кај Athlon64 FX-57 (San Diego јадро).
Актуелните архитектури со едно процесорско јадро тука го достигнаа лимитот, поточно Intel - огромни загревања предизвикани поради големиот pipeline кај Branch Prediction единицата (NetBurst архитектура). 31 ниво овозможи високи работни тактови, но честопати со грешки при операцијата за предвидување на текот на операциите (односно раширувањето, разгранувањето, појавувањето на подваријанти, во смисол "што ако"). Една грешка значи враќање назад, што чини еден изгубен такт. Сето тоа беше пропратено со големо загревање.
Тоа беше причината Интел да се наврати на старата добра архитектура на Pentium III процесорите, врз која се градени Pentium M процесорите за лаптоп конфигурациите. Резултат се денешните двојадрени и четворојадрени процесори, како и Celeron-ите (едно јадро), кои се далеку помоќни и поефикасни од нивните претходници, иако работат на пониски работни тактови.
А воедно, кај овие процесори е намален и бројот на транзистори по јадро во однос на Prescott базираните процесори со 2 MB L2 кеш, а е сосема малку зголемен во однос на истите овие процесори кои располагаат со 1 MB L2 кеш.
Moќноста на процесорите не се зголемува баш за 50%, како што ни цената на паѓа за 50%. Вистинската моќност на четиријадрените ќе дојде до израз кога ќе се појават апликации оптимизирани за нив, кои ќе ги искористуваат сите четири јадра. Засега нема такви, а предноста на повеќето јадра доаѓа до израз само при multitasking.
AMD од своја страна само го зголеми бројот на јадра (од едно на две) - муабетот во поглед на процентите е ист како и кај Intel.
Според табелата, капацитетот на хард дисковите отприлика е тој како е предвидено (ме интересира тука да не е направен update). Цените се пониски, но пак не би можел да тврдам дека процентуално тоа изнесува 50%.
Законот треба да претрпи ревизии, во секој случај.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,550
Мислења
823,154
Членови
28,061
Најнов член
Viktorofski
На врв Дно