• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Закон за заштита на потрошувачи

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,565
3,860
Скопје
Нема никаде вакви рокови со 7(или 15 дена) при недостаток. 15 дена е она ако не одговара по боја, големина,.... трте мрте.
При недостаток мора да помине проверка, и потоа да се изјасни купувачот што сака да се прави. https://economy.gov.mk/Upload/Documents/zakon za potro[uvaci pdf.pdf Член42 и натака.

Има фискални. Кој како ќе реши да дава. Сакаш фискална сакаш фактура. Важно документ има. Ама тоа нели се кај легални продавачи. Овие ФБ преваранти нема ништо од тоа, и ништо не ги фаќа освен кривична пријава во МВР за превара и компјутерски криминал.

15 дена е рокот да бараш замена ако ти дадат производ што не одговара „или од други причини“ член 50.

А за електронска трговија не мора фискални, дури и за обична трговија има „ односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда“ на пр.. Затоа и викам да види дали има регистрирано фирма на таа адреса и да тера по Законите како за фирми наместо за измама. Он пишал на фирма OnTopShoes7 на ФБ страна а не на човек.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,942
3,332
15 дена е рокот да бараш замена ако ти дадат производ што не одговара „или од други причини“ член 50.
Мешаш работи. Член 50 е за Замена на производ по лична желба на купувачот т.е. „ Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор. “
За откриени недостатоци си има член 43 специјално за тоа.
А за електронска трговија не мора фискални, дури и за обична трговија има „ односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда“ на пр..
Мора фискална или фактура. Сметкопотврда одамна не важи, само не е апдејтирано и усогласено во овој закон. Закон за трговија и Закон за електронска трговија си ги регулираат тие работи.
Затоа и викам да види дали има регистрирано фирма на таа адреса и да тера по Законите како за фирми наместо за измама. Он пишал на фирма OnTopShoes7 на ФБ страна а не на човек.
Не знаеме дали OnTopShoes7 (8,9,10,11...) е фирма (99,99% не е). Тоа што е ФБ Страна ништо, ама баш ништо не менува. ФБ не бара, ни некаде приморува да ФБ страна (FB Page) биде креирана и ја поседува само фирма а не и физичко лице. Да беа они легални ќе ставеа адреса, телефон, веб, емаил итн. а не контакт инбокс :)
 
olikomerc

Unstoppable
11 декември 2008
4,757
3,649
Во петокот на 30-ти Јули земав телефон. Истата вечер приметив мала дисколорација на екранот при сиви позадини. Јас би сакал да го вратам телефонот, но во законот пишува дека за замена/враќање на производ, производот не смее да биде користен. Бидејќи во продавницата го отпакуваат и пуштаат телефонот за проверка, ова некако ми нема логика. Дали можам да побарам да се замени производ и покрај отварање и користење на производот ВО ПРОДАВНИЦА ОД СТРАНА НА ПРОДАВАЧ?
Ако чуваш се комплет, најлончиња, лепенки и остало, спакувај како што е бил, стави во кутијата. И кажи дома само го вклучив, ниту изваден од кутија, приметив екранот има проблем, сакам да го вратам. И документација све што ти дале понеси, фискална/фактура, гаранција, договор.
Имаш право во рок од 15 дена.
 
13 декември 2020
47
30
Сервисирање мобилен уред во гаранција, оставен уште пред скоро месец во салон, порака со потврда за примен уред во сервисен центар два дена подоцна.
Законски доколку за 30 дена не ме известат дека уредот е сервисиран имам право на нов или паричен надоместок за уред но никако да го најдам тој дел од законот.
Прашања:
1. 30 дена дали се однесува на работни или севкупно
2. Совет како да постапам после лошо искуство на колега со најверојатно истиот сервис, не му ја признале гаранцијата измислиле дефект за кој не бил телефонот рекламиран, однесен за дисплеј рекле дека батеријата не чинела, приватно си го смени дисплејот со истата батерија еве го користи втор месец, ист бренд е телефонот различен модел.
Мојов после 3-4 месеци користење се појави проблем со микрофонот или некој јак шум при кревање па скроз занемува или нем е од сам почеток(нормално не работи со хендс-фри си работи одлично), од немање време у фиока стоеше уште најмалку толку месеци.
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
8,371
10,332
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro

1. „Работни“ денови постојат само во државна администрација. Севкупно.
2. Не разбирам, ќе постапиш така што ќе го однесеш во сервис, па после ќе исправаш криви дрини ако се деси нешто. Секоја поправка во друг сервис ти ја поништував гаранцијата.

Еве ти го законот испечати го и посочи им ако има проблем.

Член 48

1628430310974.png

И да, следува нов или во договор со продавачот замена за ист или подобар производ. Ако нема се враќаат пари

1628430508080.png
 
13 декември 2020
47
30
2. Не разбирам, ќе постапиш така што ќе го однесеш во сервис, па после ќе исправаш криви дрини ако се деси нешто. Секоја поправка во друг сервис ти ја поништував гаранцијата.
Во сервис е веќе мобилниот, безмалку 30 дена, криви дрини пробувам да превенирам да се искриват, песимист по вокација и раѓање и тоа ако според мојот мајндсетап ќе се случи 99,102% а и според искуството на колегата, затоа поставив прашање за совет како да постапам ако ми измислат и на мене како што му измислија на колегата, пред да истечат тие 30 дена се разбира... Не ни имав намера да го носам во друг сервис додека не ме одјебат у гарантен...
Инаку сега видов дека требало да ми дадат уред на користење, се позајмував и користам зајмен мобилен ама тоа е, не си ги знаеме правата а баш да не речам скоро никогаши не сме етички подковани/расположени...
 
G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
825
1,012
Ако може некој да ми посочи дали, и во кој член од законот е регулирано давање на заменски уред привремено, додека оригиналниот се сервисира?
Имам читано, а и што ми спомнувале, пример за мобилен знаат од сервис да ви дадат привремено друг уред. Но дали ова е законски регулирано или е на добра волја на фирмата?
Друго, ако воопшто важи ова и има закон, дали опфаќа само ИТ/мобилни компоненти(дека главно само кај такви компании давале заменски) или и од друг тип на уреди?
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,565
3,860
Скопје
Во кои закони гледаше?

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
825
1,012
Во кои закони гледаше?

Ова е океј, но дали е пишано во закон?
Расипаното не смее да стои повеќе од 30 дена на сервисирање, а за тоа време треба да се обезбеди соодветна замена“.

Тука барав, но не најдов каде го посочува истото некој член https://economy.gov.mk/Upload/Documents/zakon za potro[uvaci pdf.pdf

Aко го има некаде те молам постави линк/скриншот од членот.
 
goce03

Unstoppable
20 јануари 2015
1,194
2,155
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10

Еве ти го неколку поста погоре цитиран.
Член 48 став 2 од Закон за заштита на потрошувачи.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
8,131
11,670
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Еве ти го неколку поста погоре цитиран.
Член 48 став 2 од Закон за заштита на потрошувачи.
За кое време „треба“ да се обезбеди замена? За тие 30 дена или за деновите над 30 дена?
Зборот „треба“ не може да се користи во закон. Или се има обврска или се нема. Препораки во закони не може да стојат.
 
TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
3,203
5,841
Еве ти го неколку поста погоре цитиран.
Член 48 став 2 од Закон за заштита на потрошувачи.

Meanwhile iStyle:

3. Еден заменски уред за време на сервисна поправка. На корисникот се позајмува еден iPhone уред, без дополнителни трошоци, со до 3 вакви побарувања во текот на една календарска година од набавката на iSTYLE Comfort пакетот.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,565
3,860
Скопје
За кое време „треба“ да се обезбеди замена? За тие 30 дена или за деновите над 30 дена?
Зборот „треба“ не може да се користи во закон. Или се има обврска или се нема. Препораки во закони не може да стојат.
Види ги казнените одредби, со тој стап маваат
 
goce03

Unstoppable
20 јануари 2015
1,194
2,155
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
За кое време „треба“ да се обезбеди замена? За тие 30 дена или за деновите над 30 дена?
Зборот „треба“ не може да се користи во закон. Или се има обврска или се нема. Препораки во закони не може да стојат.
,,Треба" е императивна норма, која се исповетува со ,,мора". Во овој случај истата законска одредба е правилно обезбедена со глоба пропишана со член 136 став 1 точка 24 од ЗЗП.
Имено, соглано член 136 став 1 точка 24 од ЗЗП e е уредено следното :
,, Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец, ако:
24) не постапи по барањето на потрошувачот во случаите од членот 45 став 2, членот 46 став 2, членот 48 ставови 1 и 2 и членот 50 на овој закон"
Во овој случај законските одредби се сосема ок, сосема друго прашање е спроведување на законските одредби од надлежните, како и информираноста и одлучноста за потрошувачите за своите права и остварување на истите.
Патем, и декларативните одредби (,,препораки") во легислатвивата имаат своја функција, друго прашање е што истите во пракса повеќе имаат релеватност во евентуална судска постапка во Македонија, за разлика од нормалните држави.
 
Последна промена:

Vlad944

Practice makes perfect
3 март 2015
450
1,052
Битола
Сликата почна да трепери, како на стар ТВ
Законот за враќање на средствата во рок од 15 дена нема да ти важат поради што ќе мора да оди мониторот на сервис прво и да се провери што го фркна.
Кога ќе го однесеш од тој ден рачунај 2 - 3 недели ќе биди на сервис.
 
tnvski

Intern
5 мај 2017
17
4
Законот за враќање на средствата во рок од 15 дена нема да ти важат поради што ќе мора да оди мониторот на сервис прво и да се провери што го фркна.
Кога ќе го однесеш од тој ден рачунај 2 - 3 недели ќе биди на сервис.
Кога важи тој закон од 15 дена?
 
Vlad944

Practice makes perfect
3 март 2015
450
1,052
Битола
Кога важи тој закон од 15 дена?
Oд моментот кога си го купил делот законски имаш можност да го вратиш и парите да ти бидат вратени.Но за да ти ги вратат средствата мора да биди некористен делот и да биде со сите фабрични лепенки,кутии и тн.
Но во твојот случај овој закон од 15 дена неважи поради што има дефект и поради тоа ќе мора на сервис.
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
8,371
10,332
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Oд моментот кога си го купил делот законски имаш можност да го вратиш и парите да ти бидат вратени.Но за да ти ги вратат средствата мора да биди некористен делот и да биде со сите фабрични лепенки,кутии и тн.
Но во твојот случај овој закон од 15 дена неважи поради што има дефект и поради тоа ќе мора на сервис.

Важи. И јас мислев дека дефект во првите 15 дена не важи ама еве во декември земав машина за садови од нептун почна да тече (кај што нетреба). Им се јавив и сами рекоа пошто е во тој рок од 15 дена ќе ја замениме со нова. Нема потреба од сервис.
 
Vlad944

Practice makes perfect
3 март 2015
450
1,052
Битола
Важи. И јас мислев дека дефект во првите 15 дена не важи ама еве во декември земав машина за садови од нептун почна да тече (кај што нетреба). Им се јавив и сами рекоа пошто е во тој рок од 15 дена ќе ја замениме со нова. Нема потреба од сервис.
Незнам што да речам.
По се изгледа си ги толкуваат законите како што им одговара ним.Досега се што сум вратил во рок од 15 дена ги задржале на сервис 15 работни дена.
Само еднаш ми се погоди во Сетек за 2 плочки рам да ми ги вратат средтсвата без да ги задржат за сервис.
Во Анхоч бев да вратам процесор некористен и воопшто неотпакован во рок од 3 дена од кога го зедов, не ми ги вратија средствата иако им посочив дека имам право по закон да си ги добијам парите назад.
Одговорот кој го добив беше дека од кај ќе знаеле тие дека не удиран горен итн... и ајт на сервис... за нов неотворен,неработен процесор чекав 15 дена за парите да ми ги вратат поради што така му гласел нивниот закон а на потрошувачот кој го еба.
 
gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,905
1,546
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
По се изгледа си ги толкуваат законите како што им одговара ним.Досега се што сум вратил во рок од 15 дена ги задржале на сервис 15 работни дена.
во тие 15 дена ти имаш право да речеш не го сакам ова, no questions asked.

е сеа, „нормално“ они нема да ти го понудат и објаснат тоа. ама ако си побараш мора да ти дадат, ако не ти дадат, ќе го јадат.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,565
3,860
Скопје
во тие 15 дена ти имаш право да речеш не го сакам ова, no questions asked.

е сеа, „нормално“ они нема да ти го понудат и објаснат тоа. ама ако си побараш мора да ти дадат, ако не ти дадат, ќе го јадат.
Малце е позакукуљено, ама проблемот е кога ќе ти продадат неисправен производ нема логика ти да ги чекаш да го поправат во првите 15 дена или така нешто. Значи ако е расипано - не излегуваш од дуќан додека не ти дадат исправен производ. Или парите назад. Нема трето.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,142
Мислења
878,805
Членови
30,762
Најнов член
ristecona
На врв Дно