• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Закон за заштита на потрошувачи

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,463
3,774
Скопје
Нема никаде вакви рокови со 7(или 15 дена) при недостаток. 15 дена е она ако не одговара по боја, големина,.... трте мрте.
При недостаток мора да помине проверка, и потоа да се изјасни купувачот што сака да се прави. https://economy.gov.mk/Upload/Documents/zakon za potro[uvaci pdf.pdf Член42 и натака.

Има фискални. Кој како ќе реши да дава. Сакаш фискална сакаш фактура. Важно документ има. Ама тоа нели се кај легални продавачи. Овие ФБ преваранти нема ништо од тоа, и ништо не ги фаќа освен кривична пријава во МВР за превара и компјутерски криминал.
15 дена е рокот да бараш замена ако ти дадат производ што не одговара „или од други причини“ член 50.

А за електронска трговија не мора фискални, дури и за обична трговија има „ односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда“ на пр.. Затоа и викам да види дали има регистрирано фирма на таа адреса и да тера по Законите како за фирми наместо за измама. Он пишал на фирма OnTopShoes7 на ФБ страна а не на човек.
 

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,635
3,013
15 дена е рокот да бараш замена ако ти дадат производ што не одговара „или од други причини“ член 50.
Мешаш работи. Член 50 е за Замена на производ по лична желба на купувачот т.е. „ Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор. “
За откриени недостатоци си има член 43 специјално за тоа.
А за електронска трговија не мора фискални, дури и за обична трговија има „ односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда“ на пр..
Мора фискална или фактура. Сметкопотврда одамна не важи, само не е апдејтирано и усогласено во овој закон. Закон за трговија и Закон за електронска трговија си ги регулираат тие работи.
Затоа и викам да види дали има регистрирано фирма на таа адреса и да тера по Законите како за фирми наместо за измама. Он пишал на фирма OnTopShoes7 на ФБ страна а не на човек.
Не знаеме дали OnTopShoes7 (8,9,10,11...) е фирма (99,99% не е). Тоа што е ФБ Страна ништо, ама баш ништо не менува. ФБ не бара, ни некаде приморува да ФБ страна (FB Page) биде креирана и ја поседува само фирма а не и физичко лице. Да беа они легални ќе ставеа адреса, телефон, веб, емаил итн. а не контакт инбокс :)
 

olikomerc

Unstoppable
11 декември 2008
4,730
3,634
Во петокот на 30-ти Јули земав телефон. Истата вечер приметив мала дисколорација на екранот при сиви позадини. Јас би сакал да го вратам телефонот, но во законот пишува дека за замена/враќање на производ, производот не смее да биде користен. Бидејќи во продавницата го отпакуваат и пуштаат телефонот за проверка, ова некако ми нема логика. Дали можам да побарам да се замени производ и покрај отварање и користење на производот ВО ПРОДАВНИЦА ОД СТРАНА НА ПРОДАВАЧ?
Ако чуваш се комплет, најлончиња, лепенки и остало, спакувај како што е бил, стави во кутијата. И кажи дома само го вклучив, ниту изваден од кутија, приметив екранот има проблем, сакам да го вратам. И документација све што ти дале понеси, фискална/фактура, гаранција, договор.
Имаш право во рок од 15 дена.
 
13 декември 2020
47
30
Сервисирање мобилен уред во гаранција, оставен уште пред скоро месец во салон, порака со потврда за примен уред во сервисен центар два дена подоцна.
Законски доколку за 30 дена не ме известат дека уредот е сервисиран имам право на нов или паричен надоместок за уред но никако да го најдам тој дел од законот.
Прашања:
1. 30 дена дали се однесува на работни или севкупно
2. Совет како да постапам после лошо искуство на колега со најверојатно истиот сервис, не му ја признале гаранцијата измислиле дефект за кој не бил телефонот рекламиран, однесен за дисплеј рекле дека батеријата не чинела, приватно си го смени дисплејот со истата батерија еве го користи втор месец, ист бренд е телефонот различен модел.
Мојов после 3-4 месеци користење се појави проблем со микрофонот или некој јак шум при кревање па скроз занемува или нем е од сам почеток(нормално не работи со хендс-фри си работи одлично), од немање време у фиока стоеше уште најмалку толку месеци.
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,823
9,251
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Сервисирање мобилен уред во гаранција, оставен уште пред скоро месец во салон, порака со потврда за примен уред во сервисен центар два дена подоцна.
Законски доколку за 30 дена не ме известат дека уредот е сервисиран имам право на нов или паричен надоместок за уред но никако да го најдам тој дел од законот.
Прашања:
1. 30 дена дали се однесува на работни или севкупно
2. Совет како да постапам после лошо искуство на колега со најверојатно истиот сервис, не му ја признале гаранцијата измислиле дефект за кој не бил телефонот рекламиран, однесен за дисплеј рекле дека батеријата не чинела, приватно си го смени дисплејот со истата батерија еве го користи втор месец, ист бренд е телефонот различен модел.
Мојов после 3-4 месеци користење се појави проблем со микрофонот или некој јак шум при кревање па скроз занемува или нем е од сам почеток(нормално не работи со хендс-фри си работи одлично), од немање време у фиока стоеше уште најмалку толку месеци.
1. „Работни“ денови постојат само во државна администрација. Севкупно.
2. Не разбирам, ќе постапиш така што ќе го однесеш во сервис, па после ќе исправаш криви дрини ако се деси нешто. Секоја поправка во друг сервис ти ја поништував гаранцијата.

Еве ти го законот испечати го и посочи им ако има проблем.

Член 48

1628430310974.png

И да, следува нов или во договор со продавачот замена за ист или подобар производ. Ако нема се враќаат пари

1628430508080.png
 
13 декември 2020
47
30
2. Не разбирам, ќе постапиш така што ќе го однесеш во сервис, па после ќе исправаш криви дрини ако се деси нешто. Секоја поправка во друг сервис ти ја поништував гаранцијата.
Во сервис е веќе мобилниот, безмалку 30 дена, криви дрини пробувам да превенирам да се искриват, песимист по вокација и раѓање и тоа ако според мојот мајндсетап ќе се случи 99,102% а и според искуството на колегата, затоа поставив прашање за совет како да постапам ако ми измислат и на мене како што му измислија на колегата, пред да истечат тие 30 дена се разбира... Не ни имав намера да го носам во друг сервис додека не ме одјебат у гарантен...
Инаку сега видов дека требало да ми дадат уред на користење, се позајмував и користам зајмен мобилен ама тоа е, не си ги знаеме правата а баш да не речам скоро никогаши не сме етички подковани/расположени...
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,062
Мислења
861,282
Членови
29,919
Најнов член
ile009
На врв Дно