1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Закон за Заштита на Потрошувачи

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од Goran123, 27 Февруари 2011.

  1. Goran123

    Goran123
    Gaining Experience

    954
    158
    25 Јуни 2010
    Не успеав да најдам ваква тема, па решив да отворам нова. Сите имале проблеми при купување/продавање/поправање и слично, а ретко кој е запознаен со законот за заштита на потрошувачи.

    Се наведам дека ќе му се најде на некој. Темава ако веќе ја има, може слободно да ја тргнете, доколку ја нема, а мислите дека е важна, можете да ја направите стики, и слично.

    Сите искуства со примена на овој закон се добредојдени.

    EDIT: Не можеше attach, па еве го тука.

    Ако можат админите/модераторите, нека го прикачат.
     
    2 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  2. maci

    maci
    On your way to fame

    2,885
    648
    2 Април 2008
    мислам дека го имаше некаде на форумот
     
  3. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Стигна „честитка“ од Динерс да платам „за пиперчињата што не сум ги нарачал“. Па пред малку им пишав вака:
    ----------------------------------------------------------
    Почитувани,

    Барам итно исклучување на услугата SMS Info plus и отстранување на фактурираните 90 денари од оваа и сите наредни сметки. На телефон ми објаснија дека наводно ми бил испратен СМС (кој што не го најдов во мојот телефон). Од друга страна, според Законот за заштита на потрошувачи, верувам дека со оваа постапка сте ги повредиле чл. 80, 90, 91, 92 а особено член 102 од Законот. Ве молам итно да ја сопрете услугата што не сум ја барал и да ја тргнете наплатата од 90 денари од сметката. Јас нема да испраќам СМС за исклучување на услугата, ИСТО како што не сум испратил СМС за да се претплатам на услугата.

    Со почит,
     
  4. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Успешно разрешено. Ми ја исклучија услугата, и ми го отпишаа задолжувањето од 90 денари. Член 102 врши работа :)
     
  5. maci

    maci
    On your way to fame

    2,885
    648
    2 Април 2008
    ова нешто слично со македонки телеком.ако ти заврши договорот со нив за фиксна телефонија или за интернет,автоматски ти го продолжуваат ако не го раскинеш на денот кога ти истекува.
    значи ни да те потсетат и да те прашат дали сакаш да го продолжиш договорот ,ќутенката ти го продолжуваат.
    работава ќути и бутај.
     
  6. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Има во Законот дека не смеат. И бидејќи има ако им го раскинеш нема да можат ни да те тужат ни да те судат. Пушти ми директна порака ако ти треба помош.
     
  7. BateVane

    BateVane
    Intern

    62
    36
    22 Февруари 2011
    Машко
    Е фала многу ова е тоа што ми требаше.:bravo:
     
  8. spaski

    spaski
    Intern

    13
    1
    3 Јули 2008
    Гаранција на полу-професионална машина

    Можеби ова е тотално off-topic што се однесува до IT, но сигурно е на тема Заштита на потрошувачи. Сепак, ако сметате дека на овој post местото не му е тука, слободно отстранете го.

    Подолго време не сум пишал нешто, но како викаат, кога ти е најтешко, барај помош на форум, сигурно ќе пронајдеш некој со сличен проблем а можеби и солуција.

    Имам мали трзавици со еден добавувач на професионална отпрема за угостителски објекти. Имено, од истиот во ноември минатата година набавив полупрофесионално машинче со намена да го користам во комерцијални цели (затоа всушност и отидов да го купам апаратот токму од таа продавница, а за истото го известив увозникот). По се изгледа машинчето стоело во дуќанот со години пред да налета некоја будала како мене да побара и истото го купи истото поради тоа што му најде намена. За истото немаше никаков документ ниту упатство за работа, потребно по закон.

    Машинчето ми е купено на правно лице на 3 сметкопотврди со 3 издадени фискални сметки, нели за да се помали од 6000 денари, т.е. да може да се правдаат како материјален трошок, гаранцијата ми е рачно напишана на бланко сметко потврда меѓутоа е заверена со печат и компанијата, и потпис на раководното лице од каде е купен производот.

    Она што понатаму следеше, нажалост е тотално фијаско.

    Купено во ноември, расипано во декември, дадено на сервис после Нова Година (поради тоа што господата од компанијата биле во гужва поради НГ празници). Истото машинче сеуште чека бел ден за да проработи а веќе е март. Се изнаслушав разни прикаски, која од која полоша, а трпението го изгубив. Имав надеж дека ќе го оправат некако машинчето. Деф. ми вршеше работа додека беше во функција. Бев дури спремен и да го платам делот, иако машината ми е под гаранција. На жалост немаат резервни делови, кои по закон треба да ги имаат на минимум пет години по производството на производот или

    Е сега, во законот за заштита најдов еден куп работи прекршени од страна на трговецот, но сепак не сум преземал ништо. Сеуште толерирам.

    Колку што гледам казнените одредби се од 2-4000 евра за правното лице (најнова измена од Феб 2011), и уште нешто ситно за управителот, доколку се најдат нерегуларности.

    Ваши предлози, сугестии? Кој најефикасно би ја завршил работата? Некој step-by-step guide? Се работи за апарат вреден околу 250 ЕУР. Од машинчето дефинитивно фајде нема да видам, дури и да успее увозникот/"сервисерот" да го направи, затоа што видов колку е саатот кога ми се расипа само по месец дена употреба.

    Ви благодарам на feedback-от.
    Благодарност за Вашиот придонес кон дискусијава.
     
  9. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Наместо да фатиш да се тужиш, пробај малце со „цврсто“ да издејствуваш да ти дадат во замена нов таков апарат. Закани се дека ќе пуштиш инспекции итн., и ако не бива, тогаш превземај чекори.
     
  10. nikola_bb

    nikola_bb
    Gaining Experience

    280
    55
    14 Август 2009
    kako sto ti kaza krale i jas vo edna situacija za rasipan proizvod za kratko vreme me maftaa vaka e taka e na kraj otidov vo drustvo za zastita na potrosuvaci vo rok od nedela dena mi se javija od firmata da si podignam ist takov no nov ured
     
  11. Goran123

    Goran123
    Gaining Experience

    954
    158
    25 Јуни 2010
    Ама и ти не си баш чист :p

    Како и да е, испринтај законот, подвлечи све што прекршиле и дај им недела дена рок да средат. Или машинчето поправено, или ново исто такво или понов модел, или парите назад.

    Како што кажа и nikola_bb можеш да отидеш во друштвото за заштита на потрошувачи (појма неам кај се наоѓа ова, па може некој што знае или бил да ти објасни), само прво преиспитај се и ти колку си чист со тоа плаќањето што ти го цитирав погоре, да не излезе на крај со свој камен, по своја глава :)
     
  12. spaski

    spaski
    Intern

    13
    1
    3 Јули 2008
    Па не знам, можно е. Во принцип мене и не ми се оправдани на крај како материјални трошоци на фирмата затоа што сметководителката не ги прошла за 2010. Не е ни битно, можеби сум го купил за домашна употреба. Дури и како физички лице имаш потрошувачки права нели? ;)

    На страницата на Организацијата на потрошувачи на Македонија успеав да најдам неколку инфотеки, или информатори, меѓу кои и еден конкретно од правната област, законодавството во врска со заштитата на потрошувачите. Има цела тема на поле гаранција и гаранциски листови. Нема што да се потцртува, цела статија треба да ја маркирам. Ќе бидам толерантен до вторник, као некој последен трзај нешто да направат, т.е. да направат дел за машинчето, мада тешко.

    Информаторите ќе ги пронајдете на страницава подолу доколку Ви затребаат.
    http://www.opm.org.mk/izdanija/MK/Infoteki/

    Проблем бр.2. Соодветна замена на апаратот нема. Тоа им беше еден едини. И да има заменски, истиот не би го сакал затоа што не ја врши намената за кој се продава и од реченото од нивна страна, нема резервни делови. Да проаѓам низ истиот процес повторно не би сакал. Едино што можам и сакам да барам е замена на истиот со некој друг сличен, кој мене ќе ми врши работа или комплетно враќање на парите и исплата на оштета поради претрпените загуби (во меѓувреме, од моментот на оставање на сервис, до денес, морам да плаќам вработен кој ме чини ни помалку ни повеќе туку 15.000 месечно, толку предвидува законот за минималец). Значи 2 месеци x 15000 = 30.000 денари оштета ако не се лажам. Што мислите на оваа тема?
    Некој со искуство, или тешко кој денес во државава исплаќа оштета освен осигурителните компании?

    Ќе ве информирам како ќе заврши целата работа, се надевам најкасно до среда.

    Поздрав,
    Спаски
     
  13. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Мислам да не плеткаш здружение на заштита на потрошувачи, ако не дојде до тоа. Појди прво во фирмата и кажи им да ти ги вратат парите, бидјеќи ништо не бива од апаратот. Ако се разбрани ќе ти ги вратат и ќе си бидеш чист. Ако уште те мотаат - закани се дека ќе одиш кај ЗЗП. Ако се паметни ќе попуштат. Ако не се, тогаш оди и тужи итн.
     
  14. spaski

    spaski
    Intern

    13
    1
    3 Јули 2008
    Крале брат, се плеткам едно скоро па два ипол месеци да не речам. Ова трае од пред Нова Година. Они као нешто пробуваат да го поправат, но тешко им оди. Можам да речам дека повеќе мотаат околу, мислат ќе им го опростам, као да ми е мал трошок од 250 ЕУР. Оштетувањето било механичко (гаранцијата тоа не го покривала). Бев спремен да платам дел, не еден, туку 10, само да бидам сигурен дека ќе можам истото да го користам во иднина. Well, guess what. Они ниту имаат резервни делови, ниту можат да ги набават од извозникот. Тоа, по нашиот закон е недозволено. Мора да имаат рез. делови минимум 2 години откако мојата гаранција од нивна страна би завршила. Потврда добив и во Горенец во Аеродром, сервисот на Bosch да речеме, каде без проблем отидов и си нарачав дел за друга машина за смешна сума. Да, оштетувањето беше механичко, гаранцијата тоа не го покриваше, делот го немаа на залиха и гарантираа дека ќе го испорачаат за 3 недели кога би пристигнал од Германија за смешна сума.

    Искрено, мојот бизнис трпи загуби. Се работи за апарат кој полуавтоматски обработува одредени видови на овошје. Со истото тоа додека беше функционално, работатата одеше супер. Без него, морав да вработам лице кое истото го работи со полно работно време за да го постигне истиот ефект. И одеднаш значи, огромни издатоци кои се одразуваат на финансиската состојба на мојот бизнис.

    Се додека се обидуваме во Македонија работите да ги решаваме на мирниот начин, т.е. без да се повикуваме на понекогаш заспаните институции, ќе има несовесни компании и менаџери кои бегаат од одговорност и вината ја префрлаат на потрошувачот.

    Жалосно е што како и Bosch и овој производ потекнува од реномирана германска компанија, но едноставно увозникот/дистрибутерот не е доследен да ја работи својата работа, а богами далеку од тоа да е запознаен со законските норми.
     
  15. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Во ред, јас ти ја разбирам маката и те подржувам.

    Само како повеќе дознавам за твојот случај, не знам дали имаш случај. Не верувам дека постои законска обврска било кој дистрибутер да мора да има резервни делови од машина што ја продава, зборувам за делови што не подлежат на гаранција. Ако е во гаранција, тогаш да, но другото не сум сигурен. Така да прашање е правно колку можеш да ги притиснеш.

    Моја препорака директно закани се, биди маж :) и ако не им дојде памет (а на 90% ќе им дојде памет) тогаш тргај по процедури.
     
  16. spaski

    spaski
    Intern

    13
    1
    3 Јули 2008
    Мислам дека не е така во однос на деловите. Барем со искуството во Горенец, сервис за Bosch. Делот за кој јас барав замена таму, воопшто не беше под гаранција, под гаранција е само моторот како и кај сите други апарати од тој тип. Како и да е, кога отидов таму дечките за две минути, со кои пред тоа немав никаков контакт, најдоа која е шифрата на делот и истиот го нарачаа од Германија.

    Не е проблемот во тоа да си маж или не.

    Проблемот со заканата е тоа што шефот во тој објект ми беше условно кажано познаник, а дополнитено не врзува индустријата во кој работиме, патиштата постојано ни се сретнуваат. Нема смисла да нешто што може да се реши човечки, барем гледано од моја страна, мора да биде решено со закани.

    Во однос на законската регулатива, јас ја протолкував како што напишав погоре, а ти види како би го протолкувал ти па кажи. Ова е извадок од законот за заштита на потрошувачи. Законот и измените ќе ги најдеш на овој линк.

    www.pravo.org.mk

    Гаранција и сервисирање
    Член 22
    Трговецот е должен, согласно со техничките прописи со кои се
    определуваат производите за кои производителот, увозникот, односно
    застапникот на странска фирма мора да издаде гаранција за квалитетот,
    односно за исправното функционирање на производот, документ за начинот
    на употреба на производот, да обезбеди сервис за одржување и поправка и
    снабдување со резервни делови во гарантниот рок. Трговецот е должен
    најмалку за пет години од денот на производството на производот да
    обезбеди резервни делови. Во согласност со потрошувачот производот може
    да се сервисира најмногу три пати во рамките на гарантниот рок и доколку
    не се поправи производот потрошувачот има право да бара од трговецот да
    го замени со ист таков нов и исправен производ или да му го врати
    платениот износ на потрошувачот за купениот производ.
    Производителот е должен да се придржува на обврските од гарантниот лист.
     
  17. spaski

    spaski
    Intern

    13
    1
    3 Јули 2008
    Извини Крале, има уште нешто, измена на законот од 2007.

    ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ
    ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
    Сл.Весник на Р.Македонија бр.77 од 20.06.2007 година

    Член 5
    Во членот 22 став 1 втората реченица се менува и гласи: "Трговецот
    е должен најмалку за пет години од денот на производството на
    производот, но не помалку од две години од денот на истекот на
    гаранцијата на производот, да обезбеди резервни делови
    ."

    Тоа е фактот што всушност ми беше воочен од сервисерите на Bosch, инаку решавањето на работава ќе останеше на пријателска база, никогаш немаше ниту да помислам да погледнам во законот.

    BTW, јас го користев мојот производ неполн месец дена пред истиот да се искрши. Под гаранција е до ноември 2011 :)
     
  18. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Ако ти е пријател/познаник, верувај ми многу повеќе ќе почитува искрена „закана“ од типот „извини ама ако не ми ги вратиш парите, ќе морам по правни методи да ја терам работава“, отколку еден ден изненада и многу онака подло да се појави извршител. Тогаш и со право ќе може да ти каже „абе што не дојде да завршиме работа, па нели работиме заедно?“

    Што се однесува до извадокот од законот, деловите „да обезбеди сервис за одржување и поправка и снабдување со резервни делови во гарантниот рок.“ „Трговецот е должен
    најмалку за пет години од денот на производството на производот да
    обезбеди резервни делови.“ зар не ти личат контрадикторни?

    Тоа е затоа што воглавном се толкува дека првото се однесува на сервисирање на неисправен дел (она што подлежи под гаранција), а вториот на тн. потрошни резервни делови (пример купиш правосмукалка и после 1 година нема веќе кеси за тој модел).

    Сепак има нејаснотии во тој дел, што можеби остава простор нешто да издејствуваш, ама искрено овој закон е тотална глупост. Замисли сега ќе увезам некој лаптоп и што... треба да му обезбедувам резервни делови 5 години? Нон-сенс.
     
  19. spaski

    spaski
    Intern

    13
    1
    3 Јули 2008
    Па и не е баш нон-сенс. Лаптопот и сам ќе го фрлиш затоа што ти застарела технологијата. т.е. хардверски не си доволно способен да ги издржиш барањата на најновите софтверски пакети.
    Гледаш, не сум најсигурен дали истите правила важат и за комјутерите, но секако тезата за нив ти држи вода.

    Но сепак, ова моево е поинаква материја. Они немаат upgrade на моделот во меѓувреме. Не гледам зашто таа технологија би била застарена па да немаат делови.

    Верувај ми, дури од топ-шоп се добива топ услуга од типот на поддршка со резервни/потрошни делови. Да, најголем дел од се што продаваат е тотално ѓубре, меѓутоа доколку дојде до кршење на било каков дел, имаат стотици исти на лагер. Не мора да завршат со еден куп пластика како украс во нивната гаража.

    Сериозните производители во принцип, при испорака на одреден производ до своите дистрибутери ширум светот задолжително бесплатно праќаат 1-2% од целокупната вредност на нарачаната роба во резервни делови. Ова го имам чуено лично од застапник на професионална опрема во Македонија.
     
  20. Goran123

    Goran123
    Gaining Experience

    954
    158
    25 Јуни 2010
    За првиот дел, т.е. во гарантниот рок, се мисли дека ти не плаќаш за деловите, затоа што производот е сеуште под гаранција. За вториот дел, т.е. 5-те години, се мисли дека ти плаќаш за деловите, коишто мора да ти бидат достапни ;)
     
  21. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Ако е така, треба да се затворат 99% од хардвер и електронските продавници во МК.
    Законов е претеран - 5 години за лаптопи и мобилни е тотална глупост. Па толку ни производителите не обезбедуваат, а како ќе им најдеш ти како дистрибутер, на пример, на Нокиа? Моделите од 2005 ќе ги поправаш? Пошто ако некој баш се запне за законов, може да те тужи.
     
  22. spaski

    spaski
    Intern

    13
    1
    3 Јули 2008
    Welcome to the wild wild west Balkan.
     
  23. Goran123

    Goran123
    Gaining Experience

    954
    158
    25 Јуни 2010
    Закон си е закон...
     
  24. pilch@rd

    [email protected]
    Gaining Experience

    1,338
    131
    22 Август 2009
    ...а во законот има дупки, така да јас мислам дека оваа "новина" ако може така да се нарече, не ја почитуваат ни 5% од ИТ фирмите во Македонија, со исклучок на АМЦ кој што се обидува да се наметне пред другите и да ти замачак очи, како божем ти нудат некоја дополнителна услуга.
     
  25. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,705
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Потрошувач е ФИЗИЧКО лице (според Законот). И мислам дека има надеж.
     

Сподели

Вчитување...