1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Закон за пиратерија во USA

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од overrated, 2 Мај 2011.

  1. overrated

    overrated
    Intern

    191
    4
    8 Мај 2008
    Машко
    Пробав да отворам тема во Off-Topic подфорумот, но не го видов копчето за креирање на тема.
    За месец дена одам во Aмерика, па ме интересира како стои работата со внесување на пиратски софтвер во државата, имам екстерен диск со музика, филмови, еден куп книги, малку софтвер и видео туторијали. Се трудам да користам што помалку пиратски софтвер. Еднаш имам одено, но немав никаков софтвер со мене и немав никакви проблеми, ме интересира дали смејам да го носам дискот, дали некој може да го провери и такви слични работи, секој совет е добредојден.
    Благодарам,
    Поздрав
     
  2. Goran123

    Goran123
    Gaining Experience

    954
    158
    25 Јуни 2010
    TrueCrypt

    Или цел хард, или напраи фајлови со било каква наставка од по неколку гига, и внатре лупај све што ти е пиратерија. Ако некој нешто замара, фајловите ти се од личен проект за на факултет. Е сега ептен ако ти се запнат, да ти земат хардот, па да го дадат на анализа и слично, ама тешко ова.

    Мада стварно не знам како иде ова, на пример имаш оригинал CD-a со музика и DVD-a со фимови дома, и сеа да не ги м'кнеш со тебе, си праиш рип-ови на све, си ставаш на хардот, и си ги користип само за себе. Стварно не ми е јасно како се регулирани овие работи, бидејќи си ги купил легално, и можеш што сакаш да правиш со нив, се додека не ги споделиш/продадеш рип-овите. А за програми, јбг, енкриптирај краковите и слично.

    Ако некој знае повеќе како се регулирани овие работи што ги прашав погоре, слободно нека искоментира.
     
  3. overrated

    overrated
    Intern

    191
    4
    8 Мај 2008
    Машко
    и мене истото ме интересира(затоа што имам музика која што ми е рипувана од CD-а кои што ми се купени), а од програми користам само Dreamweaver(кој најверојатно ќе го сменам со Aptana Studio), Photoshop и BitDefender, друго ништо. најмногу ми е за книгите и видео туторијалите.
    како мислиш да направам фајлови и во нив да ставам други? јас помислив да го енкриптирам дискот со BitLocker-от од Win7, ама после на XP нема да можам да го отворам, а веројатно ни на Mac(таму ќе имам Mac и XP)
     
  4. Goran123

    Goran123
    Gaining Experience

    954
    158
    25 Јуни 2010
    Програмот за енкрипција што ти го пишав, има опција дали да ти го енкриптира целиот хард диск, или да ти направи контејнери (фајлови) во кои ќе ги ставаш фајловите што сакаш да ги сокриеш. Симни го програмчето, не е ништо сложено за користење, а можеш да побараш и некое видео за користење, на ЈуТјуб ;)
     
    1 person likes this.
  5. overrated

    overrated
    Intern

    191
    4
    8 Мај 2008
    Машко
    Благодарам Горан, прочитав на сајтот и го симнав, го пробувам сега :bravo:
     
  6. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,377
    344
    19 Април 2010
    Машко
    Нема ништо потреба од такви работи. Кога се преселувавме ние да живееме во USA, однесов цела торбица со CD/DVD пиратерија (os, video, музика, апликации, игри) :)
     
  7. mkd

    mkd
    Gaining Experience

    254
    99
    5 Јуни 2007
    Машко
    Во однос на mp3-ките (или CD-ата), доколку имале некаква заштита (DRM или слично), смееш да ги користиш само на соодветниот уред. На пример CD-то само во плеер, не смее конвертирање во mp3 па макар и за сопствена потреба. Доколу немаат таква заштита, смееш да направиш резервна копија (mp3-ка или копија од дискот), но не смееш да ги поставиш на интернет, да ги споделуваш со други лица и слично.

    Со плаќањето на 15 долари за CD-то, не се купуваат авторските права, т.е. не може тоа "сум платил, па ќе правам што сакам".
     

Сподели

Вчитување...