• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Закон за компјутерска безбедност и компјутерски криминал во Македонија

  • Ја почнал/а темата
  • #1

zeroscience

ZSL Bot v4.89.1.00
31 мај 2010
768
537
www.zeroscience.mk
Според ЕНЕР - Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија - Електронски национален регистар на прописи на Република Северна Македонија

КРАТОК ОПИС: Мрежата и информациските системи, а пред сè интернетот, играат суштинска улога во олеснувањето на прекуграничното движење на стоки, услуги и луѓе. Поради таа транснационална природа, значителни нарушувања на овие системи, без разлика дали се намерни или ненамерни и без оглед каде се случуваат, може да влијаат и врз Република Македонија. Затоа, безбедноста на мрежните и информациските системи е од суштинско значење за непречено функционирање на внатрешниот пазар. Имајќи предвид дека во Република Македонија отсуствува правна регулатива во оваа област, се наметна потребата за изготвување на овој закон. Дополнително, со истиот се транспонира Директивата (ЕУ) 2016/1148 на Европскиот парламент и на Советот од 6 јули 2016 година во однос на мерки за висок општ степен на безбедност на мрежа и информациски системи низ Унијата, односно НИС Директивата.

Тип на пропис: Закон
Пропис: Закон за безбедност на мрежи и информациски системи
Надлежно регулаторно тело/институција: Министерство за информатичко општество и администрација - https://www.mioa.gov.mk/

Повеќе информации: Закон за безбедност на мрежи и информациски системи

Документ закачен во овој пост како и директен линк:
- https://ener.gov.mk/files/propisi_files/plan/2_708551756Нацрт Извештај за проценка на влијанието на регула.docx

Извадок:
Предмет
Член 1

(1) Со овој закон се определуваат мерките за безбедност на мрежи и информациски системи, безбедносните услови и известувања за инциденти на мрежи и информациски системи кои треба да бидат исполнети како услови од страна на операторите на суштинските услуги и од давателите на дигитални услуги.

(2) Со овој закон се уредува стратешката соработка и размената на информации, координацијата на тимовите за одговор на компјутерски инциденти, како и обврските на единствената точка за контакт и на тимовите за одговор на компјутерски безбедносни инциденти.

(3) Со овој закон се основа мрежата за одговор на компјутерски инциденти и Дигиталната агенција на Република Северна Македонија

Национална стратегија за сајбер безбедност 2018 - 2022: https://mvr.gov.mk/Upload/Editor_Upload/AP v1_13MK.pdf
Линкови: Република Северна Македонија - Министерство за внатрешни работи и Република Северна Македонија - Министерство за внатрешни работи

Исто така, една презентација на тема сајбер безбедност и сајбер криминал (документ закачен во овој пост) од страна на проф. д-р Светлана Николоска при универзитетот "Св. Климент Охридски" - Факултет за безбедност - Скопје:

- Материјал по предметот Компјутерска безбедност насока Безбедност – Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
- https://fb.uklo.edu.mk/wp-content/uploads/2020/04/Kompjuterska-bezbednost.prezentatsija-KOMPLET.pptx


Интегритет:
Код:
SHA256 hash of Kompjuterska-bezbednost.prezentatsija-KOMPLET.pptx:
9b091bc8a2aa9105c1782a31b2c4abea2100be6bdebb6f2b8296e2bb30a06f13

SHA256 hash of 2_2015596024Нацрт - закон_Закон за безбедност на мрежи и инфор.docx:
7a4e6aaf2f244434986fb17be6bce3d6ae9fac618bc96cfdfc8511c4feda36f3

--attachments--

SHA256 hash of Kompjuterska-bezbednost.prezentatsija-KOMPLET.pptx.rar:
498522de67043267f25b84c843777f9b02e5e20eeceb5aff6700a51b3c48a9da

SHA256 hash of Nacrt-Zakon_za_bezbednost_na_mrezi_i_informaciski_sistemi.pdf:
68f3ade1539a1d4aa53d15d8b538b05fa69e8fdf7b7c20b737f8d0de8677e2bb

SHA256 hash of 2_2015596024Нацрт - закон_Закон за безбедност на мрежи и инфор.docx.rar:
73e46264520cdf33e8b1b177ddf79e506d928b619a4fa666a5cc6437520c5525
 

Атачменти

Последна промена:

Sancho Sanchez

Gaining Experience
12 октомври 2016
224
218
Закон за компјутерска безбедност: бла бла бла бла бла ....
Закон против корупција: бла бла бла бла бла ....
Закон за ... бла бла бла бла бла ...

Ако имаш конкретно поента молам образложи со свои зборови, оти освен уште едно бла бла бла ништо друго не гледам тука.
Мислењето е автоматски споено:

И сите што ставате лајкови ако може да ми појасните, може пропуштам нешто ама стварно не сфаќам што има тука интересно :unsure:
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #3

zeroscience

ZSL Bot v4.89.1.00
31 мај 2010
768
537
www.zeroscience.mk
Нека си стои тука, информативна страница е, оти многу луѓе прашуваат за закони за ИТ безбедност, ова е некаков си "Guide" за истите и процедурите како да пријавуваш ранливост или напад кон компјутерски систем.
 

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3,306
4,580
Skopje
Banjifiko's setup  
Processor & Cooler
i7-4790/TT Contac 29
Motherboard
Gigabyte GA-Z97M-DS3H
Storage
SSD Samsung 840 Evo 120 GB + Toshiba DT01ACA300
PSU
CM 700 W Silent Pro
RAM
Kingston HyperX DDR3 1600MHz 24GB
Video card
Asus Strix GTX970
Case
TT Commander Blue LED
Mouse
A4 Bloody V7
Keyboard
Modecom MC-800W Volcano
Audio
Samson SR850 & JVC HAM55X
Monitor
Dell U2414h
OS
Windows 8.1
И сите што ставате лајкови ако може да ми појасните, може пропуштам нешто ама стварно не сфаќам што има тука интересно :unsure:
Прво, сметам дека е добро да се има ваква тема, како од информативен карактер, така и за да им боде малку очи на сите што сметаат дека државичево не го бива, а се стуткале тука и се провлекуваат низ секоја можна законска дупка.
Второ, на zeroscience сите лајкови му се заслужени, затоа што сам има повеќе придонесено за квалитетот на форумов, од поголемиот број членови (myself included) што имаат илјадници постови (и лајкови) без никаква посебна суштина...
 

toplel

Practice makes perfect
18 август 2016
1,008
1,378
Прво, сметам дека е добро да се има ваква тема, како од информативен карактер, така и за да им боде малку очи на сите што сметаат дека државичево не го бива, а се стуткале тука и се провлекуваат низ секоја можна законска дупка.
Ниту една законска „дупка“ не е ненамерно изоставена или нечиј превид. Од народни пари се финансираат луѓе чијашто задача е да го надградуваат и усовршуваат тоа за што функцијата налага. Тоа што постојат такви дупки заради истите луѓе што несоодветно ја вршат работат е истата причина ради која луѓето (тука и надвор) сметаат дека државичето не го бива. Или можеби боде очи што „дупките“ се користат од „обичниот“ граѓанин? :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,062
Мислења
861,291
Членови
29,919
Најнов член
ile009
На врв Дно