1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Заклучен Windows

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Necromancer, 19 Август 2014.

  1. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Еден пријател ми даде компјутер да му го преинсталирам, но истиот првично бил на некоја странска компанија која го има заклучено BIOS-от, како и лозинка за Windows-от. Пријателов нема администраторски пристап и не може да инсталира никаква дополнителна апликација. Нешто LDAP пшува при логирањето, а еве како изгледа и прозороцеот за најавување.

    2014-08-19 11.59.45.jpg

    Моментално немам со мене бутабилен стик за да пробам директно да инсталирам, без разлика на содржината на дискот кој може да се избрише.

    Прашањето ми е, доколку не можам со бутабилен стик да инсталирам, односно не ми дозволи приоритет BIOS-от, ќе можам ли да го извадам дискот, и преку надворешен интерфејс (нешто налик ова) да го избришам на друг компјутер па да го вратам пак назад и да се обидам или да инсталирам поинаку.

    Веројатно може и лозинката за BIOS да се тргне со вадење батерија, ама не сум пробал, а и не би имало потреба доколку се среди инсталацијата на Windows. Сепак, ако е едноставно, ќе се обидам.

    Благодарам за мислењата однапред.
     
  2. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,359
    14 Јули 2009
    Не ти треба пас за во биосот само стави цд и избери да ботира преку цд и ке почне инсталацијата
     
  3. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,359
    14 Јули 2009
    Едит чим се работи за XP можеш и преку сејф мод да ја избришеш програмата
     
  4. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
  5. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Најдов бутабилен стик со Windows 7, ќе пробам па ќе видам. Фала за коментарите.
     
  6. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Не сака да бутира од бутабилно USB, а не ми дава опција да одберам друга можност за бутирање, веројатно затоа што е заклучен BIOS-от.
     
  7. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,359
    14 Јули 2009
    Извади батеријата и ке се ресетира цел биос
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Извадив, ја отштекав од матична и таа малата батерија, па ќе видиме.
     
  9. DaDo|BT

    DaDo|BT
    Intern

    258
    13
    21 Септември 2007
    Машко
    решение 1 извадија батеријата
    решение 2 Премести го Jumper-от [​IMG]

    обично е означен како CLEAR, CLR, CLEAR CMOS, PSSWRD
    на лаптопот би требало да се наоѓа под/над/до батеријата

    кога ќе го преместиш вклучи го компјутерот 15-20 секунди (тогаш всушност го бриши pass )
    би требало после тој процес да ти дај звучен сигнал или пак да испише нешто на екран (зависи од биос до биос)

    и на крај врати го jumper от во првата положба и продолжи си со работа :)
     
  10. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Пак исто, ми јави дека немало батерија и ќе се ресетирал на дифолт, ама пак ја бара шифрата. А наводно НР имале и нешто дека после 3 промашувања ќе ти појави код со кој можеш да го ресетираш пасвордот, ама кај мене не го јавува тоа, туку вика дека треба да се изгаси компјутерот и се појавува on screen keyboard.
     
  11. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Во близина на батеријата има џампер за ресетирање, пробај со него не мораш батеријата да ја вадиш.
     
  12. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,450
    10,326
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ја колку што знам неможеш да ресетираш пасс на биос со ресет на биосот...едноставно би било премногу едноставно и самиот пасс не би претставувал никаква заштита.

    Edit: Еве како, или ги контактираш ХП или пробуваш со видеото од последниот пост
     
    Последна промена: 19 Август 2014
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Еве како изгледа, не гледам џампер. На АТХ матични и слично да, знам дека има и кој е, ама тука не гледам.
    2014-08-19 14.38.23.jpg

    Се согласувам за заштитата, а видеото го видов претходно, ама тоа се наплаќа. Да е за мене можеби би платил, вака да завршам работа не би. Ќе пробам да ги контактирам.

    @kjosmofon @tomi имате некоја варијанта? Или ќе треба да го носам?
     
  14. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Ух ти си бил на лаптоп. Пробај да инсталираш на друг лаптоп виндовс 7 и префрли го дискот на овој, после со хирен во виндовс стартувај го цд-то и таму имаш програми за откривање на пасворди на биос.
     
  15. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,006
    18 ноември 2009
    Teшко да ибришеш пасс од BIOS. Ама со цд бутабилно без проблем би требало да инсталираш.

    Јас порано на еден dell inspiron e1505 кој ми беше купен настаро имав заклучен биос,таков го купив,па дуал бут тераше без проблем.
     
  16. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    @The_Man одамна не користам дискови, ама ќе направам едно да пробам.
     
  17. stefan

    stefan
    Gaining Experience

    350
    131
    13 Април 2007
    Машко
    Не можеш да избришеш password на биос посебно на лап топ, мора да се одлеми чипот да се стави на програматор да се избрише eepromot и да се испрограмира чипот од ново со нов биос фајл. Кога ке се изврши оваа процедура тогаш го лемиш чипот назад на плочата и добиваш пристап до него. Оваа процедура чини пари.
     
  18. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Фала Стефан, ми кратиш заебанции. Не е ни толку битно, сљмо да инсталирам ОЅ да успеам.
     
  19. stefan

    stefan
    Gaining Experience

    350
    131
    13 Април 2007
    Машко
    @Necromancer: Доколу немаш никаков пристап до Boot menu, има решение вакво прочитај го . Само Windows најверојатно во D:\ ке ти биде инсталиран.
     
    Последна промена: 19 Август 2014
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Neso

    Neso
    Gaining Experience

    216
    237
    14 Јуни 2008
    Машко
    Montazer
    Море хакеришта...
    1. Извади го хдд-то од лаптопот. Партиционирај 2 партиции.Една мала од 5Гб примарна а рестото може да го оставиш како фрее спејс. Иди на:
    http://www.instructables.com/id/Install-Windows-7-without-USB-or-DVD-without-upgra/
    спреми го хардот, ископирај кој сакаш виндовс инсталација во тој 5гб. Врати го назад во лаптопот. На следно уклучување ќе ти се појави виндовс инстал. Инсталирај во втората партиција. Кога ќе заврши инсталацијата, оди во сѕстем и избери да се старта стално во новиот виндовс.И си имаш виндос, башка инсталација на 5Гб и ќе си го преинсталируваш кога ќе ти се сака на душичето.
     
    На Fatal1ty_, The_Man, Oktar и уште 3 други им се допаѓа ова.
  21. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    @Neso частам пиво. Голема благодарност.
     

Сподели

Вчитување...