1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Заинтересиран сум за работа онлајн

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од Makaveli, 3 Јули 2019.

  1. Makaveli

    Makaveli
    Intern

    4
    3
    3 Јули 2019
    Машко
    Имам 17 години и имам желба да заработувам некој денар на страна додека сум на летен расупт. Дали некој може да ми сугерира некој интернет страници кој што би ми овозможиле да работам нешто (немам нешто конкретно замислено во моментот)
    Кој според вас се најдобри страници за заработување или ако може некој да ми понуди некаква работа.
     
    stefan, StOrMK и на dastan им се допаѓа ова.
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,319
    968
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Прво добредојде.

    Онлајн е широк поим!
    За да добиеш соодветни предлози, прво кажи што знаеш да работиш? Дали досега си работел нешто?
    Дали знаеш кодирање, цртање, сликање.....?
    Или можеби сакаш работа со кликање до заработка? :)
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Makaveli

    Makaveli
    Intern

    4
    3
    3 Јули 2019
    Машко
    Благодарам за поздравот

    До сега немам стекнато некакво работно искуство онлајн
    Имам заинтересираност и знам да Цртам различни Дизајни и Лого'с,Сликам,Пишувам
    Додека пак работа со кликање како што читав не се исплати до толку но би пробал и тоа
     
  4. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,319
    968
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Ако не ти е проблем, пушти тука или дај линк од нешто што си дизајнирал ако сакаш да добиеш мое и мислење од другите...

    За дизајн, можеш да пробаш на следниве линкови, некои работат на принцип на натпревари, некои се договара работа со клиент, некои имаат можност за продажба на дизајн елементи...:
    - Logos, Web, Grafikdesign & mehr. | 99designs
    - https://graphicriver.net/
    - Upwork | Hire Freelancers. Make things happen.
    - Freelance Logo Design, Web Design & Graphic Design | DesignCrowd
    - Stock Images, Photos, Vectors, Video, and Music | Shutterstock

    Ако те бива за сток фотографија, можеш да пробаш со ставање на твои фотографии на некој сајт за продажба:
    - Stock Images, Photos, Vectors, Video, and Music | Shutterstock
    - https://photodune.net/
    - https://www.bigstockphoto.com
    - https://depositphotos.com

    Кликање заеби, земи прошетај по улица, веројатноста да најдеш повеќе пари таму отколку да кликаш ;)
     
    На JensenInterceptor, NecrotoX, loris и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,675
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Според тоа што го кажуваш мислам дека подобро е да бараш некоја работа што е повеќе само техничка а не бара многу знаење и вештина, на пример внесување податоци во табели, чистење/тргање на позадините од слики, такви некои работи. Можеш да пробаш на Fiverr и на Upwork.

    Ова ти го давам како совет бидејќи кажа дека немаш нешто конкретно замислено, а за работи како лого и графички дизајнер треба малку повеќе посветеност, знаење и добро портфолио, значи мислам дека нема да имаш некој голем успех на тоа поле за овие 2 месеца распуст.
     
    На TheMarshal и Taurus им се допаѓа ова.
  6. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Баниран/a

    360
    53
    10 ноември 2017
    Машко
    Треба да вложиш некоја инвестиција за да оствариш профит,треба и време,еве пример отвораш вебсајт за оглас сличен како реклама5 им даваш на сите да објавуваат бесплатно огласување,но мора да ставиш некои правила,додека се регистрира некој член мора да си ја слика лична карта за да се верфикува аккаунтот,и за некое време ставиш реклами од страна на макеоднска подршка со баннери.
    Прво би оставил компјутерот,мануелна работа би одбрал додека има,а после ќе видам колку треба за инвестиција и каде.
     
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,446
    25,338
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Креативност....
     
  8. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    198
    257
    3 Јануари 2019
    Машко
    Јас почнав со фриленсинг на 16 години. Али друго време беше тоа, немаше голема конкуренција како сега. На почетокот пишував фејк ревјуа за производи на Амазон. Бизнисот ми газеше. Па потоа се прешалтав на графички дизајн, но ми требаше доста време да се пробијам.

    Ќе се надоврзам на @NecrotoX, зашо е у право. Како неискусен фриленсер најдобро е да започнеш со некоја техничка работа. Стварно имаш многу опции.

    Најдобро би било да почнеш на Фајвер. Ама вложи доста труд и врме во креирање на гигот. Не иди со таткитката што ја прават индусите (целосно копирање на нечиј гиг). Гледај се да биде оригинално, посвети внимание сликите да ти бидат catchy, а description-от на што почист англиски. Направи едно истражуваше, види што пали, а што не.

    Неколку идеии:

    1) Векоторизирање на лого за 24 часа.
    2) Едитување и корекција на бои на 10 слики за 24 часа.
    3) Транскрипција на аудио
    4) Virtual Assistent

    Работи што би ти преопрачал да не ги правиш:

    1) Продавање на дизајни, а притоа да користиш бесплатни темплејти.
    2) Да бидеш content writer, а да продаваш копирани текстови.


    Обавезно да ги прочиташ Terms of Service на било која страна и да почнеш да ги нудиш услугите. А да, и ако имаш прашања користи ги официјалните форуми на платформите.

    То е то! Со среќа!
     
    Последна промена: 21 Јули 2019
    draganamon, Fatal1ty_ и на NecrotoX им се допаѓа ова.
  9. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,453
    1,884
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    [​IMG]
     
    JensenInterceptor, olikomerc и на NecrotoX им се допаѓа ова.
  10. causevd

    causevd
    Gaining Experience

    387
    302
    4 oктомври 2011
    Машко
    Дај не трескај зелени.

    Детето убаво напиша дека нема некое предзнаење а ти одма го советува да инвестира и на крај памет па да направи страна како реклама 5. Каде е веб дизајнот?
    Од кога тоа правило дека мора да инвестираш за да профитираш? Еве на пример јас кога почнав како фриленсер не инвестирав ништо а почнав да профитирам и тоа уште во првата недела од кога го креирав профилот, и сеа за клецање шо прајме?

    Јас би те советувал исто како и некои од членовите погоре да одбериш некои од фриленс сајтовите како што се Upwork или Fiverr.

    Fiverr - Иако не нудам услуги тука и не сум запознаен баш многу, но од тоа што сум го видел, сепак бара да си креативен, да имаш нешто уникатно и да не е иста идеја како и стотици други фриленсери. Сепак за добар гиг и за да привлечиш внимание пожелно е да имаш добар микрофон/камера (доколку планираш да зборуваш на англиски, за рекламата за услугите што ги нудиш да биде нај нај) или доколку имаш некоја идеа.

    Upwork - Додека пак тука приказната е различна. Се регистрираш, и можеш директно да бараш низ огласи кој каква работа нуди. Бидејќи немаш некои предзнаења, би те советувал да бараш работа во одделот Customer Service/Technical Support/Personal/Virtual Assistant или по нашки кажано виртуелна секретарка :D . Оваа област опфаќа многу проста работа, како на пример копирање на информации од веб страни во табели (Copy & paste) или пак проверување на имејлови и средување на календар, техничка поддршка (најчесто ти даваат листа од прашања и одговори, ти дават сапорт акаунт, и одговараш на клиенти кој што поставуваат прашања на лајв чат) итн .... За овие работи, како почетник би заработувал околу $5 од саат.

    Доколку се одлучиш да аплицираш на Upwork гледај апликацијата да ти биде топ, инаку ке те одбијат, бидејќи во последно време се многу строги кон нови фриленсери и не е како порано каде што секој може да се регистрира без проблем. И гледај, доколку те одобрат профилот да ти биде топ среден, и слика нормална, а не да ставиш слика, сликан кај баба ти во подрумот до дрвата. Еве ти и мала помош Клик и Клик

    За вадење на пари и на 2та сервиси можеш со Payoneer , со тоа што ке си ја нарачаш картицата и од кога ке ти стигне можеш да вадиш од било кој банкомат.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    198
    257
    3 Јануари 2019
    Машко
    Мислам дека на UpWork не можеш да отвориш профил ако си малолетен, но не сум 100% сигурен. Бидејќи ти бараат да направиш и верификација со лична карта.

    Додека на Фајвер, според terms of service можеш да бидеш seller со наполнети 16 години (а и не бараат верификација - сем на индуси и пакистанци). ;)
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Јас кога бев студент, правев Флеш компоненти за забава. Капнуваше по нешто. Се викаше сајтот Flashcomponents.net. Пошто HTML5 го собори Флеш излеа го снема сајтов. Пробаа накај ЈаваСкрипт и HTML5, моја претпоставка е дека не им успеа.
    Еве нешто останало Flash Components, стари линкови :oh::oh::oh:
    Можеш да бараш да правиш HTML5 компоненти, со ЈаваСкрипт.
     
  13. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Баниран/a

    360
    53
    10 ноември 2017
    Машко
    Но пак треба да има знање за оваа,треба некој да му покаже од јутуб ќе си гледа и ќе го прави истото,кога видиш човек да ти покаже знаеш дека ќе научиш повеќе и ќе ти објасни...

    Семос Едукација
    во семос едукација се имаш,оди аплицирај ако сакаш,имаш можност на стекнување на меѓународно признат сертификат од семос.
     
    Изменето од модератор: 22 Јули 2019
  14. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    198
    257
    3 Јануари 2019
    Машко
    Сертификатот нема никаква улога. Знаеш колку луѓе има со меЏународни сертификати од Семос и Сивус, а немаат везе од дизјан? Премногу. 50-50 ти е соодносот помеѓу добри и лоши дизајнери од тие академии. Не ме сфакај погрешнно. Идејата ми е дека сертификатот воошто не е потребен ако имаш талент и вештини.

    Мислам тоа стандардното Македонско - "Иам сертификатче пеер, полесно ќе се вработам" и на крај сите имаат сертификати, а никој нема искуство ни вештини за тоа што го работи.

    YouTube или Skillshare се многу боље опции. Место да дадеш 1000-2000К евра на академија - подобро е да вложиш во едноставен курс - колку само основите да ги научиш. Па после да цепаш со книги, подкасти и видеа со цел да го подобориш и креативниот аспект од работата.
     
    На angelkoski и RoninMK им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...