• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

За Нова година двеста милијарди спам мејлови

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3.646
139
mejl.jpg


Во текот на новогодишните празници преку интернет секој ден ќе се испраќаат по 200 милијарди несакани електронски пораки, односно спам, проценува фирмата за заштита на компјутерите Secure Computing.

Како што се наведува во извештајот на компанијата, во јули дневно имало околу 120 милијарди спам пораки дневно, по што бројот почнал брзо да расте, за на крајот на септември по интернет да „кружат“ и повеќе од 160 милијарди несакани пораки дневно, а растежот продолжил и во октомври.

Секоја трета несакана порака е испратена од САД, со што учеството на оваа држава е удвоено во однос на претходниот квартал, кога изнесувал 16,6 проценти.

Турција, Русија и Бразил имаат по пет до седум проценти учество, а останатите земји помалку учествуваат во испраќањето на спамови.

Тема на секоја трета несакана порака е зајакнување на потенцијата, 19,3 проценти се реклами, а 10,7 отсто понуди за купување лекови.

Категоријата „најнови вести“ добива во значење и зазема 6,7 проценти од сите спам пораки, а поради финансиската криза во светот луѓето се интересираат за информации за банките, поради што авторите на спам пораките то го искористиле за испраќање на поголем број спам со наслови како што се “колапс на банка“.

Стручњаците на Secure Computing проценуваат дека дневно се испраќаат 100 милиони несакани пораки што се однесуваат на претседателските избори во САД, при што многу поголем број пораки за кандидатот на Демократската партија Барак Обама, отколку за републиканецот Џон Меккејн.

Во текот на јули и август секоја шеста порака била за Мекејн, потоа разликата се намалила во септември.

По јавниот дуел на претседателските кандидати на седми октомври, разликата повторно се зголемила - сега 80 проценти од пораките се за Обама.

Извор:А1
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44.216
Мислења
918.949
Членови
32.878
Огласи
1.032
Најнов член
Gorivko
На врв Дно