D
Администратор
За бесплатните компјутери
Авторот и е познат на редакцијата
Деновиве сме сведоци на продолжување на политиката „фрлање пари низ ветер” преку одлуката на Владата на секој апсолвент да му се дадат по 200 евра за компјутер. Мора да признам убаво, грижливо. Ама се чини дека времето е згрешено. Тоа беше актуелно некаде во седумдесеттите години. Тоа во ова време е бесполезно и крајно погрешно. Зошто? Затоа што Владата ја „утнала темата“. Со таа мерка само ќе се оди во прилог на западните земји. Имено, ќе им ги дошколуваме идните нивни граѓани.
Овие наши дипломци, кога ќе го завршат факултетот, ќе ги продадат компјутерите, ако веќе нема да застарат, и ќе си заминат во еден правец. Ако сакаме да им помогнеме на идните стручњаци на Македонија, кога ќе одите идната година на прием кај бруцошите на некои факултети, ќе треба да им одржите ваков говор. „Почитувани идни академски граѓани и наши стручњаци, јас како премиер, во името на владата на РМ, ве советувам многу упорно и истрајно да учите, затоа што само учените луѓе се гаранција за успехот на една држава. Само државите кои се базирани на наука напредуваат, а државите кои се базирани на принципот „ај ќе пробам”, се осудени на пропаст. Владата на РМ ви ветува дека кога ќе завршите со факултетот, кога ќе станете доктори, судии, инженери, учители, наставници, ќе имате високи плати, неколку пати поголеми од сегашниве плати на пратениците (кои во голем број не завршиле повеќе од задолжителното средно образование), а не обратно (како што е сега). Вашите плати ќе бидат во илјадници евра“. Премиерот треба да вети дека Владата на РМ ќе направи систем во кој ќе се ценат само стручноста и креативноста и дека партиската припадност нема да има значење.
Утрински 18.10.07