• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

YouTube Premium

lumibi

Intern
5 јуни 2008
151
30
Се конектирам со Аргентински ВПН (Tunnel Bear), но гугл оне не ми ги дава тие цени со 15 долари за 2 терабајти :/

Да не грешам некаде?
 
Avid

Guru
21 јануари 2009
6,018
9,799
Скопје
1635030752914.png
Ајј ова стварно било гага бе.
1635030839252.png
Се чудам зошто на NordVPN прскаат 100% оптеретеност серверите на Аргентина xD
Се конектирам со Аргентински ВПН (Tunnel Bear), но гугл оне не ми ги дава тие цени со 15 долари за 2 терабајти :/
Пушти ми јузер и пас од Јутуб, и податоци од картичката, ја ќе ти купам.
Дискреција загарантирана.
Мртов сериозен сум.

Друго се зборело.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,526
3,831
Скопје
Малку ме иритира сеа дека морав толку workarounds за да добијам јутуб премиум по подобра цена која подобро го рефлектира нашиот стандард. Ако можат Индија и Аргентина да имаат пониски цени заради тоа што не се факин Америка и нема смисла да плаќаат колку просечен Американец - тогаш можеле да посветат уште еден до два дена некој вработен да направи листа на просечни плати за останатите земји и да стават динамичка цена за секој регион/земја.

Сличен проблем има на Steam пример, но ајде таму ќе си кажеш многу поголеми пазари се тие што имаат прилагодени цени - но Јутуб може само да ќари од ова.

Значи ем правиш далавера ем ти се они криви што ја правиш :) Не мораш. Има и други сервиси. (Гуглам дефиниции за self-entitlement in background)
Мислењето е автоматски споено:

Патем во насловот на темата слободно може да се додаде едно (далавери за најевтина претплата). За да стане појасно за што се збори во 95% од пораките.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,501
6,108
Мелмак
Значи ем правиш далавера ем ти се они криви што ја правиш :) Не мораш. Има и други сервиси. (Гуглам дефиниции за self-entitlement in background)

Пошо до завчера плаќав фул сума без никакви далавери и сеа ми е неверојатно дека уствари им е гајле за некои држави кај шо таа сума би била премногу а не за други. И кај нас се многу 700 денари на месец за фамилијарен план за да немаш реклами на јутуб (и пристап до јутуб музика апликацијата). Поентата беше дека сигурно не е многу работа да се измапира секоја држава каков стандард има и да цените се прилагодени за сите.
 
Не го менува фактот дека приватна фирма може како сака да си ги одредува цените. Имаат кастомер сапорт, јави им се. Ама може ќе ти речат дека ние сме членка на НАТО, само што не сме влегле во ЕУ (хахахахахахаха), ете на саат време од ЕУ, по џидипи пер капита сме на 40-50-то место, имаме ефтин Визер и Изиџет, а во Камерун немаат леб да јадат или сл. Пробај, потроши го истото време како за далаверата :)

Од човек што работеш во Телеком сум чул дека ХБО кога дошле и нашиве барале најниска можна цена - ХБО рекле дека не може никако да биде цената под цената на ДВЕ карти за кино. Тогаш беше 180 денари карта и бидна 360 ден месечно. Тука нема посредник што би се бунел, а пазарот е премногу мал за они да се секираат дали ќе земат 5.000 долари годишно или 10.000. (Инаку, првата дефиниција што ја најдов е: "Self-entitlement is when an individual perceives themselves as deserving of unearned privileges. These are the people who believe life owes them something; a reward, a measure of success, a particular standard of living.")
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,501
6,108
Мелмак
Убаво образложи еден аспект, убаво си пишуваш и се тоа. Моето очекување би сакал да разбереш дека иде од следново: зошто коа веќе оставиле со ВПН да може све тоа, и сигурно се свесни дека може, да не го направат да биде поедноставно. Вака преку ВПН далавери ко шо ги нарекуваш може и американци и сите да им плаќаат помалку (доколку некој се замара нели).

Не навлегувам во деталите кои не се најчесто тема на форумот (а тоа е ИТ) пошо има ризик да западнеме во дебати многу блиску до политика и психологија. Само потенцирам дека неспорен е фактот дека кога веќе е можно, и кога веќе е направено за некои држави - дека многу ЛЕСНО би било за приватна компанија да направи мапа за потрошувачка моќ на секоја земја - место да е само за неколку.

И ова беше passing thought, не ми беше цел да дебатирам за тоа колку и како. Не е entitlement туку е од аспект на тоа дека си плаќал за нешто ХХ пари, и утредента гледаш дека на некој ист ко тебе му даваат за 5 пати поевтино. Тоа е исто ко да итеде со колега од работа во телеком и тебе да ти кажат дека за ист пакет претплатата ќе ти биде 5 пати поголема, иако сте иста социјална класа со колегата.

Како и да е да не одиме премногу офтопик, целта шо сакам да ја доловам е дека може за саат време да се искодира листа на земји и нивни минимални примања по жител конвертирани во долари. И после во зависност од тие минимални примања да се генерира цена. За да не е целово ова динамичко и да нема флуктуации секој месец, може маркетинг тим место да потроши 5 саати и да одлучува за различни цени за 10 земји во светот, да потроши 50 саати и да ги опфатат сите земји каде имаат барем (според статистики кои ги има сигурно компанијата) 100 илјади уникатни корисници секој месец.

На тој начин не би било занемарливо ако стотици илјади, па и милиони корисници (од стотици посиромашни држави) имаат добар поттик да плаќаат за сервис кој е евтин (пример 30 денари на месец за поединец, или 100 денари за фамилијарен план).

Значи мојата збунетост доаѓа од тоа зошто само за неколку држави се замараат а не за сите, бидејќи како инженер знам дека техничката изводливост не е толку комплицирана. Не знам од маркетинг аспект дали има некои други работи кои ете не ги гледам... можеби повеќе им се исплати да имаат поголема публика која ги гледа рекламите, може тоа игра некоја улога шо знам.

Не ми беше цел да навлегувам премногу само дека стварно се осеќа глупо. Пошо ако веќе работи ВПН, тогаш ако е целта да се држат строго до зацртаните цени, дефинитивно можеле да направат да не можеш со ВПН да купиш со македонска картичка. Што значи дозволуваат, ама не се замараат да го направат цел тој процес поедноставен? Глупо и несфатливо ми е од тој аспект.

Фала на дискусија.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,526
3,831
Скопје
Ок, си пробал да ограничиш пристап според земја? Пробај и ќе сфатиш дека обичен VPN го заобиколува.

Друго беше муабетот - ти мислиш дека Јутјуб премиум треба да е поевтин. Не значи дека треба. Може ќе биде, но ти не ја определуваш цената, освен, можеби со кукање кај кастомер сапорт. И вакви неправди има многу, но тоа е реалноста - секоја земја за себе. Уствари секој за себе.

ЕДИТ:
Си немал никад легално за 3 долари, значи не те упропастиле со поскапување. До вчера беше задоволен дека плаќаше 13 сега се љутиш зашто имало далавера и за поевтино. Па не ја користи далаверата и заборави дека постои.
Стварно е невозможно географско ограничување кога имаш ВПН на располагање. Упали Нетфликс и види дека скоро сите содржини се со нивното знакче, т.е. нивно производство. Зошто? Меѓу другото и за да го надминат географското ограничување што производителите на кино и филмска програма им го наметнуваат (затоа со ВПН се надминува и тоа). Конечно, тие исти производители на содржина бараат повеќе центи ако музиката се слуша (гледа на Јутјуб) во оваа наша земјичка отколку во Аргентина или Индија.
Биди среќен што сега имаш на располагање сто евра годишно за трошење на други задоволства и тоа е тоа...
И имајќи предвид дека не пасат трева ќе видат зголемување на ајпи адреси од Македонија и кај и да е ќе им текне дека Аргентина и Индија немаат печалбари што живеат тука и ќе почнат со специјални понуди за нас. Можеби не за три, ама за пет долари. Доволно добро за да се префрлат луѓето.
 
Последна промена:

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,526
3,831
Скопје
Е ако де, поубав е така премиумот.
Да знаеш дека имаш право, има нешто и во формирање на цените, некогаш намерно треба да е поскапо за да биде поубаво :) Во ресторан намерно на второто вино по цена ставаат најголема маржа пошто луѓето избегаваат најевтино и најскапо. Има и кај нас тоа :)
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,501
6,108
Мелмак
Да знаеш дека имаш право, има нешто и во формирање на цените, некогаш намерно треба да е поскапо за да биде поубаво :) Во ресторан намерно на второто вино по цена ставаат најголема маржа пошто луѓето избегаваат најевтино и најскапо. Има и кај нас тоа :)

Жими се ова ми нема паднато на памет, до душа не ни пијам - ама фантастично е ако има волку психологија во одредувањето на цени и други работи (маркетинг ете сигурно). Mind blown!
Мислењето е автоматски споено:

Едит до другарот @kirev - да не мисли дека нешо сум намуртен хахаха, ноншалантно си дискутирам.

Неколку мали реплики, и пак - да не мисли се расправам - само дискутирам пошо тепам време со утринското кафе :D

Друго беше муабетот - ти мислиш дека Јутјуб премиум треба да е поевтин.

Јас само коментирав дека ако е веќе поевтин во некои земји кои имаат пониски примања, убаво би било да е во сите такви. Искрено ова е тема шо ја имаме начнато и за Steam пошо знам дека во Русија, Аргентина и други земји многу се пониски цените и порано можеше да се купи игра и од тие земји и да се гифтува во било кој регион, и имаше price tracking сајтови итн.

До вчера беше задоволен дека плаќаше 13 сега се љутиш зашто имало далавера и за поевтино.

Не се љутам, ама имав коментар во момент на „сум се осетил малце заебано“ хахаха. Искрено целава тема/дискусија се разви во пропорции МНОГУ поголеми отколку шо било кога биле моите замарања за сево ова.

Стварно е невозможно географско ограничување кога имаш ВПН на располагање. Упали Нетфликс и види дека скоро сите содржини се со нивното знакче, т.е. нивно производство. Зошто? Меѓу другото и за да го надминат географското ограничување што производителите на кино и филмска програма им го наметнуваат (затоа со ВПН се надминува и тоа). Конечно, тие исти производители на содржина бараат повеќе центи ако музиката се слуша (гледа на Јутјуб) во оваа наша земјичка отколку во Аргентина или Индија.

Баш Нетфликс е одличен пристап како нешто шо е сива зона го прави цел факин свет, и на тоа се рекламираат сите ВПН провајдери. Иначе лесно е да се блокира, пак ќе кажам, ако ти ограничат според валиден телефонски број и земја на потекло на кредитна картичка - многу потешко ќе можеш да купиш. Примерот со тоа дека работи македонска кредитна картичка ако ставиш адреса од Аргентина нели.

Биди среќен што сега имаш на располагање сто евра годишно за трошење на други задоволства и тоа е тоа...

Ептен ми се допаѓа позитивниот outlook во оваа реченица. Сериозно ме тера да бидам попозитивен утрово.

И имајќи предвид дека не пасат трева ќе видат зголемување на ајпи адреси од Македонија и кај и да е ќе им текне дека Аргентина и Индија немаат печалбари што живеат тука и ќе почнат со специјални понуди за нас. Можеби не за три, ама за пет долари. Доволно добро за да се префрлат луѓето.

Да се надеваме, ако стварно се деси ова инстантно би се префрлил.
 
Последна промена:

SpiritBond

On your way to fame
21 август 2015
371
783
Aerodrom
Остајте YT Premium кога веќе има YTVanced + YTVanced Music за без пари. Дајте Spotify да најдеме за ефтино.
Не се сите на андроид.
Ефтин спотифај на plati.ru има. Земав за долар-долар и некој цент за 4 месеци претплата, со што му доаѓа помалце од 4$ годишно. Едина цака е што треба нов акаунт да креираш што не користел премиум до сега, но не е фрка брзо се прави…Плус имаш алатки што ти ѓи префла сите плејлисти и лајкнати песни.
 
itstheigyg

On your way to fame
21 мај 2017
566
593
Скопје
Спотифај го има решено овој проблем така што блокираат според картичката со која што плаќаш, нема да можеш со македонска картичка да плаќаш аргентински профил
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,447
1,585
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Спотифај го има решено овој проблем така што блокираат според картичката со која што плаќаш, нема да можеш со македонска картичка да плаќаш аргентински профил
PayPal, Gift Cards - не може?
 
itstheigyg

On your way to fame
21 мај 2017
566
593
Скопје
PayPal, Gift Cards - не може?
Note: Your account’s country or region settings need to match where the gift card was purchased.

На paypal мора да имаш картичка поврзано за да плаќаш сервиси со претплата, така да исто ко со картичка треба да испадне.
 
Senshi

Intern
2 јануари 2015
55
24
Ако се земи Аргентински фемили пакет ќе можеш да додваш било какви gmail адресаи или ќе мора да се прави нов па да се стави државата Аргентина?
 
mihovkris

Practice makes perfect
1 јуни 2016
2,061
1,537
Неготино
Ако се земи Аргентински фемили пакет ќе можеш да додваш било какви gmail адресаи или ќе мора да се прави нов па да се стави државата Аргентина?
Можеш било кој. Веќе додадов тројца колеги од работа без проблем.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,501
6,108
Мелмак
Ако се земи Аргентински фемили пакет ќе можеш да додваш било какви gmail адресаи или ќе мора да се прави нов па да се стави државата Аргентина?

Јас имав проблем каде мејлови од кои сум плаќал веќе за апликации или сервиси не можев да ги додадам бидејќи се маркирани како во Македонија. Морав да направам нови имејлови за два такви случаи.

Не направи разлика ни тоа што додадов втор payment профил на таква мејл адреса, ниту пак бришење на пејмент профили од МК... Значи неќеше никако, стално даваше ерор дека земјите не се поклопуваат.
 
Јасно али например ако сакам да додадам некој што воопшто досега не ставал пејмент опции на гугл сигурно нема да има проблем,така?
 
dim29

Gaining Experience
14 ноември 2020
61
65
Битола
Нема да има проблем, во претходни страни сме го кажале 10 пати истото.

Остајте YT Premium кога веќе има YTVanced + YTVanced Music за без пари. Дајте Spotify да најдеме за ефтино.

јас користам студент план и е прилично евтино (2.5евра месечно), можеш да земеш еду меил имаше по 3-4 долари на али па така да тераш.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avid

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,431
1,855
Остајте YT Premium кога веќе има YTVanced + YTVanced Music за без пари. Дајте Spotify да најдеме за ефтино.

Што ќе ти е спотифај кога има модувани АПК, а на ПЦ за да немаш реклами само стави адблок и слушај од browser.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,069
Мислења
871,240
Членови
30,405
Најнов член
FenomenX
На врв Дно