• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Yahoo се спојува со AOL?

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

greenman

Intern
9 ноември 2007
211
1
После шпекулациите што се ширеа по интернет дека Microsoft на крајот сепак ќе успее да го купи Yahoo, Wall Street Journal објави дека Yahoo е близу до потпишување на договор со интернетската дивизија на Time Warner – AOL.

Некои други извори дури и известија дека спогодбата е скоро постигната и дека е само прашање на време кога ќе дојде до спојување на овие две компании. Спрема написите на Wall Street, Time Warner би вложил одредена количина на финансии во Yahoo за замена за 20 посто акции од заедничката Yahoo-AOL компанија. Договорот би ја исклучил AOL-овата dial-up дивизија, а според него вредноста на AOL е проценета на 10 милијарди долари.

Земајќи ги во обзир збиднувањата последниве денови, ваков епилог би бил помалку изненадувачки, но спрема написите на New York Times може да дојде до сосема поинаков пресврт. Поточно, они пишаа дека Microsoft преговара со News Corp и дека овие две компании дале заедничка понуда за Yahoo, што на крајот би резултирало со спојување на Yahoo, Microsoft-овиот MSN и News Corp-овиот MySpace.
Извор:www.tehnologija.com.mk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,595
Мислења
824,255
Членови
28,088
Најнов член
JonTurk
На врв Дно