AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Извршниот директор на Yahoo Џери Јанг им порачал на вработените дека раководството на компанијата ја испитува можноста за избегнување на понудата за превземање од страна на софтверската компанија Microsoft.
Во пораката испратена од Џери Јанг рекол дека управата тек треба да почне да одлучи како ќе реагира на понудата на Microsoft за превземање, вредна 44.6 милијарди долари во готовина и акции.
"Управата ја проценува широката лепеза на потенцијални алтернативи во сложени и променливи услови", напишал Јанг во пораката испратена до своите вработени, истакнувајќи дека понудата на Microsoft јасно укажува на можноста Yahoo да ја повтори некогашната слава.
Управата на компанијата истакнала дека во тек е испитувањето на можностите кои го вклучуваат и продолжувањето на независната работа.
Друг извод кажал за AFP, дека компанијата примила барање на одреден број заинтересирани странки, и дека располага со широка лепеза на стратешки опции, вклучувајќи и доделување на работа преку интернет огласувањето на конкурентскиот Google, бидејќи тој се прикажал како мајстор во генерирање на приход во тоа подрачје.
Ако Yahoo ја одбие понудата на Microsoft, управата на Yahoo ќе се најде под притисок акционерите да ги смири со дополнителна исплата во готово, односно дури да им позајми пари за да може да ги откупи акциите и да го претвори Yahoo во приватна компанија.
Извор: Точка