• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Хостинг за Wordpress + WooCommerce

Кои e-commerce платформи ги користите?


  • Вкупно гласале
    12
  • Ја почнал/а темата
  • #1

DonFrozex

Practice makes perfect
9 јуни 2011
1,035
1,229
Пола година сум веќе на Shopify и сето она што ми го нудат како пакет сум релативно задоволен, со исклучок на неколку ситници.
Хостингот верувам дека им е некој shared, но е доста брз, и со малку едитување на избраната тема, успеав да дигнам до 100% Page Speed на Google. Но ова е само за Desktop верзијата, мобилната ми е уште заглавена на некои глупи 50%, поради Javascript-и во нивниот Storefront API, што ме боди во очи и ме нервира.

Исто и акординг ту Pingdom немам нешто најдобар скор, само 66 или "D" оцена.

Од аналитиките што ги гледам во Shopify, Google Analytics и слични алатки - гледам дека најголемиот сообраќај ми е Mobile, така да it's a must DO да го оптимизирам сајтот и за мобилни уреди.

Ова е само една од причините поради која сакам да се префрлам на друг провајдер, кој веќе одлучив да биде комбинација од WP + Woo.

Имајки еден дечко со кој соработуваме на тема Пејпал, видов дека се бави баш со овие работи, околу хостинзи и слична тематика, па си реков да слушнам негово мислење, рачунајки го како експерт во тоа поле.
Во продолжение ќе го квотирам неговото мислење за хостинг и негови препораки.

Верувам дека многу ќе се согласат со многу, многу може и нема да се согласат, но неговото мислење на оваа тема мене итекако ми значи.

Еве ги цитатите:
(извините однапред за латиницата)

Domenite i hostingot obicno gi dvojat za utre ako imas problem so provajderot da ne te zaglavi i so domen i so hosting. Isto i email hosting dvojat, 3 razlicna provajdera, no ne mora do toj stepen da odis. Hostingot na Namecheap ne e bas dobar, skapo e za toa sto go nudat

Shared hosting ne preporacuvam zasto e sporo i moze da te stavat so sekakvi luge na isto IP. Ako ne ti e tolku bitna brzinata, mozes i na shared hosting. Najlesno e za koristenje Shared.
Private VPS e pobrzo, sam si na server i imas totalna kontrola vrz se, ne si limitiran nikako. Pazi samo pred da zimas VPS dali imas Root access ili ne. Ako nemas root access togas pak nemas totalno celosna kontrola. Nekoi VPS go vikaat i Cloud, vo nekoi slucaevi e istoto, vo nekoi Cloud planovite se scalable, a drugite ne. Mnogu e izmeshano so ovie 2 pomia. Dedicated server ne ti preporacuvam, barem ne za mal sajt. Toa bi razmisluval koga ke imas poveke od 100 aktivni useri real time. Mada duri i togas jas bi zemal pojak VPS

E sega ako sakas plug and play solucija treba managed VPS ili specijaliziran WP hosting. Ako zimas specijaliziran hosting, odberi od Cloud kategorijata, ne Shared. Kinsta i Flywheel se edni od najdobrite za ovaa kategorija, ama razgledaj si ubavo za cenata i limitite. Mnogu se ednostavni za koristenje vakvite hostinzi

Ako zimas Managed VPS, imas totalna kontrola vrz serverot i plus 24/7 pomosh od provajderot. Ke ti pomognat za sto sakas, duri i da im pobaras da ti go setiraat serverot so sekakvi security measures, firewalls, automatic updates, da ti instaliraat i podesat wordpress itn. Vakov server bara rabota samo od start dodeka sredis rabota so setiranje i zamaranje na provajderot preku ticketi ili chat. Set and forget. Za ova zemi gi SolaDrive ili KnownHost. Managed VPS planovite na KnownHost doagjaat so cPanel by default, znaci ke si imas i GUI za lesno koristenje. cPanel go koristat skoro site shared hosting provideri.

Unmanaged VPS ustvari ne bara mnogu "menadziranje" osven na pocetokot poveke i mozebi 10tina minuti mesecno obicen maintenance. Ama problemot doagja koga ke ti ispadne nekoj problem na serverot ili sajtot, nema da imas nikakva pomos i se kje mora sam da sredis. Jas Linode gi koristam, mi trebase 2-3 saata da go setiram VPSot, i 1-2 pati mesecno da apdejtiram server i servisite sto gi koristam. Go iskoristiv EasyEngine - EasyEngine = Easy WordPress on Nginx so edna linija instaliras wordpress so caching i ssl

Ne znam stvarno specificno sto da ti preporacam, kazi mi barem budgetot kolku ti e. Samo eden sajt planiras da hostiras? Mozebi ova ke ti pomogne za da se odlucis sto specificno ke ti treba, pa posle da ti preporacam provajder od odredena kategorija? Yet Another How to Choose a Web Host Guide – ThisHosting.Rocks
A pretpostavuvam ke ti treba EU hosting, ne US. Mislam deka povekjeto nudat i EU i US serveri, ama treba da proveram za sigurno

Ke ti trebaat i odluki pa koj web server da go koristis, dali Apache, dali Nginx, dali da koristis control panel ili ne, koj cache da go instaliras itn :D

tl;dr:

Shared hosting - sporo, delis so mnogu drugi luge ist server, mnogu lesno za koristenje i mnogu evtino - Hawk Host, NixiHost, RamNode...golem e izborot

Managed WordPress Hosting - odberi Cloud categorija, brzo e, mnogu lesno za koristenje, ama poskapo - Flywheel ili Kinsta

Managed VPS - brzo e, relativno lesno za koristenje, imas totalna kontrola vrz serverot - SolaDrive ili KnownHost

Unmanaged VPS ne zimaj oti ne ti se posvetuva vreme

Kvalitetni se Linode i poskapi se oti e VPS/cloud a ne shared. Inaku managed vps kako soladrive se duplo poskapi vo sporedba so Linode sto se unmanaged

Vo toj slucaj ne zimaj Linode, ke se zaebes. Bara rabota i vreme i iskustvo

Togas bi ti rekol da pocnes so shared hosting pa prefri se na podobro koga ke ti trgne rabotata. Shared e ednostavno, hostingot ne bara nikakvo odrzuvanje, imas 24/7 support i control panel, i imas gui 1-click instalacija za WordPress. Samo ke ti bide relativno posporo koga serverot e optereten od drugite akaunti. Ima poveke izbor za shared hosting - jas gi imam koristeno hawk host, ramnode, nixihost, sitegtound, a2 hosting, scala hosting, knownhost i uste mn drugi. Site ovie sto gi nabrojav se dobri, samo sporedi si cena

siteground se dobri samo ne se lazhi so specijalizirani woocommerce planovi. WooCommerce e obicen besplaten plugin za WordPress i moze da se instalira na bilo koj WordPress sajt. A WordPress moze da se instalira na bilo koj server. Shared hostinzite i managed VPS hostinzite site imaat takvi plug and play opcii so GUI instalacii i slicno

Uspat da te predupredam za cenite kaj skoro site provajderi, mozebi reklamiraat cena u stil $3.99 per month, ama taa cena e ako zakupis za godina ili poveke. Realnata mesecna cena moze da bide $9.99. SiteGround gi pravat tie finti a skoro i site drugi
Ako oni sami reklamiraat kupon verojatnosta e deka ke najdes podobar kupon nadvor od sajtot. Ako ima remaining time za kuponot da se koristi nema vrska, trae celo vreme. FastComet pravat takvi finti
Ne veruvaj na reviews sto citas online, site tie add-ons u stil "free web builder, free $100 adwords credits, free premium backups" ili sto i da e e samo marketing i ustvari site go imaat

Ima milion raboti da se pazat kaj hostinzite i stvarno imam kniga da napisam :D Ama na kraj od denot sto i da zemes od toa pogore nabroanite nema da se zaebes, samo mozebi ke imas podobar izbor

На страна од неговото мислење и препорака, би сакал да слушнам и Ваши досегашни мислења и искуства со користени хостинзи за Woo, pros, cons, customer support, uptime и слични работи.

Верувам дека темава ќе допре до многу девелопери или site-owner-и кои се занимаваат со ова.
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,200
1,281
Се на место ти пишал човекот, генерално, брзина и цена одат правопропорционално

Shared < VPS < Dedicated

Првиот тип на хостинг не се препорачува за некој сериозен бизнис, иако знам луѓе хостираат Woocommerce/Opencart на такви сервери. Од вторите и третире имаш managed и unmanaged сервери. Мanaged ти се поскапи, но помалку треба да интервенираш во сетирање, безбедност, бекапи, додека unmanaged ти се поевтини.
Генерално best buy ти е VPS unmanaged сервер со root access. Добиваш еден „празен компјутер“ каде што треба се сам да инсталираш (со мали исклучоци). Како и да е, Wordpress, Woocommerce се базираат на PHP, кое што самото не е познато по некоја брзина.

Инаку за тип на е-комерц
- WP + WooCommerce е најлесно и најфлексибилно, вообичаено кога ти треба нешто, веќе имаш избор од неколку плагини + доста има материјал по форуми
- Magento, прекомплицирано, бара сериозни процесирачки ресурси
- OpenCart, релативно едноставен, главна мана е некомпатибилност на плагини помеѓу верзии, но некако ми делува дека сеуште не е развиено колку што би требало и ќе имаш по некој missing feature
 

vladimir171

Gaining Experience
15 ноември 2007
373
184
Дечкото ти пишал се што треба :)

За хостингот одлучи си врз база на посетеноста и оптовареноста што ја имаш во моментов. Јас имам комбинација од WP + WooCommerce и ми е на Shared хостинг, ама немам ни поголема потреба од тоа бидејќи сеуште немам толку трафик и исплатливост.

Секогаш можеш да си смениш тип на хостинг но ако си во можност би ти препорачал да идеш со VPS ради контролата што ќе си ја имаш.

WP + WooCommerce.. лесен е, брзо се поставува, има тон плагини за него - некои се плаќаат некои ги имаш null-ed :) Ќе треба да си одбереш само соодветна тема во комбинација со него, само таа може да ти направи проблеми ако има некои ограничувања така да може ќе имаш малце trial and error на почеток додека го постигнеш тоа што го сакаш.
 

pLaToOn

Gaining Experience
24 јануари 2012
227
190
WP+Woocommerce со тон плагини е исто така и еден тон тежок. Спор и скап за одржување. Коментарот даден погоре за OpenCart дека има некомпатибилни плагини помеѓу верзии не е најточен. Добрите плагини работат без проблем на секоја major верзија. А нови верзии не излегуваат секојдневно како кај WP+Woo.
Основниот OpenCart без додатоци е и тоа како помоќен од WP+Woo. Спремен сум во секое време да го одбранам и докажам ова тврдење. Манипулацијата со кодот и темплејтите е исто така поедноставна кај OpenCart.
Сепак, иако верувам дека се ќе се реши полесно во OpenCart, крајниот избор ќе зависи од тоа што продаваш, а посебно од тоа како продаваш - дали има специфични чекори во процесот на продажба и менаџирање на производите.
 

HocusPocus

On your way to fame
3 јули 2007
1,017
621
Google е ептен сгрог за мобилен pagespeed. Сајтот треба да ти е ептен лесен за да имаш висок скор. Така да место responsive тема подобро ти е да редиректираш на мобилен кон субдомен и темата да ти биде ептен лесна без глупости. Можеш и responsive тема да користиш ама треба ептен да ти е оптимизирана, без плагини и што е можно помалку javascript-и.

Многу поени одзема од server response time, колку повеќе глупости имаш толку повеќе ти се зголемува server response time. 100% скор се добива само со HTML страни

Така да ако не си програмер или дизајнер најдобро плати си некој да ти оптимизира тема по твои спецификации.

За хостингот секој има различно искуство и во принцип функционира колку пари толку музика. Повеќето ревјуа што ќе ги најдеш онлајн не се ранкувани по тоа кој хост е подобар туку кој хост повеќе плаќа за affiliate.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,578
Мислења
821,112
Членови
28,240
Најнов член
kadi babe
На врв Дно