Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

XMAS Gnome / .mk домен и веб хостинг - 799 денари

Zemi.mk

Верификувана компанија
27 ноември 2020
15
18
Годишна регистрација на .MK домен и 6 месеци бесплатен Веб хостинг со 10GB супербрз SSD/NVMe простор, за само 799 денари!

Стартувајте ја новата 2023 година подготвени за нови успеси, со креирање на веб страница и професионални мејл адреси за вашиот бизнис со „XMAS Gnome“ пакетот од услуги кој вклучува:

  • Регистрација на .mk домен / 1 година.
  • 10GB супербрз Веб хостинг / 6 месеци, бесплатно.
  • Јавна Cloud инфраструктура.
  • Дневен „оff-site“ бекап.
  • Бесплатен SSL сертификат (AutoSSL)…

И многу повеќе за само 799 денари!

Количините и времетрањето на акцијата се ограничени.

Линк до промо пакетот: Земи .mk - Официјален .mk Домен Регистрар

Од 2023 година сите споделени (shared) Веб хостинг пакети од Zemi.mk (со исклучок на МК пакетите) ќе бидат хостирани на јавна Cloud инфраструктура. Повеќе на следниот линк.

preview
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.199
31.842
roka.mk
Епа не е баш исплатлива понудава ако е така.
Јас вчера закупив кај нив хостинг и добив гратис домен 1 година за 1399 (истиот пакет gnome). За втората година имам 1999+650 што значи за 2 години јас сум дал ~ 4050ден (заокружив).

Со оваа понуда плаќам 799 и имам една година домен и пола година хостинг. На кого му треба 6 месеци хостинг побогу, значи купуваш и за уште една година тоа се 1999 ден.
Па после ќе ти останат 6 месеци хостинг ќе треба да го продолжиш доменто а не можеш за 6 месеци туку мораш цела година тоа се 650ден. Па после ќе имаш валиден домен нема да имаш хостинг и да продолжам хостинг (пресметка за 6месеци) 1000ден јас за 2 години ќе дадам 4450ден.

Неам идеа да рушам бизнис само размислувам дали сум се заебал за 1 ден што не ја почекав понудата.

Впрочем темата е отворена за форум што подразбира и водење дискусија...
 
Последна промена:

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.199
31.842
roka.mk
Сеа ме дупиш само за да се чуствувам заебано .


Ајде за 1 година пресметка.
Јас плаќам 1400ден и една година имам се.
Со оваа понуда имам 800 ден во старт и плус за 6 месеци хостинг тоа е уште 1000ден.
Значи 1400 наспроти 1800... 400ден како и да свртиш е поскапо.
Нешто пропуштам во пресметките?
 

TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.377
9.191
Сеа ме дупиш само за да се чуствувам заебано .


Ајде за 1 година пресметка.
Јас плаќам 1400ден и една година имам се.
Со оваа понуда имам 800 ден во старт и плус за 6 месеци хостинг тоа е уште 1000ден.
Значи 1400 наспроти 1800... 400ден како и да свртиш е поскапо.
Нешто пропуштам во пресметките?

Твоето е подобра понуда, на тоа мислев
 

Zemi.mk

Верификувана компанија
27 ноември 2020
15
18
Здраво почитувани,

„XMAS Gnome” пакетот е додаток за новорегистрирани .mk домени, причината поради која го сместивме во менито 'Домени', и е најмалата почетна сума за веднаш да стартувате со креирање на вашата веб страница, за корисници кои сѐ уште не се сигурни дали Zemi.mk е вистинскиот хостинг провајдер за нив, кој пакет да го изберат или во потенцијалот на нивниот проект и новогодишна резолуција. :)

Zemi.mk не нуди можност за месечна претплата на веб хостинг.

Доколку по 6 месеци го изберете „Gnome Pro” пакетот, во првата година всушност ќе платите 10% помалку од редовната цена или 1798 денари.

Попустот од 30% како и бесплатната регистрација на .mk домен со „Pro” пакетите остануваат достапни за нарачка и во периодот додека трае „XMAS Gnome” промоцијата.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.529
Мислења
964.355
Членови
34.902
Огласи
2.617
Најнов член
darko SNR
На врв Дно