1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Xiaomi YI - Sport Camera (Дискусија, Пофалби, Критики, Искуства)

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од Motherboard, 10 ноември 2015.

Тагови:
  1. Motherboard

    Motherboard
    Gaining Experience

    150
    189
    4 Септември 2015
    Машко
    Заентересиран сум сакам да купам Xiaomi YI - Sport Camera па би било добро да споделиме некои предходни искуства за истата доколку некој ги има како и дискусија за квалитетот на Xiaomi производите

    Мал вовед:
    72 гр. Тежина, направена од PC + ABS и метал композитни материјали
    Ambarella A7LS процесор
    Sony Exmor R BSI CMOS 16 МР сензор
    155°(Mobile Phone 89°) широкоаголни леќи
    3D Noise Reduction
    WiFi приклучок (до 100 метри), лесно префрлете ги сликите и видеата на вашиот телефон
    BLE супер-штедлива Bluetooth конекција
    Bluetooth 4.0 и Remote App контрола
    4 Модуси на работа: Сликање; Time-lapse сликање; Тајмирано Сликање и Видео
    Споделете ги материјалите веднаш за 10-тин секунди на било која Социјална Мрежа со помош на апликацијата на вашиот паментен телефон.
    Поддржува Micro SD до 64GВ капацитет
    * Мемориска картичка се купува посебно

    VIDEO поддршка:
    1080p 60 FPS
    1080p 30 FPS
    720p 120 FPS
    720p 240 FPS
    H.264 Video encoding со помош на Супер-Флуиден процесор наменет за спортски сцени.

    [​IMG]

    Може да ја купите од Gearbest.com, Ebay, aliExpress etc...
    или од hi.mk
     
    На the_maker и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  2. gego

    gego
    Gaining Experience

    253
    264
    6 Декември 2009
    Машко
    Телекомуникациски Техничар
    И јас сум љубопитен какво е камерчето, по спецификации и рецензии е добро, ама дали некој може да каже од прва рака?
     
  3. LaLi

    LaLi
    Gaining Experience

    322
    204
    3 Февруари 2010
    Машко
    moze da proverite i SJcam
    go imam modelot sj4000 i ne e losa kamerata sj5000 e uste podobra i mnogu adonsi ima za skoro sekoja namena
     
  4. tomi

    tomi
    Guru

    9,827
    9,077
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Некој друг нешто повеќе инфо да пише, и ја сакам да ја купам камерава YI
     
  5. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,656
    10,904
    23 oктомври 2012
    Машко
    Абе јас веќе неколку месеци се спремам да пишам нешто за камерчево ама увек е проблем времето... Ај вака у куси црти ке пишам нешто па деновиве ке дополнувам со слики видеа, ако е некој заинтересиран.

    За почеток, еве го пакувањето, симпатично, средено, стегнато и целосно на кинески :) Квалитетот на изработка на камерчето е на високо ниво, стварно е профи и стегнато, тука нема збор.
    IMG_20150601_003634_resize.jpg IMG_20150601_003949_resize.jpg

    Да го пишував ова пред 3-4 месеци кога го земав ке беше прилично полош мојот став кон камерчето. Out-of-the-box дојде со некој лош фирмвер, кинеско упатство и кинеска апликација за мобилен. Најдов некој лик што ја превел апликацијата (делумно), и ја постирал на форумот на ми. Све супер што момакот се потрудил, ама имав 40 неуспешни обиди да креирам акаунт на ми и да го конфирмирам. Ебати тоа кинеските сервери, или се бизи или се оверлоадед или тајмаутираат риквестите и на крај се откажав, али се појави еден друг момак, @DarkEnchanter кој имаше акаун на ми, па ми ја симна и ми ја прати апликацијата.

    Апликацијата беше тапа, малку грда и многу кинеска. Да биде искуството уште полошо, првиот скрин беше со реклами кои се лоадираа по минута. Мене ми беше мака да ја користам. Дополнително па и wifi конекцијата со камерчето беше ужас. Тешко се поврзуваше, брзината беше ужасно спора (околу 300KB/s) и не и беше проблем да се дисконектира. Да напоменам само дека кога се поврзуваш на камерчето, немаш интернет во исто време и обратно, што е pain in the ass во ситуација кога треба да праивиш апдејт. Арно ама, се деси фирмвер апдејт и вифи-то почна да функционира. Не спектакуларно, ама барем функционално.

    Околу квалитетот на сликата... на отворено, и добро осветлено, сликата е џам (во рамките на очекуванотo, нели). Ама при услови на малку послаба осветленост, сликата станува значително полоша, што донекаде може и да се очекува, сепак е екшн камера, не е видео надзор.

    Од другите ствари, од палење до ready-to-shoot, има околу 6-7 секунди, батеријата трае релативно кратко посебно за снимање во висока резолуција, додека во пониска резолуција може да оди и до 2 па и повеќе часа снимка. Според мене недостаток е и тоа што работи само со ФАТ32 фајл систем и максимална големина на фајл кој го креира е 2ГБ, што во превод би значело околу 10тина минути снимка во 1080п и 60фпс.

    И сега малку поновите информации...незнам зашто се решив да ја избришам Yi Action Camera апликацијата, никад не стигна апдејт за неа, нели, и да видам што се дешава во плејстор и таму изненадување. Кинезиве направиле англиска верзија (за андроид и за iPhone) и тоа значително посимпатична и подбра и постабилна од претходната. Многу пријатно бев изненаден а како бонус ми дојде и фирмвер апдејтот за камерата. Тука имаше повеќе промени, ама како најголема промена е тоа што сега камерчево поддржува снимање во 2К со 25 фпс!!! Баш ме изненади тоа иако не очекувам драма во крајниот резултат. Има и нови и подобрени модови на сликање и снимање, сега се вкупно 7, има некои нови подесувања во сетингс, како на пример додавање на блутут даљинско (ова незнам дали фалеше само во старата неофицијална англиска верзија), и уште едно интересно сетингсче, а тоа е флип на видео. Ова е интересно, затоа што со најголемиот број на држачи на располагање на алиекспрес, ако сакаш да ја користиш како даш камера, големам е веројатноста да треба наопаку да ти стои камерата, па сега имаш опција за флип.
    Screenshot_2015-11-18-11-02-46_resize.png Screenshot_2015-11-18-11-02-54_resize.png Screenshot_2015-11-18-11-04-00_resize.png
    Од аспект на стабилност и функционалност, новиот фирмвер и апликација се стварно сериозни производи иако бев скептик со почетното искуство. Патем и камерата нема проблем со загревање, како што имаат некои, знае да се загрее малку аме не страшно, ама треба да се проба и на сонце во лето дали ке издржи.

    Околу новиот квалитет на сликата... 2К снимките се приметува дека се малку преголем залак за хардверот. Не се баш нај смут и пријатни за гледање, посебно ако не е убаво осветлено. 1080п 60фпс според мене е одлична комбинација, само уште да не беше лимитот од 10мин по фајл. Се надевам планираат да поддржат NTFS во скоро време, а додека пишувам ми текнува и дека можеби треба да пробам да не веќе ја завршиле и таа работа. Околу ВиФи конективноста, мислам дека воопшто не е практична за префрлање на фајлови, многу е споро, посебно ако е малку поголем фајлот. Брзината на вифи е ~1,5 MB/s (иако би требало да може да дигне до кај 3MB/s) додека на кабел (USB) e ~10MB/s, што е веќе прифатливо. Патем, картичката не е лимитот, користам Samsung EVO 32GB
    CopySpeed.png
    Screenshot_2015-11-18-01-54-45_resize.png Screenshot_2015-11-18-02-00-13_resize.png

    Единствениот проблем кој беше и остана е квалитетот на аудиото, поточно аудиото скоро и да не постои! Знам дека камерата нема таква цел, но стварно е безсмилено снимките да бидат практично глувонеми, се слушаат само некои пригушени звуци како во позадина од буре да доаѓаат. Ова според мене е big issue.

    All in all, пред 4 месеци не би ја препорачал камерата, нема поддршка, сумљива и лоша апликација, не така ниска цена од околу 5000-5500 денари и просечен квалитет на снимка, додека сега со новите апдејти и новата цена, сега гледам дека е околу 60тина евра, а производот е значително подобрен, дефинитивно е солиден избор.
    Малку ме напиња моментот што е стандарден кај кинезите, а тоа е да пуштаат производ кој од готов од далеку а всушност е далеку од готов, ама ете, таков им е стилот на работа, партизански, па на крај стварите се испеглани... освен звукот...

    П.С. Деновиве ке прикачам некои снимки, од дома со 1Mbps аплод е апсурдно да пробувам кога видео од 10мин е 2ГБ.
    П.П.С. Ако има некои прашаења, слободно пишето, што можам ке учинам.
     
    На PandaBomber, Necromancer, gego и уште 9 други им се допаѓа ова.
  6. baz

    baz
    Intern

    66
    7
    26 Август 2011
    Машко
    до каде се снимките мн ме интересира квалитетот затоа што секој ревју на јутуб е различен...
     
  7. tomi

    tomi
    Guru

    9,827
    9,077
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    некако премногу ме разочара, да не искочи џабе да ја купам и да не ми напраи мерак. Абе не за џабе рекле плати па клати
     
    На STEFF му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,656
    10,904
    23 oктомври 2012
    Машко
    @baz, не се ни потрудив да ги закачам, мислев дека нема интерес, ама еве в понделник ке закачам, не е проблем. @tomi, абе реално ок си е камерчето, ама за парите. Стварно има големо подобрување со новиот фирмвер, ама сепак на послабо светло е веќе приметливо лоша.

    П.С. Јас веќе решив да земам ГоПро, оваа ке ја правам даш кам.
     
    На baz и the_maker им се допаѓа ова.
  9. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,867
    5,943
    14 Август 2014
    Машко
    Јас ќе ви пуштам видео и слики. Камерата е подобра од ГоПро 3 по сите параметри. Од ГоПро 4 не е, ама цената е васиона :)
     
    На baz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. baz

    baz
    Intern

    66
    7
    26 Август 2011
    Машко
    за кое гопро се одлучи? јас се мислам за гопро хиро 3+ блек и гопро хиро 4 силвер, има ли кај нас во продавниците гопро хиро 3+?
     
  11. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,656
    10,904
    23 oктомври 2012
    Машко
    Кога веќе давам толку пари, ке идам на турбо варијантата, т.е. на ГоПро Херо 4 Блек, шо го е*ам, нека има 4К :D
     
  12. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,443
    15 Јануари 2011
    Машко
    Лошо време за купување акциона камера, сега ќе излезат нови модели на ГоПро.

    Ре: аудио кај Ми, ако ја користите камерата во воодопорното куќаре не очекувајте никакво аудио, нема дупки. Сони овој проблем го решија со тоа што извадија куќиште што не е 40 метри туку само 5 метри водоотпорно, т.е. 5 атмосфери, т.е. не е наменето за под вода воопшто но има дупки за аудио.

    Ми има океј видео, но јас би ви препорачал ако сте по квалитет едно од следново:

    - SJ5000X ELITE - 1/2.3" BSI sony sensor, 150E камерче со 4К т.е. 2880х2160 interpolated. Акцент на Elite, затоа што има и Limited верзија која е сосема различен модел.

    - Sony FDR-X1000V - ѕвер, со 4К, XAVC-S кодек со 50мбит, тон адони.

    Ми е супер за парите и не би се мислел, но доколку сакате квалитет само еден од горниве два модели. Гопро пак, би ја чекал 5ката, на 4киве им помина векот и имаа доста компромиси, 1080р имаат полош од 3јките бидејки прават pixel binning.

    Ми е лоша за dash-cam, за таа немена би гледал на ибеј: Mobius Action Cam, феноменално парче хардвер за мали пари.
     
    На prichina и the_maker им се допаѓа ова.
  13. tomi

    tomi
    Guru

    9,827
    9,077
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    квалитетот на мито е одлично за парите, мене што ме секира е софтверот и употребата негова, некам да имам проблеми да барам неоригинални софтвери од некој со ги праел за да ја користам камерата, и би сакал софтверот да работи смоот за да немам заебанции и нервози, тоа што преку wifi споро копира некако и ке го проголтам, но како работи другото, дали знае софтверот да крашне или коа ке го отвориш да се гуши и да неможе да отвори нештро сетинзи да кочи, се случува такво нешто ?
     
  14. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,867
    5,943
    14 Август 2014
    Машко
    Софтверот е добар, и си е официјален на Ми, нема тука кој што правел :) Е сега, ко што пиша Октар, новата верзија е подобрена, и со нови функции.
    И ќе се подобрува уште сигурно.
     
  15. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,656
    10,904
    23 oктомври 2012
    Машко
    Пред 4 месеци беше тоа кога немаа нивни софтвер, барем не на англиски, али сега тој што си е на плејстор, официјален на МИ си функционира супер, реков, немам проблеми со него, пробано и на ајфон и на андроид. Копирањето на вифи сега е прифатливо, претходно, со стариот фирмвер беше неподносливо. Како што реков, за парите е супер камерчето сега, пред 4 месеци не би го рекол тоа.
     
    На the_maker му/ѝ се допаѓа ова.
  16. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,867
    5,943
    14 Август 2014
    Машко
    Најточно пишано.. Си ги унапредуваат апликациите они, само малце време им треба. Ама пак затоа, од старт им се топ уредите и цените, тоа им е бизнис моделот.
     
  17. Dinamit

    Dinamit
    Gaining Experience

    371
    397
    25 Мај 2013
    Машко
    имaм GoPro 4 silver,a кoмшијaвa вaквa.Јa тестирaвме пред 2 месеци низ мaврoви aнoви.Рaзликa небo и земјa.Сегa е мoжеби нештo и пoдoбренo нo реaлнo aкo бaрaте GoPro квaлитет oвa не е ни близу дo тoa.И кoмшијaвa се жaлеше нa некoи исти рaбoти кoи ги пишaвте и вие тукa.Слaбo прикaчувaње,кoчење итн.Реaлнo му здoсaди нa кoмшијaвa кoј е сo стрaшнo јaки живци зa чепкaње и првпaт гo слушaм зa нештo дa рече гo бaтaлив.Јaд Дo сегa сo GoPro прoблем сум немaл.А нa кoлку луѓе јa имaм сaмo пoзaјменo и кaј се не билa зa севo oвa време.И пaк рaбoти и немa гaјле.
     
    На Oktar и the_maker им се допаѓа ова.
  18. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,867
    5,943
    14 Август 2014
    Машко
    Да 4-ката.. Топ си е таа.. Ова споредувај реално со 3-ка и за некои работи може и боља ќе биде. Ама па цената е пола од 3ка.
    За звукот, има посебни кутии што пропуштаат солиден звук, или пак ќе треба да се користи без кутија.
     
    На Dinamit му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,656
    10,904
    23 oктомври 2012
    Машко
    Што сакаш прави, ама не очекувај аудио од камерава. Незнам за ГоПро како е, ама тука аудиото е неупотребливо. Ама па и не ни неопходно, така да...
     
  20. baz

    baz
    Intern

    66
    7
    26 Август 2011
    Машко
    на јутуб имаш како да го поправиш звукот на камерата ама треба да ја отвараш...затоа ми најдобро да се чека втора верзија ако воопшто извадат

    -кај нас тешко дека одма ќе паднат цените после излегување на гопро 4+/5
     
    Последна промена: 1 Декември 2015
  21. baz

    baz
    Intern

    66
    7
    26 Август 2011
    Машко
    од каде ја купи камерата? ако ја купи од нет дали ти земаа царина ддв нешто?
     
  22. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,656
    10,904
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ја купив од тука, ама се наоѓа и за поефтино. Пратката стигна на адреса без царина без ништо, како и за се досега, томбола, нели. Патем купив пред некој ден и ГоПро Хиро 4, па ке пробам да направам некоја паралелна споредба, чисто онака.
     
    Последна промена: 5 Декември 2015
    На baz и the_maker им се допаѓа ова.
  23. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    246
    276
    9 Јануари 2015
    Дајте совет, вреди од GearBest , SJ5000X или има некои слично моделче во тој ранг ? Мала е разликата од Ми-то ама делува подобро оваа.
     
  24. mickeymkd

    mickeymkd
    Intern

    412
    43
    7 Јануари 2009
    Машко
    Што е подобро Yi Sports Camera 5500 денари, GoPro Hero HD/5Mp (2014) 8990 денари или Sony HDRAS20B за 7990 денари?
    За Yi Sports Camera ќе треба да се докупи водоотпорно куќиште кое е плус 1600 денари, со другите две камери следува.
     
  25. Ficiani

    Ficiani
    On your way to fame

    496
    935
    1 Јуни 2012
    Машко
    Front-End Web Developer
    Ај некои брзи информации од прва рака за камерава после пола година користење. Може и на @mickeymkd ќе му користат или на било кој друг што планира да зима.

    Како што некој кажа погоре, спецификациите ма Xiaomi Mi-во се слични со оние на GoPro 3-ката (silver мислам). Најбитен репер мене ми е да снима 60fps/1080p. Сликите како слики се на солидно ниво. Малце софтверот (апликацијата на гоогле плеј) им е шит, порано беше подобра, сега направија некој апдејт, малце ја усраа и треба да се навикнеш. Не е нешо страшно.

    Е сега, колку што знам фрејмовите кај Xiaomi-то не се вистински 60фпс него се интерполирани (frame doubling). За просечни корисници тоа не е нешо страшно бидејки при гледање на видеа буквално ништо не се приметува. Некад знае да се багира односно малце да засецка (ова зависи од опкружувањето, околината, боите) ама се дешава многу ретко. Друго, да знаеш дека било која камера од овој буџет ноќе вади катастрофални слики/снимки. За дење е топ.

    Од друга страна пак, GoPro Hero верзијата е со малце послаби карактеристики (не снима фулл хд во 60 фпс туку во 30), ама квалитетот на изработка е многу подобар. Во глобала кај GoPro-ата освен што ја плаќаш марката, го плаќаш и квалитетот на изработка. Пример, после 3 години користење ГоПро-ата се сеуште како нови (никакви проблеми при палење, снимање, чкрапање), а кај Шаомиво не знаеш што ќе биде со него после година дена. Или не знаеш ако ти падне на камен пример, колку и како ќе издржи. GoPro-ата тука го јадат Шаомито.

    Како и да е, да не заборавиме дека цената на Шаомиво е прениска за тоа што го нуди, па така ја со ограничен буџет и за кежуал користење се одлучив за Шаомито.

    Се зависи за тоа на каков терен планираш да ја снимаш, што планираш да снимаш и дали си поозбилен (ака професионален видео едит, полу професионален, домашна употреба итн). Исто зависи дали ќе ја користиш за ноќно или денско снимање. Дали сакаш во 2К, 4К да снимаш итн....

    Ако некој нешто друго го интересира, нека праша слободно.

    ЕДИТ 1: еве две видеа дирекно снимани од мене со Шаомиво. Во првото видео нема буквално никаков едит, чист raw material е. Второто е исто raw material, само малце му се зголемени levels накај црна нијанса за да се добијат поробри бои.

    Не заборавајте да гледате full hd 60 фпс на цел екран.



    (Еве во ова второ видео доле кај 6-7ма секунда се гледа тоа засецкување што го спомнав погоре, во зависност од тоа каков е кадарот/околината/освлетлувањето).

    ЕДИТ 2: Напомена дека квалтиетот е малце уништен од страна на компресиите или што и да е од страна на Јутуб, локалниот фајл е со малце подобар квалитет :)
     
    Последна промена: 3 Јуни 2016
    architect, gego, mickeymkd и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...