1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Xiaomi mi band 4 -пуштен во продажба

Дискусија во форумот 'Преостанати мобилни уреди' започната од Mkdsime, 15 Јуни 2019.

  1. Mkdsime

    Mkdsime
    Intern

    19
    43
    28 Февруари 2015
    Xiaomi mi band 4 пуштен во продажба.


    View: https://www.youtube.com/watch?v=4YhpRqN-VPg


    [​IMG]

    Ова се цените од www.gearbest.com и има 2 верзии.
    * Интернационалната верзија и NFC (Near Field Communication) верзија
    - АМОЛЕД дисплеј
    - 0,95 инчи дисплеј со 120x240рез VS 0.78 инчи ОЛЕД дисплеј со 128x80 резолуција кај ми банд 3
    - Bluetooth 5.0
    - Обичната верзија има 135mAh батерија, а NFC верзијата со 125 mAh батерија
    - Време на полнење 2часа
    - Водоотпорни до 50метри
    - 6-axis Sensor (при пливање може да детектира дали пливате градно, грбно, делфин, итн.)

    линк -ми банд 3 VS ми банд 4


    Јас лично што можам да видам и прочитам преку интернет не сум премногу воодушевен од новава верзија на паметнава нараквица, нема GPS а кога би имала тогаш приказната би била друга.
    Доколку некој ја има нарачано или планира да си ја купи би ве замолил за ваше лично review да направите и да не известите :).
     
    На c00llY му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,518
    23 Јуни 2015
    Машко
    Што би ти сменило тебе лично GPS функцијата? И дали знаеш дека со GPS батеријата ќе трае 4-5 часа само?
     
    На Mkdsime му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mmarko

    mmarko
    Gaining Experience

    82
    55
    1 Март 2013
    Машко
    Нема обично во бендовиве GPS, за тоа ќе ти треба некој smartwatch. Имаш Amazfit Bip за слична цена како Band 4 NFC, со GPS, барометар и сл. (и уште подолго му трае батеријата). Ама ако и онака носиш мобилен со тебе секогаш, веројатно нема да ти смени баш многу...

    Генерално, би рекол еволуција на Band 3, нема нешто револуционерно. Екранот во боја е најголемата разлика, ама барем јас не го гледам како толку битна опција на ваков уред. Не ми изгледа дека додава некоја реална вредност, освен што може изгледа поинтересно :).

    Како и да е, да барав вакво нешто, би го земал новиов. Само може не веднаш, за некое време веројатно ќе паднат цените...
     
    На Zippo и Mkdsime им се допаѓа ова.
  4. 123456

    123456
    Gaining Experience

    910
    478
    12 Април 2013
    Машко
    ова видеово не кажува како се понаша на надворешна светлина гледливо ли е или не е, ми банд 3 црна темница :D
     
    На Mkdsime му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mkdsime

    Mkdsime
    Intern

    19
    43
    28 Февруари 2015
    При трчање, возење велосипед да знаеш поточно со која брзина трчаш, возиш, на која надморска височина си и сл. Такви некој работи би ми биле корисни, а за батеријата 5часа би ми биле доволни.
    Со ГПС бендови :
    - Huawei band 3 со прифатлива цена
    - Samsung Gear Fit 2 Pro, модели на Garmin итн. во поголемата малку поскапа класа.
     
    На c00llY му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,518
    23 Јуни 2015
    Машко
    Тоа што го бараш ти се базира на други сензори кои ги имаат т.н. подобри/поквалитетни брендови на паметни часовници. Истите се наменети за планинарење, па затоа и најчесто имаат GPS. Во голем дел од оние посериозни планинарења е невозможно да се носи мобилен, па затоа овие часовници ги имаат најпотребните информации. Кај некои модели кои имаат своја меморија, овозможуваат синхронизација со мобилниот телефон откако ќе се заврши со активностите, со цел пристап до статистики. Инаку како најбитно овие часовници имаат и поголеми батерии па истите можат да траат и до 20 часа со уклучен GPS.

    Инаку сензорите како најбитни кај еден таков часовник се:
    Barometer and Altimeter
    Compass
    Accelerometer
    Thermometer
    итн...
     
    На Mkdsime му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,364
    3,071
    24 Септември 2012
    Дали КОНЕЧНО ќе има зонски тренинг? Без телефон секако.

    Или до толку ги мрзи да го направат да титка ако пулсот се качи над 160бпм и да титка ако падне под 120бпм?

    Јака филозофија, 20 генерации ќе се прави изгледа.
     
    На The-spiki и Mkdsime им се допаѓа ова.
  8. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,876
    1,429
    10 Август 2010
    Машко
    Тогаш цената ќе биде како минимум на 30-40% поскапа и се навлегува во друг сегмент, каде што тешко дека ќе се продаваат. Како бивши атлетичар на средни и долги патеки, и од искуство со Garmin FR220 со пулсметар на гради, ќе ти кажам дека оваа функција нема да работи како што треба. Саатот ме кошташе околу 16к пред 4 години и е наменет баш за тренинзи, за разлика од бендов кој е достапен за ~$50.

    Прва причина дека ова е неизводливо, е бидејќи пулсметарот ти е на рака, која постојано ти е во движење и бендот е изложен на вибрации. Ќе имаш постојани пикови над и под границата. Овие проблеми сум го имал и на гарминот, по што завршив да тренирам без тоа гадно титкање и самиот да си го следам пулсот.

    Втора, треба доста поскап и попрецизен сензор, и пак цената ќе отиде веќе неоправдано високо за ваков уред. Доколку ти требаат вакви функции, купи саат специјално наменет за вакви уреди. Garmin, Suunto на пример.

    Overall, доколку имаш Mi Band 2/3, нема смисла да се купува 4.
     
    На Скоти и Mkdsime им се допаѓа ова.
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,364
    3,071
    24 Септември 2012
    Доколку ми требаат такви функции си имаш саат со чест страп за 3700 денари во аутдоор стор. Ама тоа е со чест страп.

    Ама поентата е што Мибанд може да го прави тоа ама само со мобилен и бла бла. Значи функцијата ја има. Само 8 реда код го спречуваат да ја има.
     
    На Mkdsime му/ѝ се допаѓа ова.
  10. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    674
    142
    10 Мај 2007
    Само Garmin Vivosport Garmin vívosport® | Fitness Activity Tracker with GPS има се ова ама се очекува нова верзија од истиот да искочи набрзо.


    Edit: за 100 еур се наоѓа 235 користен, баш јас продавам таков ;)
     
    На mdeni и Mkdsime им се допаѓа ова.
  11. despotovikj

    despotovikj
    On your way to fame

    1,023
    500
    7 Март 2014
    Машко
    Ќе има google assistant на глобал верзијата? Океј е за секојдневна употреба за нотифиакции,аларм, NFC, можда во иднина ќе може и да се плаќа кај нас со неа :D
     
    На Mkdsime му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 123456

    123456
    Gaining Experience

    910
    478
    12 Април 2013
    Машко
    Стигна денес ми банд 4 за 35,70долари
    англиска верзија.

    66285207_1314204628747714_3464076838609879040_n.jpg
     
    На Mkdsime, shooter, Tomekk и уште 5 други им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Josifosky
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    800
  2. Motherboard
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,206
Вчитување...

Сподели

Вчитување...