• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Хепенинг на плоштадот Македонија за заштита и популаризација на Кирилицата

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Sampion

Баниран/a
18 февруари 2008
181
1
www.diandjelo.tripod.com
На плоштадот Македонија во Скопје вечерва се одржува голем хепенинг на пријателите на Кирилицата. Настанот е дел од кампањата „Додека пишувам на кирилица, постојам!“ која има за цел да ја подигне свесноста кај сите генерации за потребата од популаризација на македонската кирилица, нејзино зачувување, употреба и афирмација, но и да создаде голем број нејзини пријатели и поддржувачи.

Најмладите со помош на познатиот водител на детски емисии Ивце Пивце и со музика од „Златно славејче“ на посебни паноа ги пишуваа своите имиња и ја кажуваа азбуката, а на пунктови што ги постави Мајкрософт најмладите правеа сложувалки со логото на кампањата. Во посебен простор кој го постави ВИП операторот се прикажуваат епизоди од познатиот серијал „Бушава азбука“. Поставени се и специјални паноа на кои посетителите преку соодветни пораки, графити и потписи ја изразуваат својата поддршка и почит кон нашето писмо.

Најмладите ќе ги забавува и Театарот за деца и младинци кој ќе ја изведе претставата „Македонска приказна“. Ќе настапат и хорот „Св. Злата Мегленска“, концертниот оркестар „Македонски рози“ со вокалот Андијана Јаневска, а специјален гостин ќе биде Влатко Стефановски.

Кампањата со мотото „Го чувам своето - додека пишувам кирилица постојам!“, почна на 23 април и ќе трае до 10 јуни. Иницирана е од маркетинг агенцијата „Идеја плус комуникации“ и Македонската информативна агенција - МИА, а поддржана од научната и уметничката јавност, од институции, бизнис-заедницата и од медиумите.

Организаторите се задоволни од одѕивот на граѓаните кои дојдоа на плоштадот Македонија да дадат поддршка на нашето писмо.

- Она што е планирано тоа е и спроведено на терен. Ми се чини дека сите си ја работат работата најдобро што знаат. Гледам дека одѕивот е се поголем. Најмладите се среќни и задоволни што ни беше најбитно. Останува уште и возрасните да ги направиме среќни, а во тоа не се сомневам ни најмалку, вели Ана Јанковска од „Идеја плус комуникации“.

Иако е создадена пред повеќе од десет века на овие простори, со прегорна работа на светите Кирил и Методиј, творците на словенската писменост, и со посветеноста на нивниот ученик свети Климент Охридски, кирилицата неправедно се подзаборава и во употребата го „губи чекорот“ со латиницата. Тоа е особено забележливо во новите глобални сфери - информатичките технологии, комуникациите и рекламирањето. Оттаму и поттикот за кампањата, што ќе опфати повеќе активности кои треба да ја подигнат свеста за правилна употреба на кирилицата. Целта е да се покаже дека кирилицата е убава, применлива, отмена, грациозна, прогресивна, читка и модерна и поради тоа да се употребува секаде каде што е можно.

Изработена е и посебна интернет-страница www.mojatakirilica.com.mk, на која е објавен конкурс за изработка на правилни македонски кирилични компјутерски фонтови. На веб-страницата е поставен кириличен фонт кој бесплатно ќе може да се преземе. До крајот на кампањата ќе бидат изработени уште три нови фонтови кои, исто така, ќе бидат поставени и ќе може слободно да се користат. Новостите за сите активности поврзани со кампањата редовно ќе бидат објавувани и ажурирани. На веб-страницата има и катче за децата кои низ игра ќе ја учат азбуката

Izvor:MIA

 

dime

Intern
13 мај 2008
163
3
Dobra inicijativa, bravos. Mnogu e tocno ova za kirilicata deka se poveke se podzaborava, posebno vo Srbija na primer. Kaj nas ne bi rekol deka ima problemi so kirilicata, ali da, dobro e vakvi raboti da se desavaat :)
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Dobra inicijativa, bravos. Mnogu e tocno ova za kirilicata deka se poveke se podzaborava, posebno vo Srbija na primer. Kaj nas ne bi rekol deka ima problemi so kirilicata, ali da, dobro e vakvi raboti da se desavaat :)
Почни од сопствениот пост... :D

Инаку, како што можете да забележите, почнав и јас на кирилица.. Тешко беше дури ја пребродив навиката, но ајде.. Да не му е како трн во око на некои членови, кои му "сметало" моето пишување на латиница.. :D
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,891
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно