ARMac
Epic
Еве да не барате по интернет како се прави рикавери на xbox one (сите 3 модели) во случај интерниот диск да рикне или сакате да ставите SSD.
Сите туторијали онлајн со пајтон скрипти и клонирања не важат. Пробав нејќе веќе така. Има поедноставен начин а тоа е рикавери со УСБ на кое го има оперативниот систем симнат директно од Microsoft.
Важно: Конзолата прима минимум 500 гб хард диск, максимум 1.5ТБ. И тоа 500/1000/1500. Пробав со 750gb диск и го форматираше како 500. Со 250гб ссд исто пробав, не почнува процесот. Со 1000 и 1500 си работи нормално. Зошто и како незнам ама така е.
Потребни работи:
Доколку постоечкиот диск сакате да го замените со поголем/побрз. Извадете го од конзолата (претпазливо, има туторијали на нет како). Ставете го во екстерна УСБ кутија и приклучете го на ПЦ.
Ќе се појават неколку партиции директно во виндовс. Ако не, откако ќе инсталира виндовсот драјвер за кутија го пуштате програмот под број 2. Стискате scan и во листата на хард дискови треба да има еден на кој ќе стои Xbox Mode. Десен клик и префрлаш во PC Mode (запамти кој диск е обавезно). Вадиш ставаш усб кутијата повторно и сега сигурно ќе ги има партициите во My Computer.
Да се зачуваат игрите што се на интерниот диск кој се мења, се прави бекап на User Content партицијата.
Значи се на се има 5 партиции и тоа
Откако ќе заврши, исклучете го и извадете го оригиналниот диск од УСБ кутијата и ставете го новиот. Приклучете го на PC. Со некој програм како MiniTool Partition Wizard Home избришете ја постоечката партиција, десен клик делете. Да биде дискот RAW односно да нема партиции. Сејвувајте и исклучете го. (повторно пазете кој диск го бришете).
Ова е само за пример да не се чудите што е 29гб.
Припрема на УСБ-то
УСБ-то од 8 или повеќе гигабајти форматирајте го како NTFS, а не како FAT32. Можеби може и како exFAT ама Мајкрософт сугерира да биде NTFS. Се што има во фајлот симнат под точка број 4 го ставате директно на УСБ дискот. Како што е, не креирајте подфолдери и несмее да има ништо друго освен фајловите што се во ZIP архивата што сте ја симнале. Во зависност од брзината на УСБ-то ова може да потрае.
Монтирајте го новиот хард диск назад во XBOX-от. Кога ќе биде спремно УСБ-то, со safely remove device извадете го и уштекајте го на било која порта од Xbox-от. Се до овој момент конзолата е скроз изгасена и отштекана од струја.
После 10-20 минути инсталацијата ќе заврши. Може да биде збунувачки пошто нема никакви индикатори до каде е, а и ќе се рестартира конзолата неколку пати. Кога ќе заврши, ќе се покаже Welcome екранот како кога сте си го купиле. Од тука натаму е едноставно, додавате акаунт и се по ред.
Враќање на игрите
Откако ќе завршите со новиот сетап и сега сакате да си ги вратите игрите (да не ги симнувате повторно), извадете го новиот диск од конзолата и ставете го на ПЦ во УСБ кутијата. Ако повторно не го детектира веднаш, со програмчето сменете го од Xbox Mode во PC Mode, со тоа што откако се ќе завршите треба да не заборавите да го вратите во Xbox Mode.
Едноставно вратете се што извадивте од User Content партицијата и тоа е тоа.
Да се избегне ова со вади стави, ако имате две усб кутии и екстра 500 гб екстерен диск, може пред да почнете да ги префрлите игрите на екстерниот, нормално ако интерниот воопшто работи.
Процедурата за замена на расипан хард диск со нов е иста, со тоа што почнувате од Припрема на УСБ-то па натака.
Пробав со SSD, SSHD и HDD и овoj SSHD ми се чини најразумно решение. Побрз е од обичниот, а нема некоја голема разлика со SSD-то освен во Loading на игрите. Сепак според мене попаметно е SSD-то да се стави во добра 2.5" USB 3.0 кутија за да се искористи до крај, пошто конзолата дава само околу 300 гб за игри од 500, остатокот е резервиран за апдејти рикаверија и слично.

- УСБ кутија за 2.5" хард диск
- Програмот Xbox One External USB Storage Device Converter
- Компјутер со УСБ на кој ќе го правите ова.
- Recovery фајлот за XBOX - Овде
- УСБ стикче од 8 гб
Доколку постоечкиот диск сакате да го замените со поголем/побрз. Извадете го од конзолата (претпазливо, има туторијали на нет како). Ставете го во екстерна УСБ кутија и приклучете го на ПЦ.
Ќе се појават неколку партиции директно во виндовс. Ако не, откако ќе инсталира виндовсот драјвер за кутија го пуштате програмот под број 2. Стискате scan и во листата на хард дискови треба да има еден на кој ќе стои Xbox Mode. Десен клик и префрлаш во PC Mode (запамти кој диск е обавезно). Вадиш ставаш усб кутијата повторно и сега сигурно ќе ги има партициите во My Computer.
Да се зачуваат игрите што се на интерниот диск кој се мења, се прави бекап на User Content партицијата.
Значи се на се има 5 партиции и тоа
- Temp Content
- User Content
- System Support
- System Update
- System Update 2
Откако ќе заврши, исклучете го и извадете го оригиналниот диск од УСБ кутијата и ставете го новиот. Приклучете го на PC. Со некој програм како MiniTool Partition Wizard Home избришете ја постоечката партиција, десен клик делете. Да биде дискот RAW односно да нема партиции. Сејвувајте и исклучете го. (повторно пазете кој диск го бришете).
Ова е само за пример да не се чудите што е 29гб.
Припрема на УСБ-то
УСБ-то од 8 или повеќе гигабајти форматирајте го како NTFS, а не како FAT32. Можеби може и како exFAT ама Мајкрософт сугерира да биде NTFS. Се што има во фајлот симнат под точка број 4 го ставате директно на УСБ дискот. Како што е, не креирајте подфолдери и несмее да има ништо друго освен фајловите што се во ZIP архивата што сте ја симнале. Во зависност од брзината на УСБ-то ова може да потрае.
Монтирајте го новиот хард диск назад во XBOX-от. Кога ќе биде спремно УСБ-то, со safely remove device извадете го и уштекајте го на било која порта од Xbox-от. Се до овој момент конзолата е скроз изгасена и отштекана од струја.
- Ставете го кабелот за струја и приклучете монитор/ТВ
- Држете го копчето Controller Pair, Eject на BluRay драјвот и после 3-4 секунди притиснете го копчето за палење. Продолжете да ги држите првите две додека не покаже слика.
- Од Recovery менито одбирате Offline system update (уклучете го гејмпадот)
- Чекајте