- Ја почнал/а темата
- #1
Stane
Gaining Experience
- 4 октомври 2007
- 2,497
- 77

Јапонска компанија која досега беше најпозната по ATM безбедноста неодамна го претстави портабл хард драјвот EZSecu EZ850 кој се испорачува со сопствена вградена пин тастатура.
EZSecu EZ850, кој се поврзува со USB приклучок, е заснован на база на 2.5’’ SATA drive, што им е познат на сите корисници на лаптоп компјутерите. Овој драјв повеќе потсетува на портабл сеф, отколку на хард драјв.
Од едната страна се наоѓа екран осетлив на допир, преку кој корисниците мораат да внесат пин, кој се состои од шест карактери.
Предноста на пиновите е нивната едноставност, како и фактот дека драјвот се што вам ви треба, без притоа да користите дополнителни софтвери. Доколку го поврзете со компјутер, а не го венеете пинот, тогаш, компјутерот нема да го препознае.
Извор: ИДИВИДИ