1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Хард дискови - тестови и искуства

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од gokica, 8 Мај 2010.

  1. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    318
    176
    13 ноември 2009
    Да го земам овој Toshiba 2TB што го има во Анхоч? Не гледам друга опција за 2TB хдд со пониска цена, освен Seagate, кој на неколку наврати на форумов имам сретнато како беше доста критикуван, не конкретно моделот, туку марката :confused:.
     
  2. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,107
    3,262
    2 Септември 2012
    Машко
    Го имам Сигејтот одличен е. :)
     
  3. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,786
    3,888
    12 Јануари 2016
    Машко
    Според ова Сигејтот е SMR драјв. А според ова и Тошибата е SMR драјв. :)
    Што не мора да биде лошо, зависи за што е наменет дискот.
     
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,719
    13,088
    2 Август 2012
    Машко
    Пази и ти да не се приклучиш кон таа листа на критикувачи. Бегај од Seagate, со трчање да бегаш.
    А не е да нема спорадични расипувања на WD и останати но Seagate е дно од компанија.

    По кои законитости сеуште опстојува на пазарот да ми е да знам.

    Ако немаш избор тогаш земи го Тошибата. Следи го првата недела-две со програма како се „понаша“ и тоа е тоа.
     
    На Tegla и Rukfash им се допаѓа ова.
  5. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    318
    176
    13 ноември 2009
    Па regular use. Како втор диск за storage, пошто системскиот е ssd. Значи хард дискот би бил all round, за игрите што нема да ги собира на ssd, за архива на слики и видеа, филмови и работните материјали (графички и 3Д дизајн). Едноставно таа е понудата во нашиве продавници.
    За backup имам 2 екстерни дискови (300GB + 1TB).
     
    Последна промена: 1 Јуни 2020
  6. Lazarus

    Lazarus
    Intern

    114
    34
    10 ноември 2009
    Машко
    Здраво! Пред извесно време склопив конфигурација со горе споменатиот хард диск Seagate BarraCuda st2000dm008 кој го користам за чување на податоци, па направив некои тестови со HD tune и сакав да прашам дали некој што знае да ги толкува податоците би можел да ми каже дали дискот се однесува нормално. Не јавува никакви грешки на "errоr scan", но ме интересира зошто има големи осцилации при тест на "read" брзина, како и еден предупредувачки сигнал во HWinfo за "Number of mechanical start failiures : 1"

    тестови со HD Tune
    Празен диск
    [​IMG]
    60% полн
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    HWinfo
    [​IMG]

    Crystal Disk info
    [​IMG]
    Crystal Disk Mark
    [​IMG]

    Правев и некои основни тестови со Seatools, и не јави некои грешки.

    Копирање 3 фајла, филмови .mkv формат големи фајлови од една партиција на друга(истот диск)
    [​IMG]

    Копирање 3 фајла, филмови .mkv формат големи фајлови од дискот на друг диск
    [​IMG]

    Копирање 3 фајла, филмови .mkv формат големи фајлови од дискот на SSD
    [​IMG]

    И чисто за споредба, 2Tb диск од PC-то на работа, исто Barracuda само друг модел
    [​IMG]

    Исто така при прва инсталација на Windows 10 pro претпоставував дека дискот нема да биде присутен во explorer се дур не одам во "disk management" и креирам партиција, но беше веднаш видлив со една партиција од 1.81TB....не се разбирам многу, но мислев дека гланц нов диск би требало да е како "unallocated space".
    Дискот не прави никакви невообичаени звуци, и доколку не се задлабочев во овие работи мислам немаше да имам некои замерки.
    Барам совет дали има простор за сомнеж дека е репариран или дека треба да внимавам и правам константно бекап на податоци, пошто не ми е беше тоа во план со нов HDD.
    Фала!
     
    Последна промена: 8 Јуни 2020
  7. G4M3R

    G4M3R
    On your way to fame

    622
    624
    26 Јуни 2012
    Машко
    Не личи дека е баш во најдобро здравје. Освен тоа со механичката грешка и брзините, јавува (кај hwinfo) и uncorrectable errors.
    Но и од сите програмчиња, сите јавуваат различни вредности. Би пробал со LLF ако се среди нешто, инаку за другото со резерва чување податоци на него.
     
    На Lazarus му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Astro

    Astro
    Guru

    6,784
    9,437
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не гледам Immediate показател за проблем со дискот. Брзината на трансфер на податоците зависи од повеќе работи а сите фактори е невозможно да ги согледаш.

    Исто и разликите во перформанси не верувам дека се показате. ТОј диск е со 256мб cache сосем е возможно да добиеш такви ударни перформанси. На последниот скриншот од HDTune опаѓачката крива што ја гледам е сосем нормална. На претходните скриншоти каде дискот е 60% полн тоа може да е предизвикано од кешот.

    Единствената грешка што ја покажува SMART Mechanical Startup Failure може е спорадична. МОжеби се случила еднаш поради Х причини (напојување, кабли, firmware update) и не би кревал паника, можно е да нема никаква врска со здравјето на дискот.

    Јас не гледам нешто што покажува на проблемо, но би го следел дискот редовно дали тој парамтар се повторува.
    Можеш и да го инсталираш ова: Download disk imaging utilities, data backup and recovery tools, HDD managers and multibooting software for home PCs ова е апликација која би требало да те извести доколку забележи негативна промена во SMART параметрите. До сега секогаш сум се држел подалеку од Seagate драјвовите (кои според мое искуство и искуството на експерт од форумнов) бидејќи се потпросечни од аспект на издржливост, но не е јасно за кои модели се однесува ова или сите. Поради ова не сум имал проблем со хард драјвови па и не сум го начекал диск мониторот да се будни, ни кај мене ни кај многуте компјутери кои се под моја јуриздикција :) но можеш да пробаш. Тоа ти е мој совет. Иначе чудно ми е тоа што велиш, гланц нов диск да ти го појави со партиција (освен при инсталација на Windows-от ако се случило да креираш партиција а не си обрнал внимание), тоа не треба да се случи. Евентуално да провериш по сериски број дали дискот е refurbished, мада и покрај тоа не би требало да се случи. Дали дискот го купи сосем неотпакуван? Дали имаше во SMART работни часови кои ти не си ги направил?

    Инаку for the record, имам екстремно битни податоци. Никогаш не сум штедел на драјвови, бидејќи често располагам и со туѓи податоци. Имам два оперативни драјвови. Имам едено дрво на фолдери кое се синхронизира на двата драјвови. На едниот имам АРХИВА од податоци која ја бекапирам на бекап хард диск. Имам и бекап на бекап хард дискот. Колку ти се важни податоците што ги чуваш тоа е твоја работа, само ќе кажам дека мене моите ми се важни, следствено таквиот сетап.
     
    На Lazarus и Oktar им се допаѓа ова.
  9. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,614
    3,528
    11 Декември 2008
    Машко
    Не е во ред нешто со дискот, треба како на последната слика од тој дискот на работа што ти е.

    Овој твојот како да заглавува или нешто слично.

    Види и со HDD Sentinel што ќе покаже, исто од табот Health HD Tune еден скриншот.

    А и нов треба да е Unallocated, овој е репариран 99%, од кај го купи?
     
    Последна промена: 8 Јуни 2020
  10. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,327
    2,571
    19 Јули 2013
    А на што се должи тоа што овој домашниов диск е речиси двојно побрз од тој на работа?
     
  11. Lazarus

    Lazarus
    Intern

    114
    34
    10 ноември 2009
    Машко
    Фала за одговорите!

    @Astro последниот скриншот е од друг модел на BarraCuda кој го користам во компјутер на работа, и го постирав пошто е поразличен во однос на мојот "read" трансфер, со поконстанта и опаѓачка крива, додека кај мене има "spikes" во кривата на ~750Gb и ~1500Gb, и незнам дали е тоа нормално за мојот модел.
    Ок, инсталирав Акронис драјв монитор, гледам мониторира во позадина, па ќе проверувам.
    Дискот сум 99% сигурен дека не го форматирав, веднаш го избрав ССД-то да инсталира Win10, и кога влегов во Windows Explorer веќе беше форматиран. Конфигурацијата ја специфицирав јас, но платив за да се склопи и тестира. Имам гаранција на сите делови одделно, и 3год на системот. Така да незнам дали дискот бил отпакован или не. Во SMART параметрите кај сите програми досега вика дека има ~200 работни часа и 25-30 рестарта, што соодветствува на 2 недели користење колку што го имам PC-то. Исто на официјалната страна на Seagate по сериски број проверив дека има гаранција до март 2022, јас го купив како производ со 2 год. гаранција верувам дека тоа е во ред. Не најдов можност за проверка дали е rebuild, само дали е под гаранција.
    Ќе пратам како се однесува, и ќе подесам бекап на друг драјв.
    Фала за опсежниот одговор!

    @olikomerc дискот, како и цела конфигурација е земена од Alza.cz кои се гиганти на чешкиот пазар, имаат добра репутација, но можно е и да ми продале репариран диск, гледам дека производителиве ги продаваат и како такви, а може не сум видел во опис. Но SMART извештајот вика дека е работен колку што го имам јас, незнам...
    Еве еден скрин од health во HDTune
    [​IMG]

    Мојот по спецификација има read/write до 220Mb/s, тој од работа 195Мb/s
     
    На Lokvan и Oktar им се допаѓа ова.
  12. zirkach

    zirkach
    Gaining Experience

    193
    145
    12 Февруари 2015
    Машко
    не ќе ти е лошо ако си во можност да го замениш дискот зш вака сумљив е за озбилна работа а нов ти е
     
  13. Astro

    Astro
    Guru

    6,784
    9,437
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Немаш гајле другар, најверојатно не е репариран, веројатно они го тестирале кога го склопувале. посматрај го повремено, имај си бекап и тоа е тоа.
     
    На Lazarus и Oktar им се допаѓа ова.
  14. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,719
    13,088
    2 Август 2012
    Машко
    @Lazarus
    Симни го gsmartcontrol од GSmartControl :: Home & News и во него дефинитивно ќе видиме дали има проблем или не.

    Во него има 3 теста, првиот (2 мин) и вториот (околу 20 мин) ќе ти покажат ако нешто не е во ред.

    Seagate беше поим за диск. Откако го купија Maxtor квалитетот им замина downhill се до денес.
     
    StalkeR, Lazarus и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  15. Avid

    Avid
    Guru

    4,628
    6,979
    21 Јануари 2009
    Дискот е океј.
     
    На Lazarus и Oktar им се допаѓа ова.
  16. Maxtor

    Maxtor
    Intern

    41
    49
    22 Април 2012
    На тема „дали е океј дисков“ - купив нов Toshiba P300 1TB, дали е нормално е да се слуша ова на вклучување и исклучување:
    (кратко „гребење“ на startup, еден гласен клик на shutdown)



    Прв диск од тошиба ми е и врска немам како треба да звучи. Инаку го проверив со HDTune и CrystalDisk не јавува проблем.
     
  17. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,719
    13,088
    2 Август 2012
    Машко
    Во ред е се. Главите од паркинг одат да работат и повторно во паркинг позиција.

    Оние звуци не смееш да ги слушнеш за време на работа. Немаш гајле. Проверувај SMARTод време на време и тоа е тоа.
    Не го преместувај и не го тропај за време на работа.
     
    На DaVoRkNe и Maxtor им се допаѓа ова.
  18. triki123

    triki123
    Intern

    26
    9
    4 Мај 2019
    Машко
    Дечки, какви се вашите искуства со NAS дискови? Се мислам да земам еден поголем диск за да го користам како локален cloud, имам 3 компјутери дома и префрлање фајлови/филмови/музика од еден на друг ми се смачи. Би го користел највеќе за торенти симнување директно на него. Кои се pros/cons на овој пристап и евентуално боље решение да препорачате.
     
  19. Lazarus

    Lazarus
    Intern

    114
    34
    10 ноември 2009
    Машко
    Фала уште еднаш!
    @FLEGMA го тестирав дискот со таа алатка и ги направив 3те теста, и помина без да јави грешки. Уште пред да ги направам тестовите во статистика стојат истите предупредувања што ги јавува и во Hwinfo, тука означени со розева боја
    [​IMG]
    [​IMG]
    Доколку ова е во ред, ќе пратам дали во иднина има промена, па ќе пишам некој "follow up" :)
    Поздрав!
     

    Прикачени датотеки:

    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Astro

    Astro
    Guru

    6,784
    9,437
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Добри се се, јас користам веќе подолго време, супер си се за 24/7 операција да ги вклучиш и заборавиш.

    И јас би го рекол истото доколку не се гасеше моторот. Главите си се паркираат и тоа е добро, ама чуму се гаси моторот? Мене ми изгледа на неуспешен старт и ме чуди зошто SMART не е евидентира ништо.
    @hipo ? Дали на секој стартап е вака исто и што се случува откако ќе се изгасне?
    --- Споени мислења, 10 Јуни 2020 ---
    Имаш уште бајаги време до истек на гаранција. Ако ова се смени и почнат да растат бројките рекламирај им го одма ако те мрзи да го рекламираш уште сега. У Чешка не се пицајзли ко у Сет и остали македонштини :)
     
    На olikomerc и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  21. Lazarus

    Lazarus
    Intern

    114
    34
    10 ноември 2009
    Машко
    @Astro Фала за советот. Ќе следам како ќе се одвива и ако се влоши ќе го рекламирам.
    Фала на сите што дадовте мислење, поздрав!
     
    На Astro и Oktar им се допаѓа ова.
  22. Astro

    Astro
    Guru

    6,784
    9,437
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ќе частиш пиво, вториот ден откако дигаат забраната за патување палам кола накај Прага :crazy:
     
  23. Lazarus

    Lazarus
    Intern

    114
    34
    10 ноември 2009
    Машко
    Ајде бујрум! :)
     
  24. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,657
    1,453
    27 Јануари 2011
    Машко
    SMART регистрира power On/Off, оваа е успивање на дискот за помалце трошење струја. Дисот е цело време под напон, се гаси моторот он е најголем потрошувач на струја.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  25. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,719
    13,088
    2 Август 2012
    Машко
    Она на почетокот е вентилатор кој завртува на макс. (ваљда од процесорот)
     

Сподели

Вчитување...