Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Дали има голема и приметлива разлика меѓу SATA хард диск со 5400 rpm и SATA хард диск со 7200 rpm. или пак да земам Hybrid Hard Disk Drive? каков е тој? која е разликата? Фала и поздрав
Па има бааги разлика ако одиш од логиката дека 7200 е за 30% повеќе од 5400, шо значи ~30% побрз пристап. Али ако ти е за интерен на лаптоп, боље е 5400, дека 7200 бааги повеќе греат и трошат батерија, така да ако не ти смета да ти горат рацете додека куцаш можеш и 7200 да земеш
7200 ке ти ја цеди батеријата многу побрзо од 5400. А хибрид е некој хдд што освен плочите има и (најчесто)256мб флеш меморија за забрзан I/O. Не знам каде можат кај нас да се најдат хибриди, ама не се ни исплати. Боље SSD ке си земеш.
Не фрлај пари....земи си стандарден. Верувај, ништо особено нема да добиеш со купување хибрид или пак со хард на 7200 вртежи. Колку ти е битно дали кон некој податок ќе пристапиш, карикирам, за две или три секунди? Толку тоа ти значи, во толкава мерка ти значи тој, во глобала, мал добиток во перформанси?
Размисли, и земи в предвид за што најмногу го користиш лаптопот, па и самиот многу бргу ќе увидиш дека нема резон.
Разликата во парите кои ќе ги лупнеш за хибрид потроши ги или за поголем хард или за РАМ.
Хардовите со 7200 вртежи допрва треба да станат стандард во лаптоповите, но сепак дотогаш ќе бидат извршени одредени оптимизации во поглед на потрошувачката на енергија, или самите батерии ќе претрпат измени. Конечно, актуелните хардови на 5400 вртежи сепак се дизајнирани кон актуелните батерии, не?