• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Хакери

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Интернет е место на кое што има неограничен достап до информации. За заштита на овaa мрежа од компјутери некогаш биле задолжени хакерите. Но хакерите веќе сватиле дека тие се невидливи воини во дигиталниот свет па почнале своето знаење да го злоупотребуваат за да дојдат до потребните информации, па дури и за да огабат нешто. Но сега веќе не е се исто. Сега и интернетот е нешто подруго. Правилно гледано интернетот е виртуален свет. На него имаме криминалци, полицајци, судии, закони и останати работи кои што ги имаме и во реалниот свет (се разбира со некои недостатоци). Но да не се одалечуваме од темата. Како што доаѓале се понови и подобри компјутери така и хакерите преминувале во вистински непобедливи криминалци. Можам и да наведам некои од почетниците на хакирањето и за секој ке кажеме по нешто. Еве една топ листа.

1. Џон Драпер - Captain Crunch
2. Владимир Левин
3. Кевин Поулсен
4. Омега Икс
5. Кевин Митник
6. DVD Џон


Captain Crunch

E еден од првите луѓе кои што направиле криминални дела на поле на информатиката. Имено капетанот го направил програмот Blue Box(Сина кутија). Програмот е направен за да може да се користи бесплатен интернет додека интернетот сеуште бил луксуз. Програмот го менува модемот да испушта звук од 2900 Мега херци. Звукот во тоа време бил за бесплатни телефонски разговори. Кога се стартува програмот се пушта конекција и се конектира на интернет без пари. Звукот не пречи во користењето на интернет затоа што човечкото уво не може да го регистрира. Од тоа време па наваму до пред некоја година тоа беше актуелно затоа што уште се користеше звук за бесплатен телефонски разговор, звукот само ја менуваше фрекфенцијата, а со тоа се менуваа и програмите за бесплатно конектирање. Јас толку би кажал за Капетанот кој се уште е жив и се наоѓа на слобода.

Владимир Левин

Зборуваме за руски хакер кој сеуште е предизвик за младите хакери. Владимир Левин беше првиот човек кој што влезе во компјутерите на швајцарската банка и заде 19 000 000 долари. Иако беше откриен тој сеуште е запишан во книгите за хакерите и неговото име вечно ќе се слуша од устата на младите хакери. Владимир Левин сега е во затвор поради истата кражба.

Кевин Поулсен

Ако сеуште има некој хакер на кој што веќе не му е предизвик да влезе во компјутерите на FBI тоа е Кевин Поулсен. Тој е првиот човек кој што успеа да ја пробие огромната заштита на FBI. Кевин Поулсен уште е жив и го јаде онаа по што плукаше, т.е. Тој сега работи за FBI во оделот за интернет криминал.

Омега Икс

Дете по националност Хрват стар 11 години со натпросечна интелигенција пушти вирус на интернет кој што уништи 1704 компјутерски системи. Оваа некогаш било на насловните страни на весниците. Детето е познато како Омега Икс и за него е и снимен филмот Хакери 1. Само што во филмот му е сменето името во Zero Cool и нормално како во секој американски филм детето е Американец. Омега Икс сега работи за CIA и не е веќе дете.

Кевин Митник

На ден 18.10.1970 година во Калифорнија се роди најдобриот хакер и до ден денес. Се разбира зборуваме за Кевин Дејвид Митник. Кевин својата кариера ја започна со фрикување (бесплатно користење на телефон и интернет). Вториот чекор му беше запишување на колеџ каде што научи фишинг (Крадење на кредитни картички). Одеднаш Кевин стана фистински каубој на тастатурата. Тој беше прв хакер кој се најде на FBI Most Wanted List (Листа на најбарани луѓе од страна на FBI). Кевин успеа да ги сруши од интернет сите страници на Microsoft поради што му беше изречена казна затвор од една година почнувајќи од 11.1.2002. година. Од тогаш Кевин успеа уште два пати да го ограби www.amazon.com - најголемата продавница на интернет. За обаа кражба не му е судено затоа што немаат докази. Неговит прв скапоцен лап-топ беше запленет на 27.9.2002 година и беше продаден со празен хард диск на аукција за 2 000 000 долари. Вториот лап-топ беше запленет на 24.11.2003 и беше продаден исто така на аукција за половина милион долари повеќе, но сепак лап-топот беше од фирмата apple (Јаболко). Тој сега е на слобода и ја пишува својата нова книга "Hacker wars" (Хакерски војни) и да се надеваме дека ќе е поуспешна од "The art of the deceptions" (Уметноста на измамите). Ако сакате да дознаете нешто повеќе за Кевин Дејвид Митник прашајте го него. e-mail: [email protected]

DVD Џон


Ова е најмладиот хакер за кој пишувам. Тој го измисли првиот првиот програм за копирање на DVD филмови на компјутер. Сега скоро секој си има DVD ripper. Но за негово време тоа не беше толку лесно. На DVD Џон му беше судено од страна на некоја издавачка куќа за филмови. Џон изјави дека тој програмот го направил за да си ги снима своите филмови на својот компјутер. Да му заблагодариме нему за DVD риперите затоа што секоја компанија кога го прави риперот сега вели дека тоа е корисно за да си ги снимаат луѓето филмовите на своите компјутери. Три пати ура за DVD Џон.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Ova go imam prochitano nekolku pati do sega barajki slichni temi na internet, znachi pozhelno bi bilo da go istaknesh cel link.
Inaku povekjeto od nabrojanite se "crackeri" ne "hakeri" ima razlika.
Ex. Vo zavistost od toa koga e pishana orginalnata verzija od postot, za primer da go zememe Kevin Mitnick, prvo beshe cracker - raboteshe nelegalno, se za svoja korist, no sega vekje raboti legalno i pretstavuva "hacker" ( da ne me svatite progreshno nesakam da kazham deka ako e legalno e "hacker", tuku posochuvam direktno za Mitnick)
i treto, mailot od mitnick "[email protected]" verojatno ne e vekje vo upotreba.. Pred nekolku godini se obidov nekolku pati da kontaktiram so nego ama beznadezhno, od nego ni traga ni glas :D
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Одличен историјат колега, а за mail на митник може да се прати во вид на интервју и да се презентира тука на форумов. Се надевам дека доколку е во можност некој од администраторите би не удостоиле со тоа.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Одличен историјат колега, а за mail на митник може да се прати во вид на интервју и да се презентира тука на форумов. Се надевам дека доколку е во можност некој од администраторите би не удостоиле со тоа.
Деновиве ќе ги реобјавам ексклузивните интервјуа кои беа правени пред неколку месеци со Митник и останатите а беа објавувани во Ентер.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Омега Икс е најголемата легенда :D
на 11 години 1704 системи да кутнеш :ermm: треба ептен да си :D
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
jas pred nekolku godini pravev seminarska za kevin i imase intervju koe go imav so nego preku mail ne pametam dali bese ovoj pogore

ako uspejam da go najdam na nekoe cd ke go pustam tuka
mi bese i na hdd no mi rikna taka da moze sum go snimal na nekoe cd koa sum pravel backup

ili da otidam da go pobaram od profesorkata :D
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Кевин Митник е еден од најпознатите а не е ден од најдобрите!
 

Pepsi Man

Intern
1 март 2008
171
21
pepso.blog.com.mk
Деновиве ќе ги реобјавам ексклузивните интервјуа кои беа правени пред неколку месеци со Митник и останатите а беа објавувани во Ентер.
Ах тоа интервјуто со Кевин :) Неколку пати го имам читано веќе од ЕНТЕР, вака кога ми текне ќе отворам некој од старите броеви на ЕНТЕР и си разлистувам :D
 

greenman

Intern
9 ноември 2007
211
1
Деновиве ќе ги реобјавам ексклузивните интервјуа кои беа правени пред неколку месеци со Митник и останатите а беа објавувани во Ентер.
Good idea posto za razlika od Pepsi Man jas ne mozam da si go najdam bas toj broj od enter za da si go razlistuvam koga sakam.:lut2::lut2:
 

hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
81
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
Деновиве ќе ги реобјавам ексклузивните интервјуа кои беа правени пред неколку месеци со Митник и останатите а беа објавувани во Ентер.

sum go cital toa intervju vo enter, no neznam dali uste go cuvam toj broj...
 

Pepsi Man

Intern
1 март 2008
171
21
pepso.blog.com.mk
Џонатан Џејмс

Џејмс познат како “c0mrade“ е првиот малолетник испратен в затвор за сајбер криминал. Бил осуден кога имал 16 години. Во анонимно интервју, тој изјавува дека само „се играл наоколу“. Тој ги таргетираше високо профитниците организации.Пример за тоа е инсталирањето на backdoor на серверот на DTRA, односно Defense Threat Reduction Agency. Ова, всушност, е агенција на Министерството за одбрана на САД, задолжена за намалување на заканите од конвенционални и неконвенционални оружја. Со инсталираниот backdoor, тој бил во можност да ги прегледува електронските писма на DTRA и да ги дознава корисничките имиња и лозинките на вработените. Џејмс, исто така, провалил и во компјутерите на NASA, крадејќи софтвер за поддршка на интернационалната вселенска станица, вреден 1.7 милиони долари. Доколку Џејмс бил возрасен за време на кракерските активности, тој би служел 10 години затворска казна, но како малолетник, бил осуден на 6 месеци домашен притвор и забранет пристап до компјутерот.

Адриан Ламо

Ламо е познат по неговите провалувања во огромните организации како New York Times и Microsoft. Наречен како “бездомниот хакер“, тој користел интернет конекции во интернет кафулиња, библиотеки и сл. Нападите на Ламо се состојат со провалување во безбедносните системи. Има постигнато „успех“ со Yahoo!, националната банка на САД, Citigroup и Cingular. Кога тој провалил во интернетот на New York Times, работите станале навистина сериозни. Тој се поставил во листата на експерти и прегледувал лични информации, броеви за социјално осигурување и друго. За нападот врз Њу Јорк Тајмс, Ламо бил принуден да плати 65.000 долари и бил осуден на 6 месеци домашен притвор со две години условно. Неговата казна е истечена на 16 Јануари минатата година. Тој е награден новинар и спикер.
Од хакер, спикер :))

Кевин Пулсен

Познат како Dark Dante, Пулсен станува познат по хакирањето на телефонските линии на радио станицата KIIS-FM, во Лос Анѓелес, со цел да победи во наградната игра. Криминалистичката служба го нарекувала Пулсен, „Ханибал Лектор на сајбер криминалот“. Властите тргнувале во потера по Пулсен по неговото провалување во податочната база на ФБИ. За време на потерата, тој само ја засилувал лутината на федералците со провалување во федералните компјутери и прислушкување. Сепак, специјалноста на Пулсен се движела во полето на телефоните. Специфичен пример е кога неговата слика се појавила на шоуто Нерешени Мистерии, телефонските линии 1-800 престанале да функционираат. Пулсен бил фатен во Супер Маркет и отслужил затвроска казна од 5години. По отслужувањето на рокот, Пулсен работи како новинар. Сега е уредник на Wired News.

Робер Тапан:LOL: Морис

Морис е син на поранешниот научник во националната агенција за безбедност на САД. Тој е познат по создавањето на Morris Worm, еден од првите црви што се појавиле на интернет. Како резултат на тоа, Морис е првата личност осудена за компјутерска злоупотреба и измама во 1986 година. Тој го напишал кодот за црвот додека бил студент во Cornell и тврди дека планирал да го користи за да утврди, всушност, колкава била интернет мрежата. Црвот се реплицирал се` додека не успеел да ги онеспособи компјутерите. Експертите тврдат дека околу 6.000 компјутери биле заразени од црвот. Морис бил осуден на 3 години условна казна, со 400 часеви општествена работа и парична казна од 10.000 долари. Денеска Морис работи како професор на MIT COmputer Science and Artificial Intelligene Laboratory.

Текстот е од ЕНТЕР. (27)
 

^Predator

Intern
12 март 2008
293
18
Нешто најмногу што ме имресионирало од Кевин Митник(и неговата дружина) е правењето софтвер(а подоцна и хардвер) со чија помош добиваат 1.200.000$ и никогаш не се фатени. Софтверот ги победил сите казина во California, бидејќи им ги пресметувал наредните цифри на покер автоматите. Целата процедура околу правењето и користењето на софтверот ја пишува во книгата: Kevin Mitnick - The Art Of Intrusion.
 

alexo

Intern
23 април 2007
169
12
Нешто најмногу што ме имресионирало од Кевин Митник(и неговата дружина) е правењето софтвер(а подоцна и хардвер) со чија помош добиваат 1.200.000$ и никогаш не се фатени. Софтверот ги победил сите казина во California, бидејќи им ги пресметувал наредните цифри на покер автоматите. Целата процедура околу правењето и користењето на софтверот ја пишува во книгата: Kevin Mitnick - The Art Of Intrusion.
Kevin Mitnick нема никакво учество во тоа. Во книгата ја прераскажува ситуацијата која му ја раскажал некој од групата што успеала во измамата.
 

^Predator

Intern
12 март 2008
293
18
Аааа, значи тоа било финтата. Ја пак си мислев дека ја има доживеано цела ситуација, бидејќи има многу цитати од говори на членовите во екипата.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,546
Мислења
822,986
Членови
28,057
Најнов член
Iamdantes10
На врв Дно