1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Хакери украле 85.000 евра од две банки

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од AMD_fan, 27 Април 2009.

  1. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    137
    10 ноември 2007
    Машко
    [​IMG]

    Скопјаните Фарук Х. (27) и Фари Х. (25) се осомничени дека со фалсификувани картички преку ПОС-терминали на две домашни банки вршеле нелегални трансакции вредни 5,2 милиони денари

    Двајца скопски хакери се осомничени дека со фалсификувани кредитни картички украле околу 85.000 евра од две домашни банки, соопшти МВР. Осомничените, браќата Фарук Х. (27) и Факи Х. (25) од август до октомври лани преправиле оригинални платежни картички, на кои вметнале вистински податоци од платежни картички сопственост на странски државјани, и преку ПОС-терминали навлегле во компјутерските системи на двете банки и извршиле околу 30 трансакции во вредност од околу 5,2 милиони денари.

    Неколку месеци траеле проверките на фалсификуваните картички и лоцирањето на осомничените, а полицијата вчера соопшти дека ги пронашла. Против браќата се поднесени кривични пријави за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Истражен судија на двајцата им одреди 30-дневен притвор.Според полицијата, хакерите ги вршеле измамите преку ПОС-терминали поставени во продавницата за пластични производи „Љаби-ин“, сопственост на Фарук и во фирмата „Лауда-ин“ на неговиот брат.

    Постариот од браќата, од август до септември лани, со фалсификувани платежни картички „виса“ извршил 27 успешни нелегални трансакции во износ од 4,7 милиони денари и седум неуспешни трансакции од повеќе од 1 милион денари. Осомничените го продолжиле криминалот и во наредниот месец преку терминалот во „Лауда-ин“, каде што во три дена на идентичен начин извршиле уште две успешни трансакции од 500.000 денари.

    Кога банките се посомневале во легалноста на трансакциите случајот бил пријавен во полицијата. Истрагата утврдила дека на слиповите, односно на извештаите од ПОС-терминалите за извршена трансакција, со место за потпис на корисникот има податоци од други лица, кои се разликуваат од податоците на сопствениците на платежните картички чии податоци се употребени на фалсификуваните платежни картички и од чија сметка се направени трансакциите.

    Полицијата потоа извршила увид во изводите за промените и состојбата на жиро-сметката на „Љаби-ин“ и утврдила дека нема влез-излез на парични средства по било кој основ, освен во една банка каде има три исплати во вкупен износ од 534.653 денари и тоа кон фирмата „Лауда-ин“. Истрагата утврдила дека на ПОС-терминалите во двете фирми освен извршените нелегални трансакции со фалсификувани платежни картички не се вршени трансакции со други платежни картички.

    Во Македонија ваквите случаи не се реткост и речиси секој месец се открива по некоја злоупотреба со кредитни картички. Според македонскиот Кривичен закон, за ваквите дела е предвидена парична казна или затвор до три години. Казната е поригорозна и може да биде и до пет години затвор ако станува збор за навлегување во компјутерски систем на државен орган, јавна институција или слично.

    Извор: Дневник
     
  2. spiderman

    spiderman
    Intern

    783
    44
    16 Април 2007
    Оф мори мајко... тоа кога ќе кажат хакери ми иде да извршам харикири.До кога бре ке имаме неписмен народ.. Ова нема врска со хакери... А и овие во Дневник , ПОС терминали да се чуди младава популација која е 90% неписмена wow ПОС wow што е тоа леле хакери... брееј... Чим бре е фалсификувано не е хакери.. не е хакерство...
     
  3. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,712
    214
    27 oктомври 2007
    Машко
    Spiderman,
    истото и на А1 го кажаа ми идеше да им се јавам во вестите и да им ја објаснам дефиницијата. Плус додадоја од А1 дека, имале наводно и помош зошто кога ги привеле не им нашле читачи на картички. Многу јасно дека истите картички може да ги најде и на ИРЦ и да си ги извади :)
     
  4. spiderman

    spiderman
    Intern

    783
    44
    16 Април 2007
    Ужас невиден.И после тоа ние сме земја на информатичари :LOL::LOL::LOL:
     
  5. dulemk

    dulemk
    Gaining Experience

    1,049
    53
    11 Јануари 2008
    Хакерот Д.С. со лаптоп по глава ја уби жената П.С. зошто се допишувала со непознати на facebook

    Значи поентава со ова погоре ми е да кажам дека медијава наша мисли дека хакер е некој што преку технологија направил криминал во буквална смисла.:LOL:
     
  6. Stane

    Stane
    Gaining Experience

    2,497
    75
    4 oктомври 2007
    Јаоо,хакеришта,сеа одма нека ги викнат у разузнавачка служба :LOL:
     
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,321
    24,875
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Хакери се бе што ви е!:LOL:
    Вие врска немате типот знае дури и пос-терминал како работи:D
     
  8. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,280
    792
    3 Декември 2008
    Машко
    лооол :LOL::LOL: ..се согласувам со тебе дуле
     
  9. goodboy

    goodboy
    Intern

    849
    21
    12 Јануари 2008
    Алал да им е :)) Прво на ХАКЕРИВЕ па потоа и на овие од медиумите. :bravoska:
     
    1 person likes this.
  10. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    788
    205
    24 ноември 2008
    Алал да им се парите на "хакерите", добри се нашите деца само со вакви медиуми тешко да се афирмираат како што треба. Се некои нови поими измислуваат кои немаат благи вези со тоа што го зборуваат.
    Сега се потсетувам на еден:
    Кога е некаде густо полно со луѓе знаат да кажат врие како во кошница.
     
  11. maci

    maci
    On your way to fame

    2,906
    645
    2 Април 2008
    новинарскиот речник е за никаде,абе тоа новинарите се 90% со несоодветно школо,значи завршиле правен или економски(или средно некое) и сега работи како новинар/ка.познавам 4 девојки кои се самонаречени новинарки и работат во А1.
    Едната има социологија завршено и замисли е новинарка.
    многу ме нервираа кога даваа репорт во перјотод 2001.ги оддаваа(ги снимаа) места на војската и полицијата,известуваа без врска...
    се извинувам што отидов малку офф.
     
  12. Fatihh

    Fatihh
    Gaining Experience

    372
    50
    14 Април 2007
    Машко
    Продажен Менаџер во IT Сектор Сааф Компјуери
    хакери се ... за многу работи има хакерство може ова не е хакирање од типот ние што очекуваме али сепак и ова е некаков вид на хакирање...:ua:
     
  13. StenmarC

    StenmarC
    Intern

    716
    13
    16 Април 2007
    Настрана тоа што се полуписмени новинариве... него не им доаѓа памет на ова „хакериве“ дека ептен тешко некој со таков криминал да не го фатат...
     
  14. Master4e

    Master4e
    Intern

    242
    9
    11 Мај 2007
    Браво за дечките Фарук и Факи. :bravo:

    Новинарите да идат да се дообразуват пред да пишуваат на вакви теми!
     
  15. Sea_Wolf

    Sea_Wolf
    Intern

    42
    0
    29 Март 2009
    Ете кој заработува он лајн, не ќе се заебаваме со фотошопи,џомли, веб дизајн или банерчиња :ninja2:
     
  16. burce

    burce
    Intern

    267
    38
    1 Април 2009
    Башка што сигурно не се ПОС туку АТМ терминали :))
     
  17. damjan_ku

    damjan_ku
    Intern

    129
    7
    18 oктомври 2007
    Заработил добра неколку годишна затворска казна ;)
     
  18. Sea_Wolf

    Sea_Wolf
    Intern

    42
    0
    29 Март 2009
    А 5,2 милиона ? :p
     
  19. kiko95

    kiko95
    Гостин

     
  20. Sea_Wolf

    Sea_Wolf
    Intern

    42
    0
    29 Март 2009
    хехе абе со убо адвокатче за дрога се лежи една година а не па за сајбер крајм
    дај ми ти 5 милиончиња и ќе лежам 2 год затвор, една гратис од мене еве нека бега :LOL:
     
  21. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,321
    24,875
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    За две години во идризово веруј дека не го проколкуваш секое денарче од тие 5 милиони.Кога ќе нема да можеш да идеш како што треба:D
     
  22. Sea_Wolf

    Sea_Wolf
    Intern

    42
    0
    29 Март 2009
    хехехе ами ај отвори Calculator и напрај есап коку ќе заработиш од банерчиња, џомли, дизајн и други дрн дрн јариња за 2 години :p
     
  23. dulemk

    dulemk
    Gaining Experience

    1,049
    53
    11 Јануари 2008
    ^Епа иди бе "хакирај" ти брани некој.:p
     
  24. Sea_Wolf

    Sea_Wolf
    Intern

    42
    0
    29 Март 2009
    Има и друга варијанта
    -купи си хакиран пејпал и пак ни лук јал ни лук мирисал :D
     
  25. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,321
    24,875
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Браво!!!!

    Ај сеа вратете се на темата
     

Сподели

Вчитување...