petar.bt
Intern
- 12 август 2007
- 735
- 25
Група тинејџери, кои се нарекуваат А-тим провалиле во милиони компјутери ширум светот, а штетата што ја направиле изнесува 25 милиони долари.
На чело на групата е новозеландско 18-годишно момче, а остатокот на малолетната „сајбер банда“, делувал од САД.
Мозокот на операцијата живее во Хамилтон, на Нов Зеланд, а бидејќи е малолетен, откриен е само неговиот прекар АКИЛЛ.
На момчето му се заканува казна од 10 години затвор за организирање на меѓународна банда хакери кои неовластено влегувале во банкарските бази на податоци, краделе информации за кредитните картички и ги „бомбардирале“ своите жртви со купишта спам.
АКИЛЛ изјавил дека направил програми со кои може да провали во компјутерите, и ги продавал на хакерите ширум светот.
Синџирот на крадци го разбил ФБИ, а АКИЛЛ ќе биде обвинет и за рушење на системот на универзитетот во Пенсилванија.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=86833