Stane
Gaining Experience
- 4 октомври 2007
- 2.497
- 77
Хакер со псевдоним Себраил ја нападна интернет-страницата на Академијата за обука на судии и обвинители поради што таа вчера неколку часа беше блокирана. Хакерскиот напад се случи само неколку дена пред да се одржи квалификацискиот тест за прием на кандидати што ќе ја посетуваат обуката за нови судии и обвинители. Надлежните сметаат дека упадот во нивната веб-страница нема врска со огласот за пријавување на овие кандидати. Ова е втор упад во компјутерскиот систем. Хакерот што ја нападна страницата на Академијата бил познат меѓу компјутерџиите по извршени стотина упади во системите на фирми и институции низ целиот свет. Меѓу нив се британската консултантска куќа „КПМГ“, компанијата „Тексас интернешнел“, британската „ГС Фруитс“ Во петокот се' беше в ред. Вчера изутрината откривме дека страницата е нападната. Но, за кратко време ја вративме без проблем. Не е направена никаква штета. Веројатно некој се забавувал на овој начин велат во Академијата.Интернет-страницата ја изработил интернет -провајдерот“ Унет“, а ја одржуваат компјутерџии од Академијата.Засега нема информации дали Академијата ќе го пријави овој хакерски напад во МВР. Со новите измени во Кривичниот законик е вметнато кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. За оние што ќе избришат, изменат, оштетат, прикријат или на друг начин ќе направат неупотреблив компјутерски податок или програма е предвидена парична или казна до три години затвор. Истата казна следува и за тие што ќе го отежнат или оневозможат користењето компјутерски систем. Законот е построг кога станува збор за неовластен упад во системи заштитени со посебни мерки и во компјутерски системи на државните органи и јавните установи, како и оние што се користат за меѓународна комуникација. За нив, како и за упадите од хакерски групи, најмалата казна е една, а највисоката пет години затвор.
Извор: dnevnik.com.mk
Извор: dnevnik.com.mk