LiquidWorm
Администратор
Само што дознав за настанов, започнува денеска 18.02.2022, повелете регистрирајте се и освојте до 50.000 денари.
Ве известуваме дека Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT организираат Хакатон – Натпревар CyberMK2022, кој почнува денес и ќе трае до 23.02.2022 година.
Ни претставува чест да ве поканиме како корисници на услугите на порталот на MKD-CIRT, да учествувате во овој натпревар од областа на сајбер-безбедност кој е од отворен тип.
Фокус на натпреварот се младите на возраст до 26 години. Натпреварот се организира во 3 фази:
• Фаза 1 – со почеток на онлајн квиз од Фаза 1 – 18 февруари 2022 (петок).ж
Затворање на онлајн квиз од Фаза 1 – 22 февруари 2022 (вторник) во 18 часот.
По завршување на Фаза 1, Организаторот ќе објави листа на 50 (педесет) најдобро пласирани учесници од Фаза 1 кои ќе се квалификуваат за Фаза 2 од Хакатонот CyberMK2022.
Организаторот ќе ги извести најдобрите 50 учесници со испраќање на известување по е-пошта.
Дополнително, Организаторот ќе ја објави листата на 50 најдобро пласирани учесници кои се квалификувани за Фаза 2 на веб-страницата https://cybermk.mk
• Фаза 2 - реализација на практичен hands-on натпревар за најдобрите најмногу 50 учесници од Фаза 1, преку користење на платформа за виртуелизација и најмалку 6 предизвици за секој учесник, најмалку по две од област attacker, defender, responder.
Почеток на фаза 2 - 23 февруари 2022 (среда), времетраење 8 часа.
• Фаза 3 - Третата фаза - објаснување или walk-through за решавање и објаснување на предизвиците од фаза 2. Фаза 3 е со време траење од 1 (еден) работен ден. Почеток на фаза 3 – 24 февруари 2022 (четврток)
За најдобрите 50 од Фаза 2 се обезбедени вредносни ваучери за ИТ опрема, и тоа за освоено 4-50 место со вредност од 3.500 денари, а за најдобрите три учесници ваучери од 10.000 денари (трето место), 25.000 денари (второ место) и 40.000 денари (прво место).
Регистрација, учество, услови и повеќе информации за натпреварот CyberMK2022 ќе најдете на веб-сајтот https://cybermk.mk
Со почит,
Национален центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT
Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов 21, 1000 Скопје
Тел.: 02 3091232; Е-пошта: [email protected];