Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Х со своја видео платформа

M@RKO

Gaining Experience
3 јуни 2009
1.085
288
Илон Маск ќе пушта своја видео платформа конкуренција на Јутјуб и слични други.


X ја лансира видео апликацијата

X-video-app-900x675.jpg

Икс на Илон Маск, порано познат како Твитер, објави бета верзија на нова бета апликација.
Може да се најде во неколку продавници за апликации, вклучувајќи ги и оние на Android TV, LG, Amazon Fire TV и Google TV. Дополнителни платформи ќе бидат додадени подоцна.
Корисниците ќе можат да прелистуваат видео поставени на X и да создаваат свои преноси во живо.

„Ова означува огромен скок напред во трансформирањето на X во видео платформа и нови можности за креаторите, огласувачите и нашите партнери“, рече инженерскиот тим на X во објавата на социјалните мрежи.

Познато е дека Илон Маск би сакал да види X како се натпреварува со YouTube, така што посебната апликација е логичен чекор, овозможувајќи им на корисниците пристап до видеото директно на големите екрани, наместо да користат мобилен уред за да го емитуваат.

Преземен текст од тука
 
Последна промена:

2AM

Intern
22 април 2024
48
44
Skopje
Човеков има комплекс дека е над сите. Дај нека земе нешто корисно, да ја опраи планетава од еколошки колапс, не таму да измислува нови социјални мрежи, видео платформи итн
 

M@RKO

Gaining Experience
3 јуни 2009
1.085
288
Ќе биде добро ако овозможи преку платформава да може да се заработува како што е случајот со Јутјуб, да нема толку цензури, да биде малце по лабаво од Јутјуб.
Така само може да биде некаква алтернатива за луѓе кој заработуваат од креирање видео содржини.
 

M@RKO

Gaining Experience
3 јуни 2009
1.085
288
На телефони не може да се инсталира, дури мене не ми ја наоѓа на Play store а со гуглање ја наоѓа ама немам ни опција да ја инсталирам на телевизор. Ќе пробам на телевизор дали воопшто ја наоѓа на Play store.
1000007469.jpg


Илон Маск го лансираше X TV: Што нуди новиот конкурент на YouTube? - Bidisvoj.mk


Илон Маск го лансираше X TV, нова апликација за видео содржини, која сега е достапна на различни платформи како Google Play, LG и Amazon App Store. Оваа апликација носи видео-центрично искуство и им овозможува на корисниците да уживаат во ексклузивна содржина директно од нивните дневни соби.

Сепак, иако многумина очекуваат иновации од компанијата што ја води Маск, првите коментари од корисниците се поделени.
Апликацијата X TV е достапна од различни датуми во зависност од платформата. На пример, Амазон наведува дека апликацијата е достапна од крајот на јули, додека продавницата на LG ја наведува апликацијата како 29 август 2024 година.
X-TV.jpg

Во моментов, апликацијата не е достапна на платформата Apple TV, каде што се уште е прикажана старата апликација Twitter.
Како да користите X TV
За да користите X TV, мора да имате X сметка, што сега е стандардна практика за сите услуги на оваа платформа. Апликацијата нуди ексклузивни содржини, настани и вести во живо, а многумина ја гледаат како обид да се натпреваруваат со YouTube. Сепак, раните прегледи сугерираат дека содржината не е на ниво на YouTube, при што некои корисници ја опишуваат како „катастрофа“.

X TV засега нема реклами, но останува да видиме дали апликацијата ќе успее да привлече голем број корисници. YouTube, како главен конкурент, генерира 15,5 милијарди долари од рекламирање само во првата половина на 2024 година, што врши голем притисок врз X TV да го најде својот модел на приходи.

Описот на апликацијата на Google Play вели: „Апликацијата X е глобален дигитален пазар за секого, сега достапна на вашиот телевизор!“, но прегледите на корисниците покажуваат дека содржината сè уште не ги исполнува очекувањата. Исто така, има проблеми со верзиите на апликацијата – на уредите на LG корисниците не можат да ја отворат политиката за приватност и условите за користење, додека кај верзијата на Amazon овие опции воопшто не се достапни.

Илон Маск го лансираше X TV како дел од неговата визија да ја трансформира платформата X (порано Twitter) во мултифункционален дигитален екосистем, но останува да се види дали апликацијата ќе може да го заземе своето место покрај големите имиња како YouTube. Засега корисниците се поделени, а времето ќе покаже дали X TV ќе успее да ги оправда очекувањата.
 

389mk

Gaining Experience
16 јануари 2020
207
203
обични фотографии од твитер едвај се вчитуваат, а не пак видеата, огромен лаг и чекање дури и на гигабитен интернет. со среќа видео платформата. :ROFLMAO::ROFLMAO:нема еден релевантен коментар на популарните содржини, само грифтери со неповрзани содржини. во сегашна форма не гледам иднина за твитер, а не пак за видео платформа
 

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.514
4.478
Скопје
hackitfree.github.io
Се стресе Илон Маск од некој неписмен форумџија што не си знае својот мајчин јазик.
Ај пак у офтопик ме затеравте да ги бришат мислењата .
Колку толку кажав во врска со платформата - не е лесно втор Јутуб да постане - јас мислам нема да му успее..
 

no_retreat

Practice makes perfect
22 јануари 2011
509
1.063
no_retreat's setup  
Processor & Cooler
intel core i7 14700kf w/ NZXT KRAKEN 280mm AIO Liquid Cooler with LCD Display
Motherboard
Gigabyte Aorus Elite AX Z790 Black
Storage
Samsung 970 Evo 2tb
PSU
Corsair HX 1200i Platinum
RAM
2x16gb DDR G-Skill Trident Z5 ARGB 6000mhz cl30
Video card
RTX 4070 ti Super MSI Ventus 3X
Case
NZXT H9 Flow Black
Mouse
Logitech G Pro X Black
Keyboard
Keychron Q3 modded with Lime Green Switch and Glorious GPBT Black Ash Dye Keycaps
Audio
Logitech G733 wireless
Monitor
Samsung Neo G8 32" 240hz UHD MiniLED + QLED Panel
OS
windows 11 pro
Ај пак у офтопик ме затеравте да ги бришат мислењата .
Колку толку кажав во врска со платформата - не е лесно втор Јутуб да постане - јас мислам нема да му успее..
Значи според тебе, ете веќе постои youtube и никој друг не треба ни да се обиде да направи нова платформа, не треба да постојат ни тие други што веќе постојат а не се youtube :)

Верувам дека го прават ова со причина, X има цел тим на програмери, менаџери, консултанти, имаат пристап до тајни информации со статистика и сигурно имаат развиен план како да пристапат кон отварање на нова платформа, не си ласкајте дека сте попаметни од целиот тим на X, не сте, ама па не ни мора да бидете, бидејќи ниту ве платиле ниту е ваша работа да мислите и да се секирате за новата платформа на X.

Искрено изненаден сум колку хејт му пукнавте на чоеков, чоеков ужива во работата, воркохолик е, сака да краира нови работи, сака да работи на големи проекти, сонува и оставурава за разлика од 99.99% од остатокот од планетава.
Е сеа вас ви пречи дека не бил скромен, каде тоа пишува дека треба сите да сме скроми и кој го поставил тоа правило така ? не треба бе луѓе, сите имаме различни апетити.
Ви пречи тоа што е богат ? па целито живот го посветил на наука и целиот живот е инволвиран во големи бизниси, зар треба да остане сиромав ?
Чисто да расчистиме, не сум Илон-иста, не пости такво нешто, нема секта што се клањаме пред икона од Илон, едноставно не го мразиме човекот, и да, гледав неколку подкасти каде што беше гостин и неколку гостувања во емисии,супер издржа и баш е забавен слушање.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.710
Мислења
984.323
Членови
35.901
Најнов член
Arlindd
На врв Дно