• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

www.Najevtino.com

  • Ја почнал/а темата
  • #1

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info


Цитат од blog.com.mk/kategorii/internet

Najevtino.com - пребарувач на најниски цени, не продава производи туку ја бара најпогодната понуда. Купувањето може да го почнете на нашата страна и своите прашања да ги пратите директно на продавачот.

Кај нас може да најдете:

Споредба на цени на производи меѓу македонските фирми
Стручни мислења и совети
Споредба на производи од иста категорија меѓусебе по нивните карактеристики, оцени, искуства на останатите корисници, совети како правилно да се одлучите за конкретен производ
Објаснување на технички поими
Моментално тука може да најдете произоди од аудио и видео, фото,компјутери, телефонија и апарати за домаќинство.
Многу добар и корисен пребарувач!
 

Romanticen

Intern
6 јануари 2008
206
9
romanticni.com.mk
Интересно.... само една мала забелешка... на насловната место така да се наццкани (збиени) линковите и буквите, може да се направат како листа за полесно да биде прегледувањето
:bravo:
 

dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53
Абе не нуди баш наевтини, повеќе би рекол дека нуди многу од техничка роба што ја има во државава што и не е лошо.
А за страна што би нудела само најевтини работи во државава не би опстанала зошто ги има многу малку:D
 

stojans1

Intern
26 мај 2008
4
0
vo makedonija za vakva rabota turi mu ku*ot sekoj na cenata redi 500% i najeftini ke baram....
so carina od usa i pat ispajga poeftino :)))):D:D
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Можеби цените не се најефтини, но сепак идејата и реализацијата ми се допаѓа многу. На дланка има цени од скоро сите компјутерски фирми. Уштедува многу време. Ако јас одделно барам на секој сајт ќе изгубам саати. Браво за тимот кој стои зад ова. Keep the good work :bravo:
 

loris

Gaining Experience
7 мај 2007
626
51
Велес - Скопје
Одличен портал, многу добро сортирани производи, добар search, како и одлично филтрирање на содржините.
Супер идеја, се надевам дека ќе прерасне во добро посетен портал.:)
 

tinodj

Gaining Experience
16 јуни 2008
83
62
Како еден од батките кои работат на најевтино, најпрво сакам да се заблагодарам за сите коментари.
Посебно благодарам за критиките, и ќе си земам за време да одговорам на некои од нив, како и да продискутираме некоја од нив ако е можно.

@Romanticen
Интересно.... само една мала забелешка... на насловната место така да се наццкани (збиени) линковите и буквите, може да се направат како листа за полесно да биде прегледувањето
Работиме на тоа, ќе биде за многу брзо. Благодарам на забелешката.

@_BurneR_
Викаш пребарувач јас не можев да најдам тоа што сакав да го најдам најверојато затоа што ова е директориум
Што бараше, а не успеа да најдеш?
Бидејќи можеш да пребаруваш и да најдеш цени и произовди, односно нивна слика, опис и во кои продавници се најдуваат тие производи, ми се чини дека najevtino.com несомнено има пребарувач. Точно е дека не е само пребарувач.

@stojans1
vo makedonija za vakva rabota turi mu ku*ot sekoj na cenata redi 500% i najeftini ke baram....
so carina od usa i pat ispajga poeftino ))
Нема да коментирам за турањето :) Ама за тоа дека од америка испаѓа поевтино, морам да речам не е секогаш така. Имам искуство со купување, и некогаш испаѓа поевтино, некогаш и до 20% поевтино.
Кога ќе видам дека немам гаранција, ќе размислам уште еднаш.

Најевтино и така е направен да им се најде на оние кои купуваат во Македонија, а ги има многу.

Добронамерен совет: Ако имаш толку евтини канали во Америка не е лошо да размислиш за продавница за хардвер :)


@Sephiroth
Добра замисла, но премалку фирми и премногу стари цени за да биде корисен сајтот.
Би те замолил за конкретен предлог. Тоа го имаме напишано и на сајтот. Која продавница би сакал да се најде таму? Моментално има 10 продавници.
Конкретно: Anhoch, Set, Niko, Riversoft, Technomarket, Login, Nevada, Cosmofon, Germanos, 2be. Работиме на 2-3 во моментов.
Некои кои и јас би сакал да ги видам се AMC, VIP, T-mobile, но сите три си имаат интересни проблеми со нивните сајтови.

Во врска со цените, никогаш не се постари од една недела.

Се разбира дека секој feedback е добредојден и тоа како корисен.
 

markomake

Intern
17 декември 2007
51
0
Ako na ovie im e celta da gi prikazuvaat najevtinite proizvodi togas svaka im cas ako ova e najeftino togas neznam dali ova e skapo. Pa se razbira za sekogas ke si bideme MAKEDONCINJA........ ( dodeka ima ovci ke ima i volna )
 

CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
Ako na ovie im e celta da gi prikazuvaat najevtinite proizvodi togas svaka im cas ako ova e najeftino togas neznam dali ova e skapo. Pa se razbira za sekogas ke si bideme MAKEDONCINJA........ ( dodeka ima ovci ke ima i volna )
Ако си ти толкава овца за да не забележиш дека се работи за печатна грешка, ќе има волна, да, во право си.
 

tinodj

Gaining Experience
16 јуни 2008
83
62
Ako na ovie im e celta da gi prikazuvaat najevtinite proizvodi togas svaka im cas ako ova e najeftino togas neznam dali ova e skapo. Pa se razbira za sekogas ke si bideme MAKEDONCINJA........ ( dodeka ima ovci ke ima i volna )
Gi prikazuvame site sto mozat da se najdat vo Makedonija ne vo AMERIKA, a ti mozes da gi podredis po cena. Toa sto nevada imaat problem toa e nivni problem.

http://www.najevtino.com/product/Kingston-2GB-SD-memory-card.html

http://www.najevtino.com/product/Memory-Secure-digital-card-2GB-mini-Kingmax-adapter.html

http://www.najevtino.com/product/Secure-Digital-Kingston-2GB.html

I uste ova, gordost mi e sto sum makedonec.
 

peceps

Intern
26 септември 2008
11
0
Супер е сајтот, којзнае колку време ви требало да го испрограмирате спајдерирањето и парсирањето, посебно дека во Македонија некои од online продавниците се за нигде.
Продолжете со добрата работа!
 

vasildb

Intern
17 април 2007
209
6
Здраво дечки, ајде малку да ја размрдам темава

изминатиов месец Најевтино се преорганизира и доби нов дизајн, збогатен е со над 35000 производи од 30+ продавници и секоја недела се додаваат нови.
Додадени се и неколку интересни нови можности, како на пример следење на цената на одреден производ.

И Windows Phone апликација е објавена деновиве
http://www.windowsphone.com/en-US/apps/5c4dc8ec-f023-481e-820c-9b4297078afd

Добро би ни дошле вашите мислења :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,515
Мислења
822,370
Членови
28,049
Најнов член
Mandej
На врв Дно