- Ја почнал/а темата
- #1
D
Администратор
Пред некој ден добив во сандачето веќе надалеку ре-дистрибуиран е-маил од момците од 365.com.mk за како што велат, "WSA Македонско фијаско" (имено е-маилот беше испратен до скоро/сите учесници и пријавени на натпреварот.)
Го споделувам и со Вас:
Моето мислење:
Се сложувам со некои од овие мислења, но немора толку агресивен и љубоморен настап кон kadevecer.com.mk
)
Го споделувам и со Вас:
Код:
Здраво,
Оваа порака ќе ја добијат речиси сите учесници кои учествуваа на World Summit Award на Македонија и од кои успеавме да најдеме контакт инфо.
Деновиве ја добивме листата на наградените по категории и можеме да кажеме дека сме длабоко разочарани од изборот на жирито.
Кога во нашата категорија видовме пријавени кандидати од типот на warez форуми со порно содржина и нелегален софтвер(што требаше да биде комплетно недопустливо) во НИЕДЕН МОМЕНТ не помисливме дека нашиот сајт има било каков материјал кој би можел да не компромитира. Споредени со останатите кандидати, ние бевме сајт со најуредна содржина од авторски и културен аспект.
Во критериумите на WSA, изречно дадени на сајтот се вели:
1. Квалитет и сеопфатност на содржина
2. Лесен за користење: функционалност, навигација и ориентација
3. Дополнителна вредност преку интерактивност и мултимедија
4. Квалитет на дизајн (естетска вредност на графика/музика или звук)
5. Квалитет на изработка (техничка реализација)
6. Стратешка важност за глобалниот развој на информатичкото општество
7. Пристапност според стандардите на В3Ц (W3C)
365.com.mk комплетно ги исполнува сите горенаведени услови. Меѓутоа при наведување на победниците, организаторот имплементираше нова одлука при оценувањето која вели:
„Дополнително, Жирито донесе одлука за решителна осуда на сите кои ги користат е-содржините за промовирање омраза (расна, верска, етничка, хомофобија, мизогинија) и други криминогени појави, повикувајќи на подигање на свеста и кај јавноста и кај авторите на е-содржини кои треба да бидат свесни дека со учеството во медиумскиот простор покрај привилегиите повлекува и одговорности.“
Како прво, 365.com.mk беше единствениот вебсајт заедно со блогот на Горан Андреев кој беше присутен на презентацијата. Другите сајтови очигледно не чувстуваа шанса дека би можеле нешто да направат во толку силна конкуренција. Секој чест за Горан кој дојде и го претстави својот блог.
Второ, имаме сознание дека жирито при второто заседавање не донесе одлука во комплетен состав.
Победникот по случајност kadevecer.com.mk, победи без да се надева.
Да се вратиме на поентата. Жирито донесе одлука дека 365.com.mk наводно има хомофобична/расна/мизогена содржина. Еден фајл го осуди целиот сајт и презентирањето на Македонија во светски рамки. Иако досега не добивме одговор која е таа содржина, најверојатно се работи за песната Makedonski Sinovi - Pritvor za pederite(http://www.365.com.mk/index.php?option=com_gallery2&Itemid=43&g2_itemId=1143742933). Или пак можеби тоа е оваа песна: I love Osama, каде најверојатно не осудуваат и за поддржување терористички организации? (http://www.365.com.mk/index.php?option=com_gallery2&Itemid=&g2_itemId=9893)
Меѓутоа само за момент да го погледнеме победникот во оваа категорија:
http://www.kadevecer.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=918&Itemid=11875
Победникот во нашата категорија kadevecer.com.mk користи (ни помалку ни повеќе, туку на главната страна) една компонента која не е бесплатна, туку е преземена од некој warez сајт. Се работи за Mono Slideshow (http://www.monoslideshow.com) која дефинитивно ќе биде приметена од страна на светската јавност доколку овој сајт не претставува светскиот самит, што е негативна оценка за критериумот и компетентноста на членовите на жирито. 365.com.mk НИКОГАШ нема користено код кој не е GNU/GPL. Напротив, сите модификации од наша страна направени во кодовите редовно се испраќаат до сопствениците на кодот како би можеле да го подобрат својот производ.
365.com.mk никогаш нема поставено на насловната страница нешто што би можело да ги навреди нашите посетители. Како што рековме и на презентацијата, песните и сите слични работи длабоко во галеријата се поставени чисто од маркетиншки причини.
Ќе почитувавме било каква сугестија од страна на жирито и се што ќе беше спомнато како компромитирачко ќе беше отстрането во истиот момент. Впрочем, ние бевме со мисла дека WSA Македонија сака да го испрати најдоброто од Македонија, и заедно со кандидатите ќе работи на подобрување на содржините и квалитетот до финалниот интернационален натпревар во Септември во Хрватска.
Меѓутоа дискфалификација во последен момент?
Да напоменеме и дека никаде на нивниот сајт не е наведена можност за жалба и рок во кој тоа би можело да биде остварено од страна на учесниците.
Одиме понатаму. Она што можеби е најчудно за нас е победникот во категоријата е-учење: Едукативен ЦД-РОМ Бојан и Јана во светот на игрите - сопственик Визијанет и Метаморфозис. (http://wsa.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=74&Itemid=44)
МЕТАМОРФОЗИС!!???
Организацијата што го организираше WSA во Македонија сама си додели награда. Дали сметате дека ова не е премногу чудно?
Потсвесно се надевавме дека настанот ќе биде на ниво кое доликува за ваква организација и затоа се пријавивме на изборот. Меѓутоа испадна дека организацијата Метаморфозис нема сенс за информатичкиот сектор во Македонија и дрско се поигра со нашето драгоцено време, труд и надеж, сведувајќи го рангот на оваа високопочитувана интернационална организација на неочекувано ниско ниво.
Чудно е и што настанот беше „промовиран“ главно преку блогови. Поздрав до нивната промоција, меѓутоа овие промотори (http://wsa.org.mk/index.php?option=com_weblinks&catid=14&Itemid=23) заедно имаат не повеќе од 1500 посетители дневно. Дали тоа доликува на организација како WSA која сака да го рашири своето влијание низ светот?
Зошто не можеше да биде поставен банер на Он.нет, Идивиди или некој друг популарен сајт?
Но, очигледно на некого тоа не му одговарало. Едноставно, да поминат работите што побрзо и нечуено да се прогласат победниците. Ние можеби и немаше да учествувавме на натпреварот да не ни пратеше e-mail некој од нашите посетители.
Сите оние што се чувствуваат обесправени и мислат дека организацијата на WSA во Македонија претставуваше вистинко фијаско, можат своето мислење да го искажат до www.wsis-award.org, односно на мејлот [email protected]
365.com.mk правдата ќе ја побара и преку надлежните институции во Македонија, за што дополнително ќе се консултираме со нашиот адвокат.
Нашата цел пред се ќе биде избор на вистинските победници во категориите, како и промена во организацијата на овој настан во Македонија, со нов избор на организација која ќе ги примени пропишаните критериуми на WSA во следниот избор 2009 година.
Поздрав,
365.com.mk
Моето мислење:
Се сложувам со некои од овие мислења, но немора толку агресивен и љубоморен настап кон kadevecer.com.mk