1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Wordpress Error! Помош?

Дискусија во форумот 'WordPress' започната од ^^GoRiLLaZ^^, 27 Февруари 2020.

  1. ^^GoRiLLaZ^^

    ^^GoRiLLaZ^^
    Intern

    73
    16
    7 Април 2008
    Машко
    [​IMG]

    Дечки, веќе 2/3 пати ми се дешава да ми дава error веб сајтот: There has been a critical error on your website.

    Му направив WP-DEBUG, true во wp-config. И ми покажа error дека ми фали овој фајл: wp-includes/class-wp-block-styles-registry.php

    Го ставив само тој фајл, потоа ми даде error на Contact Form 7 и тоа официјален од WP Plugins симнат... го избришав... почна и на другите, па затоа го преименував plugins во plugins_old. Се деактивираа сите плагини, одново active и се врати у нормала.

    Но тоа сигурно ќе биде привремено, после неколку денови... пак ќе се случи истото. Искуства за решавање на проблемот? :geek: Благодарам :)
     
  2. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    545
    353
    2 Март 2010
    Машко
    Пробај да реинсталираш верзија на wordpress. Dashboard -> Updates -> Reinstall
     
  3. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,288
    615
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не те сфатив баш, им направи деактивирање и активирање и се среди проблемот?
    Ако можеш прати го еррор логот.

    Можно е тој фајл што фалел да ти го избришале од хостингот ако соджел малициозен код. Можеби тој што си му направил аплоад исто да содржи малициозен код и пак да ти го избришаат.

    После тоа што јавиле грешки другите плагини можеби хостингот ти користи стара php верзија или пак да не ти се апдејтувани плагините.

    Ако го имаш ерор кодот ќе биде појасно што е проблемот, вака само нагаѓаме.
    Можни се многу причини.
     
    Последна промена: 27 Февруари 2020
  4. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,091
    1,196
    11 Март 2011
    Која верзија Wordpress користиш, секако реинсталирај ја. Исто според фајлот што прв ти дал грешка, делува дека проблемот е вероајтно до Gutenberg плагинот ..
     
  5. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,042
    566
    5 Јуни 2007
    Машко
    Вака ми се има десено со одреден плагин. Кој точно не помнам, а и кај тебе можеби станува збор за друг проблематичен плагин. Пали ги 1 по 1 и проверувај. Кога ќе се расипе пак, види кој последен плагин си го активирал и ќе знаеш што да чиниш.
     
  6. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,177
    643
    12 Април 2017
    Машко
    Пробај да го изгаснеш Gutenberg едиторот... Нема да му е прв проблем шо го прави.
     
    На ^^GoRiLLaZ^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ^^GoRiLLaZ^^

    ^^GoRiLLaZ^^
    Intern

    73
    16
    7 Април 2008
    Машко
    Најпрво ми фалеше овој фајл: wp-includes/class-wp-block-styles-registry.php

    Па направив деактивирање и активирање на плагините. И тогаш преработува.

    Инаку да, не ме чуди да го бришат од УХост, бидејќи додека бев на странски вебхост... сајтот работеше со месеци без проблеми. Откако го префрлив на УХост, тогаш се јавија проблемите. Уште во првите 7/10 дена.

    Најновата верзија, напочеток правев reinstall (без да го бришам wp-content) ама потоа дознав дека џабе е, кога проблемот е само во еден фајл (тој што ми фали).

    Хммм, го немам тој плагин. Само Classic Editor го имам инсталирано (стариот едитор).

    То е поентата, ко ги активирам плагините, нема проблеми. После неколку денови се случува проблемот.

    Му правам rename на plugins и themes и сајтот сеуште НЕ работи. Се додека не го ставам фајлот: wp-includes/class-wp-block-styles-registry.php (Бидејќи ми фали, како да го бриши некој)
     
  8. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,288
    615
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Ако сакаш прати ми го фајлот class-wp-block-styles-registry.php да видам што има внатре.
    Исто провери да не наминиваш број на ајнодови па поради тоа да хостингот да ти бришаат фајлови. И можеби баш му се паѓа тој фајл да го бришаат и евентуално уште неколку други.
    Мене ми се има случено да ми бришаат фајлови поради надминати број на ајнодови.
     
  9. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,177
    643
    12 Април 2017
    Машко
    Направи и вирус скен со WordFence.

    Ако можеш направи и преку хостингот(цПанел).

    Испратено од HD1910 преку IT.mk форум апликација
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    351
    240
    24 oктомври 2010
    Машко
    Можно е да имаш малвер на сајтот. Мануелно провери ги плагините и темите, uploads фолдерот итн.
    Избриши ги скроз wp-admin, wp-includes и фајловите во роот на WordPress инсталацијата (само пази на wp-config.php), и уплоадирај ги одпоново. Пошо ако напраиш реинстал, малвер може да остане пак во системските фолдери на WordPress под друго име и нема да се оверрајдне.
     
  11. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    342
    263
    13 Март 2017
    Машко
    2 пати ми се има ова десено. Се случува по инсталација на плугин или тема поради неколку причини:

    1: Лоша верзија која не е компитабилна со моменталната Вордпресс верзија
    2: Стара (некомпитабилна) пхп верзија која не одговара со моменталниот плугин/тема
    3: Нулед плугин/тема која има пропуст (малвер)

    пс: сега прочитав дека викаш после неколку дена. Ако е така, ако не е веднаш по инсталација, тогаш е проблем со серверот. Контактирај ги, не си првиот јузер кој му се случува ова така да, у тек ќе бидат.
     
    Последна промена: 28 Февруари 2020
  12. ^^GoRiLLaZ^^

    ^^GoRiLLaZ^^
    Intern

    73
    16
    7 Април 2008
    Машко
    Еве го фајлот, клик.
    Истиве плагини ги имам на друг веб сајт, ама на друг хост. Таму нема никаков проблем.

    Веројатно до УХост е. Не ми е прво искуство со овие -_-
     
  13. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,298
    1,589
    5 oктомври 2007
    Машко
    Фајлот е сосема ОК, вака како е. Истиот е легитимен и составен дел на WP инсталацијата. Можно е заразата да доаѓа од друго место (тема, плагиинт, итн...) и да го брише или да го менува, по што скенерот на УХост да го детектира и брише.

    Инаку го имам истиот фајл на едно најмалце 10 сајта на Ухост, и не ми е избришан никогаш. Копај малце по еррор логови, пушти Вордфенсе, пушти Securi, Sucuri Security, итн...
    Кажи го и сајтот ако не е тајна :)
     

Сподели

Вчитување...