Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Windows апликација во cloud

smole

Unbeatable
18 април 2007
3.821
4.489
Сакам да можам да пристапам кон windows апликација (да речеме Word) remote од секаде во секое време.

Најдобра опција би била кога апликацијата би била на Raspberry Pi кој е цело време закачен на домашната мрежа а јас преку VPN можам да му влезам од било каде.

Совет/препорака за RPi дистро / некој клауд сервис?
 

Luki Junior

Gaining Experience
28 декември 2015
151
268
А зошто не користиш Office 365 и cloud storage ако е експлицитно за Windows Апликација?

Ако е за било која апликација, VPN + RDP. Дали ти треба за онака, или за професионална работа?
 

smole

Unbeatable
18 април 2007
3.821
4.489
А зошто не користиш Office 365 и cloud storage ако е експлицитно за Windows Апликација?

Ако е за било која апликација, VPN + RDP. Дали ти треба за онака, или за професионална работа?

Не е за Word, како пример наведов, сосема друга апликација е, не е од Office пакетот.

Ми треба за пар пати неделно апликацијата, не е за нонстоп цело време. VPN+RDP је можност, ако најдам дали може да се прави WOL преку Wifi иако мислам дека неможе.
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.472
14.751
Види дали Citrix имаат бесплатна апликација сеуште.
Citrix Инсталираш на некој сервер до кој имаш VPN Или FTP/HTTP пристап, на него инсталираш Word рецимо и кога ќе воспоставиш конекција тој ти емулира локална инсталација на Word интегрирана со локален clipboard. Имаш опција да ја кешира локално апликацијата за што се чека подолго или пак да го прави истото преку емулација на remote desktop конекција.
 

Luki Junior

Gaining Experience
28 декември 2015
151
268
Јасно. WOL преку безжична мрежа, тешко. Тебе ти треба машина која 24/7 ќе биде онлајн. Можеби подобра опција е AWS/MS Azure.
Или MS RDP Web Access. Преку ВПН + Веб прелистувач ја пристапуваш машината. Но, ќе треба да е поврзана со жица.
 

kirev

Unbeatable
31 мај 2010
7.518
5.798
Raspberry Pi 3 + Remote Access Software for Desktop and Mobile | RealVNC

Ако сакаш да се позанимаваш со Амазон - можеш да добиеш една година бесплатно користење на AWS (од најмалите инстанци) но ќе треба да се помачиш со X2Go на пр. Не сум пробал од нивните Workspace решенија.

(и гугл има некакви решенија за апликација на клауд, нешто google script или сл. за без пари де)
 

kirev

Unbeatable
31 мај 2010
7.518
5.798
Сега читам Windows апликација во насловот. Citrix беше решение, немам поим дали уште функционира. Мислам и mstsc некако можеше да шера само апликација... Јбг. У секој случај ќе мораш да запалиш компјутер со Windows. Разбери јок. Можеби некој NUK
 

smole

Unbeatable
18 април 2007
3.821
4.489
Фала ви на сите, штом е таква работата најверојатно ќе се иде на некој headless desktop со wired Lan + Wol + RDP.
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.472
14.751
Сега читам Windows апликација во насловот. Citrix беше решение, немам поим дали уште функционира. Мислам и mstsc некако можеше да шера само апликација... Јбг. У секој случај ќе мораш да запалиш компјутер со Windows. Разбери јок. Можеби некој NUK

Епа јас така сфатив, remote апликација а не remote desktop конекција за каква што некој даде сугестија.

Remote апликација е нешто сосем друго и е многу корисна работа, мене ми е совршено јасно зошто му треба на Смоле такво нешто.
Јас имам SFF машинче дома што работи 24/7, го користам за нешто трето ама многу маклу грее, троши струја и е бесшумно така да WOL не ми треба уопште. Башка како планирате да работи WOL ако немате статичка IP адреса?
 

kirev

Unbeatable
31 мај 2010
7.518
5.798
Чим се уклучиш у локална мрежа преку VPN можеш да праќаш или магични пакети или wake on packet match (ова ваљда се мисли на RDP пакети)?
Уствари проблем е што MAC адресата мора да е во arp табелата на рутерот... Не смее да пушти да expire. Ќе се окози малце ама барем е интересно хехехе
 

Luki Junior

Gaining Experience
28 декември 2015
151
268
Чим се уклучиш у локална мрежа преку VPN можеш да праќаш или магични пакети или wake on packet match (ова ваљда се мисли на RDP пакети)?
Да, можеш. Само треба директно да ги праќаш до машината која сакаш да ја “разбудиш“ (преку статична АјПи адреса и како што кажа Кирев самата МАК адреса мора да му биде секогаш позната на рутерот, за да може успешно да ја декодира самата АјПи адреса).
 

smole

Unbeatable
18 април 2007
3.821
4.489
Аха ок, мислите на фиксна IP во домашниот рутер, МАС адресата да е впишана во arp табелата.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.260
Мислења
977.616
Членови
35.570
Најнов член
arbenneziri
На врв Дно