• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Windows 7 Beta1 најавен за средината на Декември

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Наследникот на Виста, Windows 7 моментално го достигна нивото на развој М1 и М2, нивоа на развој кои може да се означат како алфа верзии. Првата бета верзија која ќе биде наменета за поширок круг на тестери се очекува да биде завршена во Октомври за да може да ја стигне Professional Developers Конференцијата или најкасно во почетокот на Ноември за кога се одржува WinHEC.

Но сепак според најновите сознанија се чини дека ниеден од двата рокови не може да биде достигнат, и најверојатно првата бета верзија на Windows 7 ќе биде достапна на почетокот на Декември 2008 година. Ове воедно ќе биде и единствена прилика за оние кои освен најтесниот круг на тимот на Мајкрософт, кои сакаат да го видат Windows 7 пред другите. Сите оние кои сакаат да се приклучат во тестирањето на новиот Windows 7, тоа можат да го сторат преку пријавување на сајтот на Microsoft Connect.
Излегувањето на финалната верзија на Windows 7 е планирано за крајот на 2009 или почетокот на 2010 година.

Извор: ZD Net
 

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Абе одма ќе го стават по торентите.
Али стварно е глупост. Наместо да ја усовршуваат Вистата, летнаа на друг ОС. :ua:
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Не е добро да се крпи нешто расипано. Ново си е ново!
 

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Но Windows 7 им беше во план уште од многу одамна. Vista-та наеднаш им дојде на ум и ја направија во 2-3 години.
 
17 февруари 2008
193
2
Супер за Windows 7, ама не треба да се откажат од вистата можат да допраат некои работи.Многу брзо се префрлуваат на друг OS, секој почеток е тежок. Ај ке видиме каков ке биде овој оперативен систем.
 

GigaC

Intern
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
Но Windows 7 им беше во план уште од многу одамна. Vista-та наеднаш им дојде на ум и ја направија во 2-3 години.
Нема врска. Vista беше прво именувана како Longhorn и беше во изработка пред многу време, али нешто беа подзастанале и се решија да го преименуват во Vista.

Инаку hijackhacker со тебе сум. Треба прво да си ја поправат Vista пошто е полна со проблеми :D :ua:
 

TheSpeedy

Intern
4 септември 2007
279
2
Па не е многу лоша Вистата, немојте до толку сега очекуваме подбро нешто и од Windows 7. Што е до мене јас од Vista Ultimate сум задоволен со сервис пак-от ја искорегираа колку толку..
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,577
Мислења
823,841
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно